Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Загадување на воздухот во урбаните средини

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.622
19.361
Не бе. Царот е гол, разбираш?
Грееш ли куќа? Тогаш ти требаат повеќе клими за повеќе соби а трошокот за нивната работа е еднаков како да хендлаш парно на дрва со таа разлика што ќе биде топло секаде.


И задоволен сум и од Виваксите, Панасониците и Дакините. Фала на прашање.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.820
6.519
SK
Чекај налку, нели веќе го покривме ова поназад, за ќумбето демек дека исто трошело (по)малку? :)

Пресметав поторошувачки за 4 инвертер клими vs ќумбе со парно.
Ќумбето изгуби во споредбава со повеќе дупло поскапо греење во однос на климите, иако ги заокружував сите параметри во негова корист: Краен резултат 1.000 kWh од дрва, наспрема 2118 kWh топлинска енергија од клима уред(и). За истите пари. А каде ти е мрцварењето со дрвата, ложење, чистење, цепење, редење, м’кнење од визба/двор до соба, па кречење, чистење оџаци, итн, итн...

Ајде малку да пресметаме. Ќе се послужам со податоците кои Дени ги презентираше тука. 1 m³ букови дрва даваат 2.000 kWh топлина (просек од 1.800 до 2.200 kWh). Просечна печка без парно согорува со максимална ефикасност од ~63%, твојата печка со парно има помала ефикасност пошто ѕидот од котелот (во кој е водата) ја намалува температурата во горилникот, а со тоа и ефикасноста на согорување. Во нај најдобар случај имаш просечна ефикасност од ~40% ама за полесно пресметување (и пошто се чуствувам великодушно) еве ти 50% ефикасност во согорување нека бидат (научна фантастика за твоето ќумбе со парно, ама ајде).

Значи со еден кубик букови дрва, ти ете ќе добиеш 1.000 kWh топлина (пола од 2.000 kWh). Тоа за кубик дрва кои сега коштаат 4000 денари. Или ОК, 3.600 ако си ги земал летово кога се поевтини.

Понатами, по средна цена од киловат час е.е. од 5.1 денар (со ддв, и евтина/ниска тарифа средна вредност), за 3.600 денари ти добиваш 706 kWh електрична енергија. Со просечен СОР од 3 на инвертор клима уред, тие 706 kWh електрична енергија топлинската пумпа ги претвара во 2118 kWh топлинска енергија!

Краен резултат 1.000 kWh од дрва, наспрема 2118 kWh топлинска енергија од клима уред(и). За истите пари. А каде ти е мрцварењето со дрвата, ложење, чистење, цепење, редење, м’кнење од визба/двор до соба, па кречење, чистење оџаци, итн, итн...

Ама ајде сега те чекам да ми кажеш дека на клима не се вари гравче, и дека не се грее бојлерот за вода, итн итн... Па јас пак да те потсетам дека готвење е поевтино и побрзо на плин, и дека за топла вода има и други алтернативи. ;)


На крај друже, како и да вртиш како и да сучеш, греењето со клима уреди е осетно поевтино греење од греењето со дрва. А другите греења ти убијаат во поим во економичност. Немаш малтретирање со нив, работа. На есен ги палиш, на пролет ги гасиш. Дека имаат маани, имаат. Дека предностите им се поголеми од мааните, и тоа е точно.


И сеа, толку? Или уште ќе се убедуваме? :)
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.622
19.361
Пресметав поторошувачки за 4 инвертер клими vs ќумбе со парно.
Ќумбе со парно е познато како комбиниран котел на цврсто гориво кое не мора да биде дрво. Може и ќумур односно брикети односно пелети (што е лудо) односно се што може да биде протнато и може да гори. Очигледно имаме различан замисла за котливе. Ако мислиш на модифицирано ќумбе кое може „храни“ парно тогаш имаме misconception во дискусијава пошто мислиме на различни работи. Јас исплатливоста на дрва ја поимам единствено на тој начин. Секое друго користење на дрва/ќумур без да загреваш повеќе соби и да не добиваш топла вода е чисто расфрлање со енергија и не е исплатливо
Мојот котел исто така има и бренер на нафта кој не се користи од очигледни причини. Го чекам денот кога тој бренер на нафта ќе биде заменет со бренер на гас. Ваљда уште 10-15 годни па ќе дочекаме.
Пресметав поторошувачки за 4 инвертер клими vs ќумбе со парно.
Ќумбето изгуби во споредбава со повеќе дупло поскапо греење во однос на климите, иако ги заокружував сите параметри во негова корист: Краен резултат 1.000 kWh од дрва, наспрема 2118 kWh топлинска енергија од клима уред(и). За истите пари. А каде ти е мрцварењето со дрвата, ложење, чистење, цепење, редење, м’кнење од визба/двор до соба, па кречење, чистење оџаци, итн, итн...
Не манипулирај со киловатите. Сега врати се и сите оние фини киловати претвори го во Btu и врати се да дискутираме.
И кој тоа инвертер троши помалку од 1200 денари (без ддв) молиќу лепо? Наместен на 21 степен во соба во која никој не влегува и не излегува и има идеална изолација?


Мрцварењето со дрва е неизбежно. Ако сакам да изигравам газда до крај тогаш изигравам и плаќам луѓе сето тоа да го направат. Од сечење, цепење па се до редење.

Комфорот на греење со парно е најголем. Кога ќе го одземеш 24/7 шиштењето на клима тогаш добиваш piece of mind.
Климата е компромис. А компромис е решение кое не му одговара на никој.
 

mdeni

senior
24 септември 2012
6.111
6.057
А највеќе не одговара горење на комшиите и на луѓето кои дишат воздух.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.820
6.519
SK
Се е компримис.
Немој да ми кажеш дека секој ден плаќаш луѓе да ти го палат оганот. Дека секој ден плаќаш луѓе да ти носат дрва од надвор, или од визба. Дека секој ден плаќаш луѓе да ти ја фрлаат пепелта?

Инаку верувам дека навистина плаќаш луѓе за да го чистат оџакот. И за да ти кречат дома. Можеби треба и тоа да го вклучиме во трошоците, кога пресметуваме за споредба со климите? ;)

СЕ е компромис - во однос на топловодно греење со топлинска пумпа.
Па дури и топловодно греење со топлинска пумпа е компромис сам по себе. :)

Ќумбето Е компромис. Всушност ќумбето (со парно или не) е полош компромис од клима уредите. Инаку го викаам ќумбе а не парно, затоа што парно греење е општ назив и синоним за топловодно греење. Водата во него може да биде загревана на разни начини. Ова твоево е ќумбе со котел во кој се грее водата. За твоја (и наша) несреќа, присуството на котелот ја намалува топлината во горилникот и го прави согорувањето уште понеефикасно од обично ќумбе (а ионака е неефикасно во ќумбињата).



Не манипулирај со киловатите. Сега врати се и сите оние фини киловати претвори го во Btu и врати се да дискутираме.
А што, киловат-час енергија не е доволно добра единица мерка за тебе?
Направи си ги сам пресметките (и поентата).


И кој тоа инвертер троши помалку од 1200 денари (без ддв) молиќу лепо? Наместен на 21 степен во соба во која никој не влегува и не излегува и има идеална изолација?
Ова е баш манипулирање (а мене ме обвинуваш). Ете ти во првиот пост од темата за климите, има линк до одделна тема со мерења на потрошувачка од повеќе корисници на разни инвертер клима уреди во различни услови. Таму имаш податоци.
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.622
19.361
Немој да ми кажеш дека секој ден плаќаш луѓе да ти го палат оганот. Дека секој ден плаќаш луѓе да ти носат дрва од надвор, или од визба. Дека секој ден плаќаш луѓе да ти ја фрлаат пепелта?
Ако треба да се плаќа тогаш во ред. Го можам и тоа. Иначе не ме мрзи да го правам тоа. Тебе не те мрзи да ги чистиш филтрите на климата? Приметуваш сега на каде би одел муабетот?
Пепелта со правосмукалка за пепел. Котелот ми е во визба, фала на прашање.

Инаку верувам дека навистина плаќаш луѓе за да го чистат оџакот. И за да ти кречат дома. Можеби треба и тоа да го вклучиме во трошоците, кога пресметуваме за споредба со климите?
Оџакот после завршување на сезона задолжително. Многу јак трошок е тоа. Цели 1500 денари!

Ова твоево е ќумбе со котел во кој се грее водата. За твоја (и наша) несреќа, присуството на котелот ја намалува топлината во горилникот и го прави согорувањето уште понеефикасно од обично ќумбе (а ионака е неефикасно во ќумбињата).
Мојот котел можеш да го нарекуваш и канта или нуклеарен реактор. Мојот котел на -10 или -15 врти кругови околу климите за исти пари додека овие се мачат да се договорат дали да влезат или излезат од дефрост.
На мојот систем има приклучено и солеарен панел од 2,5 m2 со болјер од 100 литри кој драстично ја подобрува ситуацијата при загревање. Тоа што ми ја носи топлината на водата (во најлош случај) над 40 степени а потоа овој догрева е друга приказна. Трета приказна е што тој систем е далеку од примитивен па кога ќе додадеш контролна електроника и електромоторни вентили за регулација ситуацијата е далеку по-поволна за Флегма отколку за Локван. Ова е мојата win-win ситуација.
Ви се допаѓало вам или не. Сакам користам клими сакам користам парно при драстичен пад на температури, мој избор. Се додека е легално и ценовно достапно ќе терам така.
Реториката „го труеш поштениот свет“ не ви држи затоа што и вие го труете истиот тој свет со струјата која е произведена со помош (на многу) лош енергенс. Таква е состојбата во Македонија.

Тоа што имате хендикеп да седите во котлина не е моја вина, така? Тоа што се нашиба цела Македонија таму не е моја (ниту твоја) вина туку вина на властите заради ултра глупите политики на носење на се и сешто во Скопје.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.820
6.519
SK
Мојот котел можеш да го нарекуваш и канта или нуклеарен реактор. Мојот котел на -10 или -15 врти кругови околу климите за исти пари додека овие се мачат да се договорат дали да влезат или излезат од дефрост.
Ок, сите десет дена кога ќе падне температурата под -15с си во предност.

На жалост СИТЕ останатите денови од грејната сезона си предимензиониран до бестрага, и загадуваш дозлабога.


На мојот систем има приклучено и солеарен панел од 2,5 m2 со болјер од 100 литри
Не ми е јасно како соларниот панел треба да му донесе поени на твоето ќумбе?
Инаку браво за соларниот панел, планирам и сакам некогаш и јас да го реализирам истото и јас - само што нема после да ги фалам климите со соларниот панел. ;)


Ако треба да се плаќа тогаш во ред. Го можам и тоа. Иначе не ме мрзи да го правам тоа. Тебе не те мрзи да ги чистиш филтрите на климата? Приметуваш сега на каде би одел муабетот?
Пепелта со правосмукалка за пепел. Котелот ми е во визба, фала на прашање.
1500 за оџачарот, ијадарче-две за сечење, илјадарче за цепење, па за редење... Се собира а?

Инаку не е муабетот што тебе те мрзи а што не те мрзи да го правиш ПОВЕЌЕ ПАТИ секој еден ден.

Муабетот е дека дефинитивно не е забавно ни пријатно да се мрцвариш СЕКОЈ ДЕН со тие обврски окулу ќумбето.

И ако сето тоа СЕКОЈДНЕВНО повеќекратно малтретирање со дрвата и ќумбето, го споредуваш со ЕДНАШ МЕСЕЧНО пола минута туширање на филтрите под млаз вода, тресење, и потоа нивно враќање назад на климата... Епа тогаш маф ти е работава со докажувањево дека со климите имало повеќе работа отколку со ќумбето! :p
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.622
19.361
Ок, сите десет дена кога ќе падне температурата под -15с си во предност.

На жалост СИТЕ останатите денови од грејната сезона си предимензиониран до бестрага, и загадуваш дозлабога.
Бинго бе Локван. Бинго! Во тие денови под - 5 кои по Марфиев закон се паѓаат за време на празници односно распуст јас за истите пари ќе имам 25 степени секаде а ти ќе вртиш палци и ќе се тешиш што си постигнал 22 степени мерено на метар и осумдесет. Додека на нозе носиш папучи плус две рала чорапи. Освен ако не седиш во стан па да се шлепаш на туѓа топлина.

Не ми е јасно како соларниот панел треба да му донесе поени на твоето ќумбе?
Со тоа што бојлерот е комбиниран за парно и соларно. Цело време се сопнуваш на концепцијава.

Инаку браво за соларниот панел, планирам и сакам некогаш и јас да го реализирам истото и јас - само што нема после да ги фалам климите со соларниот панел
Па намести и нема да не труеш и во лето за да гориме лигнит за твојата топла вода.

btw
Ме интересира што би правеле ако дојде до колапс на некој блок на РЕК во траење од 10-ина часа? Што не е реткост во Македонија. Стварно, што би правел?
 
R

Roncic

Гостин
A dali nekoj ima pretstava deka elektricnata mreza vo mk ima preku 50% zagubi ??? Vo prevod , klima koja trosi 1kw rek treba da proizvede najmalce 2..
 
R

Roncic

Гостин
Ne samo toa. Dali ima nekoj pretstava kolku samo struja se ispusta vzemja ? Soz za latinica . Ama ova so klimive veke stana butthurt.
 

mdeni

senior
24 септември 2012
6.111
6.057
View: https://vimeo.com/307093340




kNWPoeJ.jpg


Q04elyJ.jpg


S6gwUW8.jpg


ZJ2E72k.jpg


XN6qnPA.jpg


https://undark.org/breathtaking/air-pollution-macedonia/
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.820
6.519
SK
^ ^
Бел чад = најголема содржина е водена пара, значи согорувуњето е добро. Башка нагоре оди. Треба некад да ги сликам комшииве, да видиш што е црн чад натежнат со саѓи како ПАЃА НАДОЛУ (а не дека не гледаш црн и кај твоите комшии).

Чекај малку... Сакаш да кажеш дека сите ќумбиња не се поврзани со соларни панели, и со топловодно греење (парно)?? :innocent:


Па намести и нема да не труеш и во лето за да гориме лигнит за твојата топла вода.
Барем тоа горење не е во сред урбана средина каде директно труе цели градови.


Ме интересира што би правеле ако дојде до колапс на некој блок на РЕК во траење од 10-ина часа? Што не е реткост во Македонија. Стварно, што би правел?
Мислам дека ќе преживеам некако 10-ина часа. :D
Па и неколку денови нека бидат... А ако толку дојде зортот, секогаш можам да го извадам од визба старото пампурче од баба ми. Ќе земам неколку гуми од циганине и на коњ сум. ;)


Бинго бе Локван. Бинго! Во тие денови под - 5 кои по Марфиев закон се паѓаат за време на празници односно распуст јас за истите пари ќе имам 25 степени секаде а ти ќе вртиш палци и ќе се тешиш што си постигнал 22 степени мерено на метар и осумдесет. Додека на нозе носиш папучи плус две рала чорапи. Освен ако не седиш во стан па да се шлепаш на туѓа топлина.
До сега уште не запамти дека сум во куќа?
Ќе си помисли човек дека не ги читаш соговорниците. ;)

И те молам не се секирај за мене, не ми е ладно. :)
Кога преклани на историски ладната зима немав мака со климиве, а на ваква зима си цепаат на ~пола киловат климиве, немам мака јас баче. И не само јас, во една голема куќа сме 3 стана, стариве и брат ми исто така се греат на клими. Кои јас им ги купив. 4 инвертор клими, плус една прозорска - дури и таа грее во ваква блага зима (термото уште не им е пуштено во таа просторија).
 
R

Roncic

Гостин
А дали кликна на линковите да видиш дека Рек е втор најголем загадувач во Европа. ВТОР! Следствено на квадратура која ја има нашава земја = најзагадени во Европа. Истиот тој Рек ја уништува најплодната почва во Македонија .
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.820
6.519
SK
Не велам дека РЕК не е загадувач. Само се обидувам да ги покажам димензиите на штетата што ја предизвикува друг загадувач, ќумбињата во домовите, загадувач кој упорно се игнорира иако ја прави најголемата штета... Се надевам дека се разбираме сега?
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.622
19.361
Оние трите дебелите се разладни кули и излегува водена пареа. Оние другите се оџаците.
Правиме муабет за согорување на тони лигнит на час.

@mdeni
Супер што стави слики од социјални случаи. На што очекуваш оние фамилии да се греат? На Daikin Altherma?
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.622
19.361
Не велам дека РЕК не е загадувач. Само се обидувам да ги покажам димензиите на штетата што ја предизвикува друг загадувач, ќумбињата во домовите, загадувач кој упорно се игнорира иако ја прави најголемата штета... Се надевам дека се разбираме сега?
Денес најзагаден град во Европа е Битола. Втор е Тузла!
Што е заедничко за двата града? Погодувате! Термоцентралите на лигнит.
 

mdeni

senior
24 септември 2012
6.111
6.057
CKy2JhE.png


wNmysVW.png


Станицата до рек е почиста. Центарот кај што е греењето е загадениот.


Исто и во Тузла. Мерната станица до електраната е најчиста. Загаденото е во центрите каде што се грее на дрва.
SaZ50mN.png
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.622
19.361
Во Крушево не постои домаќинство што не се грее на дрва.

btw
Да. По некое чудо околу РЕК не дуваат ветрови. What happens in REK stays in REK.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.820
6.519
SK
Денес најзагаден град во Европа е Битола.
Видов. И побарав малку по нетов да видам што се дешава и таму. Искача дека најголемиот дел од битолчани се греат со ќумбиња. Дека сите училишта им се греат на мазут. Дека неколку големи фирми користат јаглен за огрев... Што друго да се каже?

И зошто го игнорираш моментов со мерните станици и мерењата, позагадено во центар од Битола отколку поблиску до РЕК?

CKy2JhE.png


wNmysVW.png



Оние трите дебелите се разладни кули и излегува водена пареа. Оние другите се оџаците.
rek-bitola-1.jpg

Oд сите оџаци оди нагоре чадот, и е бел. За разлика од чадот на ќумбињава, црн, тежок со саѓи, и оди долу меѓу куќите каде не се мрда и не труе.

Супер што стави слики од социјални случаи. На што очекуваш оние фамилии да се греат? На Daikin Altherma?
Очекувам за сите исто да важат законите. Очекувам да не постојат такви „објекти“ направени без дозвола за градба, исто како што мене првиот ден ќе ми дојде инспекција ако почнам да градам. Како што дојде инспекција првиот ден кога почнав да ја градам доградбата. И треба да дојде, а јас нормално ги имав сите потребни дозволи за градба. Само зошто за мене важат законите, а за циганите не важат?

Исто така очекувам и дека кога горат гуми, дека некој ќе ги казни.

Затоа те молам не драматизирај за „социјални случаи“. Не ги прави жртви тоа пациените.
Деца се прават ако имаш услови за да ги чуваш, не државата да им ги храни со социјална помош која ја плаќаат работните луѓе. Работни луѓе од кои циганиве паразитираат, работни луѓе кои им плаќаат здравствена заштита. Работни луѓе кои потоа ги трујат со гумиве. А гумите ги горат и не само за греење, туку за жицата што ја има во нив.

Нема оправдување. Ќутек треба.
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.622
19.361
  1. Нема само роми кои се сиромашни
  2. Секој кој гори гуми, има диви топилници и загадува да се казни.
  3. Ветерот дува од Пелагонија кон Пелистер
  4. Загадувањето не е само од ќумбиња туку и од трамспорт.
  5. Нема гасификација
  6. Нема гасификација
  7. Луѓето мора да се греат на нешто
  8. Дрвата не се забранети со закон
  9. Се што не е забрането е дозволено
  10. Централното во Скопје е на мазут.
  11. Греењето по школите е на мазут
  12. Нема гасификација
  13. Нема субвенции за еко грејни тела
  14. Нема субвенции за соларни
  15. Катастрофални (непостоечки) проверки на издувни гасови при регистрација.
  16. Во Скопје се гради кој како сака и му се може
  17. Иди убеди го Љутви, Фатмир, Красниќи и остали младичи дека не е во ред да се греат на дрва.
  18. Ако се они заштитени како поларни мечки зошто циганите не би биле
  19. Нема гасификација
 

d0sada

hello world
18 февруари 2016
170
131
Скопје
d0sada's setup  
Processor & Cooler
Ryzen R7 5800X3D/ DeepCool LT520
Motherboard
ASRock X570 Steel Legend
Storage
Samsung 990 Pro 2TB/Samsung 980 1TB Pro/Samsung 860 Evo 250GB
PSU
Be Quiet! STRAIGHT POWER 12 1000W
RAM
G.SKILL Sniper X F4-3200C16D-16GFX 32GB(16GBx2)
Video card
Sapphire RX 7900 XTX Nitro+
Case
Fractal Design - Define R5 Black Window
Mouse
Bloody A4 A90
Keyboard
HyperX Alloy Origins Red Linear
Audio
Sony WH1000XM3
Monitor
ASUS VG27AQL1A 27"/ Dell P2720DC 27"/ Samsung S95B 55"
OS
Windows 10 64-bit Pro
10.Централното во Скопје е на мазут.

Централното во Скопје е префрлено на гас пред 3 години
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.820
6.519
SK
Скопје е исти фалус, само полошо. Парното што е на гас не значи ништо се додека не донесат приклучок од секој дом - зедно со цевки и за гас - и тогаш конечно да забранат горење на дрва/јаглен или било што друго.

Него дали ти Флегма приметуваш дека ниеднаш не негираше (аргументирано или било како) дека воздухов по градовиве ни е пред се загаден од палење ќумбиња?

Во ред тоа што требало да се направи. Знаеме. Тоа што треба да се направи, покрај гасификација, е и забрана за ќумбиња - забрана за горење дрва.
 

d0sada

hello world
18 февруари 2016
170
131
Скопје
d0sada's setup  
Processor & Cooler
Ryzen R7 5800X3D/ DeepCool LT520
Motherboard
ASRock X570 Steel Legend
Storage
Samsung 990 Pro 2TB/Samsung 980 1TB Pro/Samsung 860 Evo 250GB
PSU
Be Quiet! STRAIGHT POWER 12 1000W
RAM
G.SKILL Sniper X F4-3200C16D-16GFX 32GB(16GBx2)
Video card
Sapphire RX 7900 XTX Nitro+
Case
Fractal Design - Define R5 Black Window
Mouse
Bloody A4 A90
Keyboard
HyperX Alloy Origins Red Linear
Audio
Sony WH1000XM3
Monitor
ASUS VG27AQL1A 27"/ Dell P2720DC 27"/ Samsung S95B 55"
OS
Windows 10 64-bit Pro
Иначе во Скопје примарното загадување искача од горење Гуми, и старо уље од коли, масло и други нуспродукти на индустриите што работат. Легално им е 40 % од материјалот во печките да е гуми. Кога ке поминам покрај цементара се гушам.
 
— членови онлајн
—мислења
—теми
—членови

Последни теми

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно