1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Електронски цигари втор дел

Дискусија во форумот 'Електронски цигари' започната од Metuzalem, 9 Април 2019.

  1. Ace Lud

    Ace Lud
    Practice makes perfect

    1,111
    1,924
    7 Април 2012
    Машко
    Тоа е реткост кај нас

    Sent from my SM-T561 using Tapatalk
     
  2. krema

    krema
    Professor

    8,837
    8,584
    24 Јуни 2009
    Машко
    Во догледно време сите ќе имаме такви полначи, темпото го налага тоа. :)
     
    На Ace Lud му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,145
    11,140
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Има УСБ слот за празнење (power bank). Со него полниш други пет батерии... Перпетуум мобиле. :hay:

    Е сеа нема кога да вејпаш, ама тоа е.

     
    bicikle, krema и на Ace Lud им се допаѓа ова.
  4. krema

    krema
    Professor

    8,837
    8,584
    24 Јуни 2009
    Машко
    ^ ццц добар :)
     
  5. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,145
    11,140
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    OhmsLaw.png
     
    На DennyMK, angeld, gokica и уште 5 други им се допаѓа ова.
  6. zdravkovskii

    zdravkovskii
    Gaining Experience

    165
    93
    14 Јануари 2011
    Видео/Анимација
    без никотин течностиве, добри се? освен очигледната, кои други разлики ги има?
     
  7. D@re

    D@re
    Intern

    68
    7
    22 Април 2009
    Здраво на сите, дали може некој да ми објасни или даде референца од каде можам да купам за сам да си направам течност дома(по можност раствор веќе измешан со никотин). Некој веб сајт да препорачата или место од каде можам да купам такво нешто а и воедно и арома?

    Да се надоврзам на предходниот пост, или да кажете каде може да се најде никотин за правење течност во мк или на нет? Видов во umbrella дека имаат само растворена пг/вг база од 100мл со никотин но тоа ми се виде некако скапо и мало по количина - па ако може помош :)
     
    Изменето од модератор: 3 Јули 2019
    На Acoo1984 и zdravkovskii им се допаѓа ова.
  8. gokica

    gokica
    Модератор

    8,382
    10,164
    13 Јуни 2009
    Umbrella ти е најбрзо. Купи си база, ПГ/ВГ по потреба и стави арома. Не знам што во моментов имаат на лагер ама колку за почеток верувам ќе најдеш. Инаку нарачуваме од повеќе места како aromashop и chefsflavors.
     
    На Metuzalem му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,145
    11,140
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Добре дојде на темава, @D@re . Не знам колку искуство имаш, гледам дека имаш некое, но треба да внимаваш со правење течности. Прво морам да ти го посочам индексот ако не го знаеш, а од таму овие постови што се однесуваат на правење течности:

    1 2 3 4

    Би било добро прво да кажеш како користиш (усно/дробно), која јачина и на која опрема. Инаку, ние не земаме посебно никотин, туку секогаш растворен во база, затоа што чист никотин е тешко да се набави, е многу отровен, и никогаш нема да можеме да го разредиме толку многу (а толку прецизно и толку рамномерно) што би бил погоден за наше користење. Значи, секогаш во база, па подоцна додаваме ПГ/ВГ ако треба.
     
    На Chicco69 и Sharlovski им се допаѓа ова.
  10. krema

    krema
    Professor

    8,837
    8,584
    24 Јуни 2009
    Машко
  11. D@re

    D@re
    Intern

    68
    7
    22 Април 2009
    Јас ја користам електронската цигара веќе година дена и користам течност со јачина на никотин од 9 или 12 мг. Е сега човекот што ми продаваше течност веќе не ја работи таа работа па затоа сакам сам да почнам да правам. Знам дека ми треба пг/вг база со никотин но незнам од каде можам да ја купам и како сето тоа се прави. Инаку видов нешто вакво во умбрела но незнам дали ова може да се раствора со пг/вг па да се додаде арома или како оди цела таа процедура.

    Добро ве најдов :)
     
  12. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,145
    11,140
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Земаш само од оваа и само тураш арома. Бидејќи е релативно висок никотин, претпоставувам дека е за усно и ќе ти одговара 50/50 ПГ/ВГ. За 12-ка не ти треба ништо друго (освен арома), а за 9-ка, бидејќи нема, земаш една 12-ка и една 6-ка, добро ги промешуваш цели заедно во поголемо шише и таму ставаш арома (тогаш имаш 200 милилитра 9-ка).

    На други места во Европа е тешко да се најде 100-милитарско шише никотинска база поради Директивата, а од подалеку ќе биде скап шипингот.

    Арома која сакаш, мој предлог за тутунски од истото место: 1 2. Овие се дозираат на 2 % (во 100 милилитра база ставаш 2 милилитра арома, или петтина од шишенцето арома од око). За нетутунски не сум баш стручен, а и зависи од вкусот, во линковите погоре (4-рка) има од каде земаме најчесто.

    Може и таа Умрела база што си ја линкувал, иста постапка (ставаш само арома), ако ја најдеш баш таа (многу често ги нема, иако пишува дека ги има, или се со друг состав). Мислам дека рекоа дека е добра (јас не сум ја користел, а и другите ретко ја наоѓаа). Можеби е малку поскапа, но нема чекање.

    Ако најдеш друг состав, земаш и ПГ / ВГ од Умрела (ако има) или од Аромаши (ПГ / ВГ) и одиш според калкулаторот (2-јка од линковите погоре).

    Со секој рецепт добро „промучкуваш“ се` заедно, добро го затвораш шишето и го оставаш на темно место да узрее (не во фрижидер, нормална температура), што подолго, тоа подобро: најмалку една недела, препорачливо повеќе. Можеш и неколку пати во денот да промучкаш, ако ти текне. Ако ти се брза, планираш да ја користиш за една недела, ставаш малку повеќе арома (2,5-3% за тутунскиве) и понекогаш (ретко и на кратко) отвораш капаче да влезе воздух и почесто мучкаш. Но најчесто најдобро е само да ја оставиш долго време да узрее.

    Едит: Го сменив првиот линк, оваа база е попогодна за било која намена.
     
    На Chicco69 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. dim na struja

    dim na struja
    Gaining Experience

    232
    239
    23 Март 2016
    Машко
    Добре дојде @D@re.
    За да добиеш ВПГ спремна база за да додадеш после само арома пример 100мл-9мг 50/50-вг-пг со оваа база од амбрела, ти треба да стаиш по некоја моја математика
    75мл никотин т.е. од ова од амбрела, 20мл вг т.е. глицерин и 5мл пг т.е. пропелин гликол.


    Sent from my A7 using Tapatalk
     
    На Metuzalem му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,145
    11,140
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    ^ Да не комплицираме, не дека е неточно, но ептен мала разлика е, најверојатно нема да ја осети. Аха, за 9-ка било. Јас би ставил само 20-25 мл ВГ и чао.
     
    На bicikle и dim na struja им се допаѓа ова.
  15. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,145
    11,140
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    @zdravkovskii Некои викаат дека се помалку вкусни, односно дека никотинот дава голем дел од вкусот. Затоа може да те излаже да пробаш со никотин и да развиеш зависност. Јас немам големо искуство со безникотински, сум ги користел и не ми се безвкусни, но обично сум бил прилично напумпан со никотин во текот на денот - сум ги користел, на пример, кога сум претерал, па неколку саати само безникотински, но не сум издржал на пример цел ден со безникотински, не за друго, не сум ни пробувал. Намалувам никотин, но сметам дека уште не сум стигнал до таа точка да пробам да го елиминирам.
     
    На dim na struja му/ѝ се допаѓа ова.
  16. comakot

    comakot
    Gaining Experience

    147
    57
    23 Февруари 2017
    Машко
    Баш за ова се расправавме со братучед ми XD двајца нубци се расправаат дали никотинот дава плус вкус
     
  17. dim na struja

    dim na struja
    Gaining Experience

    232
    239
    23 Март 2016
    Машко
    Тачно се слагам и јас со тебе. Јас мада користам 2мг ник. и тепам се освен ментол и титунски, на почетокот т.е. првата нецела година користев тутунски ароми со 24мг ник. ама откако пробав овошје десерти и други чуда забораив на тутунски.
    А кога сме кај 0мг ник. баш пред некој 2-3 недели смучкав едно 10мл за проба сникерс и ми беше топ ама сникерсот дал со никотин дал без има јак трут хит и не ќе да ми беше успешен обидот за безникотински, е сега (мислам не одма) ќе смучкам нешто по лајт пошто искрено сакам да го избацам никотинот скрос.

    Sent from my A7 using Tapatalk
     
    На Acoo1984 и Chicco69 им се допаѓа ова.
  18. bicikle

    bicikle
    On your way to fame

    1,576
    726
    3 Март 2018
    Ok се безникотински овошни, а за разлика, да има, е сега кој како му одговара.
    Нели има кај аромашите еден литар 12-ка, мтл 3 год ќе ја тегне, или две 18 ки две 6-ки ќе добие 400млл што е безбедно за на царина и ефтин шипинг.
     
  19. comakot

    comakot
    Gaining Experience

    147
    57
    23 Февруари 2017
    Машко
    Малку офф топик ама на ФТ ако ставам во карт код за купон и да истече ќе седи истата цена или ќе се промени?
     
  20. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,145
    11,140
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Ќе истече.
     
    На Ace Lud му/ѝ се допаѓа ова.
  21. comakot

    comakot
    Gaining Experience

    147
    57
    23 Февруари 2017
    Машко
    Па се избрукав што не видов порано дека на 4 Јули ќе има 15% (претпоставував дека ќе има ама не 15%) ќе ќарев едно телефонче од ФТ со попуст
     
  22. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,145
    11,140
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    На Ace Lud и krema им се допаѓа ова.
  23. D@re

    D@re
    Intern

    68
    7
    22 Април 2009
    може линк од шоповите?
     
  24. Astro

    Astro
    Guru

    6,035
    8,177
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Ко некое риболовно друштво сте :oh:
     
    На krema и Sharlovski им се допаѓа ова.
  25. Sharlovski

    Sharlovski
    Unstoppable

    949
    2,145
    28 Јануари 2017
    Машко
    Погоре во 4тиот линк на @Metuzalem е веќе објаснето.

    Малку е незгодно кога некој ќе одвои доста време да ти сервира сè што те интересира а тебе мрзи да прочиташ, те одвраќа од наредна помош кога треба да се пружи. Сите сме биле нубови ама малце повеќе ангажираност.

    Добредојде и од мене, извини за клизачкиот старт, ми тежеше.
     
    fis1976, Metuzalem и на OldSchoolPvP им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...