Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

sumi

user
8 април 2007
1.137
790
Кавадарци
www.uhost.mk
sumi's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 9 5900HX
Storage
1TB NVMe
RAM
2x16GB DDR4
Video card
nVidia RTX3060
Case
Notebook Lenovo Legion S7
Mouse
Logitech MX Anywhere S2
Monitor
15.6" FullHD 1090x1080 LED
OS
Windows 11
Inside information:
Земете си клима пред НГ, после НГ има најави дека ке има покачување скоро кај сите модели и брендови.
Проблемот е драстичното покачување на цени во Кина како набавни цени, зголемување на цена на бакар, транспорт и слично...
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.476
SK
Мда...
Ако споредуваш греење на парно со греење на клима ...еве не знам.
Комфорот е немерлив. Еден испад на електрична мрежа и ќе се сликаш со клима.
Ако снема струја кај мене, можно е да снема струја и кај топлификација (или пумпите им работат на плин)?

За домашни алтернативи, ретки се тие решенија на парно кои работат независно/без ел. енергија. Печките на пелети ни без котел, пак не можат да работат без струја. Практично остануваат само обични печки на дрва (без котел за парно).

Затоа кај мене си стои каминот спремен и 5м3 дрва за случај да нема струја и за случај ако климата не ме топли доволно на ниски температури... ;)
5 (пет?) кубика друже, за резерва? :)
Паметно е да се има резерва, ама со таа количина стариве ем им остануваше кубик, ем цела зима се грееја (тоа пред да им купам клима). Потсети со која клима се грееше?
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.567
19.262
Ако снема струја кај мене, можно е да снема струја и кај топлификација (или пумпите им работат на плин)?
Пумпата во најлош случај може да троши 80W.
Просечен UPS може да трае околу 3 часа на таа ватажа.
Не е ракетна физика пумпата да користи UPS како бекап.

Факт е дека си обезглавен без струја ако користиш само клима.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.476
SK
80 вати @FLEGMA, ама ДЦ или АЦ?
Се разбира дека не е ракетна физика, ама не е ни толку едноставно како што изгледа на прв поглед. Ќе ти треба или пумпа на ДЦ (пробај да најдеш), или инвертор на АЦ, па после ќе видиш дека не секој UPS може да го користиш во комбинација со инвертор. Итн, итн... Затоа ретко кој во реалност има UPS, како бекап, а се грее на дрва/пелети.

A aко прекинот трае повеќе од 3 часа? Точак со динамо и ќе го пуниш упс-от? :)

„Обезглавен“ си и со пелети, печки на дрва со котли за парно... Ако снема струја во иста вреќа се сите, сите освен тие со класична печка на дрво.
Факт е дека некоја алтернатива треба да се има, зависно од потребите ама ете на пример некое ќумбенце на дрва и пола кубик дрва годишно.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.080
6.014
И да нема еден ден струја ќе се облечеш побогу и нема да отвоташ врати и прозори.

Едино ако толку сте се преплашиле земи едно микро плинско.

Немало 3 саата?

И?

Ќе погинеме!!!
 
alexandar11

hello world
11 јануари 2010
463
210
Кој сака да купи евтина клима утре има попуст во новиот Техномаркет во Бутел и тоа само мoделoт Вивакс Аеми 12ка за 19990 ден.
 
Antropos

hello world
20 јануари 2017
85
91
Слушнаа субвенции и одма цените нагоре.

Јасен е муабетот.
Кои клими се поскапени? Не забележав на клими.мк Не би ме чудело, наша посла е тоа...
Абе затоа требаше како геслото што им беше “за ского“ наместо субвенции, намали на година или две данокот од 18% на 5% како компјутерите храна и бебешка опрема... намали царината од 15 на 5% или на нула (нема да пропадне државава ниту ќе се зголемат предвидените 250,000ли беа Евра предвидени за субвенции)... и кој сака евтино да си купи клима, ќе купи овде ако не поскапуваат те ако поевтинат, или во Грција како многумина што се пофалива на форумите и тоа без даночни ослободувања ...од Битола еден спомна се опреми со Daikin, друг со Mitsubichi, трет со Fujitsu ....пред година дена Маци ми се чини се опреми со многу фин LG со двореден изменувач кој се на сѐ го коштал 22.000 Денари (откако си го повратил дел од данокот), па нека ја нуди Нептун за +30,000 истата ... нека дигаат после цените и останатите локални лоповишта и профетери јбг....не сме ние за субвенции! Ако е поентата масовно купување топлотни пумпи, те клима-инвертери и префрлање на оние кои се на цврсто гориво и загадуваат на еколошко економично греење со инвертери .... а не примарна цел прибирање данок за државата од голем промет, треба само ослободување од давачки, не субвенции! Субвенции ако треба, воведи за ранливи категории, за да прекинат со цврсто... или купи им 5,5ка клима, па нека греат евтино 2-3 соби, или печка на плин од 7-8кв + бесплатно бонови за 100-200 литри плин по сезона... само да им се зациментира оџакот!

Надвор од муабетот, видел ли некој ваков уред? Мерач на потрошувачка на електрична енергија - ватметар, мери kW, kWh, CO2 сите купуваат од СЕТЕК или АНХОЧ, или од АљиЕкс... овие Купи алат, носат еден бренд на алат од Чешка, Екстол (Еxtol) па во понуда го имаат и овој мерач кој велат во параметрите: Мерач на моќност kW, потрошувачка kWh, и јаглерод диоксид CO2. Аман бе...!?
 
Последна промена:

elenka

read-only
21 август 2017
29
50
Еве ме пак.
Прво, благодарност на сите за советите во последните месеци.
Поминаа малку повеќе од два месеци откако ја имаме климата. Јас уште ја немам видено, ни осетено колку грее, но според кажување, за сега, покрај малиот инцидент, е супер. Цела вечер со бројки, пресметки, временски прогнози, се на се задоволна сум.
Климата што ја зедовме е оваа GREE AMBER -30 GWH12YD-S6DBA2A по супер цена од 49.990 ден.
50к плус местење 4300
Сега гледам и зголемиле квадратура, претходно помалку ја пишеше.
Климата работи 24/7. Вечер се пушта на 16 степени, после работа, околу 2 до 10 е на 21 до 23.
Просторот е 20м2 соба кај што е климата, плус ходник, купатило и уште една соба, се на се околу 50м2. Последниов месец другата соба се догреваше со греалка, па сега на сметката се осети. Од кога залади, вратата е се почесто затворена, значи само 20м2 се греат. Неделава температурите идат под -12, ќе видиме наредната сметка колку ќе е.
Јас сум презадоволна со потрошувачката, т.е. штедачката.
И да идат сметките 7 месеци по ред, по 3000 денара, тоа е 21000. Просек сметка месечно иде по 700 на месец, имаме и соларно, обичен фрижидер, светилки, лаптоп, перална, само 1 особа живее во куќата.
Значи со помалку од 16 000 денари, се грее пола спрат за 7 месеци.
Претходно за дрва дававме околу 36000, за пелети 25000 на година. Плус на струја се догревавме. Само лани пелети и струја беа 40 000, кога беше поларниот бран. Рекорд беше -29 степени.
Не знам зошто, но немаме ефтина струја ние.

Сега една молба. Гледам има мерачи на струја за потрошувачката. Ај име на некој добар бренд, сакам на амазон да си порачам. Денес ја поврзавме на вифи, ако може плус некој совет за некој модерен и полезен гаџет.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.080
6.014
Тоа амберот влече саглам од штекер, јас не би одел со некој батал мерач и би си земал од тука. Гледај над 3KW да може да издржи мерачот најмалку.
 
Darko Veleski

read-only
24 октомври 2016
26
19

Друже на клими.мк сите клими се е со по 2 до 4000 а можи и повеќе поскапи за разлика од др места,јас шо ја зедов Panasonic cs/cu-e12qke на клими.мк беше 53 или 54000 , му се јавував за да купам ,па ми викаа јави се покасно има уште 2-3 во магацин па после една недела јавување излезе дека ја немало,па на крај ја зедов од Сетек за 45000ден,значи 8 или 9000 поевтина,за еден другар прашував за mitsubishi sf50ve vo klimi.mk 72590ден а во Прилеп му ја продаваа од 63 до 65000ден, haier tundra 5kw во клими мк 38490ден за еден другар ја зедовме од Сетек за 33300ден е па сега со тие цени само си бркаат муштерии.
 
Последна промена:

vlavot

poweruser
29 октомври 2009
3.150
3.090
vlavot's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-2500k (4.6Ghz OverClocked) + Corsair H80i
Motherboard
Asus Sabertooth P67 B3 Rev 3.0 TUF Military-Grade
Storage
Samsung 840 pro 256 GB + WD5000AAKX SATA3 500GB Blue
PSU
Chieftec APS-650CB A-135 80PLUS
RAM
Kingston Hyper X Genesis 2X4GB DDR3 1866Mhz Dual-Channel
Video card
Asus Radeon R9 290 4GB + NZXT KRAKEN G10 & Corsair H55
Case
Cooler Master CM Storm Trooper
Mouse
Corsair Vengeance m95 White
Keyboard
Cooler Master Storm Trigger Z Cherry Mx Brown
Audio
Marantz PM6005 + Wharfedale Diamond 9.6
Monitor
Dell UltraSharp U2414H 24''
OS
Windows 10 Pro X64
Еве ме пак.
Прво, благодарност на сите за советите во последните месеци.
Поминаа малку повеќе од два месеци откако ја имаме климата. Јас уште ја немам видено, ни осетено колку грее, но според кажување, за сега, покрај малиот инцидент, е супер. Цела вечер со бројки, пресметки, временски прогнози, се на се задоволна сум.
Климата што ја зедовме е оваа GREE AMBER -30 GWH12YD-S6DBA2A по супер цена од 49.990 ден.
50к плус местење 4300
Сега гледам и зголемиле квадратура, претходно помалку ја пишеше.
Климата работи 24/7. Вечер се пушта на 16 степени, после работа, околу 2 до 10 е на 21 до 23.
Просторот е 20м2 соба кај што е климата, плус ходник, купатило и уште една соба, се на се околу 50м2. Последниов месец другата соба се догреваше со греалка, па сега на сметката се осети. Од кога залади, вратата е се почесто затворена, значи само 20м2 се греат. Неделава температурите идат под -12, ќе видиме наредната сметка колку ќе е.
Јас сум презадоволна со потрошувачката, т.е. штедачката.
И да идат сметките 7 месеци по ред, по 3000 денара, тоа е 21000. Просек сметка месечно иде по 700 на месец, имаме и соларно, обичен фрижидер, светилки, лаптоп, перална, само 1 особа живее во куќата.
Значи со помалку од 16 000 денари, се грее пола спрат за 7 месеци.
Претходно за дрва дававме околу 36000, за пелети 25000 на година. Плус на струја се догревавме. Само лани пелети и струја беа 40 000, кога беше поларниот бран. Рекорд беше -29 степени.
Не знам зошто, но немаме ефтина струја ние.

Сега една молба. Гледам има мерачи на струја за потрошувачката. Ај име на некој добар бренд, сакам на амазон да си порачам. Денес ја поврзавме на вифи, ако може плус некој совет за некој модерен и полезен гаџет.

Добро кој ти препорача амбер за 20 квадрата?

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
elenka

read-only
21 август 2017
29
50
Добро кој ти препорача амбер за 20 квадрата?

Sent from my iPhone using Tapatalk

Не се само 20м2, туку има и ходник, купатило и плус мала спална соба, се на се околу 50м2
Препорачано од температурите во малешевијата, пред некој ден имаше -16
Дај друг предлог ако имаш.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.567
19.262
80 вати @FLEGMA, ама ДЦ или АЦ?
Се разбира дека не е ракетна физика, ама не е ни толку едноставно како што изгледа на прв поглед. Ќе ти треба или пумпа на ДЦ (пробај да најдеш), или инвертор на АЦ, па после ќе видиш дека не секој UPS може да го користиш во комбинација со инвертор. Итн, итн... Затоа ретко кој во реалност има UPS, како бекап, а се грее на дрва/пелети.

A aко прекинот трае повеќе од 3 часа? Точак со динамо и ќе го пуниш упс-от? :)

„Обезглавен“ си и со пелети, печки на дрва со котли за парно... Ако снема струја во иста вреќа се сите, сите освен тие со класична печка на дрво.
Факт е дека некоја алтернатива треба да се има, зависно од потребите ама ете на пример некое ќумбенце на дрва и пола кубик дрва годишно.
Пумпа за парно може да биде конфигурирана да работи од 55w (на кец) до 100W (на тројка)
Пумпа ко пумпа, работи на 220 AC. Просечен UPS на 50W може да издржи околу еден час. Со DIY решение (акумулатор и инвертер) може да биде подолго.
Времиња доволни да престанеш да го ложиш парното за да не се деси да избие сигурносен вентил па топлата вода да истече во канализација.

Што му е битно на UPS-от дали напојува AC пумпа или компјутер?
 
https://library.e.abb.com/public/58f96070ebc547799c3cae35025f1e85/White_Paper_Power_factor_UPS.pdf
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.080
6.014
Добро, и?
Дилемата е дали ќе издржи доволно долго да напојува 50 ватна пумпа?
Ти праша што е разликата, ете тоа е. Треба да го предвидиш за 300w потрошувач и ќе издржи 50w пумпа сосе нејзините пикови на старт.
 
bons

hello world
9 април 2007
242
67
Здраво Дечки,

Ретко пишувам, го следам форумов со години и години ;) па ајде да споделам и јас едно искуство поврзано со клими, за жал лошо..
Имено при вселување во нова зграда пред 3 години, во сите станови си имаше вградено Gree клими 7.5ки (GWHD(24)NK3) со 2 внатрешни единици (ниско монтажни), што и беше голем адут при купување на станот, економично греење, топ. Да ја скратам приказната, се беше фино првата зима, ниски сметки, си дојде и втората зима (минатата) ниски температури си истера без проблем, но во Март едната внатрешна единица почна да откажува издувува ладно и покажува error code (E1), се јавив кај инвеститорот тој ме препрати кај фирмата што ги монтирала/набавила, доаѓа екипа, вика дечко имаш среќа надворешната единица ти е со 4 излези ќе те премостиме, вентилот за фреон (некој си 3-Way) е затнат, греемак немаат резервни делови, јас со мало дете дома, викам премостувај опорави ја со договор во меѓу време штом добијат вентил да го заменат дефектниот. Ѕвонев секаде досаѓав вентили нема, дописи до греемак (зорба-б) до ден денес ми се немаат јавено, до пред еден месец сите 4 излези отидоа, останав без греење, со мало дете, морав да купам нови клими, буквално немав каде да се обратам за помош, а мораше да се делува брзо, отидоа 1600е за 2 нови клими засебни.
Да напоменам, гаранција немав, бидејќи климите биле монтирани 2012, греемак наводно кје ми реиздале гаранција (ништо до денес не се случи), можно е јас да неmav среќа со целата околност, но Gree никогаш повеќе, никаква поддршка од дистрибутерот ниту од официјалните сервисери. Стварно не ми е јасно како даваат 10 години гаранција кога немаат резервни делови, или ќе треба да останеш без греење и да го чекаш делот од Кина.
На лето здравје, го демонитрам целосно целиот систем, само ми прави гужва по ѕидовите.

Поздрав.
Бојан.
 
Antropos

hello world
20 јануари 2017
85
91
Друже на клими.мк сите клими се е со по 2 до 4000 а можи и повеќе поскапи за разлика од др места,јас шо ја зедов Panasonic cs/cu-e12qke на клими.мк беше 53 или 54000 , му се јавував за да купам ,па ми викаа јави се покасно има уште 2-3 во магацин па после една недела јавување излезе дека ја немало,па на крај ја зедов од Сетек за 45000ден,значи 8 или 9000 поевтина,за еден другар прашував за mitsubishi sf50ve vo klimi.mk 72590ден а во Прилеп му ја продаваа од 63 до 65000ден, haier tundra 5kw во клими мк 38490ден за еден другар ја зедовме од Сетек за 33300ден е па сега со тие цени само си бркаат муштерии.
Онака ги спомнав клими.мк инаку и на Тим Компјутерс сајтот исти цените... BTW и јас се опремив со Haier Tundra 3,5ка од SETEC за 22,500, на споменатите сајтови и Енергија цената е 26,000 :)
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.061
7.734
Здраво Дечки,

Ретко пишувам, го следам форумов со години и години ;) па ајде да споделам и јас едно искуство поврзано со клими, за жал лошо..
...
На лето здравје, го демонитрам целосно целиот систем, само ми прави гужва по ѕидовите.

Поздрав.
Бојан.

Сори, ама те дрибла продавачот (ирелевантно е дали е инвеститор или не, во случајов е оној што ги земал парите, т.е. продавач). Ти обеќал гаранција а не ти ја дал. Побарај ги документите од станот и провери ги точните услови на гаранција. Немаш ништо со третата страна - по македонски закони одговорен за гаранцијата е само продавачот. Ти можеш доброволно да прифатиш друг да сервисира во негово име, но и не мораш. Во ситуацијава и не знам што си се гњавел уопште со сервисот...
(На еден колега не му го поправаат течењето у купатилото, па уште продавачот и мајсторот го убедуваат дека сѐ е во ред „само немој да влегуваш по чорапи“ и будалиов излегол од купатилото и ги заклучил - „додека не го поправите не искачате“ :)
 
vlavot

poweruser
29 октомври 2009
3.150
3.090
vlavot's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-2500k (4.6Ghz OverClocked) + Corsair H80i
Motherboard
Asus Sabertooth P67 B3 Rev 3.0 TUF Military-Grade
Storage
Samsung 840 pro 256 GB + WD5000AAKX SATA3 500GB Blue
PSU
Chieftec APS-650CB A-135 80PLUS
RAM
Kingston Hyper X Genesis 2X4GB DDR3 1866Mhz Dual-Channel
Video card
Asus Radeon R9 290 4GB + NZXT KRAKEN G10 & Corsair H55
Case
Cooler Master CM Storm Trooper
Mouse
Corsair Vengeance m95 White
Keyboard
Cooler Master Storm Trigger Z Cherry Mx Brown
Audio
Marantz PM6005 + Wharfedale Diamond 9.6
Monitor
Dell UltraSharp U2414H 24''
OS
Windows 10 Pro X64
Здраво Дечки,

Ретко пишувам, го следам форумов со години и години ;) па ајде да споделам и јас едно искуство поврзано со клими, за жал лошо..
Имено при вселување во нова зграда пред 3 години, во сите станови си имаше вградено Gree клими 7.5ки (GWHD(24)NK3) со 2 внатрешни единици (ниско монтажни), што и беше голем адут при купување на станот, економично греење, топ. Да ја скратам приказната, се беше фино првата зима, ниски сметки, си дојде и втората зима (минатата) ниски температури си истера без проблем, но во Март едната внатрешна единица почна да откажува издувува ладно и покажува error code (E1), се јавив кај инвеститорот тој ме препрати кај фирмата што ги монтирала/набавила, доаѓа екипа, вика дечко имаш среќа надворешната единица ти е со 4 излези ќе те премостиме, вентилот за фреон (некој си 3-Way) е затнат, греемак немаат резервни делови, јас со мало дете дома, викам премостувај опорави ја со договор во меѓу време штом добијат вентил да го заменат дефектниот. Ѕвонев секаде досаѓав вентили нема, дописи до греемак (зорба-б) до ден денес ми се немаат јавено, до пред еден месец сите 4 излези отидоа, останав без греење, со мало дете, морав да купам нови клими, буквално немав каде да се обратам за помош, а мораше да се делува брзо, отидоа 1600е за 2 нови клими засебни.
Да напоменам, гаранција немав, бидејќи климите биле монтирани 2012, греемак наводно кје ми реиздале гаранција (ништо до денес не се случи), можно е јас да неmav среќа со целата околност, но Gree никогаш повеќе, никаква поддршка од дистрибутерот ниту од официјалните сервисери. Стварно не ми е јасно како даваат 10 години гаранција кога немаат резервни делови, или ќе треба да останеш без греење и да го чекаш делот од Кина.
На лето здравје, го демонитрам целосно целиот систем, само ми прави гужва по ѕидовите.

Поздрав.
Бојан.

Шо клими купи ако не е тајна, и каде е станот од кој град?

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.738
12.674
Skopje
www.wemaxa.com
Tоа од купиалат мери моментално, не чува историја за цел месец потрошувачка мислам.

Надвор од муабетот, видел ли некој ваков уред? Мерач на потрошувачка на електрична енергија - ватметар, мери kW, kWh, CO2 сите купуваат од СЕТЕК или АНХОЧ, или од АљиЕкс... овие Купи алат, носат еден бренд на алат од Чешка, Екстол (Еxtol) па во понуда го имаат и овој мерач кој велат во параметрите: Мерач на моќност kW, потрошувачка kWh, и јаглерод диоксид CO2. Аман бе...!?
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.476
SK
@FLEGMA, aj да не смарам повеќе со ова (иако муабетов со упс-от во реалност воопшто не е така едноставен). Значи ОК на страна сето друго, имаш упс и нема да ти се оштети котелот во печката. Во ред. Но чинам зборувавме за алтернативно греење кога се нема струја. :)

УПС е само заштита на котелот. Кога ќе снема струја ќе мораш да прекинеш да ја ложиш печката. И да не се грееш. Како тоа негреење е подобро од негреењето со клима, или негреењето со пелети, или негреењето со панелни греалки. Секако ќе ти биде ладно.

Ѕвонев секаде досаѓав вентили нема, дописи до греемак (зорба-б) до ден денес ми се немаат јавено, до пред еден месец сите 4 излези отидоа, останав без греење, со мало дете, морав да купам нови клими, буквално немав каде да се обратам за помош, а мораше да се делува брзо, отидоа 1600е за 2 нови клими засебни.
Да напоменам, гаранција немав, бидејќи климите биле монтирани 2012, греемак наводно кје ми реиздале гаранција (ништо до денес не се случи), можно е јас да неmav среќа со целата околност, но Gree никогаш повеќе, никаква поддршка од дистрибутерот ниту од официјалните сервисери.
Лошо... Баш ме интересира дали (и што) ќе одговорат на ова. Сеедно што продавачот е директно одговорен, веднаш после него на листата одговорни е главниот увозник/застапник. Мислам дека имаш основа да се пожалиш во ДПИ затоа што надлежните се должни да обезбедат резервни делови на одреден период (не знам точно колку години, ама чинам повеќе од твоето сопствеништво). Фала што го сподели искуството.
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв