Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

mdeni

senior
24 септември 2012
6.061
5.993
Мене ми требат 3.5 не 5kw
Сакаш да кажиш дека тие од 3.5 не се добри поради тоа што се послаби?
Веќе не се знае што е добро а што не. Таа беше со добра цена/перформанси, ама сега е качена, така да дискутабилно е што е добро а што не.

35 се исти, само помал капацитет. Треба да си видиш што ти треба и колку пари излагаат.
 
stefano

hello world
8 декември 2016
180
260
Ми треба совет од членовите на форумов за квалитетот и докажаноста на следниве марки на инвертер:
  • Haier (поконкретно Tundra за која е доста пишано на форумов но не и споредена со другиве)
  • Inventor
  • Tadiran

Се работи за избор на клима уред од 5,5KW првенствено за греење во ранг на цена од околу 40000-46000 ден.

Sent from my Mi 9T Pro using Tapatalk
 
petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.492
2.941

Haier Tundra наводно одлични биле за парите, знаеле да те стоплат (збораме ако не е поддимензионирана или наддимензионирана за просторо шо ќе го греј).
Не се познати како штедливи (споредено со тошиба, мицубиши и сл.)
Tadiran наводно биле арни, користеле компресори од убајте, значи треба да се ефикасни (добро греат/ладат), и ќе да се донекаде поштедливи од на пример хајеро.
Inventor?
То ќе да е некој од оние измислените брендој шо ги имаш еден куп (не значи дека не можи да се погодат и тие), ама кој да ги знај која серија од која фабрика довлечкале компресори?
Мош се мидеа, а мош грее, кузнај?

Испратено од телефоно.
 
Затоа побарав мислење од некој шо се разбира малку повеќе, за колку шо ми објасни ти, и сам знаев.
Inventor како марка гледам ги нудат низ Грција (не се измислени кај нас) па ме интересираше искуство со нив пошто ваљда имаат некој ЕУ сертификат.
Тадиран знам дека беа одлични, но незнам какви се сега и дали сеуште користат "јапонски" компресори?

Sent from my Mi 9T Pro using Tapatalk
 
Последна промена:

DelphiUser

user
2 март 2011
1.709
1.637
Drachevo

И со преоптимистички пресметки од само 9KW на ден сите ќе бидиме казнети во највисоката тарифа

Ако се вклучи само еден инвертер за греење, приближно ќе троши 9 киловат-часови на ден, односно во просек 230 киловат-часови месечно.

Во трите најладни месеци 9KW се трошат за 5 часа, што правиме останатите? Плус минимум уште една клима имаме во другите соби. Плус грелки кај што немаме клими. Пак пресметките се прават според топлите скопски станови во кои комшиите имаат парно. Никој не ги зема во предвид мраз ладните куќи кои се 75% од домаќинствата.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.061
5.993
Треба да се гледаат годишно трошоците, а не за најладен месец. Ако се мраз ладни тие некои корисници значи не користат ладење 6 месеци, туку 2 месеци.
На пример.

Во станови, поготово на јужна страна обично 24/7 работи климата за ладење или живеат на 31 степен дома. Знам и такви и такви.

Ама па зимно време цел стан им се грее со 3kw се на се.

Треба некој што го занима да земе сметките од една година и да направи математика.
 
moongose

poweruser
19 јули 2013
4.376
5.511
Сите пресметки се џабе дури официјално не ги соопштат новите цени, блоковите и начинот на пресметка.

Истото го вели и текстот во вечер, за потоа да продолжи со пренесување на тотално погрешни изјави и пресметки, барем според она што е досега излезено како предлог.
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.790
5.509

И со преоптимистички пресметки од само 9KW на ден сите ќе бидиме казнети во највисоката тарифа

Во трите најладни месеци 9KW се трошат за 5 часа, што правиме останатите? Плус минимум уште една клима имаме во другите соби. Плус грелки кај што немаме клими. Пак пресметките се прават според топлите скопски станови во кои комшиите имаат парно. Никој не ги зема во предвид мраз ладните куќи кои се 75% од домаќинствата.
А од каде тоа дека се прават тарифите според "топлите скопски станови"? Просеците и бројките кои излегоа досега се просеци на ниво на цела Македонија.

Текстот од ВеЌер нема ни да го коментирам колку е спинерски и неписмен. „Според пресметките, едно домаќинство со нормална опременост со уреди и апарати, при нивна просечна вклученост, ќе потроши околу 525 киловат-часови, а тоа значи дека ќе припаѓа на третиот блок од над 420 киловат-часови“ - ништо не разбрале ама ништо.

Sent from my Telefon using Tapatalk
 
zlatko_ti412

hello world
12 ноември 2018
379
548
Ај уште малку да почекаме па ќе видиме..... веројатно и ова ќе биде како прошлото поскапување што "требаше" да биде 50% а испадна 10%...
Сеа заплашуваат народ со 600 киловат-часови блок до најскапа тарифа.... за после да го пуштат на 1000ка и сите да се среќни и задоволни со поскапувањето.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.061
5.993
Ај уште малку да почекаме па ќе видиме..... веројатно и ова ќе биде како прошлото поскапување што "требаше" да биде 50% а испадна 10%...
Сеа заплашуваат народ со 600 киловат-часови блок до најскапа тарифа.... за после да го пуштат на 1000ка и сите да се среќни и задоволни со поскапувањето.
Искрено и јас истиот муабет го направив и на почеток, дека бркаат 630 за да дадат ете попуштивме на 1000.
 
sokomoko

read-only
29 декември 2021
22
4
Би ми требала помош околу избор за инвертер клима.
Направив цртеж со димензии за дневната каде ке биде климата и ходникот, приоритет е да се грее дневната али ако може да се постигне и ходникот тоа би било супер. Се работи за прв спрат од куќа.
Висина на дневната е 2.6м а на ходникот 2.5м.

Која јачина ми треба или да предложите кој модел. Исто така дали има врска каде би била закачена.
 
Атачменти

  • 9990.jpg
    9990.jpg
    1,3 MB · Прегледи: 47

mdeni

senior
24 септември 2012
6.061
5.993
Немаш пишано буџет. Тоа подразбира неограничен. Така да изборот се сведува на Даикин Уруру Сарара 2.5кв од ИЦС груп.
 
Aowek

user
14 април 2012
1.212
1.169
Да пишам збор два за Mitsu HR35. Позитивно изненаден од тоа како модулира, константно држи температура помеѓу 25.1 - 25.3. Станот е на јужна страна без ладење 29 степени во 13:00 е веќе. Релативно брзо се лади. Просек 200-220 w троши.
 
DelphiUser

user
2 март 2011
1.709
1.637
Drachevo
Да пишам збор два за Mitsu HR35. Позитивно изненаден од тоа како модулира, константно држи температура помеѓу 25.1 - 25.3. Станот е на јужна страна без ладење 29 степени во 13:00 е веќе. Релативно брзо се лади. Просек 200-220 w троши.

За ладење сите се добри и малку трошат. Клима се гледа во греење.
 
Скоти

user
15 октомври 2013
1.273
2.346
За ладење сите се добри и малку трошат. Клима се гледа во греење.
Има за таа клима и за греења видеа, имам постирано. Ја имам истата, и е топ за цената.
Мислењето е автоматски споено:

Mitsubishi LN35
Наместена да дува по должина иначе ништо од ходникот
LN35 се продава по 85к моментално. AP35 за таа цена само.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.557
19.235
LN35 се продава по 85к моментално
Наводно имало некаков лил од Битола кој ги давал околу таа цена но 90% е можно да сум грешка нешто.

Најверојатно ги шверца од Грција но да не шпекулираме сега.

Ништо тогаш. Нешто од AP или HR серија на Mitsubishi.
 
DelphiUser

user
2 март 2011
1.709
1.637
Drachevo
Има за таа клима и за греења видеа, имам постирано. Ја имам истата, и е топ за цената.
Мислењето е автоматски споено:

LN35 се продава по 85к моментално. AP35 за таа цена само.
93 беше последно
 
Скоти

user
15 октомври 2013
1.273
2.346
Mitsubishi MSZ/MUZ-LN35VGK Red – Бител итоа црвениот. Иначе се јавив да прашам кај дилер во Охрид, ме заинтересира, и он ми вика 85к е моментално, али немал на залиха.
Мислењето е автоматски споено:

Дечки, има некој искуство со овие WindFree клими? Вредат нешто за помала соба или само на хартија изгледаат вака возбудливи? :)

Smart Air Conditioners | WindFree™ | Samsung Business UK
За цената од Самсунгов, ќе си ја купиш Mitsubishi MSZ/MUZ-HR25VF – Бител ем претивка на 1 и 2 фан, ем јапонска, ем поефтина веројатно.. Е сеа што значи тоа помала соба..
 
Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв