1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Електронски цигари втор дел

Дискусија во форумот 'Електронски цигари' започната од Metuzalem, 9 Април 2019.

  1. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,312
    11,425
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Кај ќе го вртиш? Само една положба е логична, исправена.
     
  2. bicikle

    bicikle
    On your way to fame

    1,697
    795
    3 Март 2018
    Епа мене ми беше во нелогичката состоја превртен :) најверојатно в џеб, не очекував дека исклучен ќе се преврти. Инаку да, финтава од Шарло упали (faleminderit)
     
  3. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,312
    11,425
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Датабаза на танкови со глави. Во полето Search: пишуваш танк (на пример protank, TFV8 и така натаму) и ти ги листа компатибилните глави со линкови од Amazon, GearBest, Fasttech, Ebay и VapeSourcing. Има и основни податоци и линкови за танковите, како и повеќе верзии (на пример protank 2, 3, 4 и така натаму), секој со посебни линкови до главите.

    На германски е, ама страницата (или browser-от) нуди превод со Google Translate. Па дури и без тоа може да се разбере.
     
    На OldSchoolPvP, Ace Lud, Chicco69 и уште 6 други им се допаѓа ова.
  4. krema

    krema
    Professor

    9,529
    9,211
    24 Јуни 2009
    Машко
    Корисна датабаза, tnx @Metuzalem :)
     
    На Metuzalem му/ѝ се допаѓа ова.
  5. fis1976

    fis1976
    On your way to fame

    461
    880
    15 Март 2016
    Машко
    Ако некој веќе ги има давајте предлози на колку % да ги мешам, или да одам 2.5-3% со сите. Рачунајте дека ке бидат пратени на RTA и тоа стриктно MTL. [​IMG]

    Sent from my Mi A2 Lite using Tapatalk
     
    Widlok, Chaeld10_8, Metuzalem и на уште 1 им се допаѓа ова.
  6. krema

    krema
    Professor

    9,529
    9,211
    24 Јуни 2009
    Машко
    Зависи базата каква ти е, можеш да направиш проба со 2,5 и 3%. Јас генерално аромите од инавера ги миксам на 3%.
     
    На fis1976 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Sharlovski

    Sharlovski
    Unstoppable

    1,034
    2,305
    28 Јануари 2017
    Машко
    Првата не ја имам пробано, сите останати ги мешам на 4% бидејќи сакам да се поинтензивни освен Кактус Лимета, таа и со 2% можиш да поминиш, за жал лиметата е слабичка, можда е соодносот 75%25%.
     
    На fis1976 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. vaskoboya

    vaskoboya
    Gaining Experience

    144
    169
    17 Септември 2014
    Машко
    после неколку недели користење на кучичот не можам да го пофалам како добар за бркање вкус. дури ми се чини дека и justfog на кој му го премотав греачот за да биде мтл дава подобар вкус... само што го споредив со кајфун лајт (не знам кој број е, еден од првите) иста течност, иста омажа и кајфунот сеуште е број 1! догито е далеку. инаку дава добра пареа ама вкусот е блед, на ист начин го мотам како кајфунот, 7-8 намотки на 2.3мм, ист памук... негде сигурно грешам.
    Друга работа, ако го оставам во кола исправен и го заборавам, следното тргање гргори и тече прилично, мислам дека тоа е од тоа што во кола се загрева многу, некогаш и дома ако го оставам на сонце протекува, нели кучињата не се потат бе? :)
     
    На Chicco69 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. krema

    krema
    Professor

    9,529
    9,211
    24 Јуни 2009
    Машко
    Манџата со каков процент ти е - PG/VG?
     
  10. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,312
    11,425
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Треба повеќе памук, само што не собира 3 мм намотка (или едвај собира). Намотка 2,5 мм, а памук како за 3 мм. И да се пушти долу повеќе памук, да се обвитка околу столбот (малку, не неколку круга :hay:).

    За вкус треба навикнување, помек throat hit има џукацот па може од прва ќе изгледа дека е послаб вкусот... И мене ми беше така, мислам и на други (прашуваа), ама подоцна се распознава убаво вкусот.

    ЕДИТ: SXK e?
     
  11. vaskoboya

    vaskoboya
    Gaining Experience

    144
    169
    17 Септември 2014
    Машко
    50/50 густа е, кај други танкови немало протекување, мене ми се чудни тоа отворите за џус, прилично големи ми делуваат... ова е 2к16 модел, нема контрола на џус
     
  12. vaskoboya

    vaskoboya
    Gaining Experience

    144
    169
    17 Септември 2014
    Машко
    да sxk e, а баш при последното викување почнав така со повеќе памук и го смотав околу столбот па се предомислив, мислев дека така ќе влече повеќе џус и ќе го носи во отворот за воздух, ај утре ставам нов памук, повеќе и како шалче на тоа столбот, фала на совет комшо
     
    На Metuzalem му/ѝ се допаѓа ова.
  13. krema

    krema
    Professor

    9,529
    9,211
    24 Јуни 2009
    Машко
    50/50 не е густа, густа ќе биде ако имаш барем 70 VG.
    Инаку топлината си го прави своето, манџите на топло ја губат густината т.е. глицеринот ја губи густината од топлото, и да, малку повеќе памук како што кажа ч. @Metuzalem :)
     
  14. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,312
    11,425
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Еве вака, само што јас оставам милиметар подолги краеви и само со пинцетата ги залепувам до столбот.



    Каналите за течност се доста пошироки во однос на старите кајфуни (каде што е само дупче на крајот), а овде се ем широки ем памукот треба да оди по цела должина, а одоздола е поплавено (потопено во течност) и памукот не смее да се измрда ни малку оти ќе влезе течност. Не дека не може да се изведе со големо внимавање, но може да се измрда при отворање (полнење) или ако едноставно е премалку памук.

    Ти предвидувам две нервози:

    1. со прстенот за ерфлоу

    2. ако не ставиш многу памук, скоро премногу, ќе ти ја фарба течноста во резервоарот (ќе враќа гареж). Многу се чудев за тоа.

    Но самото тоа што го користам речиси само него и покрај овие и други проблеми, кажува се`. :hay:
     
    gokica, Chicco69 и на vaskoboya им се допаѓа ова.
  15. gokica

    gokica
    Модератор

    8,408
    10,252
    13 Јуни 2009
    Единствена работа која ми недостасува кај доги е баш троут хит. За мој вкус има фантастична арома. И за разлика од кајфун ем троши помалку течност ем грејачите траат многу подолго.

    Клетвата кај мојот кајфун прајм е што заради течностите ми ги замастува грејачите буквално за 2 дена. Го користам наизменично и пак третиот ден треба да му менувам памук. Ми се здосади веќе. На догито какви сакаш турај му течности трае најмалку дупло подолго грејачот.
     
    На Widlok му/ѝ се допаѓа ова.
  16. krema

    krema
    Professor

    9,529
    9,211
    24 Јуни 2009
    Машко
    Ме интересира колку овде има што користат ПОД системи?
    Јас моментално терам едно 5-6 дена исклучиво со ПОД и NIC Salts и добро ми оди, битно е да се погоди добра манџа и концентрација на никотин.
     
  17. Tomica Jovevski

    Tomica Jovevski
    Gaining Experience

    175
    293
    3 Февруари 2019
    Машко
    Ајде од поискусните на оваа тема. Знам дека ке ме карате и дека не треба да се користат(валјда) за вејп но извадени се од лаптоп,наполнети на полнач од другарче,не се мои. Незнам колку имаат ампери.. Што ке кажете?

    0-02-05-5526ce90bdacbf2f7756493459f7529967413ec45dec408b3451d8361caa43c8_eefc4715.jpg
     
  18. fis1976

    fis1976
    On your way to fame

    461
    880
    15 Март 2016
    Машко
    На Metuzalem му/ѝ се допаѓа ова.
  19. krema

    krema
    Professor

    9,529
    9,211
    24 Јуни 2009
    Машко
    За лед светилки можеби ќе ги биде но за вејп не би експериментирал.
     
  20. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,312
    11,425
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Теоретски можеш до 25 вати да ги возиш, но јас не би се заебавал.

    1. ICR хемијата им е повеќе експлозивна од другите што ги користиме:

    2. Не знаеш во каква состојба се поединечните ќелии внатрешно - дали се истрошени или делумно пробиени, па границата во вати/ампери би била уште пониска, а нема да го знаеш тоа додека не се случи најлошото.

    3. И онака имаат мал капацитет, 2000 mAh (веројатно мерено до крај, до 2,75 V, а модовите дозволуваат во просек до 3,3 V, со право), плус намалувањето на капацитетот од староста и/или несоодветното чување... Би бил среќен ако извадиш 1300 mAh од нив, а тоа е премалку за ризикот.
     
    На Chicco69 и fis1976 им се допаѓа ова.
  21. vaskoboya

    vaskoboya
    Gaining Experience

    144
    169
    17 Септември 2014
    Машко
    Хмм, се мислев дали да споделам мое искуство со батерии од лаптоп, не би сакал да носам никого на душа, АМА!
    Првите две години користев само лаптоп батерии но во механички цевка модови. Дополнителна сигурност беше тоа што претежно вејпа жена ми, така да ако пукне... Друга жена ќе најдам ;)
    Башка тогаш се користеа греачи од 1.2-2.2 оми, значи ниски вати. Ова новата мода со суб омски греачи не дозволува такви заебанции.
    И позајмив на внука ми пико со купечка батерија но веќе доста користена. Го скрши аспајр танкот и од умрела ја излажале дека vaporesso nrg se е супер за неа. Кога го пробала и бара 50w и при првото тргање батери азиз. Гледам главата е со 0.4оми, така да за него само нови проверени батерии.
    А јас уште имам лаптопски ама ги користам претежно за лед сијалички.
    Така да секој на своја одговорност нека си користи, и кажаното погоре не е совет за користење батерии од лаптоп

    Sent from my Redmi Note 3 using Tapatalk
     
    На ТАТА_МАТА му/ѝ се допаѓа ова.
  22. Tomica Jovevski

    Tomica Jovevski
    Gaining Experience

    175
    293
    3 Февруари 2019
    Машко
    И јас пробав да му објаснам на другаров ама нејкеше да ме послуша. Па затоа го пишав постов тука бидејки знаев какви одговори ке добијам :)
    А воедно он не е член на форумов.
    Па откако му ги покажав вашите одговори си ја затвори устата.
    Инаку јас со вградените батерии сум презадоволен за моите потреби.
    Па можеби со постапкава која ја направив со која му докажав дека не треба да си игра со тие батерии,можда спречивме сите ние некоја недајбоже посериозна повреда.
     
    На Metuzalem и fis1976 им се допаѓа ова.
  23. bicikle

    bicikle
    On your way to fame

    1,697
    795
    3 Март 2018
    Батерија од лаптоп разипа за вејп? Па поефтино е да купи.
    Ако била расипана батеријата, значи дека една или повеќе ќелии се пробиени, другите - кај и да е.
     
  24. Tomica Jovevski

    Tomica Jovevski
    Gaining Experience

    175
    293
    3 Февруари 2019
    Машко
    Не бе,му рикна лаптопот после две три години,таман кога заврши гаранцијата.И ги извади батериите.
     
  25. bicikle

    bicikle
    On your way to fame

    1,697
    795
    3 Март 2018
    Пак се стари, тоа 2 год батерија ако истера на коњ си. Нови ко биле може мт ќе терале и тоа до 15w макс ( безбедно), ама преголем е ризикот, не знаеш ни што хемија е внатре, ни на модот физичката заштита каква е.
     
    На Tomica Jovevski му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...