Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

filipinec

hello world
5 февруари 2018
51
24
Ако не ја предаде нема да бипне
Па да бипне треба,нормално,и да провери да не му е само вентилаторот вклучен.Теба мод на греење,сонце да бара на даљинско.Да не е погрешен мод.Да не го врти истиот воздух со вентилаторот.
 
Aleksandar Arsov

read-only
9 октомври 2017
12
0
Пак провери ги филтрерите,испери ги,со млаз вода треба на 2-3 недели,и провери ги батериите,да не се стари.
Ако е се во ред од горенаведеното,а и понатака не греи, ми оди умот за недостаток на фреон.
druze toplina na vozduh meram i ima od 52 do 56 stepeni dodeka raboti na zadadena 27 stepeni na auto, filtri peram sekoja nedela, no nema protok na vozduh mnogu poslabo na jacina mi duva . Koi baterii da gi proveram
 
krema

OG
24 јуни 2009
15.718
15.813
youtu.be

filipinec

hello world
5 февруари 2018
51
24
druze toplina na vozduh meram i ima od 52 do 56 stepeni dodeka raboti na zadadena 27 stepeni na auto, filtri peram sekoja nedela, no nema protok na vozduh mnogu poslabo na jacina mi duva . Koi baterii da gi proveram
па стави ја на 4 црти,52,56ц,супер е, и терај ја на 27,ладно беше времето,ти 55м2 па супер,си,лептирот насочи го во подот нека дува, во ред ти е климата.Толкав и е капацитетот.
И нон стоп работијја,не ја гасни.
 
Astraion

poweruser
24 ноември 2012
2.165
3.216
Струмица
Правев комбинаторики овие денови со минус температурите и перфектно комбо за мене излезе 25Ц на макс тројка фан, да дува фиксно најдоле. (5.5KW во ходник 15 квадрати, над влезна врата)
Правеше по еден брз дефрост на ден, на -7. Со вакво комбо температурата низ цел спрат беше 23-24.
Порано ја користев на ауто или двојка фан на 25-26, знаеше да направи по 2-3 дефроста на вечер кога паѓаа температурите под нулата, и пак не се затоплуваа 60 квадрати како што треба, особено доле на нозете.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.560
19.241
Гледав погоре кај Флегма Мицито не прави вакви прекини, па дури ни кај Виваксот невидов (тоа мидеи се нали). @FLEGMA
Mitsubishi-то прави прекини кога постигнува температура. Но прашањето е дали тие прекини се фиксни (на пример 5 минуто no matter what) или знае да се прилагоди и брзо да одговори на промените во внатрешната и надвпрешната температура.

На сликата подолу ставив пример за она што според мене е лоша модулација. Примети ја потрошувачката версус надворешната температура версус внатрешната и види какви осцилации на внатрешна температура има.
Едното грее 14~15 квадрати, другото 45 со 2,8m високи плафони.
Едното од зададената температура отстапува степен до + степен и пол а минус половина, другото по 2 и повеќе (на графиконот), а на потопло време по +4.

Е сега да не испадне дека ги млатам кинеските клими преку секоја мера, VIVAX-от се покажа одличен за време на студовите кои не задесија оваа и минатата недела.
Си тераше една фина, константна и непрекината потрошувачка (модулација што би рекле, иако нема врска со модулација) без чести дефрости (заради големината на собата и побарувачката)
Модулација е она што го праби Мицуто на графиконот. Подсеувања по 50/100/150 кои не се чујни до скокови од по 300 кај Виваксот кои се осетно чујни и понекогаш иритираат (овдека зборувам за звукот на надворешните единици)

Од друга страна Мицуто правеше дефрости на секои 40 минути со вкупно траење од 3 минути при што развиваше брутална снага веднаш после дефростот па така ни најмалку не се сеќаваше наплив на ладен или млак воздух. Како ништо да не се десило. Да не знае човек, би си рекол дека прави пауза.
3kW 10-ина секунди. Се слушаше како млазен мотор. Уосталом се гледа на графиконите подолу.

22-01-2021 Grafana - Home Assistant (1).png

Потрошувачка во најладниот ден оваа година (до сега)
-12 19 јануари, 2021. Гисметео пријавуваше -10,5, Vivax-от -8 а мојот надоврешен термометар и страната Ekodata Live -11 до -12 во некои делови од градот.

1300W просек. Наместена на 25, фан 3, перки долу, 3D-iSee сензор уклучен.
25 наместено, 25 постигнато. Убајни!
22-01-2021 Grafana - Home Assistant.png

(да нема забуна, на графиконот пишува average 1,5 kW но тоа е за тој временски период, од некаде 06:10 до 08:30)

@zlatko_ti412
Не знам дали знаеш но графиконот од Графана може да се шерне па да се гледа live на интернет и тоа со делови и период кој ти го одредуваш без да ти снифаат во подесувања и слично.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.560
19.241
@marv
Еве го она за што зборував. Што е реална модулација а што не е. Некои мислат дека постојаното дување на внатрешниот вентилатор е модулација.
Како и да е. Повели види...

Mitsubishi модулација од 650 до 750W, отстапување од зададена температура пола степен. Вивакс од 0 до 1000W (со нагли прекини) и отстапување од 4 степени.
23-01-2021 Grafana - Home Assistant.png

Зошто е ова вака? Од многу причини
Кај јапонските, генерално, во игра имаш корелација помеѓу надворешен вентилатор кој е PWM или со прости зборови, инвертер кој има неограничен опсег на подесувања (исто како кај компјутерските вентилатори), самиот компресор кој има опсег од 5 до 120 а некаде и до 240 Hz, употреба на 4 насочни вентили (4 way valve или LEV), употреба на термистори на надворешна единица за температура на изменувач, амбиентална температура и дефрост термистори.
И за сето ова софтвер кој ќе го услагоди сето ова.

Додека кај кинеските може да го имаш сето она погоре но со лош софтвер па имаме лудории каде што корисниците (овде и „онаму“) пријавуваат потрошувачки од по 4 kW (што е криминал, непочитување на било која директива и безбедносни стандарди затоа што амперажата по фаза може да биде максимум 16A, се над ова треба да биде трофазно)
Или пак надворешни вентилатори со фиксна брзина со минимум и максимум, или во „подобри“ случаи со 3 брзини.

Она што го наброив е само дел од тоа зошто јапонските клими се посапи од кинеските. Барем засега.
Од друга стран, познатите брендови мораат да исполнуваат EU директиви за штедливост а на „браќава“ ич не им чуе за тоа.

Затоа во Западна Европа не можат ни да припарат а ги среќаваме во банана држави на Балканскиот Полуостров каде што е „која мајка изгубила сина“.

Пробував ова да го објаснувам на „жутиот“ форум но таму имаш булумента која се раководи од мотото by more shit or we all f*cked.
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.791
5.511

Погледнете го атачментот 96429

Готово сФатив . Ова што го праи Виваксон ми личи ко радијаториве на струја конвектори како беа. Греј греј, аааа постигнав (ок малце поеќе од шо треби) изгаси се. Нема шо да одржавам на поспоро. Ејјјј падна температурава опааа ај греј од почеток на фул.

Sent from Телефон using Tapatalk
 
dekomote

Скептик
11 ноември 2014
2.846
6.401
Скопје
dekomote's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 9 9950x + Arctic Liquid Freezer ||| 360
Motherboard
X870 Aorus Elite WIFI7
Storage
Samsung NVME 980 Pro, Synology DS 920+
PSU
NZXT C850 ATX3.1
RAM
2x16GB G-Skill 6000 CL32
Video card
EVGA RTX 3080Ti FTW3 Ultra
Case
Fractal Design North XL
Mouse
Razer Basilisk v3 Pro, Logitech Master MX 3
Keyboard
Keychron Q1 Max
Audio
Presonus Eris 3.5, Mackie CR8S
Monitor
Dell S2721DGF 165Hz HDR
OS
Fedora
Ве молам за препорака за клима:

- Климата ќе служи за ладење, станот се грее на парно. Евентуално ако снема некогаш парно (не се случило 3 години) ама за недај Буда, подгревање.
- Спална соба, 13 квадрати, изолација најдобра. Прозорите се со 3 стакла, клима фолии, комора со инертен гас итн.
- Би ладел пола ден, нема да работи по цел ден.
- Да не е скапа - до кај 20к.
- Да не е Гри. 5 клими купив од кај нив, со 2 имав проблеми после месец дена и веќе не земам Гри.
- Опционален плус, салам монтери!

Фала.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.560
19.241
Midea инвертер било која за тие пари. Иако и Вивакс се Мидеа, оди на Мидеа

За салам монтери нека се произнесе некој друг. Само, ти препорачувам пред време да се договориш со монетерите односно да им кажеш дека сакаш вакумирање.
Ако почне да те убедува дека нема потреба, дека „многу читате на интернет“, дека не вакумира тогаш на клоци, надвор.
 
dekomote

Скептик
11 ноември 2014
2.846
6.401
Скопје
dekomote's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 9 9950x + Arctic Liquid Freezer ||| 360
Motherboard
X870 Aorus Elite WIFI7
Storage
Samsung NVME 980 Pro, Synology DS 920+
PSU
NZXT C850 ATX3.1
RAM
2x16GB G-Skill 6000 CL32
Video card
EVGA RTX 3080Ti FTW3 Ultra
Case
Fractal Design North XL
Mouse
Razer Basilisk v3 Pro, Logitech Master MX 3
Keyboard
Keychron Q1 Max
Audio
Presonus Eris 3.5, Mackie CR8S
Monitor
Dell S2721DGF 165Hz HDR
OS
Fedora
Midea инвертер било која за тие пари. Иако и Вивакс се Мидеа, оди на Мидеа

За салам монтери нека се произнесе некој друг. Само, ти препорачувам пред време да се договориш со монетерите односно да им кажеш дека сакаш вакумирање.
Ако почне да те убедува дека нема потреба, дека „многу читате на интернет“, дека не вакумира тогаш на клоци, надвор.

Освен сет, продава некоој друг Мидеа?
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.560
19.241
Освен сет, продава некоој друг Мидеа?
Врска немам право да ти кажам.

Midea пошто неќиш Gree, нема поента да земиш Midea клон како Vivax, Cooper Hunter (или како и да се викаат), Inventor.. сето тоа е клон на Gree. Затоа Midea.

Евентуално Haier или Hisense.

Нека победи најопремената и најличната. Имаш идеална изолација и немаш мука.
 
zlatko_ti412

hello world
12 ноември 2018
379
548
На нозете може ќе држи ладно ако шеташ босоног летно време низ дома.
Кај мене на работа пробаа да ладат летоска со радијаторите од топлинската пумпа - Мицу Зубадан 14ка.
Радијаторите беа ладнички да, на некои 10-12 степени, студени на допир ама во просторијата пак жешко - особено таванските кај што ни се канцелариите.
Се знае за ладење => климиче.
 
moongose

poweruser
19 јули 2013
4.376
5.511
Mitsubishi модулација од 650 до 750W, отстапување од зададена температура пола степен. Вивакс од 0 до 1000W (со нагли прекини) и отстапување од 4 степени.
23-01-2021 Grafana - Home Assistant.png
Разлика од 5 степени за 3-4 минути? Јас овде се сомневам во прецизноста на мерната опрема или во нејзината поставеност.
Поготово што и надворешната температура варира нагоре надолу за неколку минути.

- Спална соба, 13 квадрати, изолација најдобра. Прозорите се со 3 стакла, клима фолии, комора со инертен гас итн.
За овие потреби, барај која е најтивка.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.560
19.241
Јас овде се сомневам во прецизноста на мерната опрема или во нејзината поставеност.
Од мерна опрема страна имам Sonoff Pow R2 и Broadlink SP3S за мерење на потрошувачка. Двата се прецизни ви поглед на моменталната потрошувачка.

Температурите се повлекуваат од самите клими односно од нивните сензори. Кај Вивакс и надворешна.

Паралелно на ова имам термометар кој мери и надворешна со безжичен сензор (на 2,4 MHz) кој е поставен веднаш под Виваксот па те уверувам дека температурата што ја пријавува Виваксот е точна со таа разлика што сензорот од климата почесто праќа информации.

За жал внатрешниот термометар нема можност да се интегрира во HASS (нема мрежни способности)

За ова ми треба некој од Sonoff TH мерачите.

Ваљда оние варијации се должат на надворешниот фан.
Но внатрешните се итекако точни (мерено со Хасап термометар)

Субјективно тие осцилации не се сеќаваат изгледа заради големината.
Треба да се има во предвид и тоа дека висината на плафонот е 2,8.
 
moongose

poweruser
19 јули 2013
4.376
5.511
Ваљда оние варијации се должат на надворешниот фан.
Но внатрешните се итекако точни (мерено со Хасап термометар)

Субјективно тие осцилации не се сеќаваат изгледа заради големината.
Да осцилира температурата за 5 степени во рок од само неколку минути, при 12 степни надворешна температура, едноставно не е можно. Температурни промени не се чувствуваат затоа што ги нема.

Тука некои други фактори влијаат на таква разлика во измерената температура, најмногу личи на лошо поставен сензор. Затоа и климата работи пали-гаси, се води од неточни податоци.
 
Misko6000

user
5 април 2015
1.128
1.003
Да си прашам, летно време на кои температури ги ладите становите кога зимно време со зимски гардероби држите на 26 степени?

Sent from my Mi using Tapatalk
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно