Користите застарен прелистувач. Тој можеби не ја прикажува оваа или други интернет страници како што треба. Би требало да го надградите или да користите алтернативен прелистувач.
Со картичка би требало да биде најбезболно, но ако немаш таква можност тогаш искрено малку тешко ќе ти оди тоа зошто ако се одлучиш за Western ќе треба бубрег да им дадеш Провери дали има филијала на одредена банка која ја има и во Македонија зошто си имаат поврзаност меѓу себе и ефтини трансфер цени. (на пример Прокредит банка има свои филијали на цел Балкан и цената на трансфери до 1000 евра е 10 евра вкупно, а има мали соодветни зголемувања на провизијата на поголеми суми. Исто така провери Societe Generale, т.е Охридска банка дали има таква можност.)
Трансфер преку Банка. Нека ти пуштат фактура со сите потребни информации, SWIFT број ако е европска држава или Routing Number ако е Американска банка. И тогаш просетај по банките или ако си имаш сметка во некоја банка, како нивен клиент ке ти помогнат околу документите.
Western Union е најбрз ама и најскап, сега се плаќа цена. Кредитна картичка е најдобро само сто повекето картички имаат лимит и нема да може да ги префлиш од еднаш.
Види страната треба да пишува како можеш да платиш.
Tikvar4e кој е тој курс по анимација. Дај линк да видам.
Како ќе го учиш... онлајн или ќе треба да одиш таму.
Многу пари се 5750 евра.
Ако е онлајн не си ги троши парите можеш да научиш и од дома.
Да онлине е за анимација на карактери. http://vfxlearning.com/courses/animation
Знам дека скап, но многу добар, и се е на едно место, место да барам, туторијали од ДТ, каде што тапа се, и некако досадни се
Јас плаќав 2000+ евра пред 10 дена. Отвори си сметка во банка (јас сум во Тутунска), и со картицата можеш
а. Да платиш ако дозволуваат директни плаќања;
б. Да си отвориш PayPal.
Ги видов инструкторите добри портфолиа имат...... ама нема нито едно портфолио од учениците.
И друго 12 недели е малку време да се научиш. Ептен кратко е.
Плус тоа онлајн е и на англиски е ... значи треба англискиот ептен добро да го знаеш за да прашуваш што не ти е јасно.
Јас искрено не би дал 5750 евра за таков курс. Се имаш на интернет без пари.
А тоа дека се досадни клиповите од дигитал туторс... епа што мислиш таму поинтересни ли ќе бидат.
Слегни туторијали од digital tutors, gnomon workshop и седни дома и вежбај + на youtube имаш скоро се.
Наместо да дадеш 5750 за курс преку интернет купи си конфигурација од 1500 евра што ќе биде ептен солидна и вежбај.
Те разбирам на почеток се изгледа досадно и некако се нервираш дека не оди баш како што сакаш.... ама после некое време стануваш добар. Во оваа професија не е толку битно што факултет имаш или каков курс имаш завршено битно е само да имаш добро портфолио (рендери-слики) за да те вработат некаде.
Не си ги фрлај парите на тоа губре од курс, 12 недели со 5к евра за материјал кој е покриен во 1 или 2 туторијали од Digital Tutors.
Ако ептен си загреан за анимација запиши се на http://www.animationmentor.com/ милион класи подобар од тој ти што го посочи. Основачот на курсот работел во пиксар за време на основањето, за подоцна да се префрли full time на animationmentor. Курсот не е наменет за почетници и луѓе кои не се сериозни за анимација. Сите што се ментори таму се професионалци кои работат во таа индустрија.
И чисто за споредба не е 12 недели курс туку 18 месеци, каде што се очекува од тебе да посветиш 20-40 часа неделно(зависи од твоите способности секако), те оценуваат, следат присуство и може да те шутнат од класот ако не си редовен. Онлајн е и ти треба веб камера затоа што секоја недела мислам имаш задолжителен Q&A со менторот каде он ќе ти кажува каде имаш грешки при наставата од таа недела и ти можеш да го прашуваш него.
После овој курс можеш да очекуваш да се вработиш некаде како character animator.
И јас би ти го препорачал www.animationmentor.com пред било што друго, ги пратам веќе неколку години иако не сум во таа индустрија и мислам дека се врв од образование во анимација на карактери. А како што кажаа и другите членови, 5К+ еу е премногу за курс кој трае помалку од 6 месеци, за тие средства можеш да се запишеш на многу онлајн школи кои се околу 2К еу за година а за останатите пари да си купиш солидна машина со 2 монитора итн.
Поздрав,
Ивс.
Ако туторијалите од ДТ ти се тапа симни си туторијали од GNOMON многу се добри. Инаку 5750 евра за курс се многу, со тие пари можеш да си составиш јака конфигурација. И јас многу сакам анимација па наместо да фрлам пари по курсеви еве веке 2 месеци одам на обука во FX3X и стекнав доста знаење и искуство во моделирање, UV мапиранње , текстурирање, ригување итн. Како на пријател ти давам совет, има 100 други начини како да научиш 3Д анимација без да фрлаш толку пари, 5750 се многу пари. Поздрав
Не ме бидува за овие работи, ама како економист те советувам да не брзаш со давање на толку пари
Инаку, околу плаќањето, мислам дека ограничувањето на плаќање со картичка е 2.500 евра.
Фала дечки, знам нешто за анимација, ама ми треба детални курсеви за тоа како иде. Бев во фх3х, но си отидов после 8 месеци, луѓето се безобразни, за времето што минав таму, ниту еднаш не добив помош. Се остана за мене да гледам, остарени туторијали и сам да се мачам. А па кога ќе почнат да ти се мотат неорганизарни.
Курсевиве што ги најдов се баш за тоа што сакам. Гномон и ДТ, се тиња, Гномон, прават добри туторијали, но едноставно ми се гафи кога случам шљамкање, ццкање, ммлање. И башка ги прават брзи и кратки, и згора на се, скокаат од видео на видео.