ArMaKeDoN98
hello world
- 7 февруари 2016
- 297
- 192
Значи како и секаде мора прво проверка ова она и бе еден месец ако не ти го сменат одма нема да еСподелувам искуство со враќање производ во Plaisio...
Вратив правосмукалка во Plaisio по 3 дена од купување, беше дефектна уште од старт, ја пробав на лице место кога ја купував но за моја несреќа дефектот беше таков што кога ја уклучуваш работи, меѓутоа за некои 10-15 секунди се гаси автоматски и потоа не се вклучува додека не ја извадиш батеријата и ставиш пак. Секогаш чувајте оригинални пакувања за вакви непосакувани ситуации, јас за среќа чував и уредно им ја вратив.
Барав да сменам производ, друг модел или ист нов, а не да ми биде поправан бидејќи уште од сам старт е дефектен со 0 минути користење. Ми рекоа дека за некои бренд производи, како Apple, Dyson и уште неколку морале да ја носат на технички сервис за да ја проверат, дека било проблематично заменување производ но дека има шанса, па ќе видиме...
Добив соодветна документација, тикет бројче каде што можам да го следам процесот на нивната веб страна и оставив e-mail, во рок од 10 работни денови треба да ме контактираат.