Батериите ги користат само како „каписла“ а експлозивот е ставен баш внатре во куќиштето од батериите. Нема да видиш разлика и нема да го видиш експлозивот ни да го расклопиш уредот (каков и да е). Батеријата сама по себе нема да утепа никој (освен ако не го запали станот/куќата на спиење), ама кога ќе се запали батеријата ќе го активира експлозивното полнење. Тој е принципот на делување.Луѓе, не мешајте баби и жаби. Батериите во пејџерите не утепаа никој. Израел ги има пресретнато пејџерите во транспорт и инсталирано експлозив во нив. Од 5Wh батерија едино ќе си изгориш рака.
Фирмверот има бекдор. Терористот се закачува, го манипулира софтверот на полначот, ги преграва батериите... БУМ.Друга работа, ќе ми објасни некој како експлодираат електрични возила? Да, истото ќе се запали и нема да се изгасне, но тоа не настанува инстантно.
Просечен резервоар има 40л гориво *7K@h/l=280Kwh. Model S има батерија од 100 KWh. Кое гори повеќе?
Тоа може да го направи од плажа од Кајмански острови. Но за да те убие со твојот автомобил кој нема батерии туку резервоар со гориво, потенцијалниот убиец мора да дојде кај тебе во државата, да начека момент кога возилото ти е паркирано и без да го види ни пријави никој, да постави далечински управувана бомба.
Што мислиш, кое од двете сценарија е полесно?
И друг агол. Што е полесно да ги запалиш сите автомобили на фосилни горива... Или сите електронски возила кои СИТЕ имаат компјутери во нив? Што е полошо, со тие ЕВ што имаат и аутопилот може и на друг начин да се убијат власниците.