Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Македонски Пошти - Општа Дискусија

Како сте задоволни од услугите на Македонски Пошти?

  • Вкупно гласале
    722

thexfiles125

hello world
29 април 2013
409
276
Ако можеш да почекаш неколку дена за без дополнителни замарања. Еве мене денес ми стигна картонче да си ја подигнам од утре во локална пошта, без праќање било какви документи до царина. Ама пак зависи каква пратка е во прашање па може да ти бараат слика од сметка и нарачка за да може да ја царинат соодветно.

Sent from my M2012K11AG using Tapatalk
Не е ништо итно па одлучив да чекам но пак цела недела ја чуваат.... тоа е ќе чекам да помине без царина ако може, баш делува како кога ќе им текне царинат, некад дуксер на пример од 200 евра не ми бил царинет воопшто а друг пат саат од 150~ беше, рандом све
1750413725538.png
 
Gaming Pal Ollie

hello world
14 февруари 2024
162
135
Што се сешкнаа со царинење на се и сешто сега пак?
Купувам игри од интернет од 2009, вакво нешто немам видено. Од април навака се по некој пакет ми иде на царина ми зимаат 1000 за безвезе.
Им кажувам дека софтвер не се царини, барем така имам запамтено ништо не им значи.

Се што било над 20 евра се царинело.
Јас имам купувано игри, конзоли, флипери што се не па не ми ги царинеле.
Обично по случаност ако фатат некој поголем пакет ама изминативе неколку пати
буквално пакети од по едно CD за Saturn, Dreamcast, такви глупости и тоа евтини ми ги задрѓуваат.

Правилата беа дека ако купуваш од продавница/фирма не се царини ништо под 90 евра, може само ДДВ да платиш па и тоа не бараат, ако ти испрати индивидуа тогаш беше тие 20 евра.

Каква е оваа царина на 20 евра, па со 20 евра тоалетна хартија неможе да купиш. Таман почавме напред да идеме, сега ми лупаат царини на игри од 60-70 Евра максимум што буквално никогаш не ми се случило сите овие гидни.

EDIT: додуше ми се дешавало некад, еднаш у три години, еднаш arcade stick за 80 евра после поштарина земав па 20 евра царина/ДДВ му платив тука ама се исплатеше пошто беше голем тежок ваљда им привлекол внимание. Ама на обичен диск бе? Од една игра, мали пакети? Ајде срамота /EDIT.

Ајде над 90 евра, да, ама не се над 90 и не се ни големи пакети.

Лишото е што имам уште добри 10 пакети во пошта што ги чекам треба сега на неспособните сељаци и алчници 10к да им дадам ако решат се да царинат? Абе не сакам ни збор да чујам да ги оправдува некој, мене моето хоби ќе ми го упропастуваат сега и царина? Не им беше доста на локалните гнасни необразовани препродавачи што ми го упропастија сега и овие дебилоидиве?

Страшно нешто, тотално немам интерес да покажам разбирање, само сакам на мира да си нарачувам како до сега, заработувам за да може да си нарачувам игри не за да ги плаќам глупаците на царина за пратки кои никад не се царинеле до сега сите овие години.
 
Enquito

poweruser
8 август 2017
2.610
1.768
Мораш ддв да платиш на секој производ што влегува во државата, доколку е над 20евра, посебно ако доаѓа од САД кои немаат ддв вклучено во цената.
 
Gaming Pal Ollie

hello world
14 февруари 2024
162
135
Мораш ддв да платиш на секој производ што влегува во државата, доколку е над 20евра, посебно ако доаѓа од САД кои немаат ддв вклучено во цената.

Многу ретко се дешава да плаќам ДДВ ама да е само ДДВ ок е
овие зимаат и царински трошоци и на 70 евра игра ми наплаќа уште 20, тоа е повеќе од ДДВ.
Плус стотици игри нарачувам годишно ни ДДВ ни ништо обично не плаќам
Пред некој месец ми стигна пакет со VFD конзола и две игри над 100 евра вредност онака си помина.

Ако зимаат ДДВ тогаш на компјутерски работи и софтвер беше 5% не 19%
 
kosmos78

lurker
9 јули 2023
773
859
Тоа што претходно не ти царинеле, не значи дека така треба. Тоа беше само некаков „попуст“ од државата за да видиме нешто надвор од мочуриштево. Е, ама ако сакаме и бараме сè да е како што треба, следствено и тоа ќе е...
 
Gaming Pal Ollie

hello world
14 февруари 2024
162
135
Тоа што претходно не ти царинеле, не значи дека така треба. Тоа беше само некаков „попуст“ од државата за да видиме нешто надвор од мочуриштево. Е, ама ако сакаме и бараме сè да е како што треба, следствено и тоа ќе е...
Глупости нивни, нека си редат поправаат таму каде што е битно, како здравстовото и така, остај ми е ја поштата на мира. Не е државата воопшто мочуриште, тоа само вечно незадоволните и депресивци го викаат. Тие каде и да одат ќе им бидат мочуришта и што све не.
Секоја држава, особено сега има еден куп проблеми ама искрено тотално не се слагам дека ако морало се како што треба да било и ова морало. Не е баш така, особено пошто гледаш не функционира кога ми наплаќа 19% место 5% ДДВ за компјутерска роба.

Ич такви мудри досетки и интелектуални размислувања за државата и све тоа па да се правам душебрижник демек еве по законот е па да веднам глава додека знам како си носат на црно што сакаат и како сакаат баш тие тоа што го прават, нема шанси така јас да размислувам. 41 година, животот ме научил дека се тоа се наивности.

Убаво си беше, не зимаат царина за скоро ништо, онака на тепка и така треба да си остане ако се прашам јас, све друго е лупање во гради демек еве превземаме нешто а врска нема, гнијат битните сектори, овде ќе превземале, глупости. Само штети да прават.
 
А бе дај немој вакви третоодделенски муабети... несериозно е, сепак на форумов има луѓе и со барем 2 гр мозок...
 
колку сакаш одделенски нека ти звучат, стојам зад тоа што го кажав, немам намера за да излезам "возрасен" или "паметен" да глуматам и да се преправам дека размислувам на друг начин или чувстувам на друг начин, а уште помалце па да ги давам оние формални досадни генерични одговири.
Така си размислувам, колку сака одделенско нека е барем сум автентичен и искрен.
 
thexfiles125

hello world
29 април 2013
409
276
Или е 1341 или е 134, 02? Врска немам
мене во пошта ми кажуваат усно колку треба да се плати дека немаме поштар во регионот па таму идам или ќе се јават и така. Иди прочитај го ова
Сабајле бев и викаат дека сеуште не е таму пратката да дојдам задутре дури, сега во следење вака ми покажува
1750763753995.png

мислиш таму е да пробам да ја земам пак да идам? Пробувам да најдам број да се јавам негде но никои од тие на „контакт“ на пошта мк не работат ни еден, ужаси
 
Gaming Pal Ollie

hello world
14 февруари 2024
162
135
Сабајле бев и викаат дека сеуште не е таму пратката да дојдам задутре дури, сега во следење вака ми покажува
Погледнете го атачментот 151615

мислиш таму е да пробам да ја земам пак да идам? Пробувам да најдам број да се јавам негде но никои од тие на „контакт“ на пошта мк не работат ни еден, ужаси

Чим пишува дека си известен немаш повеќе од 5-8 работни денови да ја подигнеш од денот на известувањето, додека во региони без поштар како мојот не ги враќаат пратките во региони со поштар по известување ако не се подигне на време ги враќаат/прават некаков хаос.
Од ова што гледам пратката е во пошта, да, али им треба еден до два дена да ја процесираат и постават на делот за твојот регион. Пратки што почнуваат со R мора да ги процесираат за 24 саати по пристигање од тоа што ми кажаа во пошта, така да утре или задутре ќе мора да биде таму ако не ќе инсистираш да ти ја дадат/најдат.

Ова од моето третоодделенско искуство па сега незнам :) али пошто многу наралувам реално така е
 
Обично ми носат до врата но некад ако има царинење како ова (или зошто е поголема кутија можеби) ја однеле во поштата во близина, ај да не одам ѓабе ќе чекам ден два... сабајле бев мислев рано да земам и ми кажа утре или задутре пројди па
 
Gaming Pal Ollie

hello world
14 февруари 2024
162
135
Обично ми носат до врата но некад ако има царинење како ова (или зошто е поголема кутија можеби) ја однеле во поштата во близина, ај да не одам ѓабе ќе чекам ден два... сабајле бев мислев рано да земам и ми кажа утре или задутре пројди па
да нормално е тоа, некад се дешава да остават во локалната пошта. Мојот поштар се таму ги оставаше пошто му беше мака да се качува од сабајле а и нема секад дома некој кај нас од сабајле да ги превземе па така правеше што ми беше сосема ок мене.
Али искрено преферирам вака без поштар пошто се имаше случувано да остави картонче во погрешно сандуче некад заменик поштар кога беше нашиот на одмор или пак покасно нашиот да го донесе и така некад.
Подобро без поштар, сам си проверувам, сам си одам до пошта него да зависам од поштар, плус ако немаш поштар на регион не враќаат пратки, барем за сега е така.
 
Да беше како запад поштшари би сликале само каде оставиле и на порака, не знам зошто не е практика кај нас кога сите имаат телефони исто, 3 секунди треба од страна на поштар, така една пратка ми исчезна, којзнае каде испорачана месец два ја нема, ретко се случува но секад има ризик...
 
Gaming Pal Ollie

hello world
14 февруари 2024
162
135
Да беше како запад поштшари би сликале само каде оставиле и на порака, не знам зошто не е практика кај нас кога сите имаат телефони исто, 3 секунди треба од страна на поштар, така една пратка ми исчезна, којзнае каде испорачана месец два ја нема, ретко се случува но секад има ризик...
Ако пишува дека си известен онда после 2-3 дена одма барај си ја во двете пошти и во локалната и во таа кај железничка. Дебесја оиске 14 деба ид јига ну стигнаа пратките отидов да си ги земам, затоа што имаше една што поспро се процесира и се ми беше одвоено таму али тоа е САМО поради тоа што немаме поштар и стварно за тоа се ептен фер. Е сега како оваа еднава завршила на царина а не е за царина ни јас незнам. Али пак ќе кажам кога си со поштар ако немаш картонче а пишува дека си или известен или е за достава пратката одма барај си ја после 2-3 дена.
 
Kiro619

hello world
5 август 2015
142
106
Вчера ми стигна картонче за подигање на пратка а немав ништо нарачувано у последно време, одам денес да ја земам пратката гледам датум 18.10.2024 :D UB/HU беше кодот
 
chroot

lurker
12 ноември 2021
768
1.101
Скопје
Само што ми ситгна пратка од АлиЕкспрес на која беше наведена вистинската сума од $60. За некое чудо не ја царинеа, а беше голема пратка.
Инаку гледам дека повеќето од пратките од АлиЕкспрес повторно стигаат преку МК Пошти, наместо ЕЛС.
 
Gaming Pal Ollie

hello world
14 февруари 2024
162
135
Само што ми ситгна пратка од АлиЕкспрес на која беше наведена вистинската сума од $60. За некое чудо не ја царинеа, а беше голема пратка.
Инаку гледам дека повеќето од пратките од АлиЕкспрес повторно стигаат преку МК Пошти, наместо ЕЛС.

Да уште поминува по некоја пратка мене ми поминаа без проблем пратки од
93 евра
80 евра
60 евра

ама за бења таа една што беше 91 евро ја фатија

Е сега што е лошото тука, технички за софтвер/игри/ЦД само треба да се плати ДДВ и ништо друго без разлика на цена имам читано правилник за ова, ама кој знае дали ќе биде така со праткава пошто таму секој си кажува различни правила, и сега ќе видиме дали ќе ја царинат или ќе помине само со ДДВ како другиве пратки до сега што ги фатија.
 
Vlecka

hello world
28 јуни 2013
461
247
Vlecka's setup  
Processor & Cooler
i5-3570k w/ stock
Motherboard
Gigabyte Z77-DS3H
Storage
Western Digital Caviar Blue 1TB EZEX
PSU
Cooler Master B Series 600W
RAM
2x4GB Kingston HyperX Blue 1600 MHz
Video card
Nvidia GT1030
Case
Cooler Master N200
Mouse
A4Tech X-748K
OS
Windows 7 Ultimate
Само што ми ситгна пратка од АлиЕкспрес на која беше наведена вистинската сума од $60. За некое чудо не ја царинеа, а беше голема пратка.
Инаку гледам дека повеќето од пратките од АлиЕкспрес повторно стигаат преку МК Пошти, наместо ЕЛС.
Брзи се по влегување во Македонија?
 
nikolarjk91

hello world
4 март 2018
86
62
Инфо за сите што купуваат од iHerb веќе ја нема опцијата за достава преку Македонска пошта. До пред некоја недела ја имаше и нарачав два пакети, но сега единствена опција што се нуди е DHL, што е неисплатлива.

Им пишав на iHerb да прашам што се случува. Ми одговорија дека:
  • укинувањето на Македонска пошта е трајно;
  • бараат алтернативни решенија, но не можат да гарантираат дали и кога ќе има повторно некоја поевтина испорака.
За сите што редовно нарачуваат суплементи, витамини или козметика преку iHerb, многу влијае кај нас ги нема сите работи или ако ги има се минимум дупло поскапи.

Ако знаете добра алтернатива со пристојна достава до Македонија, споделете.

Инаку и мене до сега ретко ми ги царинеле пратките секогаш сум гледал да бидат под 90евра, но последниве два пакети ми завршија на царина тие од пошта ми кажаа имало нов цариник суплементиве обавезно ги царинел, иако не беше голема сумата. Околу 250 денари царина и ддв и околу 100 денари нешто друго.. две уплатници беа за 5100 денари одприлика.
 
krema

OG
24 јуни 2009
15.717
15.811
youtu.be
iHerb веќе ја нема опцијата за достава преку Македонска пошта
Ова се случува кога ликови бараат рефунд за пратка што ја добиле а пријавуваат дека истата ја нема да стигне или дека е изгубена негде во МП.

Честито нови влечки!
 
Delicon

user
10 јуни 2007
1.267
799
delicon.mk
Ова се случува кога ликови бараат рефунд за пратка што ја добиле а пријавуваат дека истата ја нема да стигне или дека е изгубена негде во МП.

Честито нови влечки!
Македончето го хакна системот.
Затоа се повеќе сајтови не блокираат или пак нудат достава само преку DHL Express, Fedex и сл.
 
supernova

read-only
15 февруари 2017
1
1
Инфо за сите што купуваат од iHerb веќе ја нема опцијата за достава преку Македонска пошта. До пред некоја недела ја имаше и нарачав два пакети, но сега единствена опција што се нуди е DHL, што е неисплатлива.

Им пишав на iHerb да прашам што се случува. Ми одговорија дека:
  • укинувањето на Македонска пошта е трајно;
  • бараат алтернативни решенија, но не можат да гарантираат дали и кога ќе има повторно некоја поевтина испорака.
За сите што редовно нарачуваат суплементи, витамини или козметика преку iHerb, многу влијае кај нас ги нема сите работи или ако ги има се минимум дупло поскапи.

Ако знаете добра алтернатива со пристојна достава до Македонија, споделете.

Инаку и мене до сега ретко ми ги царинеле пратките секогаш сум гледал да бидат под 90евра, но последниве два пакети ми завршија на царина тие од пошта ми кажаа имало нов цариник суплементиве обавезно ги царинел, иако не беше голема сумата. Околу 250 денари царина и ддв и околу 100 денари нешто друго.. две уплатници беа за 5100 денари одприлика.
Им пишав и јас дека е апсолутно неисплатливо вака. Не спомнаа дека укинале со мк пошта трајно, ама пишаа као нивниот тим работи на тоа да најдат алтернативна испорака. Time will tell.
Штета, до сега не знам да има некој друг сајт за суплементи со таква достава до Мк.
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно