• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Vivaldi Browser v2

  • Ја почнал/а темата
  • #101

moongose

Unstoppable
19 јули 2013
2,520
2,847
Ве читам и ви се чудам...

Можно ли е да се палите по ваков ретардиран браузер полн со багови? Го праеле луѓе што работеле на легендарната Опера... Па што.
Сум инсталирал неколку верзии и сите ми делувале како детско игралиште на млади програмерчиња.

На страна што момците позади Вивалди ве шпиунираат и ви собираат лични податоци за понатамошна продажба/личен профит.
Погледнете го атачментот 87255
Повеѓе информации овде.

За жал, нема фри ланч. :innocent:
Написот на линкот е многу дилетантски, да не кажам злонамерен.
Проблем било што проверувал дали има нова верзија и што истото за екстензиите не можело да се исклучи?
И дека можело да се пребарува со бинг, а тоа било пребарувач што собира податоци?
И на почетната страна имало линкови до сајтови што собираат податоци. Да, има линкови до гугл, фејсбук, ибеј, твитер...

Ако ти е ова проблем за приватност или опасност за собирање на податоци, терај си со хром или што и да користиш. Дека дтаму бинг и гугл се блокирани :)
Дали постои начин да го "поедноставам" vivaldiто? Пример на ова сеттингс од лево и букмаркс што не се мрдаат со задржувањe?? Не можам да се навикнам никако..
Што уствари сакаш да прашаш?
 
  • Ја почнал/а темата
  • #102

moongose

Unstoppable
19 јули 2013
2,520
2,847
Од денеска е достапна верзијата 3.2 на Вивалди за сите десктоп оперативни систем.

Од најважните новитети од верзијата 3 се издвојуваат:

Управувач со белешки (Notes manager)
Отсега панелот за белешки е достапен и во главниот прозорец, заедно со алатките за форматирање на текстот со маркдаун синтаксата. Достапен е и комплетен преглед на самата содржина на белешките, адресата на веб локацијата од која се преземени, датумот на креирање на белшката, бројот за знаци и зборови, како и бројот на прилози.
Можно е да истовремено да се отворени белешките и во главниот прозорец и во панелот, како и да се отворат повеќе табови со белешки и истите да се прикажат истовремено, со што многу се олеснува споредбата на повеќе записи, како и напредното уредување.
Управувачот може да се повика преку главното мени, а го има и на самиот почетен прозорец. Секако и десно копче на која било белешка.

Конфигурабилно главно мени
Главното мени може комплетно да се преконфигурира според желбите и потребите. Не само што може да се преместат и отстранат како менија така и ставки, туку може да се додадат кои било команди од прелистувачот, кои досега беа достапни само преку кратенки од тастатурата или преку Quick Commands полето (F2).
Settings → Appearance → Menu

Надоградба на Pop-out видео функционалноста
Со клик на малото копче во средината на горниот дел од кое било HTML5 видео истото може да се „извади“ од страницата на кое што се наоѓа и да премине во лебдечко видео, кое може да се постави и надвор од прозорецот на прелистувачот, како и да се зголемува или намалува. Сега е достапна опција и за мјут на видеото како и линија со директен пристап до каде било во видеото.
Ова е одлична функционалност за следење на видео туторијали напр. Видеото што се следи може цело време да биде врз програмот кој што се работи. Или може да се следи некој спортски настан, вести, па и некој филм, додека се работи нешто друго.

Секако тука се и бројните ситни подобрувања и отстранети багови, како и ажурирање на хромиум енџинот.

За новите корисници преземање тука, а посточеките корисници може директно да го ажурираат од самиот програм.
 

FLEGMA

Epic
2 август 2012
8,969
13,517
Не ми е јасно зошто не ставаат можност за „мотање“ на видеата во pop-out?

Го нaдoградив. Ставиле пребарување во pop-out videata. Шуќур..

[edit No.2]
Срцки се бе! Срцки!
Табовите од телефонот синхронизирани. Повуци-потегни беше работава ама еве сега работи како што треба.

Untitled.png
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Avid

WeiWuWei

Gaining Experience
17 јануари 2020
272
165
Се гаси ли некако ова ( задршување десен клик + лев клик ) да не враќа на претходна страна?
 

WeiWuWei

Gaining Experience
17 јануари 2020
272
165
Постои ли некој setting во Вивалди или екстензија за "подобро" да лоадира страни т.е да не се откажува

Почнувам да лоадирам страна и ја детектира како лоадирана, а уствари страната не е целосно лоадирана не се сите компоненти вчитани ( не знам како подобро да објаснам )

Само кај вивалди се дешава
 
  • Ја почнал/а темата
  • #107

moongose

Unstoppable
19 јули 2013
2,520
2,847
Постои ли некој setting во Вивалди или екстензија за "подобро" да лоадира страни т.е да не се откажува

Почнувам да лоадирам страна и ја детектира како лоадирана, а уствари страната не е целосно лоадирана не се сите компоненти вчитани ( не знам како подобро да објаснам )

Само кај вивалди се дешава
Да не ти е активен блокерот за реклами?
 
  • Ја почнал/а темата
  • #108

moongose

Unstoppable
19 јули 2013
2,520
2,847
Ета ја од денеска и верзијата 3.4.

Една од главните новини е конфигурабилно контекстно мени. Го има над сите елементи, но за жал сѐ уште не и над самата веб страница.

Друга новина е периодичното освежување на табовите. Конечно после 10 години откако ја тргнаа од опера, пак да се појави оваа функционалност.

Во алатката за снимање на содржината на екранот, додадена е опција за директно зачувување на сликата во белешките.

На speed dial-от може да се креираат папки со директно префрлање на сликичките една над друга.

Имаат додадено и игричка, како надополнение на претходно претставениот break mode.

Овде е целосната листа на новини, заедно со линкот за преземање.

Истовремено излезе и соодветната верзија за андроид.
 

Rukfash

On your way to fame
24 јануари 2019
862
541
Неврленд
Инсталирав и ја Вивалди, али не ја мењам Лисичката Ватрена за ништо.
А Хромо па не ми се свиѓал од самио старт. Го имам и користам по малце за третокласни акаунти, углавном ради гугл драјв.
Најинтереснио ми е шо повеќе од тука имаат по 16-32 ГБ РАМ и се палат на тоа како вивалди користел 2-300 мб помалце од хром или Лисичката.
 

FLEGMA

Epic
2 август 2012
8,969
13,517
За Лисичката да биде како Вивалди треба да се инсталираат 112 екстензии.

И пак нема да ја биде.
Но, секој со навиките. Нема што да се дискутира тука.
 

FLEGMA

Epic
2 август 2012
8,969
13,517
@moongose
По грешка ја исклучив играта од Speed Dial
Не можам да најдам начин како да ја вратам. Чаре?
 

Rukfash

On your way to fame
24 јануари 2019
862
541
Неврленд
За Лисичката да биде како Вивалди треба да се инсталираат 112 екстензии.

И пак нема да ја биде.
Но, секој со навиките. Нема што да се дискутира тука.
Е кој се тие 112 екстензии? Дај молим те наброј само 12, сакам да споредам.
Иначе еве сега моменталном го користам Вивалди, го апдејтирав и импортирав букмаркс и логинс оф лисичката. ;)
Не кажав ја дека неќам други броузери, али некако Лисичката ми се најсвиѓа и не ја оставам.
Не е се у бризната, разбираш :)
А си го испробал ли maxston browser? Скоро и го заборавив.
 

Rukfash

On your way to fame
24 јануари 2019
862
541
Неврленд
Иначе малце кси поиграв. отворив 12 исти табови и во ллисичката и во вивалди.
Вивалди зима помалце рам. Ама приметив кога од сајт рецимо ит форум со десен клик кога отварам нови јазичиња вивалдито ги отвара побавно.
Побарав donwload екстензија , нема. Иначе овака брз е, да.New Picture (11).jpg
 
Последна промена:

FLEGMA

Epic
2 август 2012
8,969
13,517
Иначе малце кси поиграв. отворив 12 исти табови и во ллисичката и во вивалди.
Вивалди зима помалце рам. Ама приметив кога од сајт рецимо ит форум со десен клик кога отварам нови јазичиња вивалдито ги отвара побавно.
Побарав donwload екстензија , нема. Иначе овака брз е, да.
Фигуративно беше тоа де, не се лути :)

Иначе се што има во Chrome store „пасува“ и во Вивалди.
И има вграден download manager. Шо ќе ти е екстензија?

16-10-2020 Thank you for downloading Ubuntu Desktop _ Ubuntu.png

Плус звучна нотификација кога ќе заврши, плус нотификација од Windows-от.

Не те кандисувам, само гласно размислувам..
Пред да дојде во употреблива форма, пред Вивалди користев Chrome долго време кој го мразев од ергономски причини ама сепак кога се префрлив на Вивалди пак имав период на навикнување за кој ми требаше време.
Меѓутоа јас имав користено Опера од истите батки кои го направија Вивалди и филозофијава на Вивалди ич не ми е туѓа.
 

Rukfash

On your way to fame
24 јануари 2019
862
541
Неврленд
Фигуративно беше тоа де, не се лути :)

Иначе се што има во Chrome store „пасува“ и во Вивалди.
И има вграден download manager. Шо ќе ти е екстензија?

Погледнете го атачментот 92261

Плус звучна нотификација кога ќе заврши, плус нотификација од Windows-от.

Не те кандисувам, само гласно размислувам..
Пред да дојде во употреблива форма, пред Вивалди користев Chrome долго време кој го мразев од ергономски причини ама сепак кога се префрлив на Вивалди пак имав период на навикнување за кој ми требаше време.
Меѓутоа јас имав користено Опера од истите батки кои го направија Вивалди и филозофијава на Вивалди ич не ми е туѓа.
Едно време користев Опера, ама нешо не ме бендиса баш. Имаше нешо шо ме нервираше.
Иначе downloader ми требе за симињање видеа од youtube, а богами и од redtube разбираш Блажо разбираш?
 

gego

Gaining Experience
6 декември 2009
277
298
Скопје
gego's setup  
Processor & Cooler
Core 2 Duo CPU E750 & defoult cooler
Motherboard
MSI P43
Storage
WD Caviar Green Sata II 640GB
PSU
NoName
RAM
4GB
Video card
NVIDIA GeForce GTS 250
Case
NoName
Mouse
Blaody V5
Keyboard
A4Tech X7 G800W
Monitor
Samsung SincMaster 2233BW
На мобилниот, од Опера се префрлив (не скроз) на Вивалди, Операта престана, или шо знам шо се измести, престана да ми памти усер и пасворд на меилот. Ја користам на ПЦ, таму нема проблем.
Вивалди во некои сегменти е подобар, некад знае да се укочи при скролање, па со отварање нов таб се оправа!!? Ќе шалтам меѓу двава, па ќе видам кој ќе превагне
 
  • Ја почнал/а темата
  • #120

moongose

Unstoppable
19 јули 2013
2,520
2,847
Е кој се тие 112 екстензии? Дај молим те наброј само 12, сакам да споредам.
Иначе еве сега моменталном го користам Вивалди, го апдејтирав и импортирав букмаркс и логинс оф лисичката. ;)
Не кажав ја дека неќам други броузери, али некако Лисичката ми се најсвиѓа и не ја оставам.
Не е се у бризната, разбираш :)
А си го испробал ли maxston browser? Скоро и го заборавив.
Вивалди не се одбира заради брзината или заради штедливоста на меморија, иако и по двете прашања не е лош. Се одбира заради можностите што ги има и заради прилагодливоста. А секако дека ќе се најде некој прелистувач кој е побрз или зафаќа помалку меморија. Ама нема да најдеш со повеќе можности.
А со денешниве конфигурации разликите од неколку десетици или стотици мегабајти или неколку десетинки плус минус, не прават никаква разлика и потполно непотребни се тој вид на споредби.

Но можностите кои ги нуди Вивалди овозможуваат и неколкупати побрза работа со самиот прелистувач а со тоа зголемување на продуктивноста. И побавно да ги отвора страниците, истата работа многу побрзо ќе ја завршам во Вивалди отколку во кој било друг прелистувач.

Една од целите на Вивалди е да го прилагодиш кон твоите потреби и навики на користење, а не ти да се прилагодуваш кон програмот.

Само еден банален пример: распоредот на сликата е направен со 3 кликања. Тоа десно е јутуб видео извадено од главниот прозор.

clipboard16.10.2020 _ 20_28_47.png
 

Rukfash

On your way to fame
24 јануари 2019
862
541
Неврленд
Море и опера и вивалди у у бестрага. Баш од вивалдито почнаа дами скокаат порно реклами преска. Помислив некој вирус да несум закачилллл. Отакако го избришав ѓубрето од броузер направив boot scan и добро е немаше ништо.
Ќе сум го прилагодувал вивалдто према мене. Па за да го прилагодам прво треба ја да се прилагодам на него, а тоа е губење време.
Фино лепо си кажав, златна ватрена лисичка не ја мењам за ништо.
Грациа, чао, ариведерчи.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,526
Мислења
822,618
Членови
28,051
Најнов член
Marko Janevski
На врв Дно