Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

stefan_mkd

lurker
18 март 2015
843
669
Јас бегав во осмо, ти си бегал и во осмо и во средно.
Ти ги мешаш поимите. Струја е струја. Има напон на струја кој се мери во волти и ЈАЧИНА на струја која се мери во ампери.
Значи постои НАПОН НА СТРУЈА и јачина на струја. Се мери напон и јачина, не се мери струја. Терминот НАПОН НА СТРУЈА е исправен. Терминот „струјата се мери во ампери“ е неисправен. Струја НЕ СЕ МЕРИ. Може да се мери напон, јачина, фреквенција, снага... ама не струја.
Мислењето е автоматски споено:

Со ватметар. Следам од вклучување до исклучување.
Не.

Електрична енергија
 
coki

:(){ :|:& };:
26 ноември 2021
429
620
/home/coki
Земав пред недела дена нова клима. Има некоја миризба на пластика или нешто слично кога ќе се влезе во просторијата каде што работи климата. Дали ова поминува со време или треба нешто да се направи?
 
trencevski

hello world
17 ноември 2021
56
127
Мислење за оваа клима, во споредба со Shorai Edge 18ka
 
Атачменти

  • Screenshot_20220810-044518_Chrome.jpg
    Screenshot_20220810-044518_Chrome.jpg
    98,4 KB · Прегледи: 62

crcic

lurker
2 април 2014
621
389
ај препорака ке ве молам за инвертер за мала соба од 20тина квадрата за греење? станот е топол, сите останати соби имаат инвертери и дуваат зимно време така да и таа соба се стоплува после одредено време ама сакам и таму да наместам и да ми се мавне од глава да бидам 100% покриен. а немам поима што да земам. овие 2 што ги имам се големи 5,5 киловати ама и собите кај што греат се големи и се марка cooper&hunter и ок се ама сеа да пукнам пак 1000 и кусур евра за толку мала соба некако ми се не да.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.062
5.995
Земи 2.5KW некоја, ако си задоволен од таа марка - тогаш земи иста, само послаба и готово.
 
Скоти

user
15 октомври 2013
1.273
2.346
ај препорака ке ве молам за инвертер за мала соба од 20тина квадрата за греење? станот е топол, сите останати соби имаат инвертери и дуваат зимно време така да и таа соба се стоплува после одредено време ама сакам и таму да наместам и да ми се мавне од глава да бидам 100% покриен. а немам поима што да земам. овие 2 што ги имам се големи 5,5 киловати ама и собите кај што греат се големи и се марка cooper&hunter и ок се ама сеа да пукнам пак 1000 и кусур евра за толку мала соба некако ми се не да.
Ќе си земеш entry level јапонска клима(2.5 или 3.5), од типот HR25, HR35 кои што можат да спуштат ниско со модулација и ќе ја грееш собата за ич пари, ако е како што велиш затоплена и од другите клими. Сеа летово имаш и попусти, мислам дека некој имаше постирано HR25 за 38 илјади, што по мене е ок цена со оглед на тоа колку се оскапени климите за година дена.
 
crcic

lurker
2 април 2014
621
389
овие gree ги фалат ко што читав а бонус е што продавницата на gree ми е преку пат, па да знам што да побарам кога ке идам. @Скоти ова HR25, HR35 е нешто како стнадард или...? мислам има ли gree клима што е HR25, HR35, или пак HR25, HR35 е марка на јапонска клима? :) а cooper&hunter немам поима дали веке има, тогаш од финска ми ги донесоа 1 месец ги чекав, дури и газадата на фирмата од кај што ги купив дојде на монтажа сакаше да ги види бидејки до тогаш немале такви модели донесено никогаш. за тоа сега прашам, не сакам да ја тупам, сакам да идем преку улица во gree, да им кажама ова и ова ми треба и толку, идат местат.
 
Моја грешка, не сум знаел дека си толкав лаик за клими. Се работи за Mitsubishi Electric HR25(2.5kw) и HR35(3.5kW), Енерго Систем се увозници за Митцубиши во Македонија.
Само не си навел локација, да не се работи за Берово или Крушево со тешки зими.
 
crcic

lurker
2 април 2014
621
389
Моја грешка, не сум знаел дека си толкав лаик за клими. Се работи за Mitsubishi Electric HR25(2.5kw) и HR35(3.5kW), Енерго Систем се увозници за Митцубиши во Македонија.
Само не си навел локација, да не се работи за Берово или Крушево со тешки зими.
ма и повеке лаик сум од што мислиш. :) за скопје е, аеродром. иначе фала, мислам дека ова е тоа што ми треба, 3.5 kW 12000 btu/h Mitsubishi Electric HR – Енерго Систем или сепак да земам 2,5ка? т.е. оваа 2.5 kW 9000 btu/h Mitsubishi Electric HR – Енерго Систем бидејки не измислувам или претерувам за многу малку ми треба ама сакам да биде ко што треба еднаш да ставам и понатаму да не се замарам.
 
Зависи колкава е разликата во цена, ако ти е за замлачување т.е за догревање како што кажуваш тогаш оди на 2.5kW, мада јас во 20 квадрати би ставил 3.5. Кај мене во 13 квадрати е ставена HR35 и супер загрева, плус отворам врати према ходник и купатило, се збираат негде 22 квадрати. Имам постирано видеа низ темава, пребарај, спушта ниско под 250 вати.
 
Riku

lurker
27 ноември 2021
576
253
ок, 3,5ка ке биде. фала на помошта.
Ако отидеш за совет на кајгана за клими ќе добиеш преслог само Грее овде добиваш само Митсу. 2.5 ќе ти заврши работа а имаш доста модели што ќе ти завршат работа како Хисенсе, Вивакс (Аеми/АЕQU), Midea.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.557
19.235
ќе добиеш преслог само Грее овде добиваш само Митсу
Овде се добиваат недвосмислено подобри предлози.

Даикин, Митсубиши, Тошиба, Фуџитсу

Онаму те тераат да земеш Гри за идентична или нешто помала цена од јапонска што е надвор од секаква памет.

Над 500 евра одиш на јапонска клима. Апсолвирано е тоа одамна
 
Riku

lurker
27 ноември 2021
576
253
Овде се добиваат недвосмислено подобри предлози.

Даикин, Митсубиши, Тошиба, Фуџитсу

Онаму те тераат да земеш Гри за идентична или нешто помала цена од јапонска што е надвор од секаква памет.

Над 500 евра одиш на јапонска клима. Апсолвирано е тоа одамна
Грее Амбер најнудената клима на кајгана, за тие пари и ја би идел на Даикин или Митау.
 
crcic

lurker
2 април 2014
621
389
се ве разбирам, ама мене ми требаше информација од типот ете колку да е јака и модел, бидејки на мене дали е даикин или мицубиши или хистар (е тоа ти е тешка кинезарија што ја имам на викедица) се исто ми е, и не сакав да се заебам како на пример со хистар-от, летно време топли зимно време лади :D катастрофа. ја добив таа информација, се одлучив за мицубиши и тоа е тоа. уште еднаш навистина ви благодарам на сите за советите.
 
  • ми се допаѓа
Реакции: Riku

Скоти

user
15 октомври 2013
1.273
2.346
Ако отидеш за совет на кајгана за клими ќе добиеш преслог само Грее овде добиваш само Митсу. 2.5 ќе ти заврши работа а имаш доста модели што ќе ти завршат работа како Хисенсе, Вивакс (Аеми/АЕQU), Midea.
Се добиваат одговори на база на лично искуство кинеско вс јапан. Бар на моја кожа. Иначе секоја јапонска 2.5 ќе му заврши супер работа, ама еве јас и неколку членови што имаме Мицу, сме споделувале видеа и имам искуство со Мицу па затоа си земам право да го препорачам.
 
DelphiUser

user
2 март 2011
1.709
1.637
Drachevo
Овде се добиваат недвосмислено подобри предлози.

Даикин, Митсубиши, Тошиба, Фуџитсу

Онаму те тераат да земеш Гри за идентична или нешто помала цена од јапонска што е надвор од секаква памет.

Над 500 евра одиш на јапонска клима. Апсолвирано е тоа одамна

не ти нудат членовите, тоа е еден и единствен продавач од салонот на грее во скопје со неговите 3 фејк акаунти, кој со спонзорства го држи во живот најлошиот форум во Македонија. Тој колку што има штета направено на брендот Грее, никој во свет нема. Човекот има психички проблеми и е олицетворение на менталното здравје на форумот. Среќа па мнозинството луѓе не одат на форуми, купуваат тоа што има во салон најефтино, инаку ќе затвореа Gree претставништво одамна.

Инаку Грее и Мидеа, се претставниците на економската класа брендови на клими, ако земаш клима од 18-40к, тој ти е изборот. Македонија 95% се купува најефтиното.
 
crcic

lurker
2 април 2014
621
389
па горе доле околу 40-45к планирам да дадам. инаку мое искуство со грее, идам во салон и им викам, дојдете кај мене, собата е со спуштени плафони и малку е терсене да се стави клима т.е. нема баш добар простор за главата да се монтира, ама кога ке дојде мајстор ке види каде може да се стави и каква може да се стави и после тоа заедно со мајсторот доагам во салон, ви плакам и нели кога ке договориме ке ја наместите. и ми вика, ааа не, ние така не правиме, многу луге идат собираат понуди и која највеке им одговара таа ја местат. прво му викам тоа е нормално, цел нормален свет оди, гледа, собира понуди, и која е најдобра таа се одлучува. ама настрана од тоа, јас тоа не правам, јас ви велам, дојди кај мене, кажи ми оваква и оваква клима тука и тука може да се стави и веднаш од кај мене облакам патики, одиме во салон и плакјам. значи не ти викам ни иди ти јас ке дојдам после или утре или за 5 минути, па да не дојдам, туку заедно идеме. еве сега у момент и капар ти оставам колку што кошта монтажа па ако не се нафатам на тоа што ке ми предложиш кој ти дава пари за монтажа а ти само до дома треба да дојдеш и кафе да пиеш. бонус, зградата ми е толку близу до салонт да треба само да премине улица, едно добри 1-2 минути пешки одење.... и не дојде.... епа сеа не грее... епа не грее....
 
Закачи му Вивакс, за инает, нека штрчи пред салон антиреклама.

Иначе Вивакс е Мидеа.
 
Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв