1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Компресори за чистење на компјутер

Дискусија во форумот 'Oстанато' започната од The Geek Boy, 2 Декември 2019.

  1. artweb

    artweb
    On your way to fame

    1,184
    521
    5 Март 2012
    Машко
    невработен
    Правосмукалката може да издува ситни влакненца кои предходно биле усисани и да направиш електрицитет, а со компресорот само воздух и понекогаш некоја капка уље и водичка :D
     
  2. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,504
    3,439
    12 Јануари 2016
    Машко
    Со компресор, ама без заземјување... Си реков „ај побрзо“ да завршам работа, и потоа цели денови изгубив (на дијагностика и средување). :)

    Дури и едноставно дување на воздух од контејнер/боца под притисок, триењето на на воздухот врз површината на електрониката - прави статички електрицитет. Кај дување со потекло од електрична турбина тоа е многукратно повеќе... Целата работа е, може од 100 пати никад да не се деси проблем, а може и од прва нешто лошо да се деси.

    Најпаметно е да се игра на сигурно, само не сме секогаш паметни.
     
    На Alucard и Маша им се допаѓа ова.
  3. alkibijad01

    alkibijad01
    Gaining Experience

    147
    125
    8 oктомври 2016
    Пане турбина :)

    Sent from my Redmi
     
    На artweb му/ѝ се допаѓа ова.
  4. zipi123

    zipi123
    Gaining Experience

    439
    400
    14 Јануари 2016
    Машко
    jas cel zivot kompresor koristam,nikogas ne sum imal problemi edino izbegavam vo zimiski period da go duvam, ne znam zoso lupate gluposti vozduh duva ne voda pa da se zaebe neso
     
  5. itstheigyg

    itstheigyg
    Gaining Experience

    294
    243
    21 Мај 2017
    Машко
    Не е негов сајтот, како референца ги кажува
     
  6. masterwu

    masterwu
    Gaining Experience

    493
    377
    11 Февруари 2016
    Машко
    Со компресор, 1.5HP. Претходно чистено најмалку 60-тина пати, различни компјутери, ова беше првпат да имам проблем. Иначе колку за тест приклучив друг хард диск со веќе инсталиран оперативен систем, тој си креваше најномрлано. Па помислив дека рикна ССД-то, но после формат си беше пак се во ред.
     
  7. imortel

    imortel
    Gaining Experience

    98
    125
    18 Февруари 2012
    Машко
    Затоа со најобична долга мека четка го чистам.
     
  8. ARMac

    ARMac
    Орган

    6,023
    6,847
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Ги мрзам тие боцичките од анхоч, ако ги навалиш знаат и вода да направат. Ама немам друг избор.

    Ај кој ќе иде прв до хубо, нека види што имаат нешто до 2000-3000 со мал капацитет би бил добар за домашна употреба. Ако јас одам прв ќе пишам.
     
  9. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,451
    12,628
    2 Август 2012
    Машко
    Најобичен плин користат за притисок. Ако се навали излегува и мрзне
    Мора вертикално да се држи.
     
  10. ARMac

    ARMac
    Орган

    6,023
    6,847
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Ама не е само тоа, ако прскаш подолго време ми губат сила, па ги оставам „да се одморат“.
     
  11. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,451
    12,628
    2 Август 2012
    Машко
    Јас ги попарувам со врела вода :)
    Ама со усул ова

    Living on the edge :D
     
  12. toshex

    toshex
    Unbeatable

    4,144
    4,284
    18 Септември 2013
    Машко
    Ја ќе додадам дека треба и да ги држите перките да не се вртат пошо вртење на вентилатор над rated RPM (пример ако е rated 2000 а ти го вртиш на 6000 со притисоков) може да му наштети на самиот вентилатор (лагери, абење ова она).

    Исто така муабетов за статички електрицитет, имаат веќе повеќето компоненти discharge paths и е многу потешко. Самиот момент со електрицитет е DISCHARGE на BUILT UP статичен електрицитет. Шансите се многу мали да заебеш нешто ако дуваш прав со компресор, ама сепак има некоја шанса пошо самиот прав и воздух во триење со други компоненти во куќиштето може да набилда статичен електрицитет и ако после пипнеш нешто унутра дури е наелектризирано може да се деси discharge.

    Затоа најарно да си седи заземјено куќиштето цело време (у штек, со исклучено копчето на напајање) дури го правите тоа, и цело време самите да си правите discharge со допирање на метални делови од куќиштето.

    П.С - јас користам пумпа за душек.
     
    ТАТА_МАТА, gOJDO и на Lokvan им се допаѓа ова.
  13. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,504
    3,439
    12 Јануари 2016
    Машко
    Штом зборуваме за идеални услови: кабелот за замјување треба да биде „опериран“ - да се прекинат жиците L и N, да остане само жицата за уземјување. Додатно, и самиот човек да биде заземјен со нараквица за заземјување.

    Причината е пошто со вклучен напонски кабел одредени функции на плочата се активни и кога РС-то е исклучен.

    едит: Вака нешто:
    upload_2019-12-3_16-37-9.png
     
    Последна промена: 3 Декември 2019
    На Маша и toshex им се допаѓа ова.
  14. flashgordon007

    flashgordon007
    On your way to fame

    530
    567
    15 Септември 2012
    Машко
    Можеби прават електрицитет, ама незнам како го пренесуваат кога онаа црната конусна цевка на издувот е гумена, куќиштето е пластично и никаде не се допира метален дел. Колку што знам гумата и пластиката се изолатори?
     
  15. marv

    marv
    Practice makes perfect

    2,157
    1,450
    5 oктомври 2007
    Машко
    Не е до допирот колку што се наелекризирани честички во воздухот што го дуваат. На тоа мислат.

    Sent from my TELEFON using Tapatalk
     
    На flashgordon007 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. flashgordon007

    flashgordon007
    On your way to fame

    530
    567
    15 Септември 2012
    Машко
    Во тој случај не треба да се занемарат (колку и да е мал електрицитетот) вентилаторите во куќиштето.
     
  17. Avid

    Avid
    Unbeatable

    3,907
    5,804
    21 Јануари 2009
    Пост на неделата :)

    Компјутер не чистам или чистам еднаш на 3-4 години кај некој со компресор.
    Премногу непотребно замарање е, трошок, време, плус со ризик да сјебеш нешто.
    It's a lovely world we live in, isn't it?
     
  18. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,058
    12,588
    23 Јануари 2008
    Манга
    И јас истово сакав да го пишам. Нубовите ги вртат вентилаторите со дувачки инструменти и ги преебуваат. Па после се шират приказни дека x бренд имале фуш вентилатори. Учен одржувач на опрема/ригови ова треба да го знае ко една од основните лекции.

    Може да страдаат лед сијаличките на вентилатори, особено на оние ефтините кинески.

    Токму така.
     
    На toshex му/ѝ се допаѓа ова.
  19. smole

    smole
    Unstoppable

    3,018
    3,424
    18 Април 2007
    Guide за чистење на коммјутер со компресор или темава у Fight club!
     
  20. The Geek Boy

    The Geek Boy
    Gaining Experience

    576
    228
    9 Август 2018
    Машко
    Значи гасење компјутер од PSU, вадење на конекторите за вентилаторите, и дување на отворено, + заземјување за мали шанси од статички електрицитет?
    Мене претходно ми трепкаа LED сијаличките на предните вентилатори.

    Значи од сите овие нај неопасно е компресор, но мора да се внимава за кондензација, па дувалка, и на крајта усисивач.

    Може заклучок да донесеме за сево ова??
     
    На Lokvan му/ѝ се допаѓа ова.
  21. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,504
    3,439
    12 Јануари 2016
    Машко
    @The Geek Boy
    Пофалби што се обидуваш да направиш некои споредби и размислувања што е подобро.

    А заклучок би бил дека има повеќе начини да се заврши истата работа... „Но мојот начин е најпаметен, другите сите с(т)е глупи“. :)


    edit:
    Го вадиш пиштолот за дување воздух, и наместо него ставаш пиштол за фарбање, и замисли можеш да фарбаш (скоро) профи. Или да пескариш со додаток за пескарење. Ставаш додаток за правење пена, си го переш аутото профи подобро од перална. Ставаш додатоци со пневматски алати, оп ете ти брусилка, сендер, дремел, импакт шрафилица, заковувач на шајки, и многу други намени и функции. Не е компресор само за дување компјутери... Ама што знаеш ти за алат, а нуб?
     
    Последна промена: 4 Декември 2019
    HardCorec, smole и на The Geek Boy им се допаѓа ова.
  22. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,058
    12,588
    23 Јануари 2008
    Манга
    Не! Држење на вентилаторите со рака дур се дува во конкретниот вентилатор, да не врти воопшто.
     
    На TheMarshal и The Geek Boy им се допаѓа ова.
  23. moongose

    moongose
    Unstoppable

    1,952
    2,191
    19 Јули 2013
    Електрицитет ≠ електрична струја. Пластиката е изолатор и не спроведува струја но може да е наелектризирана.
     
    Vlatzki, The Geek Boy и на gOJDO им се допаѓа ова.
  24. The Geek Boy

    The Geek Boy
    Gaining Experience

    576
    228
    9 Август 2018
    Машко
    Значи мали се шансите за статички електрицитет?
     
  25. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,504
    3,439
    12 Јануари 2016
    Машко
    ...мали, ама ако/кога еднаш ќе се деси бед, обично тогаш ти станува јасно колкава грешка е рационализирањето на одуките. :)

    Што и да одбереш, според можностите се разбира, играј на сигурно и практикувај безбедност како заземјување и компјутерот да седи невклучен дома, барем пола час (цел час е уште посигурно). Ниту тоа целосно не гарантира немање проблеми, ама е најблиску до тоа. Многу побезбедно од другите опции што се спомнуваа.
     
    На The Geek Boy му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...