dekomote
Скептик
dekomote's setup
- Processor & Cooler
- Ryzen 9 9950x + Arctic Liquid Freezer ||| 360
- Motherboard
- X870 Aorus Elite WIFI7
- Storage
- Samsung NVME 980 Pro, Synology DS 920+
- PSU
- NZXT C850 ATX3.1
- RAM
- 2x16GB G-Skill 6000 CL32
- Video card
- EVGA RTX 3080Ti FTW3 Ultra
- Case
- Fractal Design North XL
- Mouse
- Razer Basilisk v3 Pro, Logitech Master MX 3
- Keyboard
- Keychron Q1 Max
- Audio
- Presonus Eris 3.5, Mackie CR8S
- Monitor
- Dell S2721DGF 165Hz HDR
- OS
- Fedora
Пред некое време кај нас (хубо, купиалат) се појави лемна станица на Extol, меѓутоа, не се наоѓаат рецензии за истата на нет. Extol е бренд со репутација (бар кај нас и други источни земји) па решив да купам една, макар и да пропаднат парите.
Кратко инфо:
- Модел: Extol Industrial 8794520
- Цена на денот на пишување на рецензијата: 2900 денари
- Достапна во Хубо и купиалат.мк
- Гаранција: 2 години
На прв поглед, делува како секој друг кинески клон, и навистина е. Станицата е екстол брендирана CXG 927 AS
На линкот има малку повеќе околу материјалите користени.
Кинеската станица се движи околу 50-60 долари, така што, цената тука е одлична.
Пакување:
Доаѓа спакувана фино лепо. Во кутијата има:
1. Станица
2. Рачка со конусен врв
3. Екстра длето врв
4. Држач со 2 сунѓери за чистење
Рачка (пенкало):
Рачката е направена од цврста пластика, компактна и лесна. Кабелот е мек и лесно се манипулира, не се топи нит гори. Користи 5 пински женски конектор. Грејачот е керамички со термопарица. Грејачот може да се промени лесно. Грејачот и врвот се вземјени.
Врвовите се 900М (hakko), поприлично квалитетни, одлично калаисуваат.
Држач:
Држачот е цврст, тежок, одлично пасува пенкалото. Комбинација метал/пластика. Пластиката не гори и не се топи кога ја допрев со жежок врв.
Станица:
Станицата делува солидно направена. Тешка, цврста но не крута. Кабелот е мек и доволно долг, со заземјен утикач.
Внатре се забележува големо трафо, уредно вземјена инсталација, и осигурач.
Кабелот е стегнат против истргување. Овој дел изгледа одлично направен со оглед на цената и потеклото.
Плочката делува океј. Од забелешки, само трагите од флукс, во спротивно лемовите делуваат добри. И тука е сѐ прописно вземјено.
Компонентите се брендирани, користи Holtek ht46r23 микроконтролер.
Од другата страна се забележува дека тријакот е прописно зацрврстен за плочката со шраф, притоа легнат врз калаисан пад за подобра термичка дисипација.
Работа:
Станицата работи одлично. Во моментов немам термопарица за тестирање, така што почнав да тестирам од 220C, и најдов дека sweet spot е 320C. По упатството, станиците се веќе калибрирани.
Работна температура развива за 20тина секунди. Како што напоменав, врвовите се калаисуваат многу лесно и имаат одличен капацитет.
Нема проблем со лемење поголеми компоненти, но и со СМД.
Сѐ на сѐ, одлична станица за парите.