Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

Sandra1707

read-only
24 февруари 2020
4
1
Здраво.Ме инересира ваше мислење и искуства за климава.Дали некој ја има?
 
Атачменти

  • FB_IMG_15959318567791721.jpg
    FB_IMG_15959318567791721.jpg
    167 KB · Прегледи: 80

Mar tiN

lurker
2 јануари 2014
877
633
Mar tiN's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-12400F
Motherboard
ASUS PRIME B660M-A D4
Storage
SAMSUNG 500GB SSD 970 EVO Plus M.2 + Western Digital 4TB
PSU
Cooler Master B500 ver.2
RAM
Kingston HyperX FURY™ 64GB
Video card
ASUS Dual GeForce RTX™ 3050 OC Edition 8GB
Case
Cooler Master K350
OS
Windows 11 Pro x64
Дечки за монтажа на клима кој сервис препорачувате . Со кој сте имале добра соработка за монтажа .

* Да не има некој вработен од вас по овие фирми.
 
Атачменти

  • 20200728_155545.jpg
    20200728_155545.jpg
    72 KB · Прегледи: 72

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.475
SK
Некоја препорака за 22ка (7KW) со карактеристики како Suzumi Plus 22 или подобри со приближна цена.
За преправање во топлинска пумпа ми треба , ќе се користи само електрониката од внатрешната единица и нормално надворешната со додавање на изменувач.
Гледам Дени напишал веќе - ама да се нагласи уште еднаш: Не ти треба инвертор клима за тоа што мислиш да го направиш, он-оф клима е посоодветна.

Инаку многу интесен проект е тоа. Сакаш вода-вода или воздух-вода ретрофит?
Јас би одел со пилот проект со половна 3.5ка он-оф клима. Ако успееш, купувај 7мица он/оф (или додај уште една 3.5ка).

Интересно во секој случај, напиши подетално што ти е замислата.
 
civikom

hello world
17 декември 2011
272
249

Имам веќе напраено воздух-вода со он-оф постара клима + топлински изменувач и нормално поголем бафер.
Ама имам проблем на минусни температури многу ми се оптеретува и од кондензацијата мрзне.Имам радијатори и подно со мешачки трокрак вентил и екстра си функционира.

Испратено од SM-G930F преку IT.mk форум апликација
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.475
SK
Уоооу... Сериозно?? :geek:

Браво бе, да документираш кога ќе можеш... Нешто HVAC да се продискутира, не само мерење на брендови и пренесување на фрустрации од други форуми.

Значи преоптеретена е на минусните температури, а?
Веројатно и тоа што делумно си со радијатори, не помага. Мораш да бркаш повисоки температури на водата.

Кажи детали, специфики. Колку моќна клима (он/оф е?), колку вода грее (цевките заедно со баферот), на колкава површина е поставено подното/радијаторите... Хммм, овака од ракав извадено размислување, теоретски, дури и со почести дефрости/замрзнувања доволно јака он/оф не би требало да има големи проблеми да одржува температура на вода во 90% од грејната сезона. Пошто „комфор на користење“ или поретко влагање во дефрост не игра никаква улога овде... Е сега, проблем би биле најниските температури пошто тогаш он/оф климите може толку често да влагаат во дефрост да... Но само размислувам во од. Можеби и не е така. А сега веќе има доволно евтини инвертор клими да може и тие да влезат во игра, само предимнезионирани да бидат, и јас би размислил на две послаби клими наместо една посилна.

Но @civikom секако напиши нешто повеќе. :)
 
maci

poweruser
2 април 2008
3.385
972
Nekoj so iskustvo od HISENSE inverter klima??? ENERGI serija TQ50???
гледај друг бренд,немој ако не мораш
 
Мислам дека финтата е што многу ќе се зезнат со условите
минимум COP 3.5 и А+
гледам на сајтовите немаат многу податоци за COP,имаат повеќе информации за SCOP кој е поголем од COP.
еве конктетно модел SEIYA 18 има COP 3.38(не го исполнува условот) a SUZUMI PLUS 16 има COP 3.62 а SCOP 4.2

ова се игрите што многу фирми гледаат да продадат клими преќутувајќи го ова.
ЌЕ БИДЕ ИНТЕРЕСНО СО ФИРМИТЕ КОИ НУДАТ А НЕ ОБЈАВУВААТ COP A ГИ ДОВЕДУВААТ ВО ЗАБЛУДА ПОТРОШУВАЧИТЕ СО SCOP

од правилникот за инвертри од град СКОПЈЕ
ЦИТАТ:
скенирана оригинална потврда, заверена со потпис и печат од продавачот, дека набавениот инвертер клима уред е високоефикасен т.е. ги исполнува следните минимални карактеристики: да има најмалку COP 3.5, да грее на надворешна температура од -15°C и биде најмалку А+ енергетска класа за потрошувачка на електрична енергија за греење
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.062
5.997
Исполнуваат ли овие? Би требало да исполнуваат SCOP4.0 и А+, но каде е тоа точно наведено што го бараат?
 
moongose

poweruser
19 јули 2013
4.376
5.511
Продавачот издава потврда во која потврдува дека уредот ги исполнува бараните спецификации. Со тоа одговорноста за веродостојноста на потврдата му паѓа нему, а не на купувачот. Така да наместо да барате спецификации по сајтови и упатства, прашајте го продавачот дали за конкретниот модел ќе ви издадат потврда.

Урнекот за потврдата е достапна на сајтот на град Скопје.

Според денешните информации во медиумите досега има поднесено 1964 пријави.
 
џонидерп

hello world
16 јуни 2019
128
71
Дали може да се најде солиден клима уред (некој помал) до 200-250 еу. За во стан од 51 квадрати, што би се користел само за ладење во лето.
 
bajramo

hello world
25 јуни 2008
491
292
Дали може да се најде солиден клима уред (некој помал) до 200-250 еу. За во стан од 51 квадрати, што би се користел само за ладење во лето.
За таа цена инвертер, не. Он/офф да. Ама за 25 квадрати, а не за 50.
 
bm8284

read-only
17 октомври 2019
7
0
Midea MT-12N8D6-I
Midea MB-18N8D0-I
за греење инвертер
дали има некој искуство со овој инвертер има интерсна цена и интерсна спецификација од сега ви се зблагодарувам позрав...
 
ARMac

senior
2 октомври 2010
9.388
12.328
Скопје
androgaming.com
Дечки за монтажа на клима кој сервис препорачувате . Со кој сте имале добра соработка за монтажа .

* Да не има некој вработен од вас по овие фирми.

Не сум работел, ама кога сум барал (во сред сезона) и кога ме одј*бувале сите, со бане-аир во неколку наврати одлично искуство. Не лажат дечките, ако е кондензатор, кондензатор е, ако е цевка цевка е, не да ми измислуваат работи како турбина за притисок (турбо дизел ебате). Цените се ок, не се најефтини ама пристојни.

Сајтот им е заразен со она Честитки добивте ајфон, така да на фејсбук имаш инфо. Исто и фрижидери (од овие но-фрост поправаат).

Bane Air

Последен пат на 5.5 Фонко ја скрши еден идиот перката на внатрешната единица со штрафцигер (да помести на лево да дува). Сменија се цакум пакум монтажа на нова околу 2000 ме фати мислам.
 
Последна промена:

Mar tiN

lurker
2 јануари 2014
877
633
Mar tiN's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-12400F
Motherboard
ASUS PRIME B660M-A D4
Storage
SAMSUNG 500GB SSD 970 EVO Plus M.2 + Western Digital 4TB
PSU
Cooler Master B500 ver.2
RAM
Kingston HyperX FURY™ 64GB
Video card
ASUS Dual GeForce RTX™ 3050 OC Edition 8GB
Case
Cooler Master K350
OS
Windows 11 Pro x64
Не сум работел, ама кога сум барал (во сред сезона) и кога ме одј*бувале сите, со бане-аир во неколку наврати одлично искуство. Не лажат дечките, ако е кондензатор, кондензатор е, ако е цевка цевка е, не да ми измислуваат работи како турбина за притисок (турбо дизел ебате). Цените се ок, не се најефтини ама пристојни.

Сајтот им е заразен со она Честитки добивте ајфон, така да на фејсбук имаш инфо. Исто и фрижидери (од овие но-фрост поправаат).

Bane Air

Последен пат на 5.5 Фонко ја скрши еден идиот перката на внатрешната единица со штрафцигер (да помести на лево да дува). Сменија се цакум пакум монтажа на нова околу 2000 ме фати мислам.
Се договорив со Ексел Тане . Тој е на листата понудени за вивакс клими . Мора од тие 5/6 фирми што се овластени за да ми важи гаранцијата од нептун .
Се јавив прво во Контакт 2000 ама цената е како мотор од боинг 747 да местиме на ѕид :D
 
Buzuki

hello world
16 јули 2013
202
52
Мене ме интересира со потрошувачка како се инвертериве..

Пример гледав вивакс 7кв пишува влезна моќност на греење 2177w.. Колку од времето би трошело 2кв ако рачунаме дека грее 50тина квадрати и скоро цело време ја има постигнато температурата ?
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.557
19.235

Невозможно е да се одговори на прашањево.

Не очекувај просек под 1kW кај таа клима. Мои прогнози се 800-900W најниско до 3kW највисоко.
Ако ставиш олку силна клима многу добро да размислиш за квалитетот на каблите односно пресекот (3x2,5mm2 мин) и за приклучното место + осигурачот.
Да не речам, треба да бидат идеални.
 
maci

poweruser
2 април 2008
3.385
972
има некој искуство со мерење на било која ХАЈЕР,ме интересира дали спушта испод 500вати како што е наведено во спецификациите
пример да модулира со 200-300 вати ?
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.557
19.235
има некој искуство со мерење на било која ХАЈЕР,ме интересира дали спушта испод 500вати како што е наведено во спецификациите
пример да модулира со 200-300 вати ?
Клима ќе модулира добро ако е наместена исправно и ако е "погодена" собата.

Под исправно мислам на висина од плафон а под погодена соба мислам на квадратура и изолација.

Има случаи каде потполно иста клима некаде преде како маче и ниско модулира, некаде модулира високо а некаде се однесува како он/офф и тоа во исти квадратура.

Исто така има случаи на ниска модулација и издув од 35 степени што е тотално бескорисно освен за фалење по форуми.
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно