Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Safe City - Камерите за казнување

Daniel86

poweruser
28 мај 2013
4.278
11.752
Скопје, Карпош 1
www.facebook.com
Daniel86's setup  
Processor & Cooler
i5 11400 & Deepcool AK620
Motherboard
Gigabyte Z590 UD AC
Storage
Samsung 980 Pro NVMe 500GB & Samsung 980 PRO NVMe 1TB & WD Blue WD10EZEX 1TB
PSU
Asus Rog Strix 850W
RAM
2X 16GB DDR4 3200MHz Kingston Fury Beast CL16 RGB
Video card
Intel UHD730 & Asus RX5700XT OC 6GB
Case
Deepcool Tesseract SW Black/Blue
Mouse
MX Master 3
Keyboard
Aula Moon Slasher
Audio
Kenwood KRF-V5020 + Kenwood LS76
Monitor
Asus TUF Gaming VG27AQ3A
OS
Windows 11 Pro
доктори што мора да им дадеш 8000Е за да се нафатат да оперираат
За ова сум најисфрустриран, иако се сложувам за се друго што кажа. Хирургот не ми се појави на закажаниот термин во 9 наутро, ми беше речено од неговата асистентка да дојдам попладне во 2 кај него во канцеларија да разговараме околу можната операција. Знаев што значи тоа, па не ни отидов за да не читате како "безобразен" пациент нападнал доктор, во кој и порано било пукано со огнено оружје од страна на пациенти. А неколку дена после тој настан, семоќниот Алиу објавува гордо на ФБ како ја искоренил корупцијата во здравството и митото веќе не постои како термин во истото. What a fucking joke. Ми се гади веќе во какво општество живеам. Од принцип порадо ќе умрам отколку да купувам џипови и разноразни тракатанци на некој што положил Хипократова заклетва и ме гледа како да сум само бројка, нешто под неговиот стандард.

Се извинувам за офтопик.
 
JamesKirk

poweruser
12 февруари 2015
3.672
3.757
Струга
www.facebook.com
JamesKirk's setup  
Processor & Cooler
i3 1315u
Motherboard
ASUS
Storage
WD SN5000S 512gb + Samsung QVO 870 1tb
RAM
16GB
Video card
Intel UHD Graphics
Mouse
MSI
Keyboard
Genius
Monitor
Samsung LS24C310EAUXEN
OS
Windows 11 PRO

JamesKirk

poweruser
12 февруари 2015
3.672
3.757
Струга
www.facebook.com
JamesKirk's setup  
Processor & Cooler
i3 1315u
Motherboard
ASUS
Storage
WD SN5000S 512gb + Samsung QVO 870 1tb
RAM
16GB
Video card
Intel UHD Graphics
Mouse
MSI
Keyboard
Genius
Monitor
Samsung LS24C310EAUXEN
OS
Windows 11 PRO

Sent from my M2101K9G using Tapatalk
 
petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.480
2.926
Сообраќајот како огледало на егзистенцијалната беда
Ксеноне, јел с'то ти?
Знам дека не си, ама малце потсеќа.

Текстот, во секој случај - ја доловува универзалноста на проблемите во сообраќајот низ регионов, ако не и пошироко.
Пошто, та не е саде овде, та не сне саде ние...
 
pipelin

Caffeine & IT.mk
8 мај 2010
2.689
3.325
Skopje
pipelin's setup  
OS
macOS
Офтопик:

Текстов го пишувам откако ја прочитав првата реченица од линкот на @petkotrajko, ќе ја цитирам, и реално ја отсликува мојата ситуација:
Како можеме да очекуваме емпатија во сообраќајот кога ја нема во општеството

Случка денес, мислам дека стварно луѓево генерално се фул комплекс, сиви, без душа и со вградена нервоза од самото влегување во кола.
Возам од СП планет накај Воин Драшкоци, таа уличка после Фармахем мислам е целата раскопана од десната страна и реално сега се вози на една ипол лента (ако некој оди АТГ знае што зборам, до таму ја ископаа). Ако нема коли возиш во лентата која е за коли од спротивен правец. Ако наиде кола влегуваш во ископаното, чекаш за да се разминете (или возиш ако сакаш да искршиш колата) и така..

Јас возам, да не речам со колата сум на средина на пат, значи пола сум влезен во моја лента пола во таа од спротивната. Од спротивна страна иде кола, се разминуваме (секако влегувам во моја лента целосно), и се враќам пак после на асфалтот кај што не е копано. Иде друга кола, ја приметувам и повторно се тргам, НО овој пат женско возач во разминување, значи не се допревме, не ја прекинав во нејзиното возење, едноставно се тргнав од нејзина лента во моја на некои 10 метри.

Се разминуваме со колите и жената „ГЛЕДАЈ КАЈ ОДИШ!“ извика од колата, ја слушнав само кога се разминавме. Си се смеам си велам, луѓево дали се токму во паметот.. па таа цела улица е со знакови дека е ископано, дека треба да се вози бавно. Јас возам според условите кои се, се тргам, чекам, разминувам, и наидувам на искомплексирана особа која најважно и е она да се направи паметна, да ја истури фрустрацијата.

За оние кои ќе ми реплицираат, дека нејзе можеби не ја интересира што мојата лента е ископана, да ви одговорам дека немаше застој во сообраќајот и дека убаво се разминавме, затоа што јас си се префрлив на мојата лента, но додека дојдовме во близина јас возев и зафатив нејзина пола лента, можеби испаничила, не знам, ама не е причина така да се реагира во сообраќај.

Ќе се обидам сликовито:
Жолтото е колата од жената
Црвеното е ископаното (менуваат цевки некои)
Темно сино сум јас со колата кога се разминувам со тоа што влегувам во делот кој е искпоан. Тука или застануваш или се движиш со помалку од 10км/ч.
1779044399343.png
 
xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.690
12.526
Skopje
www.wemaxa.com
Превземено од off.net.mk
Оригинален текст:
Игор Велиќ,
за P.U.L.S.Е.

Сообраќајот како огледало на егзистенцијалната беда​

Како можеме да очекуваме емпатија во сообраќајот кога ја нема во општеството? Како да бараме почитување на сообраќајните правила кога правилата не се почитуваат во парламентот, министерствата, на конкурсите, во судниците? Ќе мора да си признаеме дека сообраќајната агресија не е проблем што може да се реши со камери или казни. Се решава со политика што го враќа достоинството, урбанизам што го враќа просторот, култура што ја враќа довербата и економија што ја враќа сигурноста на луѓето.

„Ако предолго гледаш во бездната, и бездната ќе погледне во тебе.“
Фридрих Ниче
Не постои огледало кое на човека поискрено ќе му го покаже лицето од сообраќајот. Ниту исповедалница, ниту судница, ниту филозофска дискусија. Улицата, таа вечна сцена на нашето одење и талкање, нè разголува до коска. Таа ги чита нашите стравови пред да ги признаеме, ги препознава нашите порази пред да ги изговориме. Улицата е нашата вистина, а ние во неа сме фатени како во стапица. Вечно заробени во неподвижноста и егзистенцијалната беда што се прелева од политиката, економијата и културата и потоа зоврива на раскрсници, во колони, во бескрајни конфликти за паркинг места.
Она што денес го нарекуваме „сообраќајна култура“ не е култура. Тоа е општествен симптом. Тоа е срцето на општеството. Ако срцето е истрошено, ако чука во грч од презир, неправда, глад и страв, таков ќе биде и ритамот на улицата.
„Пријатељу, кочнице ти не раде баш све.”
Обојени програм
Сите ние овде живееме во систем кој нè научи дека борбата за простор е единствениот реален одговор на животот. Не затоа што сме диви, туку затоа што предолго сме оставени на милост и немилост на „елитата“ која прво ни го одзеде достоинството, а потоа и просторот во кој би го живееле тоа достоинство. Секогаш кога гледам возач како влегува на раскрсница како да освојува територија, гледам повеќе од агресија и безобразност. Гледам човек притиснат од кредити, несигурна работа, недоверба кон институциите што го лажат и го експлоатираат, а таа темнина зад неговите очи се гледа во ретровизорот. Вози брзо затоа што неговиот живот му избегал од контрола па на четири тркала се обидува да го врати чувството на моќ. Тој забрзува затоа што се чувствува забавен во сè друго. Ја пресекува лентата затоа што се плаши дека некој ќе го претекне во животот. Нашиот сообраќаен систем работи на погонот на егзистенцијална анксиозност. Целата држава се лизга како автомобил без кочници, а ние, поединците, се обидуваме да преживееме држејќи го воланот што е можно поцврсто и притискајќи го гасот што е можно посилно. Насилството на улицата е само продолжена рака на насилството врз нашите животи.

Сообраќајната култура не е збир на правила. Таа, во најдлабоката смисла, е колективен морал во движење. Таа не е лична особина, таа се учи од општественото однесување, се пренесува преку институциите и се обликува преку политичкиот, медиумскиот и економскиот модел на државата.

Затоа како можеме да очекуваме емпатија во сообраќајот кога ја нема во општеството? Како да бараме почитување на сообраќајните правила кога правилата не се почитуваат во парламентот, претседателството, министерствата, на телевизија, на конкурси, во судници? Како да очекуваме солидарност на пешачки премин кога секоја јавна институција му кажува на човекот дека е сам и оставен сам на себе?
Нашата политичка „елита“ со години произведува чувство на немоќ. Не се само малите плати, туку и немоќта да влијаеме врз сопствениот град, на начинот на кој се направени улиците, како децата одат на училиште, како лицата со попреченост преминуваат улица. Тоа системско понижување стана длабока социјална траума. А траумата има навика да проговори таму каде што најмалку го очекуваме, во стискање на сирената на семафор, во арогантно паркирање, во нервозно цимање на воланот како со тоа да сакаме да ги исправиме сите неправди на овој свет.
Политичката апатија се прелева во сообраќајна агресија. Оној што ве избуткува од лентата само го повторува она што го гледа секој ден: посилниот има предност, послабиот молчи и страда.
Не страдаме поради „недостаток на култура во сообраќајот“, како што често се вели во медиумите, страдаме затоа што постојано ни се испраќа пораката дека правилата постојат само за слабите, додека моќните минуваат низ животот како низ црвено светло, без последици или казна. Кога општествениот систем го нормализира беззаконието, сообраќајот само верно го копира.

Медиумскиот простор стана лабораторија на понижување. Јавниот говор е сведен на пцуење, навреда, закана, скандал, страв. Ова ја обликува колективната емоционална клима која најјасно се манифестира во сообраќајот. Кога политичарите се дерат, граѓаните свират со колите. Кога медиумите навредуваат, граѓаните се туркаат едни со други. Кога јавниот говор е насилен, улицата го копира тонот. Кога општеството ја губи способноста да зборува, почнува да се судира.

Сообраќајот е продолжение на медиумската сцена, само без цензура и монтажа. Сè што гледаме на малите екрани во текот на денот, го испуштаме навечер на улица.
Сообраќајот овде е роден од погрешна претпоставка: дека човекот е помалку вреден од автомобилот. Тој модел не е случаен, туку идеолошки. Длабоко е вкоренет во неолибералната логика по која инфраструктурата се управува како инвестициски капитал, а не како општо добро. Затоа имаме градови каде што не се гради она што на луѓето им треба, туку она што е политички профитабилно.
Автомобилските ленти се шират затоа што моќта е во брзината. Пешачките премини исчезнуваат затоа што луѓето се бавни. Велосипедистите се туркаат на маргините затоа што не се пазарна категорија. А децата се секогаш невидливи, затоа што не се целна група на автомобилската индустрија.
И затоа психолошката тензија во сообраќајот само се кумулира. Улицата е дизајнирана како линеарна борба, а не како простор на заедништво. Кога просторот се проектира како конфликт, конфликтот станува секојдневие.
Сообраќајната агресија не е само обично „нервирање“. Во сообраќајната психологија, таа се дефинира како: интензивна емоционална реакција на фрустрирана, исплашена личност, која се манифестира преку опасно, импулсивно или антисоцијално однесување во сообраќајот. Агресијата се јавува кога три сили истовремено притискаат врз некоја личност: фрустрација (егзистенцијална, работна, семејна), несигурност (правна и институционална) и перцепција на неправда (чувство дека другите се привилегирани).

Ние ги носиме сите три.

Сообраќајот е простор каде што се ослободува потиснатиот гнев, бидејќи само таму е „социјално дозволен“. Не ви е дозволено да се дерете во трговски центар. Не ви е дозволено да пцуете во канцеларијата. Пред странскиот инвеститор за кого мотате кабли, ја виткате главата и ‘рбетот. На улица како да смееш сè, сè додека можеш да турираш.
Зигмунд Бауман пишуваше за тоа како современиот живот создава кревки идентитети. Кревкиот идентитет во сообраќајот реагира бурно, бидејќи е безбеден само во брзина, видлив само во конфликт. Современото општество ја уби припадноста кон заедницата и нè остави сите сами да се грижиме за себе, па секоја средба станува потенцијален конфликт.
Сообраќајната агресија е всушност маска на стравот. А нашиот политички систем се храни од тој страв.

Работници кои возат од утро до вечер, доставувачи кои бркаат километри под закана дека ќе ја изгубат работата ако задоцнат две минути, мајки кои ги носат своите деца низ град кој не им оставил ниту еден метар тротоар, сето тоа се профили на современ човек протеран од сопственото време.

Нашето секојдневие е исцрпеност. Исцрпена личност вози поинаку од одморена. Исцрпен човек ја преминува улицата со повеќе страв. Исцрпен човек полесно лизга во агресија отколку што мисли.

Сообраќајот е психолошка топографија на социјална експлоатација. Сè што чувствуваме, го чувствува и улицата.

Неолибералната економија го дизајнира бетонот како оружје. Инфраструктурата не се гради за да го олесни животот, туку за да го оплоди капиталот. Затоа проектите често се естетски и политички спектакли без функција. Улицата се гледа како инвестиција, а не како заеднички дом. Неолиберализмот воведе логика во која сè се мери со пазарната профитабилност: колку автомобили можат да поминат, колку брзо, колку пари ќе слеат преку проектите.

А луѓето? Тие се нуспојава.

На тој начин, сообраќајот стана алатка за репродукција на општествените хиерархии. Улиците им служат на богатите да поминат побрзо, а на сиромашните да се движат побавно. Тоа е вистинскиот урбанизам на капитализмот: брз пат за привилегираните, раскрсница на хаос за сите други. И затоа егзистенцијалната беда може да се види на секој метар од нашите улици. На секој тротоар прекинат од отворена шахта. На секој семафор што работи само кога му се ќефне. На секој пешачки премин што останал без боја, исто како што општеството останало без боја.

Не сме ние народ кој е „таков“. Ние сме народ кој е оставен. И затоа се однесуваме како оставени: исплашени, дефанзивни, импулсивни, недоверливи. Сообраќајот е само продолжение на нашата колективна психа: агресијата како одбрана од понижувањето, брзината како бегство од сиромаштијата, ароганцијата како компензација за немоќта, кршењето на правилата како единствен начин да се чувствуваме живи во општество во кое правилата се применуваат селективно.

Улицата е река на животот и основен архитектонски простор на градот, здравјето на целата заедница зависи од нејзиниот тек. Во неа е одразот од сите нас. Ќе мора да си признаеме дека сообраќајната агресија не е проблем што може да се реши со камери или казни. Се решава со политика што го враќа достоинството, урбанизам што го враќа просторот, култура што ја враќа довербата и економија што ја враќа сигурноста на луѓето.

Улицата сака да бидеме подобри, но не реторички, туку инфраструктурно. Не симболички, туку политички.
Сè додека градиме градови против луѓе, луѓето ќе го презираат сопствениот град, улица, населба. На крајот на краиштата, сообраќајот не е проблем, тој е доказ. Тој е обвинение против системот што нè научи дека животот е трка, а човекот е пречка.

Во сообраќајот гледаме сè: алчност, беда, храброст, слабост, класна борба и последни остатоци од човечноста. Ако сакаме безбеден сообраќај, прво мора да го излечиме човекот. Ако сакаме хуман град, мора да ја излечиме политиката. Ако сакаме деца кои ќе одат слободно, мора да го отстраниме бетонот во кој сме ги закопале сопствените души.
Сообраќајот не е само технички систем и технички проблем. Сообраќајот е огледало во кое се одразува нашата егзистенцијална беда. И единственото прашање е: дали конечно ќе имаме храброст да го погледнеме огледалото и да се промениме.
 
Скоти

user
15 октомври 2013
1.273
2.344
Само овде на автопат на лентата за запирање продаваат јагоди, јаболки и ред други овошки. Автобуси застануваат на патарини да слезат патници, патници си поминуваат автопат од една на друга страна пешки ко да се сред парк, велосипеди и 50цц мотори си возат лабаво по автопат, автомобили си претицуваат и возат по лентата за застанување. Далеку е ова општество од култура во сообраќајот.
 
Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.498
3.101
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Освен што е интересно напишан текстот кој го споделувате, не гледам некоја поента. Не се решавало ова со казни и камери, туку прво да го вратиме достоинството? А не може ли и со двете одеднаш? Личи на многу долго релативизирање со филозофски призвук. Секоја чест за авторот.
Еве поминаа повеќе од 3 и пол месеци од воведувањето на камерите и заострување на контролите и веќе може да се каже дека имаат позитивен ефект. Порелаксирано возење до одреден степен, а статистика во однос на сообраќајни незгоди, повредени и загинати мислам дека е подобра (пу пу да не урочам), но ајде ќе чекаме барем една година за да вадиме некаков заклучок.
Ништо од најавениот колапс на сообраќајот кој се предвидуваше или казни за некои неверојатни ситуации или пак пратење на луѓето кој кај бил со швалерката или привилегирани возачи. Сега за сега оценка 8 од 10. Фалат поени затоа што фалат камери на уште неколку места, казни за моторите а и казни за паркирање во трета лента особено на главните сообраќајници.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.758
6.461
SK
Тезата му е дека овде проблемот е многу подлабок, не дека не треба да има казни/камери.
 
Па тоа го спомнал на почеток и така звучи. Инаку на кого не му е јасно дека секое девијантно однесување и криминал е последица на нешто подлабоко? Па дури и кај убијците ќе најдеш секогаш некоја позадинска приказна - бил сиромашен, малтретиран, доживеал траума кога бил дете/млад итн. Но, ние како обични граѓани немаме потреба да правиме длабински анализи, ние сакаме ред и безбедност. На сите им е јасно дека ако се е розево, повеќето луѓе ќе возат полабаво па и без камери и казни.
Е сега ако некој инсинуира дека државата треба да толерира опасно возење за да им даде "оддишка" на некои граѓани, тоа е веќе друга теза, опасна теза со која не се согласувам.
 
Последна промена:

pipelin

Caffeine & IT.mk
8 мај 2010
2.689
3.325
Skopje
pipelin's setup  
OS
macOS
Само овде на автопат на лентата за запирање продаваат јагоди, јаболки и ред други овошки. Автобуси застануваат на патарини да слезат патници, патници си поминуваат автопат од една на друга страна пешки ко да се сред парк, велосипеди и 50цц мотори си возат лабаво по автопат, автомобили си претицуваат и возат по лентата за застанување. Далеку е ова општество од култура во сообраќајот.
Офтопик:

Никогаш не ми текнало да се застанам, дури и со гадење гледам на тие. Имав случка минатата година. Од Скопје идам за Гостивар со човек што ми работеше во станот и по автопат идејќи ми вели: Чекај да допрам да земам за мене и жена ми јагоди. Јас го гледам, знаев што ќе се случи, дека ќе бидам понуден со јагоди а не можеш да одбиеш постар човек. Излага тој зема, го пратам дали тие што ќе ги земе се отворен и изложени за недај боже ако треба да земам барем да знам кои се... Влегува во кола, отвара и ми вика „повели“. Холивуд не ми беше рамен со изговорите, само што не реков „шеќер имам не можам тоа да јадам“. Најлошото е што не ги изми, директ во уста :sick:, ама на изглед морам да признаам беа прекрасни :D. Поминува некое време и го прашувам: Добро бе Џезо не ти е малце шубе да јадеш од овие којзнае со што се прскани и од кај ги носат? Ми вика: абе еднаш се живее (на смеење), го знам човекот сум земал од кај него, ми вели. (јас изненаден).

Браво си велам во себе, еве од кого овие продавачи опстојуваат.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.758
6.461
SK
Ваљда целта е да се поттикне подлабоко размислување, на пример на што се должи таквата патологија која станува сѐ поизразена.

За мене барем проблемот е јасен, и со сегашната ситуација решлив само со „китење бандери“. Нема никакво вистинско долгорочно планирање за Скопје и другите градови.

Нема ни гледање готови примери како функционираат државите каде работите се понормални, и не мора многу далеку да се оди - од една Словенија може многу да се научи како се организира нормалност во главниот град, и во сите други.

Ова со сообраќајов е една од неколкуте главни причини за очајот и чемерот овде. Едноставано градот не е предвиден за толку коли и бројот на истите треба да се намали. Методите се познати, на пример преку барање доказ за сопственст на паркинг/гаража за добивање дозвола за регистрирање возило. За паркирање на улица/јавен паркинг, една дозвола во фамилија за нормална достапна цена, втора дозвола за х 10 цена, трета за х15, итн.

Истовремено со подобрување на јавен превоз, ама драстично подобрување. Како надземна железница над средина од булеварите. Или барем трамвај или посветена лента за автобуси а зголемување на бројот на автобуси за х10. Итн, може да се размислува тука за тоа.

Истовремено со стварање услови за возење велосипед како главно превозно средство низ град, а тука главен проблем се бројот на возила испопаркирани насекаде.

А треба да се размислува уште повеќе за да се направи животот многу подобар за надвор од главниот град. Повластици за фирми надвор од градот, итн. Да се забранат тешки возила од ~6 претпладе до ~6 попладне, и да се пременува таа забрана. Да забранат застанување на булевари, освен за земање оставање патник, излегување и оддалечување на повеќе од х метри од ауто паркирано на булевар автоматска казна... Да не пишувам реферати, има од каде да се видат готови функционални решенија за вакви проблеми.

Но прво треба некој да сака да работи и да сака да почне да ги решава проблемите. А овде на хх промени на власт, до сега не се нашле такви.

crossfire_hurricane

hello world
20 ноември 2020
88
75
Па тоа го спомнал на почеток и така звучи. Инаку на кого не му е јасно дека секое девијантно однесување и криминал е последица на нешто подлабоко? Па дури и кај убијците ќе најдеш секогаш некоја позадинска приказна - бил сиромашен, малтретиран, доживеал траума кога бил дете/млад итн. Но, ние како обични граѓани немаме потреба да правиме длабински анализи, ние сакаме ред и безбедност. На сите им е јасно дека ако се е розево, повеќето луѓе ќе возат полабаво па и без камери и казни.
Е сега ако некој инсинуира дека државата треба да толерира опасно возење за да им даде "оддишка" на некои граѓани, тоа е веќе друга теза, опасна теза со која не се согласувам.
Имаме потреба оти статистиката покажува дека посилна казнена политика не резултира со помалку криминал. Деспотски казни ги разлутуваат престапниците, им ги трошат ресурсите или годините по поправни институции кои не им го поправаат поведението, како што сугерира името. Затоа има тренд да се намалуваат казни и рокови за извршување. Ако го забораиш чоек у затвор без реинтеграција ќе се адаптира таму па ќе повторува за да се враќа наместо да направи живот надвор. Ако не може да си ја плати сметката ќе живее со ќеш и ситен криминал оти си му ја блокирал сметката или ќе му наплатиш ако има прилив и стимулираш уствари црн пазар со ќеш и криминал. Ако им зимаш возачка за најмал престап со низок ризик ќе земе без возачка ќе искочи да беснее. Мора да се сразмерни казните, а не за полнење буџет и стимулирање екомомија преку преполагање. Носат други проблеми и наоѓаат алтернативен аутлет па се чудиме од каде се` доаѓаат нови феномени
 
Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.498
3.101
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Имаме потреба оти статистиката покажува дека посилна казнена политика не резултира со помалку криминал. Деспотски казни ги разлутуваат престапниците, им ги трошат ресурсите или годините по поправни институции кои не им го поправаат поведението, како што сугерира името. Затоа има тренд да се намалуваат казни и рокови за извршување. Ако го забораиш чоек у затвор без реинтеграција ќе се адаптира таму па ќе повторува за да се враќа наместо да направи живот надвор. Ако не може да си ја плати сметката ќе живее со ќеш и ситен криминал оти си му ја блокирал сметката или ќе му наплатиш ако има прилив и стимулираш уствари црн пазар со ќеш и криминал. Ако им зимаш возачка за најмал престап со низок ризик ќе земе без возачка ќе искочи да беснее. Мора да се сразмерни казните, а не за полнење буџет и стимулирање екомомија преку преполагање. Носат други проблеми и наоѓаат алтернативен аутлет па се чудиме од каде се` доаѓаат нови феномени
Навистина се деспотски - Ако возиш 80 во град добиваш казна од неверојатни 50 евра (25 ако платиш во рок од 8 дена). Е добро сега ако возиш 90 ќе те казнат 300 (150 всушност) евра и забрана 3 до 12 месеци. Веројатно според тебе, за да бидат недеспотски туку демократски треба 30 евра и да те искараат полицајците.
Друг случај за одземање дозвола е ако поминеш на црвено. Стварно и ова е тирански. Доволна е опомена, на секого може да му се случи да помине на црвено.
Доста филозофирање. Казните не само што се демократски туку некои од нив се и преблаги. До 10 км на час 500 денари. Затоа слушам муабети во стил - на цајканот му реков дај сега да ти платам илјадарка само не ме замарај брзам дома да си дојдам.
 
зборуваше генерално дека нема потреба граѓаните да се задлабочуваат во казнената политика и резултатите од истата па споделив генерални контрааргументи. Ако сакаш конкретно може и за тоа да збориме. Твоја интерпретација е дека сум рекол деспотски или тирански дека се казните, било која. Не треба 80 да возиш за казна, ама ти тоа го знаеш само ти се допаѓа поголема цифра да е подраматично и да изгледа поопасно, нели? Сево ова е филозофирање, ако ти е доста го напушташ муабетот просто, не пробуваш да го замолчиш соговорникот. Кога би биле пропорционални т.е. процентуални казните би можеле да збориме ја и ти од средна класа шо имаме време да висиме по форуми. Не му е лабаво петсотче братче на секој петти македонец оти живее под прагот на сиромаштија, за основни работи се крпи буквално. Тој со иљадарчето шо си го видел не е од оваа значајно голема група сограѓани во сиромашнава држава.
 
pipelin

Caffeine & IT.mk
8 мај 2010
2.689
3.325
Skopje
pipelin's setup  
OS
macOS
Деспотски казни ги разлутуваат престапниците, им ги трошат ресурсите или годините по поправни институции кои не им го поправаат поведението, како што сугерира името.
Затоа за да не одат по институции, ќе ја земат во предвид мојата идеја, ќе ги синхорнизираат датабазите и секоја казна инстантно ќе се наплаќа од сметка. Ем нема да се замараш по институции, ем сметката полесна за неколку илјади денари.. Нема нешто поубаво од тоа, нели?

Ако им зимаш возачка за најмал престап со низок ризик ќе земе без возачка ќе искочи да беснее.
Брзо ги заборавивте ромите од Битола (или кај и да беа) кај што им беа одземени возилата. И за тоа има лек.

За се има лек, ама нема лек за да почнеме правилно да се понашаме во сообраќај.
 
Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.498
3.101
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
зборуваше генерално дека нема потреба граѓаните да се задлабочуваат во казнената политика и резултатите од истата па споделив генерални контрааргументи. Ако сакаш конкретно може и за тоа да збориме. Твоја интерпретација е дека сум рекол деспотски или тирански дека се казните, било која. Не треба 80 да возиш за казна, ама ти тоа го знаеш само ти се допаѓа поголема цифра да е подраматично и да изгледа поопасно, нели? Сево ова е филозофирање, ако ти е доста го напушташ муабетот просто, не пробуваш да го замолчиш соговорникот. Кога би биле пропорционални т.е. процентуални казните би можеле да збориме ја и ти од средна класа шо имаме време да висиме по форуми. Не му е лабаво петсотче братче на секој петти македонец оти живее под прагот на сиромаштија, за основни работи се крпи буквално. Тој со иљадарчето шо си го видел не е од оваа значајно голема група сограѓани во сиромашнава држава.
Значи ти си припадник на средната класа, казните ти се прифатливи, но се грижиш за сиромаштијата. Мошне племенито. Во ред, не сме се разбрале.
Ајде да пробам да се ставам во позиција на тој секој петти сиромашен Македонец кој некако за чудо има кола. Гледам кои се казните, сум полагал испит возачки испит и знам кои се сообраќајните правила, но сепак проаѓам на црвено, возам над дозволеното, возам нерегистриран, ги доведувам другите учесници во сообраќајот во опасност. Навистина жално.
 
FikanA

hello world
3 април 2025
194
244
Средe никаде...
Значи ти си припадник на средната класа, казните ти се прифатливи, но се грижиш за сиромаштијата. Мошне племенито. Во ред, не сме се разбрале.
Ајде да пробам да се ставам во позиција на тој секој петти сиромашен Македонец кој некако за чудо има кола. Гледам кои се казните, сум полагал испит возачки испит и знам кои се сообраќајните правила, но сепак проаѓам на црвено, возам над дозволеното, возам нерегистриран, ги доведувам другите учесници во сообраќајот во опасност. Навистина жално.
Во оваа држава сите се сиромави, освен кога треба да си купат нешто. Интересен феномен
 
Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.498
3.101
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro

mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.989
Освен што е интересно напишан текстот кој го споделувате, не гледам некоја поента. Не се решавало ова со казни и камери, туку прво да го вратиме достоинството? А не може ли и со двете одеднаш? Личи на многу долго релативизирање со филозофски призвук. Секоја чест за авторот.
Еве поминаа повеќе од 3 и пол месеци од воведувањето на камерите и заострување на контролите и веќе може да се каже дека имаат позитивен ефект. Порелаксирано возење до одреден степен, а статистика во однос на сообраќајни незгоди, повредени и загинати мислам дека е подобра (пу пу да не урочам), но ајде ќе чекаме барем една година за да вадиме некаков заклучок.
Ништо од најавениот колапс на сообраќајот кој се предвидуваше или казни за некои неверојатни ситуации или пак пратење на луѓето кој кај бил со швалерката или привилегирани возачи. Сега за сега оценка 8 од 10. Фалат поени затоа што фалат камери на уште неколку места, казни за моторите а и казни за паркирање во трета лента особено на главните сообраќајници.
8/10 премногу фалат камери. Илинденска кај зоолошка и кај фонтана е пребитно а нема, и пребитно е илинденска/ленинова. А нема.
 
Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.498
3.101
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
8/10 премногу фалат камери. Илинденска кај зоолошка и кај фонтана е пребитно а нема, и пребитно е илинденска/ленинова. А нема.
Треба притисок додека ги местат по другиве градови :)
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.758
6.461
SK
Имаме потреба оти статистиката покажува дека посилна казнена политика не резултира со помалку криминал. Деспотски казни ги разлутуваат престапниците, им ги трошат ресурсите или годините по поправни институции кои не им го поправаат поведението, како што сугерира името. Затоа има тренд да се намалуваат казни и рокови за извршување. Ако го забораиш чоек у затвор без реинтеграција ќе се адаптира таму па ќе повторува за да се враќа наместо да направи живот надвор. Ако не може да си ја плати сметката ќе живее со ќеш и ситен криминал оти си му ја блокирал сметката или ќе му наплатиш ако има прилив и стимулираш уствари црн пазар со ќеш и криминал. Ако им зимаш возачка за најмал престап со низок ризик ќе земе без возачка ќе искочи да беснее. Мора да се сразмерни казните, а не за полнење буџет и стимулирање екомомија преку преполагање. Носат други проблеми и наоѓаат алтернативен аутлет па се чудиме од каде се` доаѓаат нови феномени
Јас па на потези со double down кон криминал, би претпочитал пристап со double down кон казни. Ако се понаша како диво животно, баш така треба и општеството да се понаша со него. Поточно, ако некој на сите понуди и обиди да му помогнат за реинтеграција во општеството - реагира со повеќе криминал - би претпочитал да го остранат од опшеството, не да го реинтегрираат. Тешка робија, работа за плаќање на трошпоците окулу неговото чување и социјализација со сродните нему.
Во спротивно, повеќе припадници мнозинството чесни, страдаат од поединци со погрешно поврзани неуронски патишта во мозокот.

Општо зборуваме, не за сејф сити казнување. Ама за одредени делови (за инает ќе возеле без возачка), скроз може да се однесува и за сејф сити и општо за одржување ред во сообраќај.
 
xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.690
12.526
Skopje
www.wemaxa.com
Дел од затворскиот систем во United States е приватизиран. Најпознати компании се: Core Civic и Geo Group.

Просто сумирано моделот функционира на база:
  • државата плаќа по затвореник
  • приватната компанија управува со објектот
  • профитот зависи од исполнетост на капацитетите и трошоците
Тука настанува главниот конфликт на интерес. Ако профитот зависи од број на затвореници, тогаш системот има економски стимул:
  • повеќе апсења
  • подолги казни
  • помалку условни ослободувања
  • криминализација на помали прекршоци
  • високи стапки на рецидивизам
Постои структурен притисок во насока на „mass incarceration“ што е реален и добро документиран феномен во Америка од 1980-тите наваму.
Особено:
  • „War on Drugs“
  • mandatory minimum sentences
  • three strikes laws
создадоа огромен раст на затворската популација.
Историски:
  • САД имаат една од највисоките стапки на затворање во светот
  • приватните затвори достигнаа силен раст токму во периодот на масовно затворање
Критичарите тврдат дека приватниот профит не смее да зависи од лишување слобода. Тоа создава перверзен стимул каде човечкото затворање станува економски ресурс.
Поддржувачите на приватизацијата тврдат:
  • приватните компании работат поевтино
  • државата нема капацитет
  • проблемот е во законите, не во операторите
Но емпириските резултати се мешани. Многу студии покажуваат:
  • незначителни заштеди
  • полоши услови
  • помал персонал
  • повеќе насилство
  • поголем turnover на чувари
Дополнително, приватните затворски компании историски лобирале за построги казнени политики. Тоа е најконтроверзниот дел. Не мора директно да „наредуваат“ апсења. Доволно е политички да поддржуваат законодавство што создава повеќе затвореници.

=> Скандирајте слободно за екстремна казнена политика. Истите тие буџи, волови, што не е*ат жива сила се оние кои ќе ви направат приватни затвори и ќе продолжат да свиркаат до банка. Исто како што ви направија станови па ги дилаат по 3000Е квадрат а ги чини 500Е да го изградат. И приватна полиција ќе ви направат, само да се задоволи паранојата за "сигурност". Ви го мислат најдоброто, ич да не се секирате :). Ќе се мењаат на 4-8 години Јателе и Тителе, кучињата ќе лаат, карванот ќе врви, скапаниот морков пред магарето ќе се менува од време на време. Нивните кога ќе одат во затвор, ќе биде онака, иди-ми-дојди-ми-режим за преспиванки, едно 2 недели, да се замачка очи и да се направи шоу за плебсот мирно да спие дека сите сме еднакви.
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно