1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

Дискусија во форумот 'Електроника - гаџети, електронски компоненти' започната од Sylvester, 17 Јули 2010.

  1. CBB_6

    CBB_6
    On your way to fame

    155
    536
    9 Декември 2016
    Машко
    Е то ти е на -20 и кусур во Битола, ама фаворитот си крцка, гајле си нема :p Дифрост? а шо беше то?
    FB_IMG_1547388503576.jpg
    На зграда во БТ, течело од олукот надолу и ја има оковано надворешната.. Шо монтер ќе да беше на ваква позиција да ја клај бе?
     
    gokica, Lokvan, mdeni и на уште 1 им се допаѓа ова.
  2. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,667
    3,391
    24 Септември 2012
    Иако е целата окована изменувачот и е сосем чист.

    Не е заледен. Затоа и си работи без гајле.

    Ама може малку да и се помогне со чеканче колку вентилаторот напред да може слободјо да дува. Инаку не би ја пипал страшно фраерски изгледа вака! :)
     
    На CBB_6 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,786
    3,889
    12 Јануари 2016
    Машко
    Ќе утепа луѓе ова мразот ако падне врз некој... Или прв спрат е, цокле е тоа долу или не?
     
  4. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,721
    13,089
    2 Август 2012
    Машко
    Климана нема теоретски шанси да работи онака. Напред и бочно е окована во мраз и нема проток на воздух. Најверојатно и назад се има случено исто.
    Измњнувачор можеби е чист ама онака? Фаворит? Бич плиз!
     
    На CBB_6 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. CBB_6

    CBB_6
    On your way to fame

    155
    536
    9 Декември 2016
    Машко
    klimata.jpg

    На приземје е, водата и мразот доаѓал од покривот на зградата па надолу по замрзнатиот олук, количина снег од близу 40 сантими не е заебанција. Немам појма дали климата во оваа состојба уопште им работи на луѓето, ама претпоставувам по то шо не е целосно пред вентилаторот замрзната и има дупче кое не можи да замрзни бидејќи веројатно дува, ако и од назад на усис нема мраз.. можно е да си работи без проблем. Ху ноуз!
     
    На FLEGMA му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Quasimodo

    Quasimodo
    Intern

    49
    19
    2 Септември 2016
    Машко
    Skoda Favorid :) незнам што клими се али ко шетав низ продавници ми ја понудуваа
     
  7. Micho

    Micho
    Intern

    10
    16
    10 Декември 2016
    Машко
  8. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,721
    13,089
    2 Август 2012
    Машко
    Sonoff Pow R2 е најпрецизен од сите. Со статистика со све.
    Бонус имаш тајмер по датум и час и дневно колку ти душа сака.

    [edit]
    Иначе ако инсистираш на мерач од оној тип тогаш оној од третиот линк (со плави дугмиња)
     
    На Micho му/ѝ се допаѓа ова.
  9. moongose

    moongose
    Unstoppable

    2,327
    2,571
    19 Јули 2013
    Првите два се тајмери, не се мерачи.
     
    На Micho му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Quasimodo

    Quasimodo
    Intern

    49
    19
    2 Септември 2016
    Машко
    @Necromancer Друга како што прочитав ти имаш Mitsu LN 12 Че те замолам да кажеш потрошувачка .. за другар мој е вчера порача црна за 17м2 соба
     
  11. Necromancer

    Necromancer
    Unstoppable

    3,239
    3,621
    24 Февруари 2012
    Машко
    GIS
    Ноември
    Резултати од мерење на потрошувачка на клима уреди и други уреди топлотни пумпи (читај правила)

    Декември
    Резултати од мерење на потрошувачка на клима уреди и други уреди топлотни пумпи (читај правила)

    Во принцип супер за сега, за тој простор можеби и со LN25 ќе поминел добро.
     
    На mdeni му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,786
    3,889
    12 Јануари 2016
    Машко
    Се прашував колку време ќе ти треба да го видиш постот... :D
     
    На FLEGMA и ante1 им се допаѓа ова.
  13. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,667
    3,391
    24 Септември 2012
    Незнам зошто кај мене нема таква разлика. 21-22 е подот 23 собата.
     
  14. Juve_fanatic

    Juve_fanatic
    Gaining Experience

    115
    86
    4 Март 2018
    Машко
    @FLEGMA Brat, aj te molam tuka postiraj malku iskustvo so Aeri 3,5kata shto ja imas vo detska staveno. Slichno i jas imam 15tina m2 detska shto ke treba vo bliska idnina da ja gream so klima. Kako raboti klimata? Kolku dolgo ja imas? Kukja ili stan? Izolacija?
     
  15. Nokia

    Nokia
    Gaining Experience

    55
    51
    18 Декември 2009
    WOOOW. Колку е ефикасно ова?

    Иако ледот над климата не може да се формира од работењето на климата, што значи дефинитивно е тоа дека нешто течело од горе
     
  16. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,721
    13,089
    2 Август 2012
    Машко
    Одличо работи климата. Куќа со дрвена словенска дограма и термопан стакла + фасада цемент (дебела). Дограмата одлично дихтува, не е крива, не пушта и така. Енергетски можеби не може да се носи со PVC ама за сега не размислувам да ја менувам. Ме чеша газот да наместам нови термопани со К-стакло на југозападните прозори чисто да видам дали нешто ќе добијам.

    Еден ден кога би ја менувал би наместил термо-изолација од внатрешна страна на изложените ѕидови но ме фаќа тиха језа од мувла затоа што не познавам човек кој наместил PVC а да нема мувла. Ова го тумачам со фактот дека ставаат изолација на памет, имаат ладни-мостови и едноставно не проветруваат.

    Што се однесува до климата нема што особено да се додаде. Тивка е, потрошувачката ја виде и оваа зима немаше никакви пролеми во поглед на дифрости.
    Во куќата имам 4 парчиња вакви клими и само едната не ми е нешто ефикасна како што треба затоа што има премногу цевки и или има помалку фреон или се има нагмечено некоја цевка во монтирањето. Се работи за 5м цевки со 300 кривини па ќе мора да барам чаре или да ја преместам надворешната или да барам нов пат за цевките.

    Јас ги набавив 23.500 кога цената низ Прилеп за истата се движеше од 24.500 до 25.00 (на клими.мк беше околу 28.000)
    Сега AERI моделите се со R32 фреон (што е добро) и се поскапи заради фреонот (вака се правдаат) па цената им се движи околу 25.000.

    Немаш мака. Само гледај, како што ти кажав, да ги најмиш овластените и бегај од диви и непроверени мајстори. Губиш гаранција и нема да можеш да си ги оствариш правата.

    Во останатите соби на што се грееш? Каква ти е дограмата? Колку е висок плафонот? Кај мене е 2,80
     
  17. Juve_fanatic

    Juve_fanatic
    Gaining Experience

    115
    86
    4 Март 2018
    Машко
    @FLEGMA 140m2 sprat od kukja, nemam termo fasada. PVC prozori, kolku shto znam se 5 komorni, ne gi stavav jas, tatko mi vo 2008. Gream dnevna, trpezarija i kujna zaedno 56m2 so Mitsubishi FH35 i Mitsubishi WN35, a vo spalna 21m2+4m2 WC imam ushte edna WN35. Imam ushte 2 detski sobi koi ne gi gream, hodnik 8m2 i WC edno glavno 5m2 isto ne go gream.

    So vlaga nemam nikakov problem sega, a planiram da stavam termo fasada pa ke gledam dobro da se informiram za toa za da ne mi se desi posle neshto ne daj Boze.
     
  18. DelphiUser

    DelphiUser
    Practice makes perfect

    1,198
    1,195
    2 Март 2011
    Машко
    @Juve_fanatic,
    кога ќе направиш ревју на FH35?
     
    На ante1 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Juve_fanatic

    Juve_fanatic
    Gaining Experience

    115
    86
    4 Март 2018
    Машко
    Pa vo odnos na potroshuvachka, nemam merach na nea, ne mozam da kazam kolku e ekonomichna i kolku troshi, drugo ne znam shto bi kazal, si tera rabota super. Ako neshto konkretno te interesira, slobodno prashaj.
     
  20. leinad

    leinad
    Intern

    8
    5
    14 ноември 2018
    Машко
    Пред два месеца се консултирав со форумџии и земав аери 3,5. не дека не сум задоволен со оглед просторијата која ја загревам, но во периодот на ниски температури под нулата се слушаше силно бучење на надворешната единица . компресорот као да ке здивнеше во секој момент. ја проверив температурата надвор минус 10, а внатресната единица беше подесена на 25 степени фен на трето ниво најјако. кога ја намалив брзината на вентилаторот(фенот) на прво ниво се намали бучавата но и топлината во собата нормално. прашувам до соодветните познавачи грешка при ракување или нешто е проблем со единицата надвор или компресорот.
     
  21. leinad

    leinad
    Intern

    8
    5
    14 ноември 2018
    Машко
    околу потрошувачката гледам дека има интерес за тоа ако е релевантно, разликата од ланската сметка и сега е 2500 денари. мерено по пензионерски универзален стандард во Македонија. Инаку за истиот период лани потрошив 1,5 кубни метра дрва или тоа е отприлика 5 до 6000 ден. благодарност што помогнавте околу одлуката. сега остана најтешкиот дел пензионерот, не чита форуми но се надевам следната сметка ке биде одлучувачка.
     
  22. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,667
    3,391
    24 Септември 2012
    Лани беше доста потопол јануари.

    А ако сметаш дека има дефект, ќе треба да се повика сервис. Во секој случај остави нека си работи, звукот на компресорот се појачува кога се форсира компресорот. А на -10 и максимум фен мора да се залета.

    Прати од време на време ако има нешто сомнително јавувај се. Иако мислам дека само заради оптеретеноста бил звукот.
     
  23. 123456

    123456
    On your way to fame

    1,290
    838
    12 Април 2013
    Машко
    Некој смарт уред да можам да ја командам преку вифи?
     
  24. DelphiUser

    DelphiUser
    Practice makes perfect

    1,198
    1,195
    2 Март 2011
    Машко
    Нормално е да бучи на максимална оптеретеност, сепак станува збор за најефтина клима од 20-30к. Квалитетна клима што нема да бучи и вибрира и ќе има COP 5.2 кошта 150к и нема ни 3 такви купено во МК.
     
  25. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,667
    3,391
    24 Септември 2012
    broadlink rm mini 3
     
    На 123456 му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...