Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Најдобар начин да се почнат да се заработуваат пари на интернет

MrAngels

read-only
26 септември 2008
5
0
Даре пиле.. со кој сајт за 3 дена успеја да се индексираш воопшт на google и да добиеш 150 клика кога .. пример дококлку ти е нов сајтот сигурно google нема честп да те индексира ..

па да влезиш во индексот па да кренип ранк ..
па да станиш конкурентен за тој niche пазар ...

па да почниш да заработуваш .. ако е ова вистина дека за
3 дена си успеал... јас ќе те сметам за експерт и ќе те прашвам за совети

али искрено да зборуваме.. тешко вероватно дека целосно си ја искажал цистината. :ha:

Од друга страна ми е мило да прочитам дека и во МК некој нешто знае...

Инаку колку за инфомрација.. SEO студирам т.е. учам повеќе од пола година со прочитани над 30-40 книги од и околу темата и сепак се сметам за почетник..

во овај бизнис си во бизнис кога ќе правиш големи пари..

а за тоа најголениот хендикеп што географски се напѓаме каде што се наоѓаме така да колку е паметно да се троши врмем и незнам

Ај поздрав,. нека летат гулабите :D
 
reng

lurker
13 август 2007
683
19
Ако може да кажете што се случи по скоро 3 месеци дали некој заработи од оваа работа или пак имав право кога реков дека е само реклама. Се решив да проверам што е работата и ете ти сајтот не постои. Најдобро е да ја прогласиме темава за пропадната:ua:. Нормално и да ја затворите, веројатно многу луѓе изгубиле време за ништо на страницава, а ете сега не постои повеќе.:ha:
 
D

Администратор
31 март 2007
4.140
4.349
www.aqtos.com
Не знам од каде фасцинација со 30 Days.. буквално: преглуп е и сајтот и целиот концепт.

Сакате да заработите на интернет? Мојот совет е: бидете иновативни.
 
Andrijeski

poweruser
1 март 2007
2.599
65
andrijeski.net
Даре пиле.. со кој сајт за 3 дена успеја да се индексираш воопшт на google и да добиеш 150 клика кога .. пример дококлку ти е нов сајтот сигурно google нема честп да те индексира ..

Може да се случи Google да индексира сајт стар неколку дена, мене ми се има случено. Важно е неколку фактори да бидат задоволени и да се има малку среќа. Доколку е релевантна содржината, нема премногу конкуренција, доменот е соодветен на содржината, не е чудно сајтот да биде и прв на листата на google за одредени keywords.

Ова го кажувам од лично искуство, а конкретниот сајт неможам да го кажам заради заштита на дискреција :)
 
Andrijeski

poweruser
1 март 2007
2.599
65
andrijeski.net
Не знам од каде фасцинација со 30 Days.. буквално: преглуп е и сајтот и целиот концепт.

Сакате да заработите на интернет? Мојот совет е: бидете иновативни.

Сајтот и концептот воопшто не се глупи. Посвети малку повеќе внимание и разгледај, ќе видиш дека грешиш. Напротив, мислам дека би било супер некој што е почетник да почне од таму и реално да искуси како се заработуваат пари.

Иновативноста е само парче од мозаикот кој треба да се состави за заработка. Ако сте иновативни и при тоа седите со скрстени раце, ништо нема да заработите. Првин треба да се помине целиот процес како функционираат работите, да се создаде чувство и рутина за работа, да се испробаат разни работи, па откако се' ќе се совлада, добро е иновативноста да смени некои работи на подобро, со цел поголем приход.
Иновативноста сама посебе нема да донесе заработка.
 
CyberSpic

lurker
14 април 2007
823
26
howtoformatacomputer.com
Даре пиле.. со кој сајт за 3 дена успеја да се индексираш воопшт на google и да добиеш 150 клика кога .. пример дококлку ти е нов сајтот сигурно google нема честп да те индексира ..

па да влезиш во индексот па да кренип ранк ..
па да станиш конкурентен за тој niche пазар ...

па да почниш да заработуваш .. ако е ова вистина дека за
3 дена си успеал...

Ако има купено домеин стар, 2-3 години најмалце (има некои и за 5$), google ќе го индексира веднаш (доволно се 1-2 backlinks) и најверојатно ќе има добар PR ако е оптимизирана добро страната. А за потполно нов домеин, тоа малце тешко без 2-3 месеци работа.
 
Free_the_net

read-only
4 јануари 2009
4
0
Може да индексираш сајт и за помалку од 3 дена.
Пријави ги твоите сајтови на сите поголеми social networks како Digg, Stumbleupon, Propeler и др.
Овие страни Google crawler секојдневно и редовно ги посетува.
Исто така добро е да се зачлените во Google Webmasters i сами да си го пријавите сајтот.
Google Sitemap исто така помага.
Wordpress платформата е можеби најдобрата платформа за блог, а воедно и за брзо индексирање.

Dare само така продолжи и ќе имаш пари.
Affiliate scheme - има голем потенцијал ако вложиш многу труд и време.
Еден предлог: На својот сајт можеш да ставиш и CPC i CPM реклами како Google Adsense и други ако сакаш максимално да си го зголемиш профитот.
Сега засега користи Advertising Networks кој подржува moneybookers.

Прочепкај подобро по нетот и ќе најдеш едно брдо материјал за овој бизнис.
 
Free_the_net

read-only
4 јануари 2009
4
0
Исто така има многу голем број на софтвер кој може да ти ја аутомизира целата работа.
Za Backlinks можеш да користиш секакви софтвери како софтвер за коментирање на блогови кои имаат High PR и разно.
Немој да спамоваш, не вреди.
 
CyberSpic

lurker
14 април 2007
823
26
howtoformatacomputer.com
Може да индексираш сајт и за помалку од 3 дена.
Пријави ги твоите сајтови на сите поголеми social networks како Digg, Stumbleupon, Propeler и др.

Ако користиш social networks за посетители тоа е во ред, но тие backlinks нема да ти го кренат ранкот на страната на гугл за пребарувачките зборови за кои ти е оптимизирана страната. Линкови од страни со слична тематика имаат поголем придонес кон PR, нормално ако се стремиш за сообрајќај од пребарувачите.

Исто така има многу голем број на софтвер кој може да ти ја аутомизира целата работа.
Za Backlinks можеш да користиш секакви софтвери како софтвер за коментирање на блогови кои имаат High PR и разно.
Немој да спамоваш, не вреди.

Ping сервисите, auto comment (caffinated content?) и слично на некој начин спаѓаат во спам, а имам забележано дека сите блогови со повисок PR, немаат автоматско одобрување на коментарите, за да се крениш од нула добри се тие плагини но за понапреден PR, не сум сигурен.
Сепак black hat е сосема друг муабет.

п.с.
дискутирам на темата, не ти противречам на постовите, имам забележано ако некого цитираш, одма се сваќа - не се сложувам со тебе итн..
 
Free_the_net

read-only
4 јануари 2009
4
0
Ако користиш social networks за посетители тоа е во ред, но тие backlinks нема да ти го кренат ранкот на страната на гугл за пребарувачките зборови за кои ти е оптимизирана страната. Линкови од страни со слична тематика имаат поголем придонес кон PR, нормално ако се стремиш за сообрајќај од пребарувачите.

Тоа го спомнав за побрзо индексирање затоа што тие страни се редовно посетувани од Google.

Ping сервисите, auto comment (caffinated content?) и слично на некој начин спаѓаат во спам, а имам забележано дека сите блогови со повисок PR, немаат автоматско одобрување на коментарите, за да се крениш од нула добри се тие плагини но за понапреден PR, не сум сигурен.
Сепак black hat е сосема друг муабет.

auto comment се спам, но има и блогови кои користат Do follow backlinks и со одреден софтвер може релативно лесно да се најдат.
Но мораш да дадеш добар и логичен коментар.

А за Пинг сервисот мислам дека не спаѓа во Спам.

BlackHat не вреди да се користи, имаш големи шанси да бидеш тужен и многу лоши работи да ти се десат.
 
stole_pesov

lurker
25 април 2008
530
17
techhub.mk
Ако може да кажете што се случи по скоро 3 месеци дали некој заработи од оваа работа или пак имав право кога реков дека е само реклама. Се решив да проверам што е работата и ете ти сајтот не постои. Најдобро е да ја прогласиме темава за пропадната:ua:. Нормално и да ја затворите, веројатно многу луѓе изгубиле време за ништо на страницава, а ете сега не постои повеќе.:ha:

Како не постои ти воопшто не си се ни потрудил да ја најдеш, и ако не ти одговара темата тебе зошто треба да се затвора ако не ти одговара сврти се за 180 степена и трази несо друго.

Јас се регистрирав и сега пред малку ги заврашив епизодите од Pre-Season Training сега ќе почнам да ги следам наредните 30.

Се надевам дека овде ќе има и други како мене па ќе можеме да си направиме тим.

Поздрав.
 
reng

lurker
13 август 2007
683
19
Па добро линковите кои се поставени не носат до никаде затоа и викам дека не постои. Ако е толку добро кажи еве колку заработи до сега или барем кажи што се научи од истото, пренеси добро искуство. Не сум против овие работи само предупредувам за нешто во што не гледам иднина. Нормално ова не го посетив иако сакав, ама сепак не верувам дека ветува многу пари.
 
AlekNovy

read-only
5 јануари 2009
12
1
Незнам зошто се обидувате со вакви работи. Ова е за некој што нема попаметна работа (барем според мене). Му успеало на еден да земе 100$ и мислите дека на сите ќе ви успее. Сигурно не се будали тие што ги даваат парите... :ua:
Ако сакаш да заработиш, работи нешто паметно и исплатливо.

Ако немаш појма од некоја тема, не давај силни мислења на истата.

Јас денеска имам свој бизнис на интернет со 2ца американски партнери. Првпат почнав да учам за интернет маркетинг кога Даре ми го препорача тренингов горе.

Интернет Маркетинг = се е интернет маркетинг.

Никој не ти "дава пари". Туку ти треба да си изградиш ресурс со кој ќе си го заслужиш правото да продаваш нешто (простор, производи, сервиси... што и да е).

Ова горе е само тренинг како да почнеш (како да изградиш сајт, како да направиш свој производ, како да научиш да продаваш итн... итн...)

А за пари стигање... Тоа зависи што продаваш. Јас продавам свој производ (е-книга курс не една тема), и читателите ја купуваат книгата преку PayPal. Мојот партнер од америка ми праќа пола од заработката.

Ако нејќеш да се мачиш да креирас свој бизнис (свои производи)... На почеток почнуваш со рекламирање туѓи... И тоа може да биде... БИЛО ШТО... Од патики до книги до мп3-плеери... што и да е.

Пример... Сакаш да заработуваш од албуми на (не знам, пример) RadioHead. Земаш и градиш фан-сајт на групата RadioHead, ги користиш техниките од тренингов горе (и понатаму што ќе научиш) за да го направиш сајтот што повеќе посетен и популарен меѓу таа група луѓе (ке го напуниш со корисна и добра содржина на таа тема).

И на сајтот ставаш банер кој иде на албумите на RadioHead на амазон (со твој affilita link)... така секој што ќе кликне на банерот и ќе одлучи да го купи албумот, ти добиваш процент. Амазон пример ќе те исплатат со праќање чек директно во Македонија.
 
AlekNovy

read-only
5 јануари 2009
12
1
Не знам од каде фасцинација со 30 Days.. буквално: преглуп е и сајтот и целиот концепт.

Сакате да заработите на интернет? Мојот совет е: бидете иновативни.

Сигурен сум дека си експерт во она што го работиш, меѓутоа мислам дека проценкава за 30dc е малку избрзана.

Thirty Days: Зашто 30 дена. Целта на 30дена е општо познатиот фактор од психологијата. Потребни се 30 дена конзистентна работа за да нешто ти стане навика, односно да се внесеш во некоја работа.

Затоа земаат 1 месец во годината каде прават интензивен камп каде помагаат на почетници да научат како да прават сајтови, како да користат SEO, како да истражуваат пазари, итн... итн...

На мене сигурно делуваше. Почнав тие 30 дена 2007... и од тогаш не прекинав. Секој ден работам на тоа... Не претерано многу во последно време, дека не морам хехе. Али ете.

Ако може да кажете што се случи по скоро 3 месеци дали некој заработи од оваа работа или пак имав право кога реков дека е само реклама. Се решив да проверам што е работата и ете ти сајтот не постои. Најдобро е да ја прогласиме темава за пропадната:ua:. Нормално и да ја затворите, веројатно многу луѓе изгубиле време за ништо на страницава, а ете сега не постои повеќе.:ha:

Линкот на даре не работи (тоа си е негов личен линк). Сајтот си работи.

http://www.thirtydaychallenge.com

Ја сум еден од тие што "изгубиле време на ништо". Ако може да се нарече така фактот што сега издржувам цела фамилија без да мрднам од гзето. А се што работам е за создавање додатен приход.

Не е преку-ноќен процес. Требаш да изградиш сајтови, да ги наполниш со корисна и добра содржина, да направиш добар производ и да видиш како тие сајтови да го рекламираат производот.

Сакате да заработите на интернет? Мојот совет е: бидете иновативни.

Прва лекција во некои интернет маркетинг курсеви: "Немој да бидеш уникатен, тоа е првата грешка што ја прави секој почетник. Троши 10 година пробувајќи да биде уникатен, за дури на крај да го проба она што е докажано дека работи.

1) Прво го правиш она што е докажано дека работи
2) Акумулираш капитал
3) Со акумулираниот капитал иновираш

Постојат чесни исклучоци (google, facebook, итн)... Но во 99.9999% случаеви уникатноста е начин да не догураш никаде."

Note: Ова не е мое лично мислење, лекцијава горе... само знам дека доста често ја има во голем број курсеви, па ја пренесов.
 
reng

lurker
13 август 2007
683
19
Па мене не ми треба таков курс иако е добре дојден сепак за да си ја реализирам идејата ми треба некој да ми креира интернет страница според моја мерка, ама сепак тоа вреди пари нели. Ако имате добро искуство вреди да се проба нели. А некој да ми даде refer за да се зачленам под него барем некоја корист некој да има.
 
AlekNovy

read-only
5 јануари 2009
12
1
Даре пиле.. со кој сајт за 3 дена успеја да се индексираш воопшт на google и да добиеш 150 клика кога .. пример дококлку ти е нов сајтот сигурно google нема честп да те индексира ..

па да влезиш во индексот па да кренип ранк ..
па да станиш конкурентен за тој niche пазар ...

па да почниш да заработуваш .. ако е ова вистина дека за
3 дена си успеал... јас ќе те сметам за експерт и ќе те прашвам за совети

али искрено да зборуваме.. тешко вероватно дека целосно си ја искажал цистината. :ha:

Од друга страна ми е мило да прочитам дека и во МК некој нешто знае...

Инаку колку за инфомрација.. SEO студирам т.е. учам повеќе од пола година со прочитани над 30-40 книги од и околу темата и сепак се сметам за почетник..

во овај бизнис си во бизнис кога ќе правиш големи пари..

а за тоа најголениот хендикеп што географски се напѓаме каде што се наоѓаме така да колку е паметно да се троши врмем и незнам

Ај поздрав,. нека летат гулабите :D

Малку off-topic ќе додадам измешано со on-topic.

Најголема лекција која што научив во животов е дека најдобар начин да постигнеш НЕуспех во одредена област е да станеш пре-едуциран. Од лична грешка зборам. Има 2 други области во кои можам да докторирам, а имам едвај просечни резултати. И тоа денеска, откако се опаметив и престанав да читам... Али уште сум тешко осакатен од пре-едуцираноста и прогресот во пракса ми иде бавно.

Во СЕО меѓутоа, одма скокнав во пракса, и веќе имам резултати кои да ги споделам ќе личат на фалење. Заработката едноставно да речеме дека ми е 4-цифрена и брзо иде према 5-то цифрена (не денари).

(не го кажувам ова да се фалам, туку да споделам дека знам за што зборувам)

Знаеш колку книги имам прочитано на темата? 2... и тоа прелистано само. Ако си прочитал 40 книги (ова добронамерно ти го кажувам)... е*ан си... тешко. Си ја напунил главата со секакви непотребни теории.

Пример ја имам 1-рангиран сајт на некоја фраза и ќе ми дојдат теоретичарите и ќе почнат да ме прашуваат (леле дали користе екстра-турбо-латерно индексо семантирање со фокус на јаху или идеше директ на хипер-супер-дупер оптимизација со 12%-ни keywords).

Ја као... wtf? Немам појма за што зборите. Само направив најбољи сајт на темата и го промовирав. Толку.
 
Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
23.885
34.186
roka.mk
@AlekNovy ај сеа разбуди се!!!! и врати се во реалниот свет?
Викаш дека имаш 4-5 цифрена сметка? А работиш нешто мислам вака сериозна работа или печалиш само од интернет?
Ја да би имал 9999$ па по цел ден би си го прчел и ништо не би работел...и кога ќе ги потрошам ќе си се логирам на сајтот(или што и да е) и оп ќе си префрлам уште толку пари и продужуем со уживање...
Ќе го оставам отворен постов за реплика
 
Хм, интересно. Добро, секој си има различни цели во животот. Ако ти би се пензионирал на 9999$ го ценам тоа. Имам време до 9999$. Барем уште 5-6 месеци. Сега ми варира доста, али одамна сум над 3 цифри.

Мене само пост-дипломските за кои се стремам би чинеле повеќе.

Само дел од заработките од само еден од бизнисите:
http://img397.imageshack.us/img397/6470/paypalla5.jpg

http://img230.imageshack.us/img230/7599/clickbankqm9.jpg

Набрзинка ги сликнав сега.
 
reng

lurker
13 август 2007
683
19
Малку off-topic ќе додадам измешано со on-topic.

Најголема лекција која што научив во животов е дека најдобар начин да постигнеш НЕуспех во одредена област е да станеш пре-едуциран. Од лична грешка зборам. Има 2 други области во кои можам да докторирам, а имам едвај просечни резултати. И тоа денеска, откако се опаметив и престанав да читам... Али уште сум тешко осакатен од пре-едуцираноста и прогресот во пракса ми иде бавно.

Во СЕО меѓутоа, одма скокнав во пракса, и веќе имам резултати кои да ги споделам ќе личат на фалење. Заработката едноставно да речеме дека ми е 4-цифрена и брзо иде према 5-то цифрена (не денари).

(не го кажувам ова да се фалам, туку да споделам дека знам за што зборувам)

Знаеш колку книги имам прочитано на темата? 2... и тоа прелистано само. Ако си прочитал 40 книги (ова добронамерно ти го кажувам)... е*ан си... тешко. Си ја напунил главата со секакви непотребни теории.

Пример ја имам 1-рангиран сајт на некоја фраза и ќе ми дојдат теоретичарите и ќе почнат да ме прашуваат (леле дали користе екстра-турбо-латерно индексо семантирање со фокус на јаху или идеше директ на хипер-супер-дупер оптимизација со 12%-ни keywords).

Ја као... wtf? Немам појма за што зборите. Само направив најбољи сајт на темата и го промовирав. Толку.

Немој да го потценуваш едуцирањето, сепак има разлика во тоа што и како го учиш. По самово твое изразување се гледа квалитетот на можностите, доколку требаше да купам производ од тебе немаше прво заради нападноста на твоето мислење, друго заради користење на негативни зборови кои го одбиваат корисникот наместо да го привлечат.

Премногу фалење не е на арно, сепак има во книгите работи кои неможат да се научат никаде, ниту во пракса. И јас можам да кажам дека сум со IQ толку и толку и дека сум многу паметен и дека имам прочитано милион книги и слично. Не ги преувеличувај работите кажи ја вистината зошто лагата или нереалната вистина секогаш ги одбиваат читателите за реалните работи.
 
Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
23.885
34.186
roka.mk
Хм, интересно. Добро, секој си има различни цели во животот. Ако ти би се пензионирал на 9999$ го ценам тоа. Имам време до 9999$. Барем уште 5-6 месеци. Сега ми варира доста, али одамна сум над 3 цифри.

Амбизиожен момак си ти сфака част...него јас не реков дека со 9999 ќе се пензионирам...и ти самиот рече дека за 5-6 месеци се прават доволно пари...ондак зашто да се замарам да црнчам у македонијава за 200Е кога ти преку седење дома и продавање магла успеваш да вадиш три просечни македонски плати.
 
AlekNovy

read-only
5 јануари 2009
12
1
Немој да го потценуваш едуцирањето, сепак има разлика во тоа што и како го учиш. По самово твое изразување се гледа квалитетот на можностите, доколку требаше да купам производ од тебе немаше прво заради нападноста на твоето мислење, друго заради користење на негативни зборови кои го одбиваат корисникот наместо да го привлечат.

Премногу фалење не е на арно, сепак има во книгите работи кои неможат да се научат никаде, ниту во пракса. И јас можам да кажам дека сум со IQ толку и толку и дека сум многу паметен и дека имам прочитано милион книги и слично. Не ги преувеличувај работите кажи ја вистината зошто лагата или нереалната вистина секогаш ги одбиваат читателите за реалните работи.

Ммм, ама не реков дека се книгите лоши т.е. едукацијата :)

Зборам за претерана едукација. Не го кажувам ова да се правам паметен, него да признаам кој тежок идиот сум бил.

Ова не го знам затоа што сум бил попаметен од другите, баш напротив. Ова го знам затоа што сум најголем идиот од сите. Таа грешка ја имам направено премногу пати.

Обични е 95% пракса и 5% едукација. Јас досега милијарда пати сум ја правел грешката 95% едукација и 5% пракса.
 
Dare

hello world
8 април 2007
141
2
wow колку се крена прашина за линков...страната си работи дечки само линков фаличен бил изгледа :LOL:
 
Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
23.885
34.186
roka.mk
@AlekNovy бидејќи или си пијан или ти се спие...ти абсолутно незнаеш што и како зборуваш јас нема да продужам со репликите на оваа тема...
Само ќе ти посакам голем профит па кога ќе купиш вила на флорида...дај викни ме еден викенд да поуживам(толку можам неможам повеќе неми даваат одмор)
 
— членови онлајн
—мислења
—теми
—членови

Последни теми

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно