1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Е-Данок?

Дискусија во форумот 'Е-Бизнис' започната од Noelo, 14 Декември 2018.

  1. ^^GoRiLLaZ^^

    ^^GoRiLLaZ^^
    Gaining Experience

    99
    51
    7 Април 2008
    Машко
    Претисни, и почекај 2/3 минути, прошетај низ интернет у меѓувреме... па врати се на табот :eek:

    Инаку од странски сметки не ги внесуваат автомацки????
     
    На DonFrozex му/ѝ се допаѓа ова.
  2. BadGirl007

    BadGirl007
    Intern

    155
    40
    3 oктомври 2018
    Женско
    Што треба да се прави со Даночнава пријава? Ја потврдив.
     
  3. petkotrajko

    petkotrajko
    Gaining Experience

    103
    77
    16 Јуни 2017
    Па ништо, толку е.
    Твоето си го заврши (за годинава, гледано од аспект на УЈП).
     
    На BadGirl007 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. petkotrajko

    petkotrajko
    Gaining Experience

    103
    77
    16 Јуни 2017
    еве, после некое време, да пишам дека одисејата е завршена....односно денес ми ја пуштиле генерираната пријава за данок за 2019, а воедно ги вратиле да бидат видливи и тие од 2018 (едната одобрена, другата сторнирана, пошто имаше грешка во неа).
    Решењето беше...во понеделникот или вторникот се јавив на еден од мобилните броеви во овој пдф http://ujp.gov.mk/uploads/File/Spisok za podrska na e-peronalen_02.07.2019.pdf
    на страната на ујп овде: Управа за Јавни Приходи на Република Северна Македонија во делот на е-персонален данок, технички лица за контакт.
    Љубезен женски глас од другата страна на линијата ме пречека фино и културно (пријатно се изненадив), и кажав што ми лежи на душата, ми кажа дека и други го имале тој проблем, знаат дека постои, ми објаснуваше и нешто подетално зошто се случило тоа (иако искрен да бидам, не разбрав/не запамтив сосема...), ама битното е дека ми рече да пишам мејл на [email protected] во кој ќе потенцирам дека имам проблем со видливоста на даночната пријава (односно дека истата не се гледа), и да оставам генералии од мене и број од мобилен за да ме контактираат.
    Речено-сторено.
    Го пишав мејлот, потенцирав дека имам проблем, и еве денес гледам - тука е пријавата.
    (оставив и мобилен, ама не ми се јаве љубезниот глас...)

    Па толку беше, си реков да не му затреба на некој, да споделам...
     
    BlackArrow7, smole, PC_GAMER и на уште 1 им се допаѓа ова.
  5. Blaxus

    Blaxus
    Intern

    8
    5
    8 ноември 2016
    Машко
    Дали некој има искуство со примање на парите во странска банка(Грција или Бугарија), и дали тогаш мора да се плаќа данок?
     
  6. whiterabbit

    whiterabbit
    Gaining Experience

    62
    68
    20 Мај 2020
    Машко
    Колку што знам моментално нема увид во тоа, но секогаш постои ризик доколку веќе не разменуваат податоци државите, да почнат да разменуваат и некогаш твоите примања да бидат проследени. Ова е мое лично толкување на моменталната ситуација, нека пишат повеќе тие што веќе го прават тоа.
     
  7. k3b

    k3b
    Gaining Experience

    151
    87
    12 Декември 2017
    Машко
    Nemas problem vadi slobodno


    Sent from my iPhone using Tapatalk
     
  8. Blaxus

    Blaxus
    Intern

    8
    5
    8 ноември 2016
    Машко
    Фала ви многу и на двајцата.
     
  9. zdravkovskii

    zdravkovskii
    Gaining Experience

    359
    346
    14 Јануари 2011
    Видео/Анимација
    шо е разликата од таква сметка и пајонир?
     
  10. k3b

    k3b
    Gaining Experience

    151
    87
    12 Декември 2017
    Машко
    I so dvete smetki vadis pari nadvor od mk. Ne sum siguren dali na payoneer imas iban i swift. Na payoneer znaat da napravat problem za primanje na pari od razlicni fizicki lica


    Sent from my iPhone using Tapatalk
     
    На zdravkovskii му/ѝ се допаѓа ова.
  11. zdravkovskii

    zdravkovskii
    Gaining Experience

    359
    346
    14 Јануари 2011
    Видео/Анимација
    а во однос на данок?
     
  12. k3b

    k3b
    Gaining Experience

    151
    87
    12 Декември 2017
    Машко
    Isto kako i so payoneer


    Sent from my iPhone using Tapatalk
     
    На zdravkovskii му/ѝ се допаѓа ова.
  13. BlackArrow7

    BlackArrow7
    Intern

    27
    12
    14 Јануари 2019
    Машко
    Што значи ова знае некој?
    „Разлика за доплата на данок на личен доход 11=5-10„

    Јас не се разбирам многу од пријави. Гледам има некоја сума таму, а минатата година е немало.
    Нешто за доплаќање да не е?
     
  14. krema

    krema
    Professor

    11,007
    10,542
    24 Јуни 2009
    Машко
    Имам на сајтот број за хотлајн, контактирај ги.
     
  15. BlackArrow7

    BlackArrow7
    Intern

    27
    12
    14 Јануари 2019
    Машко
    Другар исто така имал разлика, но колоните во таблета за пресметан ДЛД и платен ДЛД се со исти вредности.
    Друг другар бил до УЈП и му рекле дека не знаеле зошто е така. Ќе одам и јас утре да видам што ќе ми кажат.

    Сметководител им рекол да ги остават така па ако им стигне писмо од УЈП да одат до УЈП да им го корегират.
     
  16. gremlin

    gremlin
    Practice makes perfect

    2,466
    1,952
    18 oктомври 2009
    Машко
    IT
    дечки кратко прашање, како да дознам кој приход ми е оданочен кај следнава ставка?
    4. Основа за оданочување 4=1-(2+3)
    - Даночна основа за примена на даночна стапка од 18%

    Бидејќи погоре детално имам колку имам платено данок ама не и по кој процент е, ова сумарново не знам како и од каде се вади.

    И кај мене пресметан и платен е ист ама имам разлики во 11-ката и моја претпоставка е дека дел од приход ми оданочиле со 18% по грешка пошто со 10 проценти испаѓа точно како и пресметаниот и платениот!
     
  17. BlackArrow7

    BlackArrow7
    Intern

    27
    12
    14 Јануари 2019
    Машко
    Јас го имам истото прашање и ќе одам утре да ми објаснат.
     
    На gremlin му/ѝ се допаѓа ова.
  18. #samurai#

    #samurai#
    Gaining Experience

    316
    271
    9 oктомври 2010
  19. dekomote

    dekomote
    On your way to fame

    367
    617
    11 ноември 2014
    Машко
    Програмист
    Скалест данок. Треба да се доплати. Кога ќе се завршат пријави а у, ќе изгенерираат уплатници со фолио број и ќе треба да се плати разликата нажалост.
    Честито, си направил повеќе од 1080000 денари лани.
     
  20. ceo45

    ceo45
    Intern

    11
    0
    11 Јули 2019
    Машко
    Имам данок за доплата 150ден, разликата е кај игри на среќа. Дали треба да се плати со оглед на тоа дека обложувалниците не го подмириле данокот?
     
  21. BlackArrow7

    BlackArrow7
    Intern

    27
    12
    14 Јануари 2019
    Машко
    Да, сега се јавив ми објасни човекот добро. Таа е таа разлика и треба да се плати. Не ми беше јасно пошто во првата табела се со иста вредност платен и пресметан ама излгеда не e пресметаn таму прогресивниот. Дел имам платено по 18% што е најверојатно од фирмата. Другото е од авторски права што имам примано на кои нема платено прогресивен. Во ред е.
     
  22. BilboBaggins

    BilboBaggins
    Intern

    4
    0
    7 Мај 2019
    Машко
    Земав семејна пензија до септември, после тоа веќе изгубив право и не ја примав. УЈП во ставката приходи ми внесла и пензии за октомври, ноември и декември (ваљда паушално), а јас такво нешто не сум добил на трансакциска. Ако некој знае зошто и како нека ми каже :)

    Јасно ми е дека треба да корегирам, но проблемот е што немам извод за точните суми на пензиите за 2 месеци од лани(износот се менува во текот на годината за 100-200 денари нагоре и надолу), па ќе треба за нив да пресметам паушално за да дојдам до вистинската сума за тоа колку сум имал приход. Немам е-банкарство и денеска е сабота па не можам ни до банка да појдам. Данокот за другите приходи ми е платен и сето тоа си е чисто. За пензиите ми пресметале и платиле од пензиско некои си 2000 денари, не знам зошто, али океј е и тоа, се е во ред.

    Прашањето ми е дали на УЈП најпрво ќе и биде гајле за дали е до денар точна пресметката? Планирам паушалните суми на пензии што ми фалат да ги пресметам како максимални можни од тоа што сум земал низ годината.
    Пошто ми натпишале, па јас ќе кратам и за тоа немам обврска за да платам нешто дополнително претпоставувам дека тука ќе немам проблем, ама дали треба да одам понеделник (откако ќе помине рокот) до кај нив со изводи од банка па да се прави наново извештај или пак тие сами ќе ме контактираат или ќе ми пратат нова пресметка?

    П.С. Ова сето ми е битно поради тоа што со натпишаните фиктивни приходи ја преминувам таа некоја граница од 144/145 илјади за здравствено осигурување.
     
    Последна промена: 30 Мај 2020
  23. CinnamonVoid

    CinnamonVoid
    Intern

    2
    0
    26 Февруари 2018
    Се изначитав во темава, и мислам дека отприлика сфатив што треба да правам, ама сакам да ги потврдам чекорите (како и да е, ќе се јавам во УЈП во понеделник, ама би било убаво некој со слично/исто искуство да ми потврди).

    Сакам да потпишам договор со странски клиент како Independent Contractor (фриленс, нема да бидам вработена од него) и да ми стигнуваат приливи на девизна сметка во тутунска.
    - Кога ќе ми стигне прилив, во банка треба да потврдам потекло и ми даваат извештај кој треба да го прикачам кога електронски ќе пријавам на е-ппд до 10ти од месецот за претходниот месец (пр. добивам пари на 20ти мај, имам до 10ти јуни да пријавам)
    - Откако ќе се потврди електронската пријава, добивам налог за плаќање на данок, кој треба да го платам во банка до 15ти во месецот

    Имам неколку прашања за кои не најдов конкретен одговор:
    - Дали треба нешто посебно да се направи (негде да се пријавам, регистрирам) откако ќе го потпишам договорот, а пред да ја добијам првата исплата?
    - Дали овој вид на работа (фриленс, конкретно social media & email marketing работам за клиентот) спаѓа во самостојна дејност или друг доход?
    - Ако е друг доход, стапката е 15% без разлика дали надминуваш 1,080,000 денари?
    - Ако е доход од самостојна дејност, дали мора да водам деловни книги (јас лично или сметководител)?
     
  24. goce03

    goce03
    Practice makes perfect

    982
    1,715
    20 Јануари 2015
    Машко
    Имам неколку прашања за кои не најдов конкретен одговор:
    - Дали треба нешто посебно да се направи (негде да се пријавам, регистрирам) откако ќе го потпишам договорот, а пред да ја добијам првата исплата?
    Освен во е-ПДД ако сеуште не си регистрирана, на друго место не треба да се регистрираш.
    - Дали овој вид на работа (фриленс, конкретно social media & email marketing работам за клиентот) спаѓа во самостојна дејност или друг доход?
    Во друг доход, поточно друг доход од странство.
    - Ако е друг доход, стапката е 15% без разлика дали надминуваш 1,080,000 денари?
    За 2020 данокот е 10%, без горен лимит односно независно што надминуваш 1,080,000 денари
    - Ако е доход од самостојна дејност, дали мора да водам деловни книги (јас лично или сметководител)?
    Не, не е самостојна деност и не немораш да водиш деловни книги.
     
    CinnamonVoid, mrkela2009, igor_igor и на уште 1 им се допаѓа ова.
  25. cgfreak

    cgfreak
    Gaining Experience

    277
    285
    1 oктомври 2010
    CG Artist
    Друг доход се смета доход што не е од работа и таму до минатата година беше 15% без разлика на износот, не знам сега дали има промени тука. "Social media & email marketing" e доход од работа и би требало да го пријавиш како "компјутерски услуги" (не сум сигурен која беше шифрата за тоа во банка, мислам 250, прашај си). Тука данокот ти е 10%. Само имај на ум, во банка ако кажеш дека приливот ти е по основ "Social media marketing", многу е голема веројатноста дека нема да те разберат и ќе ти запишат „Маркетинг услуги“ како основ, а тие спаѓаат во категорија „друг доход“ бидејќи се мисли на доход од изнајмување веб простор за маркетинг и слично, што не е доход од работа.
    Така држи си се до работа на компјутер или објасни си убаво што работиш кога ќе отидеш, ама тоа што ти треба е „компјутерски услуги“, шифра мислам 250.
     
Слични теми
  1. macedonia
    Одговори:
    6
    Прегледи:
    1,467
  2. -Ata-
    Одговори:
    6
    Прегледи:
    1,771
  3. Тони
    Одговори:
    24
    Прегледи:
    2,573
  4. Noelo
    Одговори:
    23
    Прегледи:
    2,260
  5. zipi123
    Одговори:
    5
    Прегледи:
    5,459
Вчитување...

Сподели

Вчитување...