• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Vivaldi Browser v2

Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
3,116
4,376
SK
Чудно е што на јублок ориџин ми е активирана изи листата, вклучително и EasyPrivacy и Annoyances од неколку листи... ама ете аутоплеј на видеа не стопира. Ќе треба подетално да истражам.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #152

moongose

Unstoppable
19 јули 2013
2,839
3,199
Сега пробав на Опера со uBlock Origin и ги пушта видеата. Но, со исклучен uBlock, а со активиран вградениот блокер на опера, видеата не се пропуштаат.
Да не отишле и од uBlock по патот на ADP, спонзори да ставаат на бела листа? :)
 

Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
3,116
4,376
SK
Хмм... Сѐ е можно.
Но мислам дека во тој случај не би се работело за цела една класа на содржина, видео елементи, и тоа од многу различни сајтови и видео платформи. Што имаат слично си-би-ес спортс и епик стор продавницата? Ништо освен што видеата се аутоплеј. :)

Веројатно е нешто друго, како се третираат попап-ите, видеата и слично.


едит, сега со вградениот блокер гледам дека целиот елемент (со видео) го нема, црнина:
1616253615261.png
 
  • Ја почнал/а темата
  • #154

moongose

Unstoppable
19 јули 2013
2,839
3,199
едит, сега со вградениот блокер гледам дека целиот елемент (со видео) го нема, црнина:
Нешто е различно кај тебе.
Вака е кај мене, само вградениот блокер, без екстензии.
1616268680896.png


п.с. овие повеќе реклами и тракери имаат и од најскем порно сајтовите. :)
 

WeiWuWei

Gaining Experience
17 јануари 2020
282
168
123333333.png

Како да го вратам она старото, нормалното "мрдање" на табови?
 
  • Ја почнал/а темата
  • #156

moongose

Unstoppable
19 јули 2013
2,839
3,199

Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
3,116
4,376
SK
Намерно или баг не знам, ама оневозможиле движење на табовите во прозорите со „приватен мод“.

Инаку не спомнав претходно, ама главна причина зошто го претпочитам ublock origin е тоа што овозможува мануелно блокирање (елиминирање) на елементи од веб страните. Често блокирам елементи со замарања и работи кои ми сметаат, често и цели сајдбарови итн. За мене ова е важна функционалност.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #158

moongose

Unstoppable
19 јули 2013
2,839
3,199
Намерно или баг не знам, ама оневозможиле движење на табовите во прозорите со „приватен мод“.
Багче е, нема причина зошто би оневозможувале.
Не работи само влечењето со глушец, го преработуваат целиот тој дел со табовите и се појавуваат багчиња.
Со тастатура може да се преместуваат (ctrl+shift+page up/down) исто и со Quick commands (F2).
 

Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
3,116
4,376
SK
Да не е логично да е по дизајн, а не баг... Но сум видел многу други нелогични одлуки од развивачите. Како на пример неможноста табовите да имаат поголем минимална ширина и а скролуваат, форсирање на дизајнот на букмаркс без можност за дропдаун опција некаде на гуи-то. Итн, итн... Имаше уште проблеми, некои и поголеми (за мене) ама во моментов никако не ми текнува. (едит) на пример вградена во броусерот подршка за стопирање на аутоплеј на видеа.

Но со сите маани, секако е квалитетен прегледувач. Затоа и го користиме. :)

Само се надевам дека нема да тргнат по патот на Опера.
Навистина, како/од што заработуваат Вивалди?
 
Последна промена:
  • Ја почнал/а темата
  • #160

moongose

Unstoppable
19 јули 2013
2,839
3,199
Како на пример неможноста табовите да имаат поголем минимална ширина и а скролуваат, форсирање на дизајнот на букмаркс без можност за дропдаун опција некаде на гуи-то.
Ширината на табовите зависи од нивниот бројот и големината на прозорот. Кога се многу, не скролаат туку пропорционално се намалуваат за да може се прикажат сите. Концептот е да се групираат, а не да се скролаат. Така е многу понепрегледно и потрапаво за одбирање. Кога се малку се сосема доволно широки. Има опција за минимална ширина на активниот таб, така што без оглед колку мали се останатите тој си ја задржува зададената широчина со што многу лесно да се забележува.

На што точно мислиш со опција за букмарците? Достапни се во панел, во мени, може да се стават на бар, ги има на стартната страница...
Навистина, како/од што заработуваат Вивалди?
 

Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
3,116
4,376
SK
За финансирањето, она од линкот не ми звучи убедливо. :)
Неколку линкови на фаст-дајал страната (која поголемиот дел од луѓето ја менуваат со одбрана home page) и неколку партнерства со search engines?

Реално без аудит сѐ што имаме на избор е добра волја да им веруваме без реални аргументи. Но варијанти од истиот муабет можеше да се слушне и од Гугл, фејсбук, и другите... Пред да искочат работите на виделина.

Ова не е критика за Вивалди конкретно, само општо размислување на глас за секој closed source софтвер кој (декларативно) е бесплатен.


За букмаркс... При миграцијата од фајерфокс (и дериватите како пејлмун) една од главните сопки ми беа букмарксите. Претходно, (со адон или два) дроп-даун дизајнот за мене е подобар и побрз за навигација. Преферирам да навигирам со фолдери и подфолдери при што визуелно се потсетувам каде и што да барам, пошто тематски ги организирам.

Вивалди ме форсира да го употребувам адрес барот и да куцам што сакам да најдам а проблемот е што не секогаш ми текнува на имињата, визуелно е многу поинтуитивно. Друга алтернатива е букмаркс сајд-барот кој во Вивалди е „кабаст“ и „незграпен“ за работа ако букмарксите се организирани во многу фолдери и подфолдери во кои има илјадници букмаркси (или и повеќе). Ако ги оставиш сите фолдери/подфолери отворени, тие остануваат отворени. Потоа или треба да ги затвараш едно по едно или да живееш со десетици секунди скролање на секое барање линк низ мноштвото букмаркс... Ок, ова веројатно ја посочува и мојата недоволна организираност на линковите, но со дроп-даун мени едноставно го отвараш само тоа што ти треба и визуелно навигираш па со курсорот функционираш без потреба да кликаш фолдери и подфолдери (ниту за да отвориш ниту за да затвараш).

Едноставно дропдаун дизајнот е подобар за секој што има мноштво букмаркс - другите нема ни да разберат за што зборувам. Сега почнав да си организирам фолдери во букмаркс барот и така да го заобиколувам нативниот дизајн на Вивалди за работа со букмаркс.


Концептот е да се групираат, а не да се скролаат. Така е многу понепрегледно и потрапаво за одбирање.
Јас го разбирам концептот, само ја критукувам одлуката да се наметнува тој дизајн како единствена опција во Вивалди. Оди против нивниот општ концепт на конфигурабилност на сѐ и сешто... А тоа што е „понепрегледно и потрапаво“, тоа е индувидуална работа, која колку што гледам и од форумите и по нетот - далеку сум од единствениот кој му смета ова.

Малку се тврди Вивалди на исполнување на некои барања на корисниците. Посебно тоа со аутоплеј на видеата десетици и десетици пати се бара со години и години наназад. Треба да разберат дека нема сите да отворат акаунт за да напишат барање/репорт (или веројатно има некоја друга причина).
 
Последна промена:
  • Ја почнал/а темата
  • #162

moongose

Unstoppable
19 јули 2013
2,839
3,199
Неколку линкови на фаст-дајал страната (која поголемиот дел од луѓето ја менуваат со одбрана home page) и неколку партнерства со search engines?

Реално без аудит сѐ што имаме на избор е добра волја да им веруваме без реални аргументи.
За неверните томовци, го имаат ова ставено, баш со таква намера, за ревизија. :)
но со дроп-даун мени едноставно го отвараш само тоа што ти треба и визуелно навигираш па со курсорот функционираш без потреба да кликаш фолдери и подфолдери (ниту за да отвориш ниту за да затвараш).
Ваква функционалност овозможува букмарк барот (не страничниот панел) ctrl+shift+b. Се отвораат подфолдерите со поминување со стрелката врз насловот, се затвораат со одминување. Како и во секое друго мени. Може и да си одбереш кои ставки ќе бидат прикажани за директно одбирање.


Многуте отворени фолдери во панелот се затвораат одеднаш со Collapse all на десно копче.
За лесна организација можеш да ги отвориш букмарците и во панел и во главниот прозор и добиваш функционалност на фајл менаџер со два прозора.

Малку се тврди Вивалди на исполнување на некои барања на корисниците. Посебно тоа со аутоплеј на видеата десетици и десетици пати се бара со години и години наназад. Треба да разберат дека нема сите да отворат акаунт за да напишат барање/репорт (или веројатно има некоја друга причина).
Како би знаеле тогаш што сакаат корисниците ако не напишат барање или не пријават баг?

На форумот има тема за барања за додавање на разни функционалности со систем на гласање. И ова не значи дека веднаш ќе го реализираат барањето, сепак крајната одлука што ќе имплементираат и со кој приоритет е на тимот. А тимот релативно мал, барања многу. Едно од моите три години стои нечепнато, а во првите пет е според гласови. Не може сите да се задоволни. Но многу од барањата веќе се реализирани.
Пробај да те видам да бараш од Гугл нешто да имплементираат во Хром :)
 

Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
3,116
4,376
SK
ОК, ама кодот со јузер интерфејсот сеуште е closed-source, нели? ;)
Зборуваме практично за тоа што Хромиум базата ја прави Вивалди (минус ад блокерот).

Инаку го разбирам ставот. Некој слободно може моево да го нарекува „параноја“ но од искуство сите знаеме колку е паметно да им се верува на компании кога ќе кажат „жими сѐ, нема ништо скриено“. Доволно е само да го спомнеме Гугл, кој ти самиот го спомнуваш.

Од друга страна па не очекувам ни дека сѐ мора да бидe open-source, но зошто слепо да се верува?

Како би знаеле тогаш што сакаат корисниците ако не напишат барање или не пријават баг?

...тимот релативно мал, барања многу. Едно од моите три години стои нечепнато, а во првите пет е според гласови. Не може сите да се задоволни. Но многу од барањата веќе се реализирани.
Пробај да те видам да бараш од Гугл нешто да имплементираат во Хром :)
Баш тоа, пошто ако споредуваме со Гугл - отидоа работите во бестрага. :D

Јасно е дека мора да има пријави и тикети, но има некои работи за кои е кристално јасно што сакаат корисниците. Во ред за дизајнот на UI со табовите и букмарксите, не мора да е по сечија мерка... Ама тврдам дека скоро да нема корисник кој не би сакал да има можност за стопирање на аутоплеј на видеа, вграден во самиот прегледувач и без да мора да се користи ад блокер.

Не мора да се тоа реклами, иритатнтно се дури и релевантни/нерелевантни видеа кои сами почињаат плејбек. На сајтов долу дури секое враќање на табот е тригер за продолжување на аутоплеј на видео. Иритација, губење време на кликање за запирање, и троши интернет сообраќај (важно на мобилен интернет).

Вакви се повеќето сајтови, со наметнување видео плејбек. И мене ми се чини дека повеќето прегледувачи (вклучително и Вивалди) намерно не вградуваат можност за стопирање на аутоплејбек. Одговорот на прашањето „зошто“, тоа би биле шпекулации... Но факт е дека ова е проблем.


На крај Вивалди е навистина добар прегледувач и оваков каков е, но конструктивна критика е потребна - таму каде следува.
 
  • Налутен/а
Реакции: Avid
  • Ја почнал/а темата
  • #164

moongose

Unstoppable
19 јули 2013
2,839
3,199
Судејќи според поддршката на ова барање на форумот на Вивалди, не е дека сите корисници сакаат да ја имаат или дека им е од пресудно значење. Дали не им пречи, не наидуваат често на таква ситуација или ја надминале на друг начин, не можам да кажам. Ако ти е толку важна таа опција, активирај се и на тој форум и на блоговите и барај. Може ќе успееш да привлечеш внимание да ја имплементираат побргу.

Да, кодот на интерфејсот е затворен, но е достапен за ревизија на барање за тие што мислат дека интерфејсот е тој што прави нешто недозволено, а не самиот енџин.

За користење на услугите или производите на Гугл даваш согласност да те следат и да те читаат и што сѐ не.
Вивалди не бара такво нешто. Плус CEO-то на Вивалди уште многу одамна има репутација како поборник за приватност, интернет неутралност, безбедност, стандардизација и такви работи.
 

Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
3,116
4,376
SK
Само да не се разбереме погрешно... Не би го користел Вивалди скоро пар години, да имав непремостиви замерки и проблеми. Јас само ги вокализирам замерките за кои сметам дека се основани. Ништо не совршено, ниту совршност е лесно достижна цел - а без конструктивна критика, уште помалку е тоа можно.

Што се тиче Гугл, нивните производи ги користам само во исклучително ретки прилики. Вивалди (и неговата Хромиум база) всушност е единственото нешто од Гугл што редовно и често го користам... А дури и за тоа ми требаше подоста време и читање за да се одлучам.


Ако ти е толку важна таа опција, активирај се и на тој форум и на блоговите и барај. Може ќе успееш да привлечеш внимание да ја имплементираат побргу.
Се разбира дека тоа веќе е направено... Одамна.

Ова не гледам како може да не биде проблем буквално за секој, е сега колку тој секој ќе направи нешто окулу тоа - тоа е друга приказна.
Еве тебе лично, не ти смета аутоплеј на видеа?

Само да нагласам дека дека проблемов со аутоплеј на видеа не се решава глобално ни со ад-блокер, и дека ова е општ проблем за сите прегледувачи а не само за Вивалди. Но сепак дискутираме чисто од аспект на Вивалди.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #166

moongose

Unstoppable
19 јули 2013
2,839
3,199
Еве тебе лично, не ти смета аутоплеј на видеа?

Само да нагласам дека дека проблемов со аутоплеј на видеа не се решава глобално ни со ад-блокер, и дека ова е општ проблем за сите прегледувачи а не само за Вивалди. Но сепак дискутираме чисто од аспект на Вивалди.
Искрено не. Ваљда сум во таа група што не наидува често на такви видеа за да почне да ми пречи. Или блокерот ти трга скроз, па не ги ни гледам.

Ги проба ли предлозите што ги има на форумот за кои корисниците велат дека функционираат?

И што направи со букмарк барот, дали е тоа што го бараше?
 

Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
3,116
4,376
SK
Веројатно зависи од видот/типот на сајтовите кои ги посетуваш, но денес многу почести се сајтовите со аутоплеј видеа па освен ако не користиш само некои сајтови со утилитарен дизајн - би требало почесто ти се дешава почесто проблемов. Едино ако има некоj annoyances сетинг (а разгледаував и за тоа) па адблокерот некако ти го решава проблемот. На пример кај тебе блокиран ли е аутоплејот на позадинското видео овде: What Is the Difference in 10w-40 Car Oil and 5w-30 Oil?

Општо гледано проблемот е што ад блокерите не функционираат на видеа што не се реклами. Кај мене се активни и вградениот ад блокер од Вивалди и ublock origin, но аутоплеј на видеата сеуште си тера... Полу-решение за сајтовите што често ги посетувам ми е рачно блокирање на елементи со ublock origin. Ама тоа е рачно местење на секој сајт поединечно, и често се раздесува како го менуваат кодот/хостот/итн.

Има и некои аддони за стопирање аутоплеј, некои работат некои не, а тие што работат ден работат ден не. Плус и една од причините зошто се пребацив на Вивалди е да не користам екстензии/аддони. Ова сепак е нешто што треба и мора да се реши системски во броусерот, не со аддон или со ад блокер. И уште еднаш ќе нагласам - ова е проблем за сите прегледувачи, не само за Вивалди. Но ете овде за Вивалди дискутираме.


За букмаркс уште пред да предложиш, поназад, напишав дека импровизирам со фолдери во букмарк барот. Ама тоа е решение за најчесто употребуваните линкови, и не е решение за спомнатиот проблем. Пошто ќе треба реорганизација на сите букмаркс (кои реков дека ги имам илјадници) и целосно нивно префрлање во подфолдери. Не ми е проблем да вложам време во тоа за да го решам проблемот, но проблем ми е што така букмарк барот ќе стане пренатрупан со фолдери и нема да има место за најчесто употребуваните линкови... Ќе стане контрапродуктивно.
Класичниот дизајн за букмаркс на firefox e многу подобар за големи колекции линкови.


Но се научив да живеам со букмаркс дизајнот, контрапродуктивно е ама тоа е тоа. Многу поголем проблем е аутоплејот на видео содржините на сајтовите.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #168

moongose

Unstoppable
19 јули 2013
2,839
3,199
Навистина не ти го разбирам проблемот, ама очигледно повеќе е организациски или кориснички отколку што се должи на некои ограничувања на програмот, со оглед на тоа што ги има сите можности што ги бараше.

Конкретното видео се пушта самото кога ќе стигнам до него, ама ко што пишав многу ретко налетувам на такви ситуации за да ми пречи.
 

Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
3,116
4,376
SK
Кај согледувањето на проблемот мислам дека се работи за разлика во перспективи. Нема исти потреби некој што има букмаркси кои се бројат во десетици или стотина линкови - со некој што има илјадници букмаркси. Постојат делумни workarounds, но тоа не се комплетни решенија.

Секогаш постојат причини за и против изборот на некој софтвер и на крај сѐ во животот е компромис. За мене ова е проблем, тоа што сеуште го користам Вивалди е затоа што има повеќе ПРО отколку КОНТРА причини. Само го вокализирам тоа што не ми се допаѓа, исто како што го фалам тоа што ми се допаѓа.


Конкретното видео се пушта самото кога ќе стигнам до него, ама ко што пишав многу ретко налетувам на такви ситуации за да ми пречи.
Не е само тој сајт. Ова е пракса во сѐ повеќе и повеќе сајтови, најразлични сајтови по содржина, како вести, хардвер, спорт... Не се работи за изолирани неколку сајтови.

Суштината е дека одлуките се оставени на дизајнерите на сајтовите тие да одлучуваат дали ќе имаат елементи со аутоплеј на видео содржини. Кога се оставаат вакви одлуки на „продавачите“ без „купувачите“ да имаат избор, не може да нема проблем.

Факт е дека проблемот постои и најдобро е да биде решен интерно во самиот прегледувач. Лошото е што ова се бара уште од почетокот на Вивалди, и сеуште не се ни разгледува како озбилен проблем.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #170

moongose

Unstoppable
19 јули 2013
2,839
3,199
Од денеска е достапна верзија 3.8.
Тука пише што е ново.

За жал преведувањето на страниците заради нестабилност преместен е во експерименти додека го средат, каде ќе им прави друштво на клиентите за мејл, рсс и календарот.
 

FLEGMA

Epic
2 август 2012
9,324
14,157
Од денеска е достапна верзија 3.8.
Тука пише што е ново.

За жал преведувањето на страниците заради нестабилност преместен е во експерименти додека го средат, каде ќе им прави друштво на клиентите за мејл, рсс и календарот.
Ракета е Вивалдиво

Си штелуеш темна тема, да речеме, од 9 навечер до 7 наутро. За мерак
И после ќе дојде @Rukfash да ми ја фали Лисичката. Ако му ја бапнам една.. :D
 
  • Ја почнал/а темата
  • #175

moongose

Unstoppable
19 јули 2013
2,839
3,199

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,718
Мислења
849,336
Членови
29,441
Најнов член
hristijand1
На врв Дно