krale
poweruser
- 6 февруари 2009
- 2.300
- 1.396
Примерите не се доволен доказ. 3 годишно дете нема да праќа преку Блутут ниту сториџ... Тоа само гикови
Инаку станува збор за споредба меѓу ХТЦ и ајфон па не знам што бара Самсунг во комбинацијата (иако е најверојатно тапа во споредба со ајфон 5).
Тоа се класични финти на кои се оцрнува iOS платформата од андроид фановите, претежно барајќи некои сламки за кои да се фати, во недостаток на прави аргументи. Дали се праќале фајлови по блутут? Мислам хелоу... 2011.
Нека се споредува графиката, игрите, квалитетот на апликациите што се за ios небо и земја во споредба со стварно нискиот bloatware и crapware што го лепат на андроид маркетот. Фала богу што почнаа да ги клонираат многу од апликациите и за андроид, иначе ќе беше стварно патетично. Нека се спореди обработка на фотографиите, не само број на мегапиксели, што стварно маркетиншки многу значи, ама во суштина тие што се разбираат знаат каква глупост е тоа, кога сензорот е мал, или неквалитетен. Нека се спореди мултитаскинг кој iOS единствен го има решено светски, наместо да ти ја цица батеријата ко луд, и да ти трупа процеси во позадина...
Значи едноставно предностите на ios се големи, и покрај некои идиотски пропусти исто така (инаетот со флеш, инаетот со неменување на изгледот и локскринот, тек сега пуштање на хотспот, инаетот на епл со кабли што се ептен само за епл итн.).
Треба да се биде реален и за предностите и за маните, а не да се дозволи една компанија да ви го пере мозокот, бидејќи бидете сигурни не им целта да ви го усреќат животот и да донесат мир на земјата, него да ви ги земат парите, како впрочем и секоја друга компанија.