• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

CBB_6

On your way to fame
9 декември 2016
196
616
И осетно не топли. Ниту дефростот има сила да го стопи.
Да намалиш шубе, провери ја на пролет.
За сега на овие првични ниски темератури топли нормално, со вообичаени дифрости.

Фреон дефинитивно фали, затоа шо внатрешната единица беше извадена за сервис летово, поправена и пак вратена, и од кога ја тестиравме и после извршено вакумирање на шупакот не му се чекаше да го собери фреонот во надворешната, да затвори вентилите и да ги откачи цревата со манометри и компресор, па така ги одврти и изваде индијански со големо ШШШШШШШШШ на фреон во атмосферата.

Дефинитивно вакво мрзнење на сакето до сега на вакво мало оптеретување немало, така да ако изгурам вака на пролет мислам дека ќе мора вадење на преостанатиот фреон и наново полнење со потребната пропишана количина.

Фала на одговорот.
 
FLEGMA

Epic
2 август 2012
9,271
14,056
Не ми е јасно што правел. За да го собере фреонот треба да ја пушти на максимум ладење и полека да го затвора вентилот на холендар.
Кога ќе се смени звукот се гасни од струја и се демонтира. (ова го прават по осет)

За монтажа процедурата е како при прво местење. Со вакумирање со се.

Не би да се правам паметен ама многу се ретки тие што навистина си ја змаат работата. Останатото е оператер на хилта.

Барем YouTube да гледаат.
Нит набавуваат вакумерка, нит опрема. Барем DIY да си направат од компресор од фрижидер ако не им се даваат пари.
 
FLEGMA

Epic
2 август 2012
9,271
14,056
Модулација, потрошувачка и дефрости во последните 12 часа.
14-01-2021 Grafana - Home Assistant.png
Оние пикови се дефрости од 3 минути. Падовите се паузи од 2 минути (постигнува температура)
Наместена на 25 степени. 24/7 без престан
Просек 1200W.

Споредба на модулација помеѓу Mitsubishi FH50 и VIVAX AERI 3,5-ka
14-01-2021 Grafana - Home Assistant (1).png
Резолуција од 1 час.

Стабилност на температура во корелација со фамозната модулација
14-01-2021 Grafana - Home Assistant (2).png
Не е лошо и кај двете. Отстапувањата се пола до еден степен од подесеното. Треба д се земе во обзир и вградената компензација од 1,5 степен кај Mitsubishi до (најверојатно 2 степени) кај VIVAX.
На потопло време VIVAX се губи во просторот па од зададената отстапува по 5 и повеќе степени додека Mitsubishi отстапува за 0,5 степен. Овдека на дело се гледа модулацијата. Ако ја има.
Џабе тупање во гради со ниска модулација ако ти е ладно. As simple as that. На ладно неќам да ми модулира, неќам да ми штеди. Сакам да бидам загреан.
Со еден збор „ко о чему, кинез о поштењу модулацији“

Е сега, некој ќе рече „Да ама едната е 1500 евра а другата 400“
Точно! Така е. Ама оние ликови кои ги пропагираат кинеските клими (особено Gree) ги претставуваат како едиснствен логичен избор и дека сите оние кои купуваат јапонска клима плаќаат бренд и во суштина се глупи снобови.

И ги гледам, жестоко се прават мутави и никако со „2-3 клика“ да инсталираат Home Assistant па да видиме како тоа (не)модулираат нивните ценети клими. Не треба снимање со мобилни од 12 саати.
Графиконите на сонце дечки!
 
Robert23

Intern
18 декември 2020
14
12
Па овие од Грее ботовите се на сите форуми и само спинови прават инаку тоа се вработените во грее и нивните дилери и останатива сателити инаку на грее климите т.параметри се невистинити и лажат за се
 
FLEGMA

Epic
2 август 2012
9,271
14,056
Па овие од Грее ботовите се на сите форуми и само спинови прават инаку тоа се вработените во грее и нивните дилери и останатива сателити инаку на грее климите т.параметри се невистинити и лажат за се
На што конкретно мислиш? Уназад неколку страници се нема дискутирано за Gree
Освен во мојот пост.

Дека Gree лажат одамна е апсолвирано. Уосталом секоја клима која нема Eurovent е под знак прашање.
 
zlatko_ti412

Gaining Experience
12 ноември 2018
111
155
Ја сум изненаџен од пикот од 1860w кај Мицу LN35 утрово во 5ипол кога кревам плус степен со тајмер да доискористам ефтина тарифа ;)
До кај 2 саатот кога легнував си држеше темпо 800w, ама кога и отворив врата кон изладента спална почна да јавува хухух...
Снимив па нешо ноќеска по студојте неспан останав... ќе споделам покасно...

За дефростчиња гледам и Мицуто и Хансолот си направиле по 3-4 ноќеска....
Screenshot 2021-01-15 at 12.19.45.png
 
FLEGMA

Epic
2 август 2012
9,271
14,056
почна да јавува хухух...
Се адаптираат EEV вентилите за поголема снага. Постепено го зголемува протокот на фреон (ова едноставно кажано)
си држеше темпо 800w, ама кога и отворив врата кон изладента спална
Ќе дојдат јапонците и ќе те натепаат :) Ептен ја форсираш

@CobeT
Нешто не ми делува исправно во врска со графиконот за амбиентална и подесена температура. Како ти е наместена Grafana? На колку време отчитува?

Ова е Amber 3,5-ка?
 
CobeT

Intern
16 октомври 2017
19
18
Се адаптираат EEV вентилите за поголема снага. Постепено го зголемува протокот на фреон (ова едноставно кажано)

Ќе дојдат јапонците и ќе те натепаат :) Ептен ја форсираш

@CobeT
Нешто не ми делува исправно во врска со графиконот за амбиентална и подесена температура. Како ти е наместена Grafana? На колку време отчитува?

Ова е Amber 3,5-ка?
Да Амбер 3.5, температурите од климата се читат само на промена може да се виде кога има паднато на 22 се има уклучено климата да работи, еве слика како е во Графана
1610724234382.png
 
GGTT1

Gaining Experience
1 февруари 2017
538
425
Битола
Не е. Дебел слој на мраз се прави. Еден прст дебел. И тоа од дното до средина.

И осетно не топли. Ниту дефростот има сила да го стопи.
Да намалиш шубе, провери ја на пролет. Нека измерат притисок и така тоа.

Надополнување по осет никако. Евакуирање, мерење на изваденото па потоа ставање точно до грам (плус 2 грама макс.)
Тоа е ако ептен му фали фреон.
На оваа погоре му фали ама не многу.
 
dextermkd

Intern
30 март 2019
24
9
За поискусните корисници на тошиба клими,
Дали првиот модел на shorai edge користи внатрешна единица од suzumi plus или тоа не е можно?
 
FLEGMA

Epic
2 август 2012
9,271
14,056
За поискусните корисници на тошиба клими,
Дали првиот модел на shorai edge користи внатрешна единица од suzumi plus или тоа не е можно?
Производителите обично наведуваат cross compatibility на надворешните единици со внатрешните. Провери на страната од Тошиба.
 
CobeT

Intern
16 октомври 2017
19
18
Еве доколку некој го интересира инфо за Грее Амбер 3.5 (т.н. Нордик :) ) како се однесува во последните 2 дена. Како што може да се види потрошувачката е зголемена но исто така ми е интересно што во послдните 2 дена нема дефрост
Amber_2021_01_15_16_52.png
Исто така може да се забележи и мојот најголем проблем со оваа клима. Кога ке достигне 2 степени над зададената температура во истиот момент се исклучува, за потоа и треба да детектира 1 степен под зададениот за самата да се вклучи или пак самиот да ја исфорсираш да се вклучи самата.
 
Nethervor

Gaining Experience
19 јули 2013
133
186

Потполно исто срање имам јас со моите грчки инвертор лајф про клими. Глупост.
 
marv

Unstoppable
5 октомври 2007
3,156
2,557
Еве доколку некој го интересира инфо за Грее Амбер 3.5 (т.н. Нордик :) ) како се однесува во последните 2 дена. Како што може да се види потрошувачката е зголемена но исто така ми е интересно што во послдните 2 дена нема дефрост
Погледнете го атачментот 96228
Исто така може да се забележи и мојот најголем проблем со оваа клима. Кога ке достигне 2 степени над зададената температура во истиот момент се исклучува, за потоа и треба да детектира 1 степен под зададениот за самата да се вклучи или пак самиот да ја исфорсираш да се вклучи самата.
Ова ли е тоа фамозно заебано (не)модулирање, кога уствари се понаша како он/офф клима? Појма немам од овие работи , дај да научам тррминологија. Гледав погоре кај Флегма Мицито не прави вакви прекини, па дури ни кај Виваксот невидов (тоа мидеи се нали). @FLEGMA @mdeni

Sent from Телефон using Tapatalk
 
Misko6000

On your way to fame
5 април 2015
907
830
Мене па не ми е јасно од каде ги црпат(уредиве) податоците за внатрешна температура?

Sent from my Mi using Tapatalk
 
marv

Unstoppable
5 октомври 2007
3,156
2,557
Мене па не ми е јасно од каде ги црпат(уредиве) податоците за внатрешна температура?

Sent from my Mi using Tapatalk
Од самата клима, од додатни сонди, ... Кој како го решил мерењето и/или автоматизацијата.

Sent from Телефон using Tapatalk
 
Misko6000

On your way to fame
5 април 2015
907
830
Сензор имаш, исто како од надвор што црпат.
Сте пробале некогаш да споредите со регуларен термометар поставен подалеку од единицата во собата/просторот кој се загрева? И ако да , ,има ли разлика?

Sent from my Mi using Tapatalk
 
mdeni

Unstoppable
24 септември 2012
3,900
3,610
Сте пробале некогаш да споредите со регуларен термометар поставен подалеку од единицата во собата/просторот кој се загрева? И ако да , ,има ли разлика?

Sent from my Mi using Tapatalk
Да, зависи каде е ставен термометарот. Има разлика.
 
CobeT

Intern
16 октомври 2017
19
18
Мене па не ми е јасно од каде ги црпат(уредиве) податоците за внатрешна температура?

Sent from my Mi using Tapatalk
Јас имам контролер за климата што е поставен на 1.3м од подот и внатрешнтата температура ја зема од таму.
IMG_20210117_183425.jpg IMG_20210117_183436.jpg
 
zlatko_ti412

Gaining Experience
12 ноември 2018
111
155
Ај и тука да споделам.....

Викендов не бев дома, спалната се подизладила поприлично (+7С) дека една вечер не спиев дома, па кога отворив врата да се подстопли се створи прилика да ги тестирам максималните способности на Мицубиши LN35 на надворешна -7 вечерва во Прилеп.
Еве кратко 10 минутно, тизер видевце... снимив и подогло од 1ч+ ама тоа му треба повеќе време да се прикачи на youtube а и мене да му спремам една поубава табелка.

Еве и графана чарт... од кај 12 часот отворив врата кон изладената спална и ја изјачив климата на 31 степен и мак фан.
MitsuLN35onMAX-4hrs.png
 
Скоти

On your way to fame
15 октомври 2013
378
851
20210118_195844.jpg
20210118_195900.jpg
20210118_195910.jpg
Дечки, татко ми ја земал климава, пошто ќе се селат во нов стан, им требеше клима за затоплување на 1 соба и се одлучил за оваа. Бидејќи сум тотален лаик а читам има дечки шо разбираат, ја бива ли климава?
Се работи за нов стан( новоизградена зграда во Охрид) со термоизолациона фасада и добра дограма.
Татко ми вика грее одлично и топло му било овие 2 недели откако ја наместиле, влегов вчера во станот и стварно дневната соба беше топла. Загрева не повеќе од 23 квадрати.
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,142
Мислења
839,331
Членови
29,054
Најнов член
Bojanco123
На врв Дно