Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Samsung паметни телефони - генерална дискусија

Balanar

Баниран/a
6 декември 2016
1.066
1.220
Тоа е проблемот, комплетниот пакет како за најнов телефон не ми остави впечаток, дали е софтверот или хардверот моментално не е важно. Џабе е поправање/шминкање после 2-3 месеци, ако јас сум сега за земање телефон и тоа ми е приоритет, плус то, не секој сака да се замара а повеќето не знаат дека има можност со афтермаркет апликации за да извади макс од камерата.

Сам се демантираш.

Повеќето ќе немаат забелешки како твоите погоре. Повеќето нема да гледаат динамика и слично, ниту пак ќе инсталираат third-party апликации за да извадат макс од камерата. За повеќето S10 би бил апсолутен врв во вади од кутија - сликај одма.

Повеќето не ни знаат дека постои Про мод во сток апликацијата и за повеќето тие опции во Про модот се научна фантастика. За point & shoot - S10 ќе се продава како алва.
 

DarthJe5us

poweruser
2 јануари 2012
3.099
2.342

mdeni

senior
24 септември 2012
6.060
5.993
И за новиве телефони ли овие муабети...

И после ќе ги зборат, епа ќе ги зборат. Башка фарсата со 9810 VS 845.
 

DarthJe5us

poweruser
2 јануари 2012
3.099
2.342
И за новиве телефони ли овие муабети...

И после ќе ги зборат, епа ќе ги зборат. Башка фарсата со 9810 VS 845.

Телефоните си добиваат ОТА само како на кој му се чека. А таа фарсата не е фарса, откако постои ексинос само еднаш бил подобар од снапдрагон т.е. во S6.
 

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.064
14.154
И за новиве телефони ли овие муабети...

И после ќе ги зборат, епа ќе ги зборат. Башка фарсата со 9810 VS 845.

Аман бе чоек, ми се расипува денов кога ќе се избациш со коментариве. Многу те поштувам другар. Ама ај веќе купи еден ноут и да седниме да испиеме едно кафе ко луѓе па да си ги пофалиме телефоните.
 

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.064
14.154
Јас сега би му препорачал С10 да купи. :)

А да, паметно. Дени се крсти во широкоаголна камера така што на место ти е предлогот.

Што и да е само нека купи и одиме сите на едно кафенце.
 

Bravo

hello world
12 декември 2015
221
319
Дали е паметно да се земе S9 нов за 450 евра?
Поготово сега кога излезе S10. Или не?
 
28 јануари 2017
2.055
4.713
Ресен
Ако е со снапдрагон, си е врвен телефон.
Ама нема да го земам и ќе си продолжам да ги плукам.
Разликата меѓу Снапдрагон и Ексинос ако ја сетиш, ќе ти ги купам двата.
До лани, Ексинос секогаш беа подобри во батерија а посебно во стендбај, па се изедначија и сега ќе видиме со новиов.

Те осеќам ко стално да си во опозиција и не превземаш ништо туку само критикуваш, повеќето работи ти се на место само некако многу непотребно значење им даваш.

Појќе порничи.
 
Последна промена:

mihovkris

poweruser
1 јуни 2016
4.771
4.493
Неготино
Океј дечки ќе прашам уште еднаш, планирам да земам или А7 или А8 .. кој би го препорачале од двата и зошто? Метална рамка и fast charging не ми се битна работа.
 

DarthJe5us

poweruser
2 јануари 2012
3.099
2.342
А8 е водоотпорен. Ама бидејќи битните ствари не ти се битни земи го тој што го сакаш.
 
Последна промена:
28 јануари 2017
2.055
4.713
Ресен
Океј дечки ќе прашам уште еднаш, планирам да земам или А7 или А8 .. кој би го препорачале од двата и зошто? Метална рамка и fast charging не ми се битна работа.

Вервам ГМС арена имаш отворено да ги споредиш, немам ни еден ни друг фатено врака ама по тоа што читам, перформанси исти, А7 има поголем екран и е понов, ако и тие две работи не ти менуваат тогаш цената, ако им е иста и таа тогаш да сум на твое место земам трет телефон :hay:
 
28 јануари 2017
2.055
4.713
Ресен

И, како е со новиот? Да приберам по некоја информација за Ноте 8, да знам шо да прам со мојов или можда ќе успеам да го нас'скам @gokica да купит ајфон па да го земам негојот Ноте 9.
 

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно