mdeni
senior
- 24 септември 2012
- 6.065
- 5.999
Сега баш пројдов од Хидросет зошто не враќаат на мејл кога им побарав па да земам да си прашам лице в лице.@mdeni , имаш инфо како се движат со цени топлинските пумпи кај нас, кај може да се побара понуда?
Мислев Мидеа дека имаат топлински пумпи - немале. Само Фуџицу. Барем така ми кажа дечкото. А штом се Јапан и цените се Јапан.
12ка Фуџицу е 6254еур сосе ддв. Овие се со две единици имаш една надвор една внатре. И на внатрешната си приклучуваш се што треба како парно и слично. А помалите што ги барав јас вика дека ги немаат. Ама рече ѕирни на сајтот па ќе видиме. Малите се моноблок и автоматски и цената е моноблок. WATERSTAGE™ (Air to Water) FUJITSU GENERAL Global
Мене вака нешто ме занима искрено сега баш седнав да побарам: WATERSTAGE™ (Air to Water) : WSYP100DG6 / WPYA050LG - Fujitsu General Global
3.5KW компакт моноблок, за подно душа си дало. Само јас не зборувам за главно греење, туку за додаток на клими. Внатрешното единиче има и Backup Heater 6kw електрични греачи, за да не случајно ти пристуди тие 10 дена кога е -35 надвор. Само ова е за нискотемпературно греење. Да вади излезна температура 35Ц кое е феноменално за подно. Максимална 55Ц со намалена ефикасност секако. Мене ми е доволно и за радијаторите да ги смлачи малку на 35 таман ќе е. Иако основата е подно и клими.
Ама ако сакаш да е само на радијатори со пумпа они користат повисока излезна температура и ти треба 60 степени да има пумпата, или 55 барем. Тие се високотемпературни пумпи и се со доста помала ефикасност.
Друго прашав за Фуџицу 12LT и е околу 1376еур како што спомнавме претходно, што е премногу.
И 12LU е околу 1100евра.
За мали простори тие се ептен добри, ама испаѓаат поскапи од FH, и тоа не ми е баш.
Овие што им се редовните Фуџицуа им се со подобри цени LLC LMC LFC.
Последна промена: