1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Компресори за чистење на компјутер

Дискусија во форумот 'Oстанато' започната од The Geek Boy, 2 Декември 2019.

  1. The Geek Boy

    The Geek Boy
    Gaining Experience

    576
    228
    9 Август 2018
    Машко
    Епаа, можеби има вакви теми веќе али ајде.
    Неодамна компјутерот почна да ми прави чудни звуци при пуштање, а сумљам у предните вентилатори.
    Последна пат кога го носев на сервис од кај што го земав ми рекоа никако со усисивач бидејки тоа создавало статички електрицитет. Така и најверојатно ми се сјебаа LED диодите на предните вентилатори (ми трепкаа).
    Дали знаете овде каде има и каде може да се земе компресор, некој што не е тежок, компактен, да не прави никакви проблеми, за оваква намена?
    Гледав јас ама се ми искачаат над 6 бона, и тоа такви професионални, со нафта и нетизнам што, но мене такви не ми требаат.
    Доволно ми е у штеќер да го брцнам, ќе го отворам куќиштето и ќе го издувам убаво. Така најверојатно ќе се среди проблемот
     
  2. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Practice makes perfect

    1,039
    1,605
    13 Јануари 2014
    Машко
  3. Astro

    Astro
    Guru

    6,160
    8,485
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Прекрасно, фала многу за помошта :eek:
     
    На The Geek Boy му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Borsa

    Borsa
    On your way to fame

    919
    638
    10 oктомври 2011
    Машко
    Машински дизајн
    Поголем дел од усивачите имаат од позади мал отвор каде можеш да го приклучиш цревото каде место да усисава ќе дува!
     
  5. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,494
    3,423
    12 Јануари 2016
    Машко
    Почетна цена на компресори од евтина класа, на струја не на нафта, е толку - окулу 6 илјади денари. Компресор се наоѓа и за куп други работи, не само за дување прашина.

    Друга опција, се оние апаратите за дување лисја по дворови. Ни тие сигурно не се под 4-5 илјади, а ограничени се само за дување лисја (и прашина од компјутери/итн).

    Трето, има мали едни за пумпање гуми ама направени се за приклучување во кола и работат на 12 волти права струја... Не се скапи, ама пред да се израдуваш - влечат накај 30 ампери. Такво напојување не се наоѓа лесно.


    Јас лично си купив компресор, окулу 6К од Електроелемент. Корисна направа, побарај на нет што се можеш да правиш со компресор.

    едит: И пази со статички електрицитет, евентуално и со кондезирани капки вода од компресорот. Се чека барем пола час после внесување РС-то дома, а додека се дува најдобро е напојувањето да биде заземјено.
     
    На Astro му/ѝ се допаѓа ова.
  6. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,132
    12,647
    23 Јануари 2008
    Манга
    Ефектот од правосмукалката е мачкина кашлица во однос на компресор.

    Јас користам мал 20L компресор, не ми текнува што марка, некој германски со сув мотор(без уље) од 1.5HP(1.1kW) што дурка притисок до 10 бари(наместен е на 8 да се гаси). За повремена употреба мислам дека е одличен. За секојдневна експлоатација би препорачал посериозен компресор со поголем резервоар и помоќен мотор.
    На времето го купив од хубо на понижење за околу 10К денари.
     
    gremlin, The Geek Boy, FLEGMA и на уште 1 им се допаѓа ова.
  7. Alucard

    Alucard
    Шериф

    1,811
    1,605
    22 oктомври 2012
    Машко
     
  8. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,444
    12,617
    2 Август 2012
    Машко
    Колку ми притребува компресор тоа чудо едно.
    На пример вчера чистев филтри на климата па да имаше компресор да штрцнам во тоа перката и горе каде што не збира правосмукалка..
    Никад нема да затести.

    А не "мамо што прави тато со пумпата за душеци?"
    "ништо сине, го чисти компјутерот од прашина. Бетер од дете е"

    Тажен е гиковскиот живот.
     
    На Necromancer, omegaRED, SmartGuru и уште 7 други им се допаѓа ова.
  9. The Geek Boy

    The Geek Boy
    Gaining Experience

    576
    228
    9 Август 2018
    Машко
    Вака сега.
    Компресор оној за у кола имам, ама тоа нема да заврши работа. Зимав и адаптер за да го продужам ама тоа за друго беше.
    Е сега, имам јас Samsung правосмукалка, што за среќа има таков отвор но реков дека ми беше кажано дека тоа создавало статички електрицитет.
    Најверојатно ќе земам од тие големите компресори (од 6 бона), пошто ќе ми треба за у дуќан за чистење на печки, а таман и за компјутерот ќе го искористам.
    @fuzzjaw убава работа тоа, ама тие не се трошат брзо??? А и плус ќе ми треба за повеќекратна употреба.
    Евентуално ќе земам таков, од тие големите.
    Значи само во Електроелемент имаат, или има и во бриколаж/меркур??? Имаат сајт?
    @Lokvan последниот дел не ти го сватив. Какви капки од компресорот? Тој нели испушта компресиран воздух?
    Како што знам, се пушта и се чисти прашината. Тоа би можел и дома да го направам.
    Може да ми појасниш како точно, и што мислиш.
    Немам никад работено со компресори, претходно само со усисивач. Ми завршувало тоа работа, ама не сум знаел дека имало ефект врз компонентите.
     
  10. itstheigyg

    itstheigyg
    Gaining Experience

    286
    238
    21 Мај 2017
    Машко
    Има едни малечки како куферчиња се специјални за електроника, не знам колку пари се и кај ги има еден колега зема такво.
    Дома има голем компресор со две глави од оние за фарбање коли и тој го користам не сум имал проблеми со вода или нешто слично.
     
  11. marto

    marto
    Gaining Experience

    168
    174
    25 Јули 2013
    Машко
    јас батиња го отварам пц то од двете страни двата капаци лев и десен го ставам во кола и го носам до најблиска бензинска пумпа кај што има за пумпање гуми, го вадам комјутерот и го дувам 5 минути најмалку и летаат насекаде прашини и од матична и од напојување и од вентилатори и од кулери и го правам речиси како нов, а дали е штетно по мое мислење не затоа што на бензинските компресорот е доста јак и дува воздух, цена за услугата 0 денари, еве ти еден тип како да ја издуваш прашината додека да купиш компресор
     
    На DelphiUser и bxxxn им се допаѓа ова.
  12. itstheigyg

    itstheigyg
    Gaining Experience

    286
    238
    21 Мај 2017
    Машко
    Да не влагаш внатре да се прснеш со парфем
     
  13. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,444
    12,617
    2 Август 2012
    Машко
    Со сток кулер и он борд графилка би го лансирал и на марс.
    Со мрцина кулер и графика од 100 кила не го мрдам ни милиметар камо ли да го молкнам со кола.

    btw
    Компресорите кондензираат вода па не е препирачливо да се користат без филтер за вода илу пак најпаметно е да се испушри водата од шрипна пред да се употребува за електроника. Ако има можност за ова.
     
    На boro1 и CBB_6 им се допаѓа ова.
  14. CBB_6

    CBB_6
    Gaining Experience

    95
    366
    9 Декември 2016
    Машко
    Гику, тоа е вода од кондензатот шо се собира внатре во резервоарот за воздух. Зато сите компресори, односно нивните резервоари долу на дното имаат штопна за повремено испуштање на кондензатот, водата шо со тек на време се создава внатре (од влагата на воздухот, промена на температура и тн.) Најверојатно Локван сакаше да ти кажи дека некогаш е можно во млазот компримиран воздух да џвркни и вода, шо за ПЦ-то би било лошо, нели.
     
    На smole и The Geek Boy им се допаѓа ова.
  15. The Geek Boy

    The Geek Boy
    Gaining Experience

    576
    228
    9 Август 2018
    Машко
    И како да не влегува вода? Ќе треба да ставам некој филтер?

    Иначе, не го носам никаде, компјутерот е со вредност 50 бона, едини ми е, го пазам доста. Само сакам да земам да го издувам убаво, да го очистам да работи како што треба.

    Edit:
    Прочитав убаво.
    Значи ќе мора да го испуштам повремено баш кога ќе го чистам така? Нема да може од еднаш да го исчистам цел?
     
  16. marto

    marto
    Gaining Experience

    168
    174
    25 Јули 2013
    Машко
    haf.jpg
    кога јас можам да го одшлепам хаф 942 тежок со нокшуа нх д 14 и графичка gtx 1070 во лифт и до кола, или јас сум многу јак или многу ве мрзи, а плус и малку физички ке се размрдате, а јас во стан не би го дувал ова со ништо па дури ни на балкон зошто ке видите какви се нешта искачаат, али секој си знае него како му одговара
     
    MadBuldog, krashot, zipi123 и на уште 1 им се допаѓа ова.
  17. CBB_6

    CBB_6
    Gaining Experience

    95
    366
    9 Декември 2016
    Машко
    За филтер не знам, ваљда поголемите имаат вградено такво нешто.
    А најпаметно пред да го вклучиш да компримира, прво одврти ја штопната која е на дното и нека се исцеди добро водата (која ако е компресорот стар е уствари гнасна рѓосана вода) и после пали, компримирај и дувај бркај работа. Така ќе си сигурен дека на старт а и некое време нема да има вода во млазот компримиран воздух.
     
  18. krema

    krema
    Professor

    9,492
    9,195
    24 Јуни 2009
    Машко
    А уље има ли во компресорот?
     
  19. flashgordon007

    flashgordon007
    On your way to fame

    529
    566
    15 Септември 2012
    Машко
    The Geek Boy, CBB_6 и на marto им се допаѓа ова.
  20. Alucard

    Alucard
    Шериф

    1,811
    1,605
    22 oктомври 2012
    Машко
    Јас со таква изрикав две интегрирани графички на два различни компјутери во ист ден...
    Па не баш, од истите причини од погоре...
     
    На Lokvan му/ѝ се допаѓа ова.
  21. Borsa

    Borsa
    On your way to fame

    919
    638
    10 oктомври 2011
    Машко
    Машински дизајн
    Начинот со правосмукалка да дува
     
  22. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,494
    3,423
    12 Јануари 2016
    Машко
    Гик, РС-то или ќе го вадиш надвор, или ќе ти се разлетува прашина по дома. Плус компресорот не баш ни мал ни лесен за да го влечкаш по соби. Јас го вадам во двор, и компјутери дувам максимално еднаш-два пати годишно, освен ако не работам нешто друго со компресорот па веќе сум го извадил надвор.


    Не знам колку е можно да се деси повеќе вода да летне, но не е невозможно да има понекоја капка вода во издувот. Тука опасноста не е толку од корозија колку од краток спој при вклучување. Затоа препорачав пола час до час невклучување на свежо издуван хардвер, да испари некоја капка ако летнала (или зимно време може да кондензира вода кога ладен хардвер се внесува во топла соба). И заземјување е препорачливо, пошто и млазот воздух прави статички електрицитет кога удира во хардверот и тоа може да направи проблем. Верувал или не се дешава и тоа.
     
    На The Geek Boy и gOJDO им се допаѓа ова.
  23. Викса

    Викса
    On your way to fame

    505
    637
    12 Март 2011
    Машко
    Јас цел живот со Кирби наместен на дување ги чистам уредиве и никогаш сум немал проблем со ништо.

    Испратено од SNE-LX1 преку IT.mk форум апликација
     
  24. masterwu

    masterwu
    Gaining Experience

    493
    377
    11 Февруари 2016
    Машко
    Пред две години ми се заеба Windows 10 инсталацијата после годишното чистење. Почна да оди во BSOD и ни систем ристор ни бутур не сакаше да го врати назад (ОС-от беше инсталиран на ССД). За беља немав бекап, па мораше да го приклучам ССД-то на друг пц да тргнам некои фајлови, па го вратив за да го форматирам. После форматот си функционираше како што треба. Сеуште не ми е јасно што всушност се деси, бидејќи ПЦ-то си беше уклучено и си беше во ред истиот ден пред да оди на чистење во дворот...
     
  25. Pane24

    Pane24
    Unstoppable

    4,284
    3,393
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    Duva sve zivo i divo. Duri i valkani misli :D
    Cena na nov e 1500 den.
    15753263563805625063933390238767.jpg
     
    На gremlin, TylerMkD, Vlatzki и уште 3 други им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...