1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Електронски цигари втор дел

Дискусија во форумот 'Електронски цигари' започната од Metuzalem, 9 Април 2019.

  1. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,138
    11,131
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Го собрале во Шензен, го измериле и од тогаш му се губи секоја трага. Буни се, од каде и да е нарачан. Тогаш беше самитот во Кина и затегањето на безбедноста.
     
    На bicikle му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ТАТА_МАТА

    ТАТА_МАТА
    Practice makes perfect

    1,332
    1,450
    25 Март 2013
    Машко
    Момци, ќе ве замолам за помош. Си тегнам јас од електронската и кога ја отворив да сменам батерија целата беше водена. Течноста нема боја и мирис и најверојатно сум ја наводенил со вода и не би требало да е киселината од батеријата.
    Тоа меурчето што е на сликата под бројките е полно со течност и се поместува низ цела батерија.
    Во ваква состојба сум ја користел бар саат време и се мислам дали да ја фрлам или сепак нема опасност ако се исуши? Благодарам IMG_20190713_143308.jpg
     
  3. Chaeld10_8

    Chaeld10_8
    On your way to fame

    784
    571
    29 Март 2011
    Rewrap би требало да го реши случајот ако ти е шубе и планираш да ја фрлаш у канта пратими ја мене за Битола ;)

    Испратено од DRA-L21 преку IT.mk форум апликација
     
    На ТАТА_МАТА му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,138
    11,131
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Нема опасност ако не влегла кај плусот (горе каде што допираш со прст). И отсега натаму држи ја така, не превртувај ја со плусот надолу во никој случај. Или ако не ти е страв, да пробаш да ја исцедиш, но сепак мислам дека не би требало да има внатре.

    Можеш да дупнеш ситно дупче да пробаш да ја исцедиш течноста, ако е течност - кај сите овие Сони зелени омотот им е од чудна пластика и знае да потемни сам од себе или да прави други глупости.

    Ситно дупче, да не може да направи спој (да не се гледа многу метал под него).

    Ако сакаш, ќе ти дадам и неколку омоти да си ја преоблечеш.
     
    На ТАТА_МАТА му/ѝ се допаѓа ова.
  5. bicikle

    bicikle
    On your way to fame

    1,576
    726
    3 Март 2018
    Имам уште 21-2дена, еднаш е препратена...
    Тата-мата, од кај би собрала вода? Олупи ја, пребриши ја со влажно, па со суво, и ете Метузалем ти се понуди за нов омот, или имаш божури во брикилаж и хубо, можеш и во ними да ја преслечиш, или батем целофан или изолир. Ако повторно тече батали ја.
     
    На ТАТА_МАТА му/ѝ се допаѓа ова.
  6. gokica

    gokica
    Модератор

    8,382
    10,163
    13 Јуни 2009
    @Metuzalem другар ако до сега не си го намотал флеш вејпор ти препорачувам да пробаш.

    Танкот е лудило.

    Таа ортомата што доаѓа со него фрлај одма. Јас го земав ова и одамна стоеше. Ај си реков ќе го пробам. Пресеков на пола, па после уште еднаш на пола. Од секоја лента одземав по пола сантим. Па ги свиткав на рака (без штрафцигер). На крај ги скратив цевчињата што излегоа за уште два милиметри откако го навиткав и поставив. Памукот е подолг и преку цела база.

    Човече ова е еден од најдобрите танкови. Го бива како за МТЛ така и за рестриктивно. Може да биде и поотворен. Арома централна со одличен троут хит. Чист солза вејп.
     
    На Metuzalem му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,138
    11,131
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Тек па овие кога ќе му ги ставам... :hay:

    Ако не сум ги изгубил. :blush:
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  8. gokica

    gokica
    Модератор

    8,382
    10,163
    13 Јуни 2009
    Охо тамам да ги ставам во корпа. Не сум ги видел до сега. Иако и овие со мешов се пасент. Викува одлично.
     
    На Metuzalem му/ѝ се допаѓа ова.
  9. vaskoboya

    vaskoboya
    Gaining Experience

    142
    169
    17 Септември 2014
    Машко
    54 дена! Леси си дојде дома по 54 дена скитање низ Азија, измиен, намотам и да се проба, од прва е ок, на 10 вати со 1.15 ома дава добра пареа, за вкус е рано да се каже, да пробам неколку течноти прво.
    Justfog, ми легна фино, дава добар вкус ама знае да протече на моменти. Батерија држи добро.
    Kayfun v3 mini, стандардно просечен, никад не одушевил ама ок си е...[​IMG]

    Sent from my Redmi Note 3 using Tapatalk
     
    На Chicco69, ТАТА_МАТА, bicikle и уште 5 други им се допаѓа ова.
  10. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,138
    11,131
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Rincoe Mechman 228W Mesh Kit

    [​IMG] [​IMG]

    Како што спомнав, комплетов го освоив на наградна игра, па ред е нешто да пишам од краткото дружење со него, иако не е мој домен - јако дробно е со меш грејачи, но добро ми дојде да ги пробам и нив. Односно, засега го пробав само сингл коил грејачот и ме изненади со огромното количество пареа и тоа што не ми беше жешко до 70 вати.

    [​IMG] [​IMG]

    Мојот примерок стигна со боите на американското знаме, и тоа со ефект како искинато/оштетено, интересно е што гледав слики на нет и дупчињата (вдлабнатините) не се на исти места како на сликите, како рачно да го гребеле. Но сепак поголемите флеки се на исти места, па можеби е сепак машински. Преку основната кутија има дијагонален оклоп од пластика, а и покрај тоа мене не ми е преголем или тежок - Иџис Леген(д)от е поголем и потежок од него. Но да, има и помали модови со две 18650-ки, па овој би го сметал за среден.

    [​IMG]

    Екранот е многу темен, уште не сум ја одлепил заштитната фолија, но вака ништо не се гледа. Мислам дека нема подесување на осветленоста, треба да побарам пак по странските ривјуа, како да видов нешто такво (а во упатството не се спомнува).

    [​IMG] [​IMG]

    Добро си работи на вати, на температурна контрола не го ни пробував, но го чита отпорот малку повисоко - неговиот грејач си го чита на 0,25 оми (колку што е и гравиран), а ДНА-та го чита на 0,23 оми. Не знам дали е само поради тоа, но странските ривјуери спомнуваа дека дава помала снага од очекуваната, што ми се потврди и мене - на ДНА на 70 вати веќе почнува да ми дава вкус на загорено, додека на неговиот мод нема гајле до 80, повеќе не ни пробував.

    За атомизерот нема што многу да се каже, најобичен е со глави и кога ќе се извади главата внатре нема ништо интересно. Најголема маана му е капачето за полнење што е на лизгање, сигурен сум дека многу брзо ќе почне да се олабавува. Како што реков, дава многу пареа и не е жежок до 70-80 вати, што ме зачуди. Воздухот шушти ептен многу, веројатно тоа ептен субјективно го чувствува тој што вејпа затоа што е во допир со него (инаку можеби на друг човек во просторијата не би му било толку гласно), но на граница е да почне да нервира. И тоа, мене ми нема разлика дали воздухот е отворен скроз до крај или до половина (помалку нема смисла да биде отворен затоа што ќе биде премалку), и така и така шушти, можеби само со различна фреквенција.

    Дриптипот е 810 нестандарден, односно Смоков со гумици на него, убав е и на лик со црвени „вени“ што не се нападни и на допир (тврда и мазна пластика). Но многу собира конденз, можеби и поради моето „нагазување“ кога успеав за 10-15 минути да испразнам цел танк...

    ...што е и главната моја замерка на атомизерот. Троши ко лада од старите. А не дава до толку добар вкус како што би очекувал од меш грејач (и тоа го спомнуваат странските рецензенти и се согласувам со нив). Иако немам големо искуство со меш грејачи, и вкусот ни оддалеку не е лош, за толкава потрошувачка очекував да ме тресне од земја, а тој само нежно ме турна. :hay: Само за пареата би рекол 10/10, ептен многу пареа дава.

    Меш коилот реагира моментално, веројатно поради ниската отпорност на која не сум навикнат. Модот нема полнење преку УСБ, што е добро кај ваков Кинез. Нешто чудно се случува, кога ќе го приклучам на УСБ има анимација како да полни, но ни по 4 саати батериите не се наполнети повеќе одошто биле (гледано на неговиот екран). Немам намера да испитувам повеќе.

    Не знам дали да го препорачам, можеби ако се најде за околу 20 долари кога и ако му падне цена... Модот воопшто не е лош ако се има на ум тоа што го спомнав дека чита повисоко отпор (па да покачиме снага) или како трета/четврта резерва, а атомизерот... Не сум квалификуван, ама мислам дека има многу подобри со меш грејачи.
     
    На bicikle, Chicco69, dim na struja и уште 4 други им се допаѓа ова.
  11. dim na struja

    dim na struja
    Gaining Experience

    232
    239
    23 Март 2016
    Машко
    DIY homemade update air pin, на Spica Pro.
    Пинот со три засеци (и онака не го користам) за воздух го израмнив и сега има повеќе воздух и помазно е влечењето, вкусот не е толку оштар т.е. троутхитот е намален, исто така и си бара помала снага. Пр. ако со 0.5ohm претходно го користев на 20w сега истиот го користам со 16w.
    Сега за сега овие промени ги осетив денес го напраив за понатака ќе видиме.[​IMG][​IMG][​IMG]

    Sent from my A7 using Tapatalk
     
    На Tomica Jovevski, fis1976, gokica и уште 3 други им се допаѓа ова.
  12. nikolaa96

    nikolaa96
    Gaining Experience

    46
    55
    17 Март 2019
    Машко
    Кој сака да си земе под, би му го препорачал. Сивиот од фт, црниот од али, двата стигнаа за исто време, негде две ипол недели. 20190718_135636.jpg
     
    zdrnik, krema, Metuzalem и на уште 1 им се допаѓа ова.
  13. krema

    krema
    Professor

    8,811
    8,562
    24 Јуни 2009
    Машко
    На DennyMK, nikolaa96, fis1976 и уште 6 други им се допаѓа ова.
  14. Ace Lud

    Ace Lud
    Practice makes perfect

    1,111
    1,924
    7 Април 2012
    Машко
    @krema со здравје и со убаво да го користиш

    Sent from my SM-T561 using Tapatalk
     
    На krema му/ѝ се допаѓа ова.
  15. nikolceeeeee

    nikolceeeeee
    Intern

    21
    13
    11 Мај 2016
    Машко
    Дечки да не знае некој кој е тој Горан од Аеродром, објавува на реклама5 огласи за вејп ствари. Член ли е на форумов? Гледам продава комплет пико со гратис батерија за 1800 денари.
    Еве линк Elektronska Cigara PICO 75W - - GARANCIJA + Gratis Tecnost
     
  16. Saso Trpenoski

    Saso Trpenoski
    Intern

    41
    28
    21 Мај 2019
    Машко
    Немој молим те


    Sent from my iPhone using Tapatalk
     
    На nikolceeeeee му/ѝ се допаѓа ова.
  17. nikolceeeeee

    nikolceeeeee
    Intern

    21
    13
    11 Мај 2016
    Машко
    @Saso Trpenoski Зошто друже, некој сомнителен бизнисмен да не е? :D
     
  18. Saso Trpenoski

    Saso Trpenoski
    Intern

    41
    28
    21 Мај 2019
    Машко
    Да се приберам ќе ти пишам

    Се прибрав

    На почетокот купив од него некој смок стик кит со код за гребење пошо немав појма пробав да го изгребам после неколку дена испадна дека е само слика не се гребеше исто и другар ми, зедовме исти батеријата траеше 1 недела и во ѓубре тенкот течеше нон стоп морав да шетам со салфетка.
    Немој погрешно да ме разбериш сигурно дечкото имат и оригинали за искусни вејпери мојш да си го провериш на лице место со кодот јас немав абер и ми трна.
    Искрено не би зезнал некој шо пробвит да ги остајт цигарите. Убо шо ве најдов вас да ме упатите.


    Sent from my iPhone using Tapatalk
     
    Последна промена: 20 Јули 2019
    bicikle, Chicco69 и на nikolceeeeee им се допаѓа ова.
  19. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,138
    11,131
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Барај во индексот Пико + Мело од огласи (лошо искуство). И тоа, мислам дека и не се сите места каде што се дискутираше за овие Пиковци. Главна работа е што овие Пиковци се фалсификат (клон) и се многу подложни на расипување. Ист проблем имаат во Србија (веројатно ги носат по ист канал). И батериите што ги даваше со нив не беа погодни за вејпинг, односно на граница (мислам дека ги смени, порано беа ептен кинески).

    И јас имам земано некои работи од тој Горан кога почнував (ако е тој), не можам да кажам нешто лошо од тоа време, но главното е што се поставува како продавач и „носи роба“ што ќе ја најде, веројатно по најевтина набавна цена, па квалитетот е неспоредлив дури и со најевтините работи што можеме да ги нарачаме од Кина, само со малку чекање, а по пониска цена. Мислам, клон на Пико, најевтиниот и најмасовниот кинески мод во свет... Атомизерот не го ни гледам, МЕЛО чешма, крајно непогоден за почетници...

    -----

    Не многу поврзано со тоа, односно не знам дали овие од огласи се` уште се клонови (но не гледам зошто не би биле), еве ја разликата во цена меѓу Пико оригинал и клон. Се разбира, има и други клонови (поевтини), а луѓето што ги носат ги земаат на големо и им е многу поевтино. Ако нарачаш 100 комада, Кинезот ќе ти испринта на куќиштето што сакаш.
     
    На Chicco69 и nikolceeeeee им се допаѓа ова.
  20. nikolceeeeee

    nikolceeeeee
    Intern

    21
    13
    11 Мај 2016
    Машко
    Да, претпоставувам дека е можно да се клонови, затоа и се распрашав тука. Абе опасни бизнисмени имаме низ државава шо да ви кажам, човек веќе не може едноставно да си купи нешто без да провери, а морам да се распрашам, мод барам за другар, не сакам да му најдам некој шо ќе му експлодира у фаца. Ајде може уште некој ќе се јави што го познава Горан да видиме и трето мислење.
     
  21. Saso Trpenoski

    Saso Trpenoski
    Intern

    41
    28
    21 Мај 2019
    Машко
    Ако купвиш од него само со проверка на код дали е оригинално


    Sent from my iPhone using Tapatalk
     
    На nikolceeeeee му/ѝ се допаѓа ова.
  22. Saso Trpenoski

    Saso Trpenoski
    Intern

    41
    28
    21 Мај 2019
    Машко
    Иначе го користам пикото (го позајмив од Шарло) со Наутилус2 модот е топ(магаре) а Наутилус2 е одличен за вкус ама досаден за полнење. Не дека имам користено многу модој ама е многу едноставен.


    Sent from my iPhone using Tapatalk
     
  23. nikolceeeeee

    nikolceeeeee
    Intern

    21
    13
    11 Мај 2016
    Машко
    Да бе,имам слушнато дека пикото е супер модче, и баш ќе му одговара на другар ме оти е едноставен за користење.
     
  24. bicikle

    bicikle
    On your way to fame

    1,576
    726
    3 Март 2018
    Еспион како го вртите екранот?
     
  25. Sharlovski

    Sharlovski
    Unstoppable

    945
    2,134
    28 Јануари 2017
    Машко
    If you have the device off and press and hold the + - button it will flip the screen.

    Пробај вака
     
    На bicikle му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...