Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.760
6.466
SK
Сеуште е неисплатливо. Чуму да пригреваш со радијатори за 3200 евра, кога целосно можеш да се загрееш со многу помалку. За ~500 евра имаш пролазно добри клими, а за помалку од 1000 одлични.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.553
19.226
Ако се нафаќа некој да инвестира големи пари во топлотна пумпа воздух вода, тогаш треба да инвестира и во топловодно подно греење. Или барем топловодно ѕидно греење ама тоа е многу инвазивна постапка (естетски и просторно гледано).
Не мора да имаш подно греење де. Ќе туриш болјер од 400 литри на топлотната пумпа + парното на пелети и ќе везеш.

Исправи ме ако грешам, но бројот на собите кои планираш да ги грееш би требало да е еднаков на бројот на клими а сето тоа заедно би генерирало сметки од мин. 1200 денари по клима. Ако е тоа така тогаш еве веднаш да ти ги кажам сметките за струја за оние фамозни „две недели во годината“ кои оваа година се еден месец!

2 спални + 2 детски + работна соба + дневна = 7200 денари. Пошто инвертерите [sic] не треба да се гаснат!
Во математикава не е ставена кујната, купатилото, WC-то и салонот. Ако заговараш дека треба сите врати да бидат отворени насекаде тогаш не фала - можеби за „тебе“ (не те прозивам тебе, општо зборувам) е нормално ова но не и за мене.

И сега дискутираме за загревање на што? На гулабарник?
Парно на пелети all the way со користење на мозок и no nonsense температури. И ако, цитирам, молкнењето на пелети ти претставува проблем тогаш ти, пошто „газда“, плати некој друг да ти ги качи на спрат и да ги истури внатре во котелот (кој збира една вреќа)
Ако и ова претстаува невидена компликација тогаш терај на клими и нека те дува. Дека климите на -10 при 70~90% влага ви работат „на кец“ и ви е пријатно сето тоа шиштење (сепак произведува звук, колку и да се контрате) тогаш go for it.

Со инвертерите кај мене грејната сезона на парно почна на 25-ти декември. Загреано парно со пуштен инвертер = „лудница“ температури. Ова е таа win win ситуација.

3 хипер/ултра/нордик/[стави име] клими чинат колку ганц ново парно со електроники, регулации, тајмери и сите чудеса.
Пелетите било тешко да ги качиш! Да фак!
 
DelphiUser

user
2 март 2011
1.709
1.637
Drachevo
Да можам да си дозволам би користел парно во сите соби со котел на струја. Тоа е врвен комфор за едно домаќинство, има само една маана, а тоа е што е прескапо. Затоа користам клими. Климите имаат маани, бучат и дуваат. Навечер не смеат да работа во спалната, не само затоа што што може да бучат во текот на ноќта, но промената на ладење и греење со дефрост е особено бучна, дури и бакарните цевки знаат да подрипнат видливо, тоа буди навечер.

Нашите власти се фалат дека сме имале поѓомити многу ефтина струја, но забораваат да кажат дека имаме НАЈСКАПО ГРЕЕЊЕ ВО СВЕТ! Западот не се грее на струја, тој само готви и осветлува на струја и плаќаат по 50 евра струја и 100 евра за греење на цел спрат. Во западот не трошат по 2-3000KW струја за греење месечно како ние што трошиме за да загрееме 3 соби, 2 бојлери и 2 шпориња во јануар. Сметките за живот во зима се поголеми во Македонија отколку во Германија затоа што во Германија и храната е поефтина а платите 10 пати поголеми.

Исто така, незнаеме каде тераме сеуште. Моментално 95% се греат на оџак, дури и 50% да се префрлат на струја, тоа би значело зголемување побарувачката за струја за 10 пати (корисниците на струја за греење ако се зголемат од 5 на 50%). Од каде ќе дојде таа струја, ние сега 50% од струјата ја земаме од увоз. Криминалните власти во изминативе 30 години не се потрудија да ја направат Македонија енергетско независна. Една АЛбанија денес е енергетско независна! Албанија немаше асфалтирана улица до пред 30 години и ниту една фабрика!

Најавуваат гасифицирање, но страв ми е од гасот. Во западот летаат згради во воздух, со нашата работна култура и професионалност ќе летаат 10X повеќе. И чарето?
 
Последна промена:

mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.992
Инвертери за греење. Единственито логично нешто за кај нас. И warm LED сијалици.
Трошат од 300 до 1100 вати, ја оптеретуваат мрежата минимално. Трошат коклу што до вчера трошеше едно домаќинство за осветлување.
Имаат споро кревање и спуштање на повлекувањето на струја, за разлика од греачи и мотори. Нема јаки импулси во мрежата на екстремно повлекување. Мазна работа и константна, нешто што секој испорачувач на струја многу го сака. Затоа што е лесно предвидливо и може да ги темпира капацитетите.

Сето тоа со 1 према 4 ефикасност во однос на вложена енергија и испорачана топлина сезонски.

Едно домаќинство ако ги префрли сијалиците на warm LED и постави два инвертера ќе е се што треба за да има идеална опција за осветлување, ладење и греење во домаќинството со минимални потреби од енергија.

П.С. ПВЦ прозорци кои добро дихтуваат и изолација на таванот ако е последен спрат е задолжително.
 
Quasimodo

hello world
2 септември 2016
154
119
Prilep
За изолацијава на вративе кај братучетми многу му тропале ко че затвора мене ми текна на оние дихтон ленти сунгер али оти е СК незнаел кај има такви .. кај нас во Прилеп има 1м 60ден нее сакапо али за звуци уба раб е на врати некои да не знае кај има и колку се ( нов е во ск студент дур да научи )
 
moni moni

read-only
27 септември 2017
33
27
Имајки инвертер ја не го користам
Седам во зграда и од оред месец при дефрост вода тече од самата тацна и праве лом надоле на комшиите
Одпрвин мислев од минусните тем замрзнато е цревото кое патем оде скроз до земја доле ,ама не и на плус 4 грга вода од тацната при дефрост
Чаре???? Лани се греев на неа ваков проблем немав
@sumi @mdeni
 
Последна промена:

mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.992
Секогаш тече вода од клима. Кога грее од надворешната, кога лади од внатрешната.

Лани не си приметила, или беше преблага зимата.
 
bxxxn

user
11 март 2011
1.659
1.812
За изолацијава на вративе кај братучетми многу му тропале ко че затвора мене ми текна на оние дихтон ленти сунгер али оти е СК незнаел кај има такви .. кај нас во Прилеп има 1м 60ден нее сакапо али за звуци уба раб е на врати некои да не знае кај има и колку се ( нов е во ск студент дур да научи )

Имаш Меркур, Хубо, Бриколаж. Има на метар должен, има и спакувани од некој бренд по 10 метри ~ 300 денари. На метар должен во Меркур, мислам 16 денари беше.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.760
6.466
SK
Течело и лани, само лани не се бунела комшиката. :)
Треба да се спроведе одвод до најблискиот олук, или за привремено брзо решение - една пластична цевка со поголем Фи (5-ка до 10-ка, за канализација) пресечена попречно на половина, и прицврстена некако под одводот од климата. Тоа ќе служи како одвод подалеку од терасата на комшиите.

На жалост овака функционираат поголемиот дел од луѓево по зградите. И некои по куќите, што не мислеле да ја стават климата во близина на олук. :)
 
moni moni

read-only
27 септември 2017
33
27
Секогаш тече вода од клима. Кога грее од надворешната, кога лади од внатрешната.

Лани не си приметила, или беше преблага зимата.
Лани не приметив
Си има црево а низ цревото капка не испаѓа низ тацната тече само при дефрост
Како да се реши ова бидејки у спротивно неможам да ја користам климата
 
moni moni

read-only
27 септември 2017
33
27
Течело и лани, само лани не се бунела комшиката. :)
Треба да се спроведе одвод до најблискиот олук, или за привремено брзо решение - една пластична цевка со поголем Фи (5-ка до 10-ка, за канализација) пресечена попречно на половина, и прицврстена некако под одводот од климата. Тоа ќе служи како одвод подалеку од терасата на комшиите.

На жалост овака функционираат поголемиот дел од луѓево по зградите. И некои по куќите, што не мислеле да ја стават климата во близина на олук. :)
Ама си има црево за истек скроз до доле 15 метра долго низ мего течеше водата сеа не
Сега од тацната тече
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.553
19.226
Лани не приметив
Си има црево а низ цревото капка не испаѓа низ тацната тече само при дефрост
Како да се реши ова бидејки у спротивно неможам да ја користам климата
Ќе најдиш лимар кој ќе направи мало корито кое ќе го наместите под климата а истото ќе има поголема цевка (мин. пола цол) и цревото ќе го спроведите до најблискиот олук. Коритото да има пад. Од климата ќе исповадите црева, тапи... со еден збор (ако е можно) да ги ослободите сите отвори од долната страна
Од климата во коритото и даље.

Лани ниедна клима не замрзна затоа што беше блага зимата.

Идеи:
Монтаж на кондензна вана на климатик

klimatik.jpg Untitled.png
 
Погледнете го атачментот 71065 Погледнете го атачментот 71066
Фала многу
Уште да има пристап
Ке барам лимар ако се нафати
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.760
6.466
SK
Ама си има црево за истек скроз до доле 15 метра долго низ мего течеше водата сеа не
Сега од тацната тече
Се замрзнало цревото. Правете некое привремено решение сега, а на пролет бркајте лимари. Ставај топла вода додека не се одмрзне... После можеш и да го извадиш цревото, можеби после нема да тече право кај комшиите.
 
moni moni

read-only
27 септември 2017
33
27
Се замрзнало цревото. Правете некое привремено решение сега, а на пролет бркајте лимари. Ставај топла вода додека не се одмрзне... После можеш и да го извадиш цревото, можеби после нема да тече право кај комшиите.
Топла вода кај може да се стави?
Сеа не тече
Ваљда не е замрзнато цревото
Ама па мекна на +3степени течеше
Немс шанси тогаш да беше замрзнато
Мож и друг проблем има
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.760
6.466
SK
Топла вода стави било каде ама да не полиеш електроника, најдобро меѓу перките од вентилаторот водата да истече надолу кон тацната, нормално на исклучена клима.
на +3степени течеше
Немс шанси тогаш да беше замрзнато
На +3с нема да замрзне, ама дали ќе стигне да се истопи мразот?
Мразот настанал кога имало минусни температури. Топлата вода ќе помогне побргу да се истопи мразот.
 
stavrov69

lurker
26 ноември 2008
514
327
Може ли некој да сподели искуство со GREE LOMO LCLH 18 ка? Колку ви беше потрошувачка за најладните денови и колку често влегуваше во дефрост. Сумљам дека не ми е наместена како што треба.

Sent from my SM-N950F using Tapatalk
 
123456

poweruser
12 април 2013
2.071
1.596
Naselba Dracevo, Kisela Voda, Macedonia

Вчера 4 пати дифрост ми направи првпат
Фан 3 24степени сега
Screenshot_20190128-223158.png
 
stavrov69

lurker
26 ноември 2008
514
327
Вчера 4 пати дифрост ми направи првпат
Фан 3 24степени сега
Погледнете го атачментот 71149
Колку киловати месечно ти троши и дали ја користиш на автоматски фан или ти си го подесуваш? Кога беше влажно и под -5 степени на автоматски фан (најверојатно на макс) дуваше млако и често влегуваше во дефрост а потрошњата се качи на 2.7 kwh.
Нормално е ова или да барам да ја проверат климата?

Sent from my SM-N950F using Tapatalk
 
123456

poweruser
12 април 2013
2.071
1.596
Naselba Dracevo, Kisela Voda, Macedonia
Колку киловати месечно ти троши и дали ја користиш на автоматски фан или ти си го подесуваш? Кога беше влажно и под -5 степени на автоматски фан (најверојатно на макс) дуваше млако и често влегуваше во дефрост а потрошњата се качи на 2.7 kwh.
Нормално е ова или да барам да ја проверат климата?

Sent from my SM-N950F using Tapatalk

околу 500киловати, сам си мењам не е на ауто, не сум приметил да дува млако до сега, еве сега влезе во дифрост не сум знаел дека и под дифрост троши струја и тоа 700вати
 
cyberbaze

hello world
20 јуни 2009
291
250
Ако не се лажам во дефрост менува од греење на ладење без да дува внатрешната (логично:) ).

Затоа и троши.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.760
6.466
SK
Кога беше влажно и под -5 степени на автоматски фан (најверојатно на макс) дуваше млако и често влегуваше во дефрост а потрошњата се качи на 2.7 kwh.
Нормално е ова или да барам да ја проверат климата?
Тие 2.7 kwh се мерени на колку време, 24ч.?
Колку беше потрошувачката претходно?

Инаку на сите клими им се зголемува потрошувачката како што паѓаат температурите и како што скока влажноста. Јас тоа го гледам и на мојата Тошиба, и Флегма го гледа истото на неговите Мидеи Вивакси.

Да сакаше да ти помогне Флегма ќе те прашаше на колкав процент на искористеност на моќноста ти работеше климата во тие најладните периоди кога почесто влагаше во дифрост.

На пример, максималната потрошувачка ако е 1.5 киловати - ако климата работи на макс. потрошувачка тогаш многу полесно и почесто влегува во дифрост. Ова е причината зошто он-оф климите не работат добро на пониски температури од нула, пошто секогаш работат на максимална потрошувачка.
Тоа што се обидувам да го кажам, е дека за да немаш чести дефрости треба да се пази да се задаваат такви внатрешни температури за максималната потрошувачка да не оди над 50-75% потрошувачка. Но тоа значи и правилно да се димензионира климата. Твојава ако работи на 100% во најладното, климата не ти е доволно силна за потребите на просторот - или имаш дома некој зимурлив кој љуби да поставува 26-30с внатрешна температура во најладното. :)

Ова погоре важи за сите клими, без исклучок.
 
Quasimodo

hello world
2 септември 2016
154
119
Prilep
Тука нешто нее вред како што го свативме корисникот на време во defrost трошела 2,5kwh а максимум е 1,5 kwh за 18 клима некој друг да му даде искуство од истата клима во defrost ако прави почесто заминаа khw сметај 4 пати денес да влезе 10 kwh барај другар сервисерот да провери оти сметката појде до таван :((((
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв