elenka
read-only
- 21 август 2017
- 29
- 50
клима може да ти загрее една до две простории и втората е знак прашалник колку ке ја загрее,после тоа натаму другите соби е залажување.како што кажуваш во беровскиот крај е ладно.
треба вратите да се цело време отворени да се меша топлиот со ладниот воздух...ама и се меша до некоја граница.
а како што спомна ќе затвараш врати и ќе ти остане 20м2 а внатре огромна 5ка клима.
ми нема логика целово твое кажување
Не кажав дека ЌЕ се затвора врата, туку веќе се затвора, затоа што таму живее една особа и кога и е ладно, не можеш да ја разубедиш дека вратата треба да е отворена затоа што климата е премоќна за тој простор.
Но немаше начин да се земе послаба и со тоа поефтина клима, затоа што малешевијата и битолскиот крај се најладни, и клима до -15 ќе замрзне на вториот поладен ден во годината.
Си одам дома во јануари, до тогаш ќе проучувам што како функционира.
Мое мислење е дека климата ќе успее да згрее 2 простории заради поставеноста на климата.
За некоја недела ќе пишам импресии во живо