Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

Rukfash

Баниран/a
24 јануари 2019
1.496
1.101
Неврленд
Тоа е знак дека околниот воздух има влага, и пошто на греење надвор испарителот е ладен и фино лепо се кондензира вода која истекува. Во зима на минус таа иста вода наместо да истекува инстантно мрзне (влагата се трупа) и од време на време климата влегува во дефрост да го истопи насобраниот мраз за да има правилна размена затоа што мразот е изолатор.
Ти во текот на зимава не треба да видиш две работи:
- Натрупан мраз во многу дебел слој (еден прст да речеме) по цела површина и покрај тоа што се случувале дефрости.
- Не смееш да видиш испарител кој е до половина замрзнат (горната половина) што индицира дека нема доволно фреон.
Во првиот случај најчесто се работи за неисправна работа на вентил или капилара.

И ова нема врска со врската. Брзината и комфорот ќе си ги одредиш сам врз основ на тоа како и колку загрева.

Quiet mode обично значи намалена снага и на надворешниот компресор и со тоа намалено топлење/ладење.


Друго што да ти се каже. Со здравје да се служиш. Играј, чепкај, подесувај. Нема да се расипе.
Не прави глупи работи како што се употреба при надворешна температура од 22~24 степени, не шалтај низ режимите премногу брзо на пример во две-три секунди од топлење на ладење па сушење па повторно топлење.
Иако за ова климата има заштита и компресорот не почнува со работа мин. 3 минути после промена на режим.

Редовно чисти филтри и тоа е тоа.
Подоцна ќе кажеш впечатоци.

Кога ќе стегне извади ја цуцлата за да не се собира мраз внатре, стави нешто под неа и тоа е тоа. Малку ќе шлака но во зима ионака не се врзмаме по тераси.
Па пошто ми е на терата , а 2-30 цм изнад надворешната единица е другата тераса, така заштитена е колку толку од врење и збирање на снег.
Ем ми рекоа дека овај модел не мрзнел демек :)
Иначе да, баш преска пребрзо шалтав по менито коа приметувам дека дува млако, Па ја исклучив малце и акнав на 30 степена на 3ка и пошо сам испод туш. Сречом након туша јоувјек духа топло:D.
А у вези листење филтри, шо , сам треба да правам тоа? На колку време?
....Туку сега сега е добра. Мене ме занима на -10 како ке се понаша, пошо е декларирана да грее и до -22.
Кај и да е за 3-40 ден ќе почнат ладните денови, па ке пишеме импресии.
До тад Уз здрављот!
 

DijanaElVi

read-only
27 февруари 2019
11
0
Зависи што сакаш да грееш ?

Испратено од SM-G960F преку IT.mk форум апликација
Планирам да греам соба 25 квадрати изолирана со камена волна и гипс картон,PVC прозори и балкон со PVC прозори.
Ме интересира кога греат воздухот да биде доволно топол, за да ја загрее собата, а не млак и да не се осеќа дека грее.
 

DelphiUser

user
2 март 2011
1.709
1.637
Drachevo
Буразери, вчера конечно набавив и ми монтираа инвертер. Према ваште попрепораки за големината на мојата соба без изолацација и обични прозори ја земав Gree Fairy. Монтирана ми е на зид на тараса и тоа беше добра одлука затоа шо од другата страна на зидот кој е на друга соба надворешната единица кога работи пренесува зуење преку зидот кое не е пријатно.
Другим речима гадно бих се зајебао ако се монтираше до прозорот на мојата соба. Али сречом кај другар слушнав како неговата Hayer пренесува звук фино лепо си се одлучив на тараса. Затоа монтерите ми кажаа да си ставам едно туба за цревото од кое ќе истекува водата која се ствара од кондензација и баш сам се изненадио кога монтерот ми рече дека 5 литра дневно ке се пуни. Јас ставив 11 литра туба и будучи дека синоќа заспав со климата која работеше цела ноќ коа станав проверувам да видам дали и колку ќе има вода и коа гледам беше до пола пуна. o_O Ми рекоа дека колку повеќе кондензира тоа е знак дека добро работи климата.
Пошто сега е сеуште топло времето ќе ја уклучувам само по потреба.
Ми рекоа дека овај модел е еден од потивките и го забележав тоа кога ке стиснам на quite mode. Прв пат имам клима, па сега за сега не ми се јасни модовите , подесувањата, па би ве замолил за некој совет што и како да подесувам додека сум дома. Монтерите ми рекоа само дека на тројка ( на модело има од 1-5 прикажано како цртички на батерија, климата е најекономична, ама вероватно не и најтивка нарочито при спиење.
Танкју вер мач. Најстручен и најбрз савет очекувам од @FLEGMA :)
Има ногу стручњаци, знам, ама Флегма е име кое е прилично highlight
па зато и сам га поменуо :)

Во ова време не смее да има никаква вода. Ни од надворешна ни од внатрешна. Внатрешната кондензира вода во лето при ладење, надворешната во зима, но тогаш прави дефрост. На овие високи температури не смее да стане збор за дефрост, тоа таму во декември или јануар.
 

Rukfash

Баниран/a
24 јануари 2019
1.496
1.101
Неврленд
Во ова време не смее да има никаква вода. Ни од надворешна ни од внатрешна. Внатрешната кондензира вода во лето при ладење, надворешната во зима, но тогаш прави дефрост. На овие високи температури не смее да стане збор за дефрост, тоа таму во декември или јануар.
Кај мене вечерно време температурата е малце поладна, па вероватно затоа толку се ствара кондензација.
 

jovce.

hello world
29 јули 2010
498
248
Здраво дечки, имам едно прашање па ми треба ваша помош.

Сакам да ставам инвертер клима, собата што сакам да ја греам е 38м2(Г-дневна,трпезарија и кујна) и не знам колкава јачина би ми била доволна, дали 3.5kw или 5kw. Од тоа што се распрашував некои викаат 3.5ка некои 5ка. Ме интересира ваш предлог и дали со буџет од 25/30Кден (+-2/3К) би можел да најдам соодветна клима. Планирам да ја купувам на крај од месецот, можеби и ќе има некој попуст за Black Friday. Патем и која клима би ми ја препорачале.
Благодарам


Sent from my iPhone using Tapatalk
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.560
19.241
Здраво дечки, имам едно прашање па ми треба ваша помош.

Сакам да ставам инвертер клима, собата што сакам да ја греам е 38м2(Г-дневна,трпезарија и кујна) и не знам колкава јачина би ми била доволна, дали 3.5kw или 5kw. Од тоа што се распрашував некои викаат 3.5ка некои 5ка. Ме интересира ваш предлог и дали со буџет од 25/30Кден (+-2/3К) би можел да најдам соодветна клима. Планирам да ја купувам на крај од месецот, можеби и ќе има некој попуст за Black Friday. Патем и која клима би ми ја препорачале.
Благодарам


Sent from my iPhone using Tapatalk
Колку се високи плафоните, дали имаш изолација/пвц, во која насока ќе дува и така.
Нацртај грубо како изгледа собата (во paint) каде би стоела и на каде би дувала.
 

jovce.

hello world
29 јули 2010
498
248
Колку се високи плафоните, дали имаш изолација/пвц, во која насока ќе дува и така.
Нацртај грубо како изгледа собата (во paint) каде би стоела и на каде би дувала.

Со мало задоцнување, цртав за да ја доловам собата попрецизно.

Слики:
IMG_0538.png
IMG_0539.png
Adjustments.jpg

Висината е 2.5 метри до таван. ПВЦ ми е само кујнскиот прозор, додека трпезарискиот и големиот прозор во дневната се дрвени со дупли прозори( до лето во план имам да ги заменам и тие со ПВЦ). Со години се грееме со камин мада сакам малку промена, каминот ќе се користи ретко.

Се мислам климата да се постави каде што имам обележано со црвено.


Sent from my iPhone using Tapatalk
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.560
19.241
ПВЦ ми е само кујнскиот прозор, додека трпезарискиот и големиот прозор во дневната се дрвени со дупли прозори( до лето во план имам да ги заменам и тие со ПВЦ). Со години се грееме со камин мада сакам малку промена, каминот ќе се користи ретко.
5,5-ка
30.000~33.000 ќесе најде нешто
Haier, Gree

Ако ништо друго ќе го одложиш греењето со дрва барем до средината на Декември и макс. до средината на Март.
 

jovce.

hello world
29 јули 2010
498
248
5,5-ка
30.000~33.000 ќесе најде нешто
Haier, Gree

Ако ништо друго ќе го одложиш греењето со дрва барем до средината на Декември и макс. до средината на Март.

После тоа нема да биди ефективна или треба поскапа клима за кога ќе биди поладно?


Sent from my iPhone using Tapatalk
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.560
19.241
После тоа нема да биди ефективна или треба поскапа клима за кога ќе биди поладно?


Sent from my iPhone using Tapatalk
Со оглед на тоа што немаш добра дограма и најверојатно немаш добра изолација имаш големи топлотни загуби па не очекувај чуда под - 5.
Задихтувај ја дограмата добро за почеток па понатаму ќе видиме.

Поскапа клима можеби ќе помогне ама ќе ти треба клима од рангот на Mitsubishi FH50,SF50, LN50 што во превод значи дека треба да дадеш 1500+ евра.
Ова е погрешно лекување.

Како и да е со клима ќе заштедуваш сериозна количина на дрва.
 
10 јули 2020
41
29
Со мало задоцнување, цртав за да ја доловам собата попрецизно.

Слики:
Погледнете го атачментот 93059
Погледнете го атачментот 93060
Погледнете го атачментот 93061

Висината е 2.5 метри до таван. ПВЦ ми е само кујнскиот прозор, додека трпезарискиот и големиот прозор во дневната се дрвени со дупли прозори( до лето во план имам да ги заменам и тие со ПВЦ). Со години се грееме со камин мада сакам малку промена, каминот ќе се користи ретко.

Се мислам климата да се постави каде што имам обележано со црвено.


Sent from my iPhone using Tapatalk


Греењето со клима се разликува од греење со дрва. Тоа си го проверил тоа кај некој твој близок, кој се грее на клима.
При монтирање на внатрешната, ако не ја ставиш на некој внатрешен ѕид, кај тебе ми изгледа си одбележал на надворешен, мајсторот мора убаво да ја затвори дупката. Ако влегува ладен воздух ќе ја буни. Гледај да не ја ставаш високо до плафон. За греење е поубаво пониско, за ладење , може повисоко.
ПОДНО ПАРАПЕТНИ се подобри за греење. Погледај од нив. За до 55 000 има кинески добри на греење и парапетни и горни. Би требало до -10 да можат да те грејат, има и 3,5 кв 2-3 модела а 5,5 те кв ти се посигурни. Обично предвидено е на 20-22 степени да затоплуваш на најаките минуси.
Дувањето на топлиот виздух и јачината земи ја во обзир, и тоа што кинеските најчесто ќе работат пали- гаси, иако во дневен престој, ретко некому му смета.
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.560
19.241
@zlatko_ti412
Де те молам ако имаш време крени една виртуелка да видиме ова гомцево зошто не може да прикаже граф од потрошувачката?

Ги излистав сите топици по нивните форуми, запишував команди, конфигурации..све и не ми оди никако. Потрошувачката во реално време си работи супер но не сака да логира. Барем да логира на еден час ако ништо друго.

Други уреди кои имаат сензори супер ги следи. MELCloud историја на температура=да, мобилен се и сешто и секаков сензор плус историја=да, дури и рутерот (Asus) успешно се појавува па знае да отчита сешто но ова што ми треба/нам ни треба не ми оди никако.

Дојдов до Питон скрипти што за мене се Оркански Висови па не знам како понатаму :)


Примери
(ова е од виртуелка)
06-11-2020 Overview - Home Assistant.png
 

stefan_v

user
3 мај 2010
1.426
604
macedonius.com
Обид за измама?

Другар плати клима(5,5kw) од една компанија кај Сити Мол пред повеќе од две недели.
Му рекле дека ќе се намести за неколку дена ама ги немаше долго време и вчера ја наместиле. И јас имам 2 клими па за највеќе неколку дена знам дека биле наместени обично, па ми падна многу чудно. Изговор - многу работа.
Вчера околу 2 дошле, ја наместиле.
Му паднало малце чудно од кога ја наместиле дека внатрешната единица е полесна од што треба од кога си заминале монтажериве. Препроверил со бројките на моделот и различни биле. Проверил на сајтот и моделот кој бил ставен кај него е 3,5kw наместо 5,5kw за што платил.
Се јавил кај монтажерот и потврдил дека е инсталирана 3,5kw, дека таква била од испратница, кој пак рекол дека ќе им се јави на овие кој ја продале кој не се јавувале, веќе биле затворени.
Сабајле се јавиле од продавницата и рекле дека "не може да се смени, веќе била инсталирана", "ако сака да си доплати за уште една 3,5kw - ќе му дале 5% попуст"?
Незнам каде е пропустот ама му реков дека проблемот не е кај него. Доведен е во заблуда и направена е измама(платил 39 000, наместена е клима од 25 000). Секако дека ги има сите документи, планира да оди до после кај нив.
Ако не заврши работа со нив да оди до Здружение за Заштита на Потрошувачи? Да пријави во Полиција? Кој е законскиот рок да се среди работава?
 
10 јули 2020
41
29
Страшно, ова е и за со адвокат и на суд. Па испратницата му е доказ, ваљда има фискална што платил. Треба да е доволно. И во ДПИ државен пазарен инспекторат да се пријави, обавезно и здружението за заштита на потрошувачи.
Која безобразност од фирмата.
Штета ако и тие што продаваа јапонец, " американец ", кинез - хајер, го направиле ова. Се фалеа од нив до сега !!
 

Gorjan15

read-only
9 октомври 2017
19
5
Barem kazete za koja firma se raboti,a konkretno za ovoj slucaj posto sigurno ce go maftaat sega,da si najde nekoj advokat i obavezno edna opomena pred tuzba pa neka se mislat oni a zakonski ili treba ured da se dostavi kakov sto e plateno ili ako nemaat takov model povrat na pari.
 

stefan_v

user
3 мај 2010
1.426
604
macedonius.com
Страшно, ова е и за со адвокат и на суд. Па испратницата му е доказ, ваљда има фискална што платил. Треба да е доволно. И во ДПИ државен пазарен инспекторат да се пријави, обавезно и здружението за заштита на потрошувачи.
Која безобразност од фирмата.
Штета ако и тие што продаваа јапонец, " американец ", кинез - хајер, го направиле ова. Се фалеа од нив до сега !!
Barem kazete za koja firma se raboti,a konkretno za ovoj slucaj posto sigurno ce go maftaat sega,da si najde nekoj advokat i obavezno edna opomena pred tuzba pa neka se mislat oni a zakonski ili treba ured da se dostavi kakov sto e plateno ili ako nemaat takov model povrat na pari.

Бил кај нив. Фирмата е Енергија, во близина на Сити Мол, а моделот Haier Tundra. Се договориле да ја сменат иако негодувале па ќе видиме дали ќе биде така, ќе известам.
Понудена му била 2.5 kw ама па да си доплати 7000 само од климата, ми се јави и му кажав дека секако дека не(уште сакаат да заработат на ова). Што значи дека за околу 6kw ќе плати 750 евра. Секако дека за овие што продале, демонтажата и монтажа на соодветна ќе им биде најнеповолна опција.
 

moongose

poweruser
19 јули 2013
4.376
5.511
Пред неколку години направив анализа за тоа колку часови греење е потребно на секоја температура, со цел да видиме каде сме во однос на умерената европска зона според дефиницијата што ја користат Еуровент и ЕУ за пресметка на енергетската ефикасност на клима уредите.

Температурите ги преземав од сајтот wunderground.com, затоа што тогаш беше единствено место каде што имаше запис за температурите за секој час од денот низ годините наназад за мерното место на меѓународниот аеродром во Скопје. Но со оглед на тоа што честопати имаше отстапки од тамошната измерена температура со таа што јас ја мерев (Кисела Вода, Скопје), некако веродостојноста на таа анализа не ми беше потполна.


Затоа набавив еден логер на температурата (Elltech, кинеска направија) и го поставив кај мене на тераса. Се трудев колку што може повеќе да ги запазам метеоролошките правилата за негово поставување, откако претходно темелно го тестирав на различни температури и го споредив со референтниот термометар од Oregon Scientific. На мое големо изненадување и задоволство, разликите се движеа во опсегот од 0,1-0,3°C, што значи измерените температури беа идентични.

Но, IBM го купи wunderground и недолго потоа го тргна апи-то и можноста за преземање на температурите. Така што имав вредности за споредба од двете страни за само 14 месеци. Тоа беше недоволно за прецизно да се пресметаат отстапките и да се изврши корекција на веќе преземените вредности со цел да се добијат вредностите кои би биле реални за градот, а не за аеродромот.

Исто така во тој период за споредба, температурата само еднаш се симна до -9°C, а токму кај многу високите и ниски температури забележував поголеми отстапки, што за жал, повторно е недоволно да се пресметаат вредностите за корекција.

Уште една работа што одмага е што сајтот температурите ги дава заокружени на цел степен, а моите се во резолуција од десетти дел од степенот, така што непостојаноста на несогласувањата е и заради заокружувањето на поблискиот цел степен. Напр. при измерени 3,4 и 3,5, што е малтене идентично, со заокружување (на 3 и 4 соодветно) се добива разлика од цел степен, исто како и при измерени 3,4 и 1,5 (заокружени на 3 и 2), а тоа е пак реална разлика од цели два.


RazlikiOdWUiLogger3.png
Ова е споредбениот график на разликите помеѓу моите измерени вредности и тие од сајтот. Јасно се гледа дека како се намалува температурата под 0, така расте разликата помеѓу температурата измерена кај мене и онаа на аеродромот. Истото се забележува и летно време при многу високи температури, но тоа не е предмет на сегашното интересирање. Измерените вредности го потврдуваат претходното забележување. Вредностите за температурите под -6, каде што има и по пет степени разлика, земете ги со резерва, затоа што се работи само многу малку поединечно измерени вредности во тој период од 14 месеци со нешто над 10000 записи, со што можноста за грешка е поголема.

Секако, во различни делови од Скопје има различни температури. Сепак пореална слика даваат температурите измерени каде било во градот, отколку надвор од него и тоа на бришан простор.


LoggerVSWunder.png
Тука се гледаат разликата помеѓу температурите од wunderground.com и од логерот за истиот период. Тоа што не се гледа од графиконот е дека за истиот период според логерот заради повисоките измерени вредности на температурата, бројот на часови за кои е потребно греење е помал за околу 100.


Graph 2.png
Вака изгледаат вредностите за просечниот број на часови претставени на график. Синото е просекот на умерената климатска зона, лилавото е измерениот просек на мерната станица на аеродром.

Graph 3.png
На овој графикон додадени се последните две зими измерени со логерот.


4 Casovi vs Energija.png
Она што е интересно и се гледа од овој графикон е споредбата на времето за кое е потребно греење во однос на просечната зона (100%) и потребната топлина. Вредностите до 2018-та се од сајтот, после тоа се од логерот. Убаво се гледа дека иако вкупниот број на часови за кои е потребно греење е горе-долу константен и се движи помеѓу 4200 и 4400 (85-90% на графиконот, во однос на 4910 од умерената зона, сина линија), реалната потреба од топлина (црвена линија) варира многу повеќе, што дава убава слика колку периодот за кој е потребно греење бил ладен во однос на тоа колку бил долг. Или поинаку кажано, дали зимата била остра или блага.


На графиконите не можат точно да се прочитаат ниските вредности, затоа еве ги описно:

За последниве три зими (мерено од октомври 2017-та до мај 2020-та)

Најниско измерени температури се е: -9,1°C (01.03.2018), -9,7°C (08.01.2019) и -6,7°C (09.01.2020).

Вкупно часови на и под -7°C: 9 во 2017/18, 26 во 2018/19 и 0 во 2019/20 или 3 ако се заокружат температурите


Уште еднаш се потврди, дури и повеќе од првичните мерења, дека климата во Скопје е поблага од умерената климатска зона во Европа.
 

mdeni

senior
24 септември 2012
6.065
5.998
Секоја чест. Моите видувања се многу слични со овие. Секако далеку од волку опсежни, но кога мерев на почетокот редовно ми излегуваа повисоки температури од приложените на мерните единици. И зимно време и летно време. Со оглед на тоа забележав, и многупати сме зборувале и тука, дека во Скопје има микронски процент на температури под -3 степени. Од тие причини нема потреба да се претерува со загревањето и со проекциите за затоплување. Особено во поглед на набавка на клими "наменети" зс нордиски подрачја.

Од 6 месеци мојата аматерска пресметка излегуваше дека околу 14 часа биле под -7 и тоа претежно во вечерните часови. Што е комично малку. Особено што дневните температури скоро никогаш не се под 0. А кога се има енормни топлински добивки од сонце беш во тие денови затоа што е намалена температурната инверзија и неаѓ загадување.Ако добро се сеќавам, ама тука некаде беа бројките. Гледам и твоите се небаре потполно исти. Остатокот од времето температурата е над 0 степени. Цели 5 ипол месеци климите блескаат со неверојатен ЦОП од баснословни 5-6-7 и нагоре мерено на дневна основа, а две недели се пооптеретени и тоа примарно во периоди на ефтина струја. Затоа и излегуваат сметките толку ниски. Не е дека се којзнае колку ефикасни климите, туку самата температура многу им прија. Премногу. Гледам и по мерачов, 380в, зимиве 680-900, чат пат 1100-1300 во тие поладни ноќи.

Тој ненормално голем цоп не само што носи мали сметки. Туку носи и 0 (со букви нула) загадување. Затоа што оптеретувањето на електраната е смешно од страна на инвертер кој работи со константна потрошувачка од 600-900в во месечен просек. Тоа е добро и за ЦО2 за планетата и особено за ПМ локално, затоа што оптеретувањето што го прави една панелка е 5-6 ПАТИ ако не и повеќе врз електраната во текот на грејната сезона. А за ќумбиња кои сеат рак не ни навлегувам, здравствените придобивки се илјадници пати.

Браво за анализата. Наполно се сложувам, зошто и моите мерења покажуваат слични бројки. Всушност ние сме класична медитеранска земја.
 

moongose

poweruser
19 јули 2013
4.376
5.511
Всушност ние сме класична медитеранска земја.
Далеку сме од медитеранска земја.

Еве како изгледа последниот график ако се спореди со топлата наместо со умерената зона, која е базирана на просекот од Атина.

4a Casovi vs Energija SporedbaSoTopla.png
Иако временски имаме потреба од греење само околу 20% повеќе од топлата зона, ни треба од 2 до 3 пати повеќе топлина. Со други зборови, периодот за греење е само малку подолг, но многу постуден.
 

mdeni

senior
24 септември 2012
6.065
5.998
Така е, можеби погрешно се изразив. Мислев медитеранска во стил потопла од умерена, а не тропска.

Ајде вака, дека сме потопли од average зоната, и во никој случај поладни од average зоната. Average, накај Warmer сме. Барем за Скопје. Во никој случај не треба да се интересираме за перформанси на Colder Climate параметрите. Се надевам се сложуваш.
 
10 јули 2020
41
29
Ова се некои податоци , за апсолутните просечни вредности на воздухот.
Друго е кој колку сака дома да му е затоплено. Затоа имаме многу различна потреба од енергија за затоплување. Меѓутоа штета е да се грее повеќе отколку што е потребно, па прозорите да се регулатор.



Screenshot_2020-11-09-09-30-59-106_cn.wps.xiaomi.abroad.lite.jpg Screenshot_2020-11-09-09-31-39-467_cn.wps.xiaomi.abroad.lite.jpg Screenshot_2020-11-09-09-31-51-926_cn.wps.xiaomi.abroad.lite.jpg Screenshot_2020-11-09-09-31-39-467_cn.wps.xiaomi.abroad.lite.jpg
 

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв