1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Е-Данок?

Дискусија во форумот 'Е-Бизнис' започната од Noelo, 14 Декември 2018.

  1. marv

    marv
    Practice makes perfect

    2,075
    1,355
    5 oктомври 2007
    Машко
    Јес. Ако доле се е исто, се ти е подмирено и нема да добиеш решение за доплата. Вака објасниле минатата недела од Ујп на сметководителите за да знаат што да кажуваат

    Sent from my Redmi Note 4X using Tapatalk
     
    На PC_GAMER и DonFrozex им се допаѓа ова.
  2. BadGirl007

    BadGirl007
    Intern

    95
    24
    3 oктомври 2018
    Женско
    Колку % е данок од интернет заработка? 10% или? :annoyed:
     
  3. goce03

    goce03
    Practice makes perfect

    899
    1,540
    20 Јануари 2015
    Машко
    Зависи од видот на доход.

    Доход од работа (Up work и слични платформи или договори) 10% до 1.080.000 (над 1.080.000 18% на разликата над 1.080.000) на годишно ниво.
    Друг доход (интернет маркетинг adsense и слични) 18%
     
    artweb, igor_igor и на BadGirl007 им се допаѓа ова.
  4. draey

    draey
    Gaining Experience

    157
    159
    15 Јануари 2010
    Данокот за приход од адсенсе е 15%
     
    На goce03 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. marv

    marv
    Practice makes perfect

    2,075
    1,355
    5 oктомври 2007
    Машко
    Тачно. И се смета за конечно измирена даночна обврска. Значи не се додава во оние 1.080.000.

    Sent from my Redmi Note 4X using Tapatalk
     
    На goce03 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. draey

    draey
    Gaining Experience

    157
    159
    15 Јануари 2010
    Да да, колку и да правиш пари од адсенс плаќаш "само" 15% и си тераш работа.
     
  7. BadGirl007

    BadGirl007
    Intern

    95
    24
    3 oктомври 2018
    Женско
    А што ако не е ни од Апворк (или било која фриленс платформа) ни од интернет маркетинг/адсенс? :oh: :oh: :oh:
    И како знаат тие од која платформа се парите?
     
  8. goce03

    goce03
    Practice makes perfect

    899
    1,540
    20 Јануари 2015
    Машко
    Во право сте, 15% фиксна стапка мој превид.

    Испратено од Redmi 6 преку IT.mk форум апликација
     
    На artweb му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Deleted member 37389

    Deleted member 37389
    Гостин

    И мене ме интересира ова, ако е доход од работа од сосема трета платформа не од АпВорк кај што даваат certificate of earning, како ќе знаат они од што се и под која ставка треба да одат ако немаш договор за да прикажеш за што се парите
     
  10. tomi

    tomi
    Guru

    9,838
    9,057
    16 Април 2007
    Машко
    Невработен
    Баш поради ова македонија само ќе губи пари и тоа свежи пари од најмладите. Идиоти неписмени, незнам кој ги прави овие закони и кој ги менува секоја година ама да даде господ се да му се врати по глава. До лани бев примерен и одговорен државјанин, се си плаќав на време. Од кога искочија идеите за нови закони и измени, се собравме повеќе луге кој работиме на интернет и на сите институции и директори кој се поврзани со ова им пративме еден убав сочен меил дека ова вака неможе да биде, и неможе секоја година нешто ново да се измислува, исто така им беше кажано дека доколку продолжат понатака ке не губат само а нема да не придобиваат. Не е исто да ти зимаат 8% па после 11% па после 18% ова ни во тунгузија го нема. Затоа јавно ви кажувам не бидете глупи и не им ги полнете џебовите на овие неписмени луге кој ја водат државата, најдете си решение има милион опции за да плаќате помалце него ли на државава, ова нит го имало нит ке го има со даноците како што е тука.

    Кумановци и велешани ова одамна го решија со отварање сметки и фирми во други држави, уствари баш тие што правеа најмногу пари и што требаше да го полнат буџетот уствари и никогаш вистински не го полнеле туку тоа било малце по малце а потоа скроз средствата да ги примаат во други држави наместо во МК. по мое согледување и размислување уствари данок искочи да плаќаат баш оние најмалите и најсините кој работат на интернет, поради тоа што не биле запознаени со други методи за вадење на парите, баш и оние најмалите во овие бизниси страдаат со тоа што им зимаат 10-18% данок.

    Замислете вакво сценарио:
    Инвестирам 1000$ месечно пример реклами
    На крај на месец правиме 1500$ што не е лошо, ROI е околу 1.5 односно 50% плус од вложените пари
    На тие 1500 евра они ви бараат вас 10% што значи 1500-10% = 150$ данок за ујп, остануваат 1350$, од тие пари 1000$ биле инвестиција, кој истите ќе треба да ги инвестирате во нареден месец и остануваат 350$ чисти.

    Се поставува прашањето како јас да сум среќен со заработени 350$ кога државата ми зима од ќарот скоро 25% односно 150$. Замислете дека тие 150$ можете да ги заштедите, што повеќе ќе сакате да и помогнете на државава која воопшто не се грижи за вас и вие сте никој и ништо во тој систем, или би ги заштедиле и би биле среќни со тоа што ке си направите некој ваши кејфови плус секој месец.

    Посекако парите кој стигнале од интернет а притоа живееме во МК, во план ни се да ги трошиме тука, па зашто кога ионака внесуваме свеж капитал во оваа држава + да плаќаме данок. ова испаќа дека данокот ти е поклон од државата затоа што живееш и ги трошиш парите тука, наместо да те ослободи тие ти додаваат даноци и проблеми.
     
    На Lokvan, maci, Costigan_Jr и уште 6 други им се допаѓа ова.
  11. pipelin

    pipelin
    On your way to fame

    1,176
    745
    8 Мај 2010
    Машко
    На artweb му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Deleted member 37389

    Deleted member 37389
    Гостин

    Не ќе биде лошо сега да излезат и од народна банка и надлежните министерства, да кажат до каде се со ПејПал и прифаќање на прием на пари од други алтернативни платежни средства без заебанции во банка од типот сметка во странство имаш, потребно е потврда за регулиран престој.
     
    На The-spiki му/ѝ се допаѓа ова.
  13. krema

    krema
    Professor

    9,265
    8,996
    24 Јуни 2009
    Машко
    Имам инсајдерски информации дека работат на случајот PP.
     
  14. Deleted member 37389

    Deleted member 37389
    Гостин

    Одлично штом е така, се надевам барем до крај на година ќе средат, па да можеме нормално да си добиваме пари
     
  15. bobipp

    bobipp
    Gaining Experience

    272
    137
    13 ноември 2009
    Ајде помош околу даночнава пријава. Кај мене стои 41639 ден :eek: од игри на среќа (кладилница...) а уствари тоа нема врска со реалноста. Има добивки од 100 еур, 50 еур...јас немав такви добивки ланска година. Повеќето се поситни испод 1000 ден и воопшто јас не сум ни блиску до таа сума на добивки за 2018-та. Отворив во тоа што е за подетални информации и ги собрав сите вредности на добивките и испаѓа 29469 ден. :cautious: И пишува дека вкупен износ на пресметан ПДД е 4167 ден, а вкупен износ на платен ПДД 3677 ден. Ова значи дека треба да доплатам 490 ден! :unsure: Од кај ги извадоа пресметкиве само?!

    Најверојатно кладилнициве си имаат исплаќано добивки на други лица на мојот матичен број, што донекаде и не е проблем бидејќи нели парите за данокот се одземаат од ливчето при исплата и кладилницата ги плаќа на име на лицето чиј матичен број го внесува при исплатата. Но и да е така зошто бруто сумите кои сам ги собрав идат 29469 ден, а во табелата првично стои 41639 ден.? :mad:
     
  16. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,276
    11,375
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Види да не ти се дуплирани некои ставки при внесување, како кај мене. Кликни од десната страна на види подетално и ќе ги излиста поединечно. Хм, веќе си видел... Во секој случај, со среќа (и мене и тебе) да се разбереме со нив.
     
  17. BadGirl007

    BadGirl007
    Intern

    95
    24
    3 oктомври 2018
    Женско
    Немам примано пари на трансакциска сметка досега, но од јуни-јули би требало да имам некои приливи.

    Веднаш треба да се регистрирам на УЈП странава или може да почекам до крајов на годинава?

    И дали пари примени преку чек (од USA) подлежат на данок?
     
  18. marv

    marv
    Practice makes perfect

    2,075
    1,355
    5 oктомври 2007
    Машко
    Подобро порано, него кога ќе ти дојде времето. Да си бидеш спремна.
    Да, се даночи секој приход независно на кој начин ти е исплатен, чек, трансфер, картица, натура

    Sent from my Redmi Note 4X using Tapatalk
     
    На BadGirl007 и goce03 им се допаѓа ова.
  19. gokica

    gokica
    Модератор

    8,394
    10,169
    13 Јуни 2009
    Треба да се регистрираш пред да дојдат приливите. Си ги пријавуваш веднаш после нивното доаѓање (со извод). Рокот е до 15ти наредниот месец да имаш платено данок на приливот. Ти генерираат пресметка на данок на секој прилив и со таа пресметка си плаќаш во банка.

    Доколку чекот е од пријател / роднина кој ти дава помош или позајмица, не треба да пријавуваш. Всушност пријавуваш само приход од работа.
     
    На BadGirl007 и goce03 им се допаѓа ова.
  20. Oliver!

    Oliver!
    Гостин

    Како ова да го закачиме како најдобар одговор, порака до админ?

    Да не лутаат сите одново и одново, ако оди на прва страна половина од работите ги објаснува...
     
    На The-spiki му/ѝ се допаѓа ова.
  21. aleksnako

    aleksnako
    Gaining Experience

    139
    70
    10 oктомври 2012
    Машко
    Директор на фотографија
    јас чекав чекав чекав, се логирав гледам таму стои дека само треба да потврдам, потрврдив ( бидејки појма немам во бирократија ) и ајт у пм ;)
     
    На The-spiki му/ѝ се допаѓа ова.
  22. Melisandre

    Melisandre
    Gaining Experience

    83
    131
    6 Мај 2019
    Женско
    Доколку приходите се само од фирма каде сте вработени, не е страшно, бидејќи придонесите се веќе платени, сепак не е лошо да направите проверка, и опционално, корекција. Лично мојата пресметка и на моето семејство ниедна врска немаа тоталот со деталната пресметка, имаше натпишано суми плус некои 20000 денари (!?!) на секој поединечно, и најтрагично, нема опција за корекција на тотал, туку само на поединечни ставки. Искрено незнам што им е поентава со натпишаниве суми...
     
    На The-spiki му/ѝ се допаѓа ова.
  23. DonFrozex

    DonFrozex
    Practice makes perfect

    885
    1,058
    9 Јуни 2011
    Машко
    Изгледа им проработил и меил системот. Вчера/завчера ми стигна меил дека ми е генерирана Даночна пријава (иако пред повеќе од 10-на дена си ја потврдив)

    Инаку, макар и да е од Фирми само уплати, соберете ги бројките и видете дали е сепак точно.

    Кај нас имаше некој заеб, баш на тие уплаќаните пари од фирма, и во Бруто ми имаше некои 22к повеќе (не знам дали е индивидувално кај нас или имало и други слични случаи).
    Додуша могуче е и нивниот систем да магично додал по 20к кај сите xD (следејки го погорниот коментар...)

    Јас онака нон-шалантно си ја потврдив првата пријава без да проверам.
    Среќа, ми ја имаат сторнирано и имаат пуштено нова корегирана точна пријава.

    [​IMG]
     
    На Lokvan и The-spiki им се допаѓа ова.
  24. pLaToOn

    pLaToOn
    Gaining Experience

    227
    189
    24 Јануари 2012
    Машко
    Неможам да се согласам со тебе. Не си во право. Во математиката имаш утнато провизија за приливот од $1500 кој е околу $30, потоа конверзија на валути еве нека е 2% што би било $30. Ноооо и тоа не е сеееее ... кога плаќаш од твоја сметка за сервисот повторно имаш конверзија, што би било $20. Дополнително на прием на парите нашата банка ќе те крсти $10. Вака така тоа се некои дополнителни $100 расход. Па твојата добивка нема да биде $350 туку околу $270 (во денари пошто се веќе конвертирани).
    Дај рака дека заработка ти е $280 ... ни по твое ни по мое :)

    Секој кој има вакви сценарија каде што добар процент (да кажеме 1/3) му е трошок кон екстерни сервиси, посебно ако се странски, мора да размисли за промена на форма на работење. Фирма, самостоен, да се здружи со некој, да фактурира преку постоечка фирма и сл. Ефект би бил сериозно намалување на давачките на име на признаени трошоци кои сигурно заработката би ја качиле за барем $150 ако не и повеќе затоа што не само данокот на оние $1000 ќе се избегне (основано), туку и други трошоци ќе влезат во калкулација за намалување на данокот, па секако и ќе се користи поврат на ддв при набавка на опрема, плаќање на сметки за потреби на работењето (интернет нели), и сл.

    Неможе да се тера со глава во ѕид и да не се размислува дека постојат и други форми на организирање со цел спроведување на одредена дејност. Избор има, па обидете се да го одберете најдоброто. Секако, тоа не е чекор кој би го советувал додека не збориме за константни месечни приходи/активности а не инцидентни во кои нема друго чаре освен твоето сценарио каде што дефакто го јадеме стапот.
     
    На Lokvan и tomi им се допаѓа ова.
  25. Uber-

    Uber-
    Gaining Experience

    105
    96
    23 Август 2017
    Машко
    Занаетчија
    Кај мене има 122682 во пријавата, а во подетално испаѓа 159119 - сите од спортлајф, а јас немам играно спортска па може едно 4 години уназад. Кој знае за овие години до сеа колку имаат пријавувано данок на наши матични, а ние немаме појма за тоа. Незнам дали да напраам корекција и да запишам 0 - пошто неам ништо добиено ( исплатено ), или да вртам до ујп. Е сега проблемот е во тоа како да докажеш дека не си играл?
     
    На CokeZone му/ѝ се допаѓа ова.
Слични теми
  1. macedonia
    Одговори:
    6
    Прегледи:
    1,382
  2. -Ata-
    Одговори:
    6
    Прегледи:
    1,662
  3. Тони
    Одговори:
    24
    Прегледи:
    2,419
  4. Noelo
    Одговори:
    23
    Прегледи:
    1,913
  5. zipi123
    Одговори:
    5
    Прегледи:
    2,758
Вчитување...

Сподели

Вчитување...