Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

Скоти

user
15 октомври 2013
1.273
2.346
Моја ти е препорака да не земаш мултисплит освен ако не е јапонски. Лошо искуство мислам дека имаше и уште еден член со кинески мултисплит.. Иначе се сложувам дека конзолна клима би било најдобра за тој простор, мада ако ти е за ладење само, била каква да земеш нема да погрешиш.
 
Dejan92

read-only
4 март 2022
3
1
Појди во Енергосистеми и во најмала рака носи слики од просторот и димензии.

Овде ако се стави обична клима ситуацијата во најмала рака би била комична.
Климата би била на 1,9~1,8m и како и да ја подесите ќе дува во вас. Тука само парапетна единица.

Пак ти велам, појди во Енергосистеми и прашај за мулти сплит.
Еве на пример @Скоти користи таков начин.

Значи, не мора мулти сплит ама две клими секако и тоа во спалната парапетна дефинитивно.
Благодарам. Како и да е ветувам дека ќе споделам искуство на лето за што и да се одлучам... Во врска со брендовите се изначитав на форумот и не ве гњавам. :)
Мислењето е автоматски споено:

Моја ти е препорака да не земаш мултисплит освен ако не е јапонски. Лошо искуство мислам дека имаше и уште еден член со кинески мултисплит.. Иначе се сложувам дека конзолна клима би било најдобра за тој простор, мада ако ти е за ладење само, била каква да земеш нема да погрешиш.
Благодарам! веројатно две 3.5 ќе бидат па ќе споделам искуства...
 
petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.492
2.941
Ke ja demontiram klimata poradi stavanje na izolacija i posle istata pak ke ja montiram edno sto me zanima dali da gi nadavam postoeckite drzaci zosto mi rekoa deka ima drzaci koi se podolgi od normalnite? Dali nekoj e montiral klima na izolacija i koja tehnika se koristi za drzacite?
Да, постоечките држачи ќе ти бидат пократки за околу 10 сантиметри, односно колку шо ќе е дебела изолацијата шо ќе ја клајш.
Најди екстендери (некои L профили) и така продолжи ги постоечките конзолни носачи, кои не мора да ги вадиш, едноставно околу нив ќе се намонтира изолацијата и то...
Се разбира, L профилите ќе ги заштрафиш за конзолните носачи, да се стабилизира и да држат ко да се едно :)
И земи пишвај кирилица, поубоо е за читање.
А башка, така е и по правилата на форумо.

Испратено од телефоно.
 
zlatko_ti412

hello world
12 ноември 2018
379
548
@FLEGMA @mdeni @ ени бади :)

Мислење за Митсу BT25?
Конечно денес сменив дограма во последната соба, све со тројни стакла 4СС+Ф+КА.
На ред е изолацијата, ќе одам со внатрешна 5цм тврдопресуван тервол затворен со кнауф на плафони и надворешни ѕидови.
Ама пред тоа сакам да ја сместам вторава климичка во трпезарија... па гледам нешо побуџетно овој пат оти цениве се отидени у неповрат.

Скоро да сум решен за 2.5кава ама ај реков да пишам да не ме преубедите за 3.5ката. Протокот им е ист на двете, внатрешните и надворешните единици им се комплетно исти само 3.5ката е малку пооптеретена софтверски.
Еве скица од станот, на зелената позиција би ја ставил.... а црвените би значеле отворен простор без врати... а кај што ќе останат вратите би столе отворени 24/7... ил бар 23/7 ;)
Еве 2 години веќе таа пречктаната врата не е затворена скоро никогаш.... така да при реновирање целосно ќе ја отстранам и зад неа ќе отворам влез накај кујна/трпезарија.
Еуровентов малку ме дума, ама имам голема верба во Мицу.... може и малку преголема зашто веќе имам врвна серија LN па сеа ќе одам со ниска серија BT.... ама бар Тајланд-маде е и BT па си вика нема да ме разочара :)

Home+BT25.png

eurovents_BT-25-35.png

MUZ-BT25VG.png MSZ-BT25VGK.png

Погледнете го атачментот 110786

Погледнете го атачментот 110783

Погледнете го атачментот 110784 Погледнете го атачментот 110785

Доста слична е со HR моделот на Митсу. Кога ја гледав јас за мене HR35, има видео истиов русин ги споредува двете HR и BT, и дефинитивно BT изгледа малце подобро. Има подобро далинско, тие филтрите што се плазма(или како и да се викаат), имаат 3д филтри и место каде да се стави Wi-Fi модулот.
Еве изгледај го видеото
Е сеа јас во 20 квадрати дефинитивно би одел на 3.5кв. Прво провери си дали како кај мене на HR35 изменувачот на надворешната единица е поголем( кај HR25 е помал, прав т.е не е закривен, како на сликата)
 
Атачменти

  • hr25.jpg
    hr25.jpg
    91,5 KB · Прегледи: 28

mdeni

senior
24 септември 2012
6.062
5.995
Немам никакво искуство со моделов, а не го ни знам по име. Може да е некој понов.
 
Скоти

user
15 октомври 2013
1.273
2.346
Кај мене HR35 е ставен во спална од 12 квадрати на северна страна со отворени врати према ходник и големо купатило( вкупно 22 квадрати) и работи супер, спушта до 250 вати на 22 степени сетирана температура.
 
zlatko_ti412

hello world
12 ноември 2018
379
548
Доста слична е со HR моделот на Митсу. Кога ја гледав јас за мене HR35, има видео истиов русин ги споредува двете HR и BT, и дефинитивно BT изгледа малце подобро. Има подобро далинско, тие филтрите што се плазма(или како и да се викаат), имаат 3д филтри и место каде да се стави Wi-Fi модулот.
Еве изгледај го видеото
Е сеа јас во 20 квадрати дефинитивно би одел на 3.5кв. Прво провери си дали како кај мене на HR35 изменувачот на надворешната единица е поголем( кај HR25 е помал, прав т.е не е закривен, како на сликата)
Plasma филтер нема.... тоа е во врвниот модел само.... има 3d мрежички и плус од оние антибактериските платненца... драпешки.... али битно има можност за wi-fi.
Не ми се приоритет филтрите во оваа... нити елегантниот дизајн..... пошто ќе стои скриена во трпезарија.
LN-от ќе си остани главното грејно тело.... ама за во поладните месеци (декември и јануари) ми треба уште една за да грее и од таа страна да надополнува топлина.
LN35 + BТ25 добивам 6kw... при нормална работа.... ако ги туражирам на максималн и фанови доста повеќе (барем од LN тоа ми е познато) така да си викам за 50 + 15m2 "океј" изолиран простори си викам би ми биле доволни.

За изменувачот проверено ми е.... кај BТ25-ката е поголем и заоблен... еве на 12та минута се гледа.
Ама тоа нема врска на изглед може да лажи.... затоа се мери зафатнината (должина x висина x ширина) во m3

Изгледано ми е и тоа со споредбата со HR.... ама таму ги споредува BТ20 со HR25... као на слично ниво да се.
 
Скоти

user
15 октомври 2013
1.273
2.346
Ондак иди со 25, мада мислам дека многу мала е разликата во цена со 35. Кај HR моделите исменувачот на надворешната на 35 е поголем него ли на 25.
Мислењето е автоматски споено:

А кој ги носи кај нас BT? Кога гледав по нет и кога се распрашав по Охрид само HR ги носеа од пониската класа модели.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.062
5.995
Незнам како се цените и слично, ама ако е за дополна зошто не Тундра 09-12ка? Јас така размислувам. Кога веќе ЛН/ФХ како хиперинвертер го носи теретот главен, а оваа ќе се пушта чат пат, не гледам зошто треба да се даваат многу пари. Пак ќе кажам не знам кои се цените, само размислувам гласно.
 
zlatko_ti412

hello world
12 ноември 2018
379
548
@mdeni
2020 е моделот.... као заменски за za SF или EF.....
Цената грубо прашав на едно место за 25ката ми рекоја околку 500-550 еур... ќе барам што можам најдобра цена кога ќе пресечам.
Па може и нема да биде баш повремено... ќе видиме што ќе придонеси изолацијата ама не очекува до толку LN35ката да ми грее сама 65m2 :)
А и си сакам да останам во Мицу екосистем.... знаеш MELCloud... тајмери... подесувања.... и доста задоволен сум од квалитетот.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.557
19.235
ќе одам со внатрешна 5цм тврдопресуван тервол затворен со кнауф на плафони и надворешни ѕидови.
Без разлика колку и како ќе те убедуваат дека нема потреба мораш да ставиш паро-пропусна/водо-непропусна фолија во оваа ситуација.
Најверојатно ќе ти „шибнат“ абриб и ако ја немаш не си свесен какви се лоши и грозни работи те чекаат (смрдеа, мувла...)
Со глетовано е малку (ама само малку) полесна ситуацијата пошто тука ќе ти се јавува мувла.

Ова особено на нагли премини како еркер, столбови и сл.

Што се однесува до Мицубишито јас би ставил 2,5-ка на таа дограма и изолација. Вкупните киловати се тие, загубите спрема сегашната ситуација ќе ти бидат занемарливи.

Гласам за Мицубиши 2,5-ка без оглед на се.
Само ме буни позицијата на LN-от. Зошто да не дува по должина? Контра на замислената 2,5-ка?
 
Глетувано е во план.
До сега не сум имал никаде проблем со мувла.... иако влажноста е големка во спална и тоалет.... се движи 60-70% ама до сега не појавило мувла.
Кај се става поточно таа фолијата, залепена прва до ѕидот или пак помеѓу стаклената волна и кнауфот?
Тоа и која страна на кај гледа е битно мислам... ај ќе зборнам со мајсторот и за тоа ама сумњам дека ќе знае... упм...

Веројатно ќе одам со 2.5ката.... да видам наредна недела кај ќе најдам најдобра цена....
 
Riku

lurker
27 ноември 2021
576
253
Да, постоечките држачи ќе ти бидат пократки за околу 10 сантиметри, односно колку шо ќе е дебела изолацијата шо ќе ја клајш.
Најди екстендери (некои L профили) и така продолжи ги постоечките конзолни носачи, кои не мора да ги вадиш, едноставно околу нив ќе се намонтира изолацијата и то...
Се разбира, L профилите ќе ги заштрафиш за конзолните носачи, да се стабилизира и да држат ко да се едно :)
И земи пишвај кирилица, поубоо е за читање.
А башка, така е и по правилата на форумо.

Испратено од телефоно.
Сакаш да кажаш дека на постоечќите L држачи да заштрафам други подолги L држачи? Конзолни држачи мислап на тие на климата?
 
petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.492
2.941
Сакаш да кажаш дека на постоечќите L држачи да заштрафам други подолги L држачи? Конзолни држачи мислап на тие на климата?
На постоечките конзоли кои ја имаат формата на латиничната буква L (со вертикалниот дел се на ѕидот, а хоризонталниот стрчи нанадвор), на хоризонталниот дел на кој се става и штрафи надворешната единица, ќе го продолжиш со некое железо... а бидејќи ќе биди оптоварено со товар по хоризонтала, нека биди железото со L профил (во пресекот, на изглед), за помалце да се свива под тежината од надворешната единица.

Испратено од телефоно.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.557
19.235
До сега не сум имал никаде проблем со мувла.... иако влажноста е големка во спална и тоалет.... се движи 60-70% ама до сега не појавило мувла.
Си немал затоа што имаше дрвена дограма. Сега ќе имаш
Кај се става поточно таа фолијата, залепена прва до ѕидот или пак помеѓу стаклената волна и кнауфот?
Тоа и која страна на кај гледа е битно мислам... ај ќе зборнам со мајсторот
Фолијата има ориентација. Едната е паропропусна а другата не е во зависност од намената. На пример на поткровје се мести паропропусна/водонепропусна

Ситуацијата донекаде се поправа и со циркулацијата од климите. Но дефинитивно да се обрати внимание околу прозорите.
 
Скоти

user
15 октомври 2013
1.273
2.346
И кај мене во спалната влагата се движеше околу 70% и додека имав дрвена дограма немав проблем со влага, ама откако ставив пвц се јави за само неколку дена, прво на душекот на кој спиеме па по ќошиња.. Со ставање на климите влагата во спалната никогаш не надминала 50%.
 
Enquito

poweruser
8 август 2017
2.610
1.768
На постоечките конзоли кои ја имаат формата на латиничната буква L (со вертикалниот дел се на ѕидот, а хоризонталниот стрчи нанадвор), на хоризонталниот дел на кој се става и штрафи надворешната единица, ќе го продолжиш со некое железо... а бидејќи ќе биди оптоварено со товар по хоризонтала, нека биди железото со L профил (во пресекот, на изглед), за помалце да се свива под тежината од надворешната единица.

Испратено од телефоно.
Ова е точно, јас имам подолг хоризонтален дел од L буквата, затоа што оставив место тогаш за изолација да ставам, и им реков на мајсторите поголем носач да стават, и имав големи проблеми со вибрација, која се пренесуваше низ ѕидот до внатрешната единица и многу ме иритираше, така да оди со железо на тој дел да немаш големи вибрации.
 
Igordobro

hello world
14 октомври 2018
76
15
На Vivax_ACP-12ch35aeri12 Silver кога ќе постигне температура се слуша испуштање на компресија, као буквално од сред работа од штеќер да си ја извадил. До што може да е? иначе си работи нормално. иначе ко ќе постигне температура се осеќа ко ладно да дува од надвор. до што може да е работата?
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.062
5.995
На Vivax_ACP-12ch35aeri12 Silver кога ќе постигне температура се слуша испуштање на компресија, као буквално од сред работа од штеќер да си ја извадил. До што може да е? иначе си работи нормално. иначе ко ќе постигне температура се осеќа ко ладно да дува од надвор. до што може да е работата?
Фенот на ауто. Вратичката надоле. Температура 27ц. И остави ја.
 
Riku

lurker
27 ноември 2021
576
253
На постоечките конзоли кои ја имаат формата на латиничната буква L (со вертикалниот дел се на ѕидот, а хоризонталниот стрчи нанадвор), на хоризонталниот дел на кој се става и штрафи надворешната единица, ќе го продолжиш со некое железо... а бидејќи ќе биди оптоварено со товар по хоризонтала, нека биди железото со L профил (во пресекот, на изглед), за помалце да се свива под тежината од надворешната единица.

Испратено од телефоно.
Некако неможам да разберам никако да си направам слика како би требало да изгледа.
nosac-klime-veci-inox.jpg
1.Само да се продолжи на крајот.
657.jpg
2.Само хоризонтално да се додаде железо по цела хоризонтална конструкција плус ѕие додатни 15цм.
657-1.jpg
3. Два L профила еден врз друг само тој одгоре да виде 15цм подолг?
 
petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.492
2.941
Некако неможам да разберам никако да си направам слика како би требало да изгледа.
Погледнете го атачментот 110844
1.Само да се продолжи на крајот.
Погледнете го атачментот 110845
2.Само хоризонтално да се додаде железо по цела хоризонтална конструкција плус ѕие додатни 15цм.
Погледнете го атачментот 110846
3. Два L профила еден врз друг само тој одгоре да виде 15цм подолг?
Под број два.

Испратено од телефоно.
 
zlatko_ti412

hello world
12 ноември 2018
379
548
Мислење за Митсу BT25?
Море проблем, не можам никаде да најдам Митсу BT25....
Некој да знае некаде уште да ја има на залиха?

До кај што прашав... или воопшто не ја носат... или пак ми викаат ја имало до лани... ама повеќе не ја носеле БТ серијата.
 
Скоти

user
15 октомври 2013
1.273
2.346
Море проблем, не можам никаде да најдам Митсу BT25....
Некој да знае некаде уште да ја има на залиха?

До кај што прашав... или воопшто не ја носат... или пак ми викаат ја имало до лани... ама повеќе не ја носеле БТ серијата.
Ти реков.. Види во Охрид алиби доел, барај го Александар, пошто носи роба од Грција па дали може да ти ја донесе.
 
Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно