Искрено пред да ги навредуваш HOSTMONSTER знај дека има луѓе овде кој ги корситат нивните услуги повеќе од две години.
URL rewriting се почнува од самиот почеток .
Сигурно ви е веќе сајтот пријавен во на гугле што значи ќе добиете предупердување за дупла соодржина.
Мислам дека ако ти стане сајтот поактивен ќе се жалиш дека си суспендиран за CPU .
Прво оптмизири го сајтот потоа барај вина кај другите.
Со HM на почетокот имавме проблеми со брзината, максимална download брзина и по неколку дена беше некаде 80KBps. Следно беше кинењето на SMTP/Sendmail цели 12 часа, без никаква причина (немавме надминато 50 мејлови на час, а и онака суспензиите им се до истекот на тековниот час, а не 12 часа). Од време на време зезаат и DB серверите.
Техничката поддршка е претежно во ред, само зависи кој оператор ќе го начекаш. Имаше еден што не сакаше да ми додаде .mk домен (техничките услови на МАРНет за регистрација се такви какви што се и бараат прво да си средиш хостинг, па после ти регистрираат домен). После 2 часа начекав друг оператор кој ми заврши работа.
Tи ако си задоволен, тоа си е твое и во ред е. Ние не сме. И не ги навредувам, не знам од каде го заклучи тоа.
Околу URL rewrites и дупла содржина, мислам (не тврдам) дека тоа може да се среди со Webmaster Tools на Google.