• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Е-Данок?

marv

Unstoppable
5 октомври 2007
3,323
2,701
Која е логиката? Ајде да поченеме вака. Работиш во странство... све ти е легално средено. Доаѓаш во Македонија, снемуваш пари. Идеш на банкомат, вадиш пари од твојата СТРАНСКА картичка кој со мака си ги заработуваш парите. И на тие пари да плаќаш данок?

Полош закон, здравје. Секој труд што си го вложил со твојот мозок и твоите раце... го плаќаш и на државата за ништо што не се потрудила да ти возврати за тебе.

Знам дека шансите се доста минимални да јадеш казна, но не е тоа финтата. Проблемот е што треба законот да има некоја смисла, што сите ќе бидеме среќни и задоволни.
Ако си резидент на МК, плаќаш данок во МК. Ако веќе работиш во странство и имаш резидентност таму, таму плаќаш сѐ. Овде едноставно ако некогаш некој те праша за потекло на имот, приложуваш папирологија од таму и ти си фри. Тоа се вика одбегнување на двојно оданочување и важи во сите земји на сличен начин.
Ако си МК резидент и обврзник за данок, а заработиш нешто надвор и те оданочат таму ради XYZ закони, потврдата ја носиш кај нас во ујп и само ако си платил помалку отколку кога би бил у МК, доплаќаш разлика.

Sent from Телефон using Tapatalk
 
Blagojcebt

Intern
1 септември 2009
123
48

Ако работиш за Австралиска фирма и таму ти земаат над 30% за сите нивни даноци, а сепак не си нивни резидент, дали и тука плаќаш данок !
 
Necromancer

Unbeatable
24 февруари 2012
3,436
4,038
Скопје
Ако работиш за Австралиска фирма и таму ти земаат над 30% за сите нивни даноци, а сепак не си нивни резидент, дали и тука плаќаш данок !
Прашај во УЈП. Скоро работевме со колега на проект преку Грција. При плаќање ни рекоа дека ако не доставиме документ дека сме даночни обврзници во МКД ќе ни одбијат 20%. Бијдеќи УЈП се спори, демек 2 недели им требале да го издадат документот, ни пуштија исплата во меѓувреме -20% (си задржале за резерва ако не доставиме). Откако ја земавме потврдата и им ја испративме, ни ги пуштија и останатите 20%. Потоа, односно при секој прилив, ако се оди согласно законска регулатива, на Е-ПДД се поднесува аконтативна даночна пријава, каде сам си пополнуваш формулар врз основа на приливот а УЈП само го потврдува, и си пријавуваш персоналец 10%.

Така да, да ти одговорам на прашањето, не би требало Австралија да ти одбива 30% ако не си резидент и ако им докажеш дека плаќаш данок во друга држава на приливот.
 
goce03

Practice makes perfect
20 јануари 2015
1,020
1,770
Skopje
goce03's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-4690 & Gammaxx 200T
Motherboard
Gigabyte H81M-DS2
Storage
SSD Kingston Now UV300 120GB /HDD 1TB WD 64MB Caviar Blue
PSU
CM Masterwatt lite 700w
RAM
Patriot DDR3 2x8GB 1600MHz
Video card
Sapphire Nitro+ RX 580 8GB
Case
MS Cyclops V
Monitor
Philips 226V4LAB
OS
Win 7 64 bit
Ако работиш за Австралиска фирма и таму ти земаат над 30% за сите нивни даноци, а сепак не си нивни резидент, дали и тука плаќаш данок !
Во принцип, не треба да те даночат во Австралија, (сепак има исклучоци за одредени видови на приход кој зависат од даночното право во секоја држава). Сепак во принцип треба овде да плаќаш данок, самиот, слично како во случајот погоре на @Necromancer .
 
marv

Unstoppable
5 октомври 2007
3,323
2,701
Ако работиш за Австралиска фирма и таму ти земаат над 30% за сите нивни даноци, а сепак не си нивни резидент, дали и тука плаќаш данок !
Ако државите имаат договор за одбегнување двојно оданочување, тогаш носиш потврда у нерезиденрната држава и не треба да те даночат. Ако инсистираат, данокот платен таму го пријавуеш кај нас со документ од "ујп" на таа земја и за тој износ ти се намалува нашиот. Ако државите немаат таков билатерален договор, си плаќаш кај двете. Ова е нели по закон.

Sent from Телефон using Tapatalk
 
cgfreak

Gaining Experience
1 октомври 2010
357
434
Дома
Која е логиката? Ајде да поченеме вака. Работиш во странство... све ти е легално средено. Доаѓаш во Македонија, снемуваш пари. Идеш на банкомат, вадиш пари од твојата СТРАНСКА картичка кој со мака си ги заработуваш парите. И на тие пари да плаќаш данок?

Полош закон, здравје. Секој труд што си го вложил со твојот мозок и твоите раце... го плаќаш и на државата за ништо што не се потрудила да ти возврати за тебе.

Знам дека шансите се доста минимални да јадеш казна, но не е тоа финтата. Проблемот е што треба законот да има некоја смисла, што сите ќе бидеме среќни и задоволни.
Ако работиш во странство и си имаш работна дозвола (виза) и банкарска сметка од земјата во која работиш, слободно можеш да си повлекуваш пари со картичка од таа сметка, никој нема да ти ги оданочи.
АМА, ако не работиш во странство, немаш престој ниту работна дозвола, А имаш сметка во странство на која си заработуваш и повлекуваш пари, има малку поинаков закон :)
 
^^GoRiLLaZ^^

Gaining Experience
7 април 2008
155
100

Каква е процедурата околу тоа? Многу луѓе извадија странски сметки, а има и многу онлајн банки што го нудат тоа. MasterCard што функционира низ цел свет. Дали данокот е помал или како оди работата?
 
kirev

Unstoppable
31 мај 2010
5,383
3,716
Скопје
Што си заработил додека си работел од Македонија ќе треба да платиш данок. Ако си на одмор некаде - не смееш да работиш зашто немаш работна дозвола :)

Еве некој список на договорите за одбегнување на двојно оданочување:

  • Ми се допаѓа
Реакции: marv

cgfreak

Gaining Experience
1 октомври 2010
357
434
Дома
Каква е процедурата околу тоа? Многу луѓе извадија странски сметки, а има и многу онлајн банки што го нудат тоа. MasterCard што функционира низ цел свет. Дали данокот е помал или како оди работата?
Нема процедура околу тоа, доколку немаш виза, второ државјанствно, недвижнини и слична поврзаност со странство, не смееш да имаш сметка во странска банка, таков е законот. Е сега, ако цело време алудираш на Payoneer (или други online платежни сервиси што издаваат свои картички), тоа е целосно друга тематика која се разработува на форумов во 100 и кусур страни, се надевам ја имаш видено.
 
^^GoRiLLaZ^^

Gaining Experience
7 април 2008
155
100
Нема процедура околу тоа, доколку немаш виза, второ државјанствно, недвижнини и слична поврзаност со странство, не смееш да имаш сметка во странска банка, таков е законот. Е сега, ако цело време алудираш на Payoneer (или други online платежни сервиси што издаваат свои картички), тоа е целосно друга тематика која се разработува на форумов во 100 и кусур страни, се надевам ја имаш видено.
Јок, не мислам на Payoneer бидејќи со Payoneer мора пак да поминат и да легнат на МАКЕДОНСКА СМЕТКА. Мислам на онлајн банка што издава MasterCard што може да се користи низ ЦЕЛ СВЕТ.

Да ти го објаснам примерот:
Имаш пари на ОНЛАЈН сметка и е поврзана со MasterCard картичка... идеш на банкомат си вадиш пари без да поминат низ МАКЕДОНСКАТА сметка.

За таков тип од сметка, ама очигледно во Македонија сме назад со ова и доста не го познават овој систем.
 
cgfreak

Gaining Experience
1 октомври 2010
357
434
Дома
Јок, не мислам на Payoneer бидејќи со Payoneer мора пак да поминат и да легнат на МАКЕДОНСКА СМЕТКА. Мислам на онлајн банка што издава MasterCard што може да се користи низ ЦЕЛ СВЕТ.

Да ти го објаснам примерот:
Имаш пари на ОНЛАЈН сметка и е поврзана со MasterCard картичка... идеш на банкомат си вадиш пари без да поминат низ МАКЕДОНСКАТА сметка.

За таков тип од сметка, ама очигледно во Македонија сме назад со ова и доста не го познават овој систем.
Друже, го опишуваш Payoneer во секој одговор :) Тоа и е сервисот, не мора да ти легнат на македонска сметка и нема никаква поврзаност со македонска сметка, освен ако ти не си направиш withdraw од Payoneer на сметка во банка. Во спротивно си ги вадиш директно од банкомат со картичката и немаат допир со твоја физичка банкарска сметка.
Истото важи за секој online платежен сервис што нуди сопствена MasterCard за користење на средствата и не е дека не се користат во Македонија, се користат и не е дека не треба да се плати данок на тие пари, треба :)
Мислењето е автоматски споено:

П.С. Поштеди нѐ од нагласоците со големи букви, ќе се разбереме и така.
 
Последна промена:

k3b

Gaining Experience
12 декември 2017
193
120

Имаш банки во сепа со нивна картичка кои функционираат со месечен fee и fee по трансакција. Толку

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Не бе таман работа, за да се сфатиме добро не беше со некаква намера у смисла за дерење :)

Немам искуство со Payoneer и мислев дека имаш само таква опција, да поминат низ македонска сметка. Но ете веќе кога одговори и го разбра сето тоа, што правиме со тоа ако ги извадиш од Бугарија, Грција или било која друга земја? Пак ќе те одданочат од Македонија?

Имаш банки во сепа со нивна картичка кои функционираат со месечен fee и fee по трансакција. Толку
Епа тука е проблемот, ем ќе ти земат провизија странциве, ем нашиве ќе те оддерат со 10% данок.
 
cgfreak

Gaining Experience
1 октомври 2010
357
434
Дома
Не бе таман работа, за да се сфатиме добро не беше со некаква намера у смисла за дерење :)

Немам искуство со Payoneer и мислев дека имаш само таква опција, да поминат низ македонска сметка. Но ете веќе кога одговори и го разбра сето тоа, што правиме со тоа ако ги извадиш од Бугарија, Грција или било која друга земја? Пак ќе те одданочат од Македонија?

Епа тука е проблемот, ем ќе ти земат провизија странциве, ем нашиве ќе те оддерат со 10% данок.
Законот е дека секоја заработка остварена во Македонија, подлежи на данок во Македонија. Е сега, средствата може да ги добиеш и на трансакциска и да не ги пријавиш ако сакаш и веројатно нема да платиш данок, ниту ќе ти се појават во ГДП, ама ако дојдеш на ред за „разгледување“, ќе платиш и данок и казна. Истото важи и за сите останати сервиси, УЈП не ги „чешла“ сите можни сметки и платежни сервиси по default, таман работа, можеш веројатно и да не оставиш траг со тоа што нема да допрат до физичка сметка во банка или дури и до македонски банкомат, ама тоа не ги менува законите.
Повеќе пати е спомнато и во другата тема, никој тука нема и не може да ти каже „не пријавувај“. Законите се тие, изборот е твој :)
 
Sancho Sanchez

Gaining Experience
12 октомври 2016
156
182
До пред да почне ова OECD репортирање до матичните држави, владата немаше начин како да дознае дека имаш сметка во странство, а исто немоќни беа и сите други влади.

Ова под услов да не си испратиш до своја сметка во мк пари, пошто тогаш одма треба да ги правдаш и ако се види дека испраќачот е со исто име како примачот, веќе се знае што е работата.

А при подигање од автомат мислам пак е малку проблематично за владата да утврди идентитет, банката ќе регистрира дека некој си Трајко Петков од Шведска си подигнал со Мастеркард од автоматот во Чаир, а покрај банката и владата има увид во сите тие информации, ама не знае кој му е матичниот број на Трајко Петков во мк, а со тоа име може да има и над 100 души.

Значи автоматско утврдување на идентитет неможат да прават, и мислам затоа не сум слушнал некој да го снајдат проблеми при подигање од автомат.
 
Zbunet

Intern
22 февруари 2021
2
2
Јас мислам дека ако се крени повеќе фама , можи само да ја блокираат картичката за Северна, како што ја имаат блокирано во Русија , Франција и други земји , и сакал или неќел ќе си префрлуваш на банка.
 
rootismyhome

Intern
10 април 2021
4
6
Не бе таман работа, за да се сфатиме добро не беше со некаква намера у смисла за дерење :)

Немам искуство со Payoneer и мислев дека имаш само таква опција, да поминат низ македонска сметка. Но ете веќе кога одговори и го разбра сето тоа, што правиме со тоа ако ги извадиш од Бугарија, Грција или било која друга земја? Пак ќе те одданочат од Македонија?

Епа тука е проблемот, ем ќе ти земат провизија странциве, ем нашиве ќе те оддерат со 10% данок.
Ако збориш за законски, нема врска каде ги вадиш парите. Се додека си даночен обврзник на Македонија, ти си должен да ги пријавиш парите во УЈП и да платиш данок. Ако збориш за тоа дали ќе те фатат ако користиш странски сметки и си ги подигаш парите со картички издадени од тие банки, никој не може да ти каже да или не, не знаеш утре што може да излезе, не знаеш кои податоци ги споделуваат државите, така да имаш избор регулирај си данокот и свиркај си, или криј се и свиркај си, а дали утре нешто ќе излезе кој може да знае.

Искрено не гледам проблем со провизијата и данокот, провизијата си ја зима секоја банка издавач на некоја картичка, тоа е да си ги покријат нивните трошоци и да остварат профит, нели не работат они за џабе. Данокот ти е законска обврска во државата во која си резидент, и тоа важи во секоја држава, и за среќа кај нас е само 10%, некаде е прогресивен и далеку повисок.
 
Тоа за банката секако е оправдено, со алал нека и си ги трошат парите. Бидејќи тие ако не се, нема ни да можеме да ги извадиме.

Ама за тоа што државата зема дури 10% е чиста глупост. Ти си се мачил, си дремал пред компјутер, си се мачел за што? За некого кој ништо не прави за тебе, да ти го земе делот кој се трудиш и вложуваш во него.

Не велам да го нема ич, но можеа да го направат на 5%. Како што и некој претходно имаше спомнато (незнам дали на темава или у друга тема), ние сме луѓе кој носиме пари од странство и ги трошиме овде.
 
Sancho Sanchez

Gaining Experience
12 октомври 2016
156
182
Море деца зелени уште во пелени, уште ништо не знаете од животот.

Државата зема 50% а не 5% или 10%. Ако ги собереш сите давачки за се што ги плаќаш дирекно и индирекно, бројката е многу поголема и тешко е детално да ја израчунаш.

Ама имаш едноставен метод нагрубо да ја сфатиш, погледни колку се сите буџети на куп и плус уште колку дополнително пак насилно ти ги земаат а не се рачунаат во буџет (пензија, здравство, ...) па спореди со GDP-то и ќе добиеш отприлика претстава.

Е сега ако наеднаш бараат да им дадеш пола од се што си земал плата одма ќе има бунт со гилотини.

Затоа 10% данок на приход, 18% ДДВ, 20% царина за увоз, 5% за храна, данок на профит за фирмата, давачки да регистрираш возило, поголеми давачки да изградиш објект, лиценца за ова за она и за се живо, и ќорав народ неможе да види колку го кошта целото тоа.
 
Zbunet

Intern
22 февруари 2021
2
2
Читав некои коментари дека народна банка немале инфо за Payoneer трансакциите , бла бла бла , еве еден линк (подолу во статијата објаснува) каде што фали уште со име и презиме да ги објави :)
 
wolverine

On your way to fame
27 јуни 2012
945
934
Голема Македонија
wolverine's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 3700X + Corsair H115i PRO RGB
Motherboard
MSI MPG Gaming PRO Carbon
Storage
Samsung 970 Evo Plus NVMe + HDD 1TB WD EZEX
PSU
NZXT C750
RAM
Corsair Vengeance RGB Pro 64GB
Video card
Gigabyte 1660 TI SUPER 6GB GDDR6
Case
NZXT S340 ELITE BLACK + BLUE
Mouse
A4Tech V5
Keyboard
SK61 Optical Switch
Monitor
2x Dell 27" S2721DGFA 166Hz
OS
Ubuntu / Windows
Читав некои коментари дека народна банка немале инфо за Payoneer трансакциите , бла бла бла , еве еден линк (подолу во статијата објаснува) каде што фали уште со име и презиме да ги објави :)
Лудост е да купуваат со Payoneer и сл овде во земјава ако стварно парите не се оданочени пошто очигледно дека имаат увид. Добро е за економијата пошто вака се прават повеќе транскации а со тоа и повеќе профит.
 
Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
3,116
4,376
SK
...снемуваш пари. Идеш на банкомат, вадиш пари од твојата СТРАНСКА картичка кој со мака си ги заработуваш парите. И на тие пари да плаќаш данок?
Полош закон, здравје. Секој труд што си го вложил со твојот мозок и твоите раце... го плаќаш и на државата за ништо што не се потрудила да ти возврати за тебе.
Ама за тоа што државата зема дури 10% е чиста глупост. Ти си се мачил, си дремал пред компјутер, си се мачел за што? За некого кој ништо не прави за тебе, да ти го земе делот кој се трудиш и вложуваш во него.
Не велам да го нема ич, но можеа да го направат на 5%. Како што и некој претходно имаше спомнато (незнам дали на темава или у друга тема), ние сме луѓе кој носиме пари од странство и ги трошиме овде.
А што мислиш колку ни земаат на нас што работиме пријавени на работа во државава?
Како што ти наведоа погоре: многу повеќе од тие 10% на кои се жалиш.

Инаку државата секако е паразитска творевина. Концептот е дека парите што ги земаат од нас треба да се за нас и наше добро, а во реалност е сѐ само не тоа. Но кога сме кај паразитско битисување, што мислиш кој ги финансира институциите кои барем повремено ги користиш кога повремено одиш да завршиш секакви потреби и работи? Меѓу другото и болниците, или друго. Кој ти ги субвенционира лекарствата? Здравствените услуги? Јавниот превоз? Итн, итн...

Даноците треба да постојат, и за сите да важат поеднакво. А дефакто не важат за сите исто, имаме цели региони и категории на граѓани кои не плаќаат данок, ма има и цели општини кои не плаќаат данок на најосновни работи, како карствата данок на имот. Таму во тие општини не ни припаруваат од УЈП додека вас фриленсерите ве бркаат и за ситни суми.
Идеално и државата треба и мора поефикасно да функционира, но тоа е веќе утописко размислување. Барем овде во оваа средина.

Тоа за банката секако е оправдено, со алал нека и си ги трошат парите. Бидејќи тие ако не се, нема ни да можеме да ги извадиме.
Велиш не е во ред да плаќаш данок во државата чија инфраструктура секојдневно ја користиш... Ама банкарот ти е ОК да те пљачка пошто ти ги трансферира парите?

Ете зошто јас сум против социјализам.
Немам проблем со концептот туку со праксата. Многу луѓе немаат основна претстава откаде и како се плаќаат работите кои мислат дека едноставно им следуваат. Да се деси наеднаш сѐ да се плаќа во реални цени, многу бргу ќе разбереш дека тие 10% данок не се ништо.
 
Последна промена:

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,719
Мислења
849,347
Членови
29,441
Најнов член
hristijand1
На врв Дно