Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Дали новите смартфони се штетни за здравјето?

marv

poweruser
5 октомври 2007
5.815
5.521
Производителите на цигари сеуште тврдат дена нема доказ дека цигарите предизвикуваат рак, имало само корелација, имаат направено и многу студии кои го 'докажуваат' истото.
Мит и тешка лага денес. Можеби пред 30~40 години.

Sent from my TELEFON using Tapatalk
 

bicikle

poweruser
3 март 2018
2.061
1.013
Ете и тебе успеале да ти го исперат мозокот. Не треба на нас да се тестира новата технологија, туку треба да се тестира 20 години па да се пушти во употреба. Како лесно си ја прифаќате улогата на заморчиња, и не само што ја прифаќате туку и ја браните. Треба да си го браниш здравјето и интегритетот а не профитот на фирмите.
Секој еден отров бил тргнат од пазарот после 20-50 години мактотрпни судски процеси во кој фирмите до крај тврделе дека нивниот производ не е штетен по здравјето. Производителите на цигари сеуште тврдат дена нема доказ дека цигарите предизвикуваат рак, имало само корелација, имаат направено и многу студии кои го 'докажуваат' истото.
да, така било со цигарите, и со ртг, да не ги пуштеле во употреба и ден денес немало да знаеме дека се штетни. Еве дај предлог како да ја истестираме технологијава без да ја пуштиме во употреба. Или приложи некоја теза која држи вода, која е поддржана, прати ја до надлежните.. Барем за тоа не ти требаат финансиски сретва, ти треба време и знаење. Значи да го објасниш механизмот на правење штета од радиобрановите врз живите организми, а по можност да доставиш и математичка поткрепа. Можда и без да го изведиме експериментот сите ќе не убедиш во штетните влијанија, пошто математички веќе си го докажал. И не, воопшто немам против некој да докаже дека микро брановите се штетни.
интересно клипче со трафо од микробранова, околу иловат и 2.4гхз ф-ја. Дечките сето тоа го преживуваат и го постираат клипчето, иако зракот е насочен, но е мнпогу појак него од 5г и ове се на пла метар.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.771
6.482
SK
Бајсикл, глупаво ти е ова со микробрановата... По логиката на твојов заклучок ти може секој ден и хероин да маваш во вена, и да си викаш следниот ден - еве ништо не ми е. Ме потсетува на вицот за типот што рипнал од стокатница и на секој спрат си коментирал „so far, so good“.

Јасно ти е дека штетните влијанија често делуваат кумулативно?
Пијаници со децении злупотребуваат алкохол, пред да им откаже џигерот или нешто друго.

Генерално и овде и на други форуми сум забележал дека си попаметен отколку што изгледаш од коментарите кои често ти делуваат благо (или многу) ретардирано. Мислам дека тоа ти е некоја фора, несекојдневно тролање. Изгледа и сега го правиш тоа. Ушто овој пост ќе ти го одговорам како да за служуваш одговор, понатаму ќе те игнорирам се додека не кажеш нешто паметно.


Видливата светлина на лето, преку денот кај нас се мери во киловати, не во миливати. Термалните ефекти...
Терахерци и Гигахерци... Баби и жаби.
Можеш да претпоставуваш што е штетно. Јас можам да претпоставам дека грешиш. Но се додека не се изучат детално работите со истражувања и експерименти и студии - никој од нас нема да знае.


Ете нека ги достават испитувањата. Студијата нема никакви објаснувања околу тоа како настануваат ефектите.
Доставени се. Има објаснувања. Ќе го знаеше ова, ако ги прочиташе студиите кои ги посочив.


Многу се слаби зрашењата од вифи или од 5г.
Неточно. Ова е само твое мислење.
Има една српска поговорка „Два лоша убише Милоша“. Треба да те потсети дека во дадени моменти окулу тебе може да има неколку мобилни мрежи, десетици приватни вај-фај мрежи, и стотици мобилни и вај-фај клиенти. Сите тие се извори на зрачење. И тоа е секој ден, секоја недела, секој месец, преку цела година.

Кумулативно дејство.

Ак ти се верујт и се чуда. Едино што ми е јасно дека прво треба да докажиш нешто дека постои па после имаш простор да го негираш.
Како да докажеш кога за тоа требаат ресурси и средства со кои располаагаат само надлежните институции? Тоа што може да се докаже со независни истражувања веќе е докажано.


Па не знам кои и колку се без биологија, и да секако дека треба да се инволвира биологија, но теоретските предпоставки не може да ги донесат туку -така, треба да имаат некоја база, предходни истражувања...
- има истражувања, посочив неколку
- не се претпоставки, студии се
- не се теоретски, докажани се
- да, не знаеш биологија инаку немаше да го пишуваш ова


Досега нема никакви издржани индикации дека ќе испоцркаме и затоа не се земени во предвид.
Демек ако не „испоцркаш“, сето друго што е штетно - не се важи?
Сега уште со гласот на Рамбо да извикнеш „Она што не не убива, не прави појаки!“.


не можиш да предпоставиш дека ако скокниш од 5 ти ќе се качиш на 9-ти, не е реална таа предпоставка, нити има некаква позадина ( освен Чак норрис :) ),
Добро тука ќе застанеме, ова се веќе премногу глупости за еден пост. :)




Не треба на нас да се тестира новата технологија, туку треба да се тестира 20 години па да се пушти во употреба. Како лесно си ја прифаќате улогата на заморчиња, и не само што ја прифаќате туку и ја браните. Треба да си го браниш здравјето и интегритетот а не профитот на фирмите.
Секој еден отров бил тргнат од пазарот после 20-50 години мактотрпни судски процеси во кој фирмите до крај тврделе дека нивниот производ не е штетен по здравјето. Производителите на цигари сеуште тврдат дена нема доказ дека цигарите предизвикуваат рак, имало само корелација, имаат направено и многу студии кои го 'докажуваат' истото.
Да се работи за некоја животно-менувачка одлука, нешто како раснење на органи за да се продолжи животот на болни, победување на болести, нешто... Да се разбере прифаќањето на ризикот.

Ама за поголем дата bandwidth на глупфон смартфон кога и постоечкиот не ограничува за никаква паметна намена. Тоа ти се друже идеални консументи. За никаква надокнада се согласуваат да тестираат докажано штетни работи... Светов денес. :(
 

bicikle

poweruser
3 март 2018
2.061
1.013
Секој уред што работи на струја зрачи и допринесува кон комуларивното дејство. Значи, треба све што работи на струја да фрлиме ?
Крај краева ако се откажат голем дел од корисниците од услугите што ги нудат опртаторите, мислиш за 10-20 фирми ќе редат 5г или 4г ?
 
Ти благодарам, вечер ке истражувам.
абе, само ја ги чита овја линкојве од Локван а ?
off
Патем добро де, ти веруваме дека има змеј внатре во кутијата, а и што ти менвит дали има или нема ? клај ја на ртг кје видиш. опушти се малу :)
Суштинската разлика е што тука знеш што бараш и кај целиш.
 

mdeni

senior
24 септември 2012
6.095
6.037
Секој уред што работи на струја зрачи и допринесува кон комуларивното дејство. Значи, треба све што работи на струја да фрлиме ?
Крај краева ако се откажат голем дел од корисниците од услугите што ги нудат опртаторите, мислиш за 10-20 фирми ќе редат 5г или 4г ?
 

абе, само ја ги чита овја линкојве од Локван а ?
off
Патем добро де, ти веруваме дека има змеј внатре во кутијата, а и што ти менвит дали има или нема ? клај ја на ртг кје видиш. опушти се малу :)
Суштинската разлика е што тука знеш што бараш и кај целиш.
Се што има температура над 0К степени зрачи енормно. Конкретно еден човек зрачи со повеќе од 100W во секој момент. А антена на рутер е 1-2W. Согласно тоа прво треба да оладиме се на 0К, после ќе фрламе електрични уреди.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.771
6.482
SK
Вати и температура... Но не се мерат сите работи со термометар и ватметар.

Се наметнува дискусија само за физика, иако проблемот мора да вклучува и биологија. Навистина кaко да комуницираш со некој што не го зборува истиот јазик?


Ајде вака. Повеќето од вас сигурно слушнале за циркадијален ритам. За тие што можеби не сушнале што е тоа, еве едно кратко објаснување: Дневното светло го регулира ритамот на функционирање на човековиот организам. Ќе симплифицирам, присуство на дневно светло индуцира будност, а недостаток од дневно светло резултира со поспаност. Истото важи и за вештачкото осветлување, светло кое по температура на светлината емулира дневно светло (поладна светлина) - индуцира будност. Вештачко осветлување кое зрачи на други бранови должини (потопла светлина) има спротивен ефект, индуцира поспаност.

Зошто го објаснувам ова?
Затоа што сакам да покажам дека функционирањето на биолшките механизми не може да се мери само со физички методи. Биолшките механизми не се мерат со термометри. Тие механизми најчесто функционираат на тој начин што одредени физички појави активараат одреден механизам.

Како што светлото го регулира циркадијалниот ритам, така одредени ЕМ зрачења влијаат на VGCC и други биолошки механизми. Дали за VGCC или за циркадијалниот ритам, ние можеме до утре да дискутираме за тоа како работат овие механизми ама една работа со сигурност знаеме... Не се мерат само со термометар.
 

TheMarshal

user
3 јануари 2019
1.762
2.776
За жал иако ова е fake, ќе има вакви snake oil производи што ќе се трошат како алва во наредните неколку години.

Едиснтвено што се надевам е дека барем нема да се пропагираат на форумов.

FB_IMG_1590187548175.jpg
 
Последна промена:

worker_x

hello world
17 март 2010
404
416
97975048_613639386025653_8897217473141538816_n.jpg

View: https://www.facebook.com/PravoNaSlobodu/videos/2707777982879098/

Ја не зна поинаку како мојт чојк да ви докажит, значи доктур ви кажујт дека 5 г е штетно, не кој било.
@champagnepepe сепак студијата кажува дека пушачите имаат повеќе аце 2 рецептори, а оваја другава вели дека никотинот ќе ги онеспособи тие рецепторите за да се врзи вирусот со ними. Ако те занима повеќе
Could nicotine help against Covid-19? - News
Се надевам дека тролаш.

@marv јака ти душа, толку.
 

marv

poweruser
5 октомври 2007
5.815
5.521
Се надевам дека тролаш.

@marv јака ти душа, толку.

Фала фала. Повели

Вати и температура... Но не се мерат сите работи со термометар и ватметар.

Се наметнува дискусија само за физика, иако проблемот мора да вклучува и биологија. Навистина кaко да комуницираш со некој што не го зборува истиот јазик?


Ајде вака. Повеќето од вас сигурно слушнале за циркадијален ритам. За тие што можеби не сушнале што е тоа, еве едно кратко објаснување: Дневното светло го регулира ритамот на функционирање на човековиот организам. Ќе симплифицирам, присуство на дневно светло индуцира будност, а недостаток од дневно светло резултира со поспаност. Истото важи и за вештачкото осветлување, светло кое по температура на светлината емулира дневно светло (поладна светлина) - индуцира будност. Вештачко осветлување кое зрачи на други бранови должини (потопла светлина) има спротивен ефект, индуцира поспаност.

Зошто го објаснувам ова?
Затоа што сакам да покажам дека функционирањето на биолшките механизми не може да се мери само со физички методи. Биолшките механизми не се мерат со термометри. Тие механизми најчесто функционираат на тој начин што одредени физички појави активараат одреден механизам.

Како што светлото го регулира циркадијалниот ритам, така одредени ЕМ зрачења влијаат на VGCC и други биолошки механизми. Дали за VGCC или за циркадијалниот ритам, ние можеме до утре да дискутираме за тоа како работат овие механизми ама една работа со сигурност знаеме... Не се мерат само со термометар.
Вакви зелени и пак да се остане жив е талент. Али ај да му објасниме. Не не се мери се со термометар и ватметар. Имаме и метро, вага, па спектометри, па лукс метри, па осцилоскопи, па ампер и волт метри, па разно разни д3тектори на честици итн...
Бидејќи секоја клетка и механизмите во и околу неа, се материја и енергија, се подчинуваат на истите закони на физиката како и се друго на 3тиот камен од сонцето.
Така да скоро се можеме да измериме. И Мелатонинот со центрифуга првин епруветката, па после у спектрограф, па и Ц.Ритамот со часовник и ЕЕГ, па на крај и ВГЦЦто преку веома врло осетливи волтметри бидејки зависи од потенцијалот или просто кажано напонот на двете страни на една мембрана. Тоа што некој не го знае е дека токму тој потенцијал е дефиниран во физиката и зависи замисли од температурата
Реков јас, средно школо и факс некој рипал физика.

Sent from my TELEFON using Tapatalk
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.771
6.482
SK
Уште еднаш: Тезата е дека надлежните инстутиции мерат температура додека ги игнорираат биолошките ефекти од ЕМ зрачењата. Таа теза стои.

Од друга страна јадење бурек и наведување куп очигледни работи додека воедно целосно се игнорира тезата која се дискутира... Тоа не е талент, тоа е замарање и трошење на времето на оние кои се овде за нормално дискутирање.
 

marv

poweruser
5 октомври 2007
5.815
5.521
Да да да.
Дечки јавете до часописиве дека испитување разно разно разни канцери е уствари само мерење температура. Локван така рече.

Sent from my TELEFON using Tapatalk
 

1s3ct0wN

hello world
18 септември 2013
447
416
Фреквенциите на кој 5г работи се штетни за нас и сите живи организми, движењето на брановите и нивната брзина низ телото му штети на клетките во прости зборови. Ќе бидеме изложени само на директен видик од антените, фреквенцијата на која 5г работи нема пробовност преку зидови. Кој мисли дека не е штетно нека си тера на мобилен со уклучен 5г и сите среќни задоволни, офците на број.

Испратено од HRY-LX1 преку IT.mk форум апликација
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.771
6.482
SK
^ ^
Така е, само што и за 2Г на времето (како сега за 3Г/4Г/5Г/WiFi/итн) никоја од надлежните институции не ја регулирале на таа опасност, ниту па луѓето сакаат да се соочат со таа непријатна реалност. Иако жичани „хендсфри“ сет од слушалки и микрофон се џабе пари а често и гратис ги даваат со телефоните.


Туку нешто читав денес на off.net и иако навидум содржината изгледа офтопик, сакам да го пренесам овде: Revisionist History Podcast
Виролозите кои докажаа дека не се луди
Вирусот не се однесувал како оној на обична настинка, кој влегува во клетката, и се мултиплицира додека имуниот систем не го исфрли. Саркомата изгледала како да ги освојува клетките, пренесувајќи ја сопствената генетска информација во ДНК на домаќинот.

Ова, со оглед на тогаш централната догма на генетиката, изгледало сулудо. Според неа вирусот на саркома, кој бил РНК вирус, никако не можел да вметнува инструкции во ДНК на клектите кои ги инфицира. „Животниот стил“ на повеќето вируси бил познат, и ниту еден од нив не вклучувал ваква можност. Она што останувало е - дека централната догма е погрешна.

Примеров изгледа како целосен офтопик но тоа е само навидум. Примерот е релевантен за темава, затоа што го споредувам со денес централната догма за безбедноста од ЕМ зрачењето од телекомуникациите, според која ЕМ зрачењето е безбедно се додека не предизвикува статистички значајни термални ефекти. Следствено на таквиот (лош) метод за утврдување на безбедност, надлежните заклучуваат дека 5Г е безбедно за човековото здравје. Но како што е тоа со многуте примери како со виролозите погоре, или многу други примери (впечатлив е оној со цигарите дека не се штетни, дека хербицидите, пестицидите како ДДТ не се штетни, итн) вистината ќе исплива на површина и покреј обидите на некои да ја држат скриена. Порано или подоцна кога ќе се докаже дека не е точно дека ЕМ зрачењата се безбедни во нивната сегашна имплементација за телекомуникациите, тогаш ќе треба да си гризнеме од шапките (или скраја да е, од канцерите).
 

marv

poweruser
5 октомври 2007
5.815
5.521
Или ако не се докаже, ќе остане доживотно да се врти по ФБ, портали и слично, како мит или теорија на завера, нешто рамна земја, 5г корона, јети, лок нес, ...

Sent from my TELEFON using Tapatalk
 

bicikle

poweruser
3 март 2018
2.061
1.013
Штетно е и со дваџи на мобилен цел саат муабет да правиш (мозокот чорба), а ги има многу такви.
без рак ... па дали ќе фатат ќе видиме.
Алкохолот и дел од спектарот ги ништат бактериите и вирусите . сепак ако се разболи некој не ги користиме ними за лекување оти во тој сличај не се ефикасни па споредбата со различни екстракти или себименти од крвта изложена на 5г ( или друго зрачење) не може да се земе како релевантна.
кинетичката енергија на атомите/молекулите е поврзана баш со температурата. Баш со температура можеш да јонизираш гас или да го олесниш јонизирањето. Затоа порано верувале дека не треба да се јаде покрај оган ( кој бил отворен) кога грми, топлиот воздух полесно се јонизира со што станува по спроводен.
што ќе докажат во будуќност, здравје Господе...
Се надевам дека тролаш.

@marv јака ти душа, толку.
е од вакви доктури и тези вутре и да откријат нешто што е реално одма во исти кош ќе ги стаат со глупостиве од доктуркава.
еве некој што напишал, ама појма неам колку е ова вака
 

marv

poweruser
5 октомври 2007
5.815
5.521
Оваа истата била со вакциниве, ја не ни приметив.
https://www.youtube.com/watch?v=WcQ9WZOqTdM

Едит: Препорака да гледате од 2:50 до 3:30. 5ѓе може да се мести.
Ја би оваа и колегите, право на инфективна онака ко што е овде дотерана и без маска, една смена да одработи. Па за недела дена може и ќе прави нов собир. А може и не

Sent from my TELEFON using Tapatalk
 

TheMarshal

user
3 јануари 2019
1.762
2.776
Ја би оваа и колегите, право на инфективна онака ко што е овде дотерана и без маска, една смена да одработи. Па за недела дена може и ќе прави нов собир. А може и не

Sent from my TELEFON using Tapatalk

Ќе прави, изговорот ќе и биде дека и ставиле отров. Па ќе протистира против (не)демократијата.
 

Avid

senior
21 јануари 2009
6.439
11.495
Скопје
Оваа истата била со вакциниве, ја не ни приметив.
Зошто мислиш дека ти ја постирав, лол.
Иначе ако ја гледаш цела емисија кај Јанко, делува доста разумно жената.
Океј освен тоа на крајот :D
 

TheMarshal

user
3 јануари 2019
1.762
2.776
Зошто мислиш дека ти ја постирав, лол.
Иначе ако ја гледаш цела емисија кај Јанко, делува доста разумно жената.
Океј освен тоа на крајот :D

Ја имам гледано претходно, ама не кај Јанко. Обично доста се внесува во дискусијата.
 

marv

poweruser
5 октомври 2007
5.815
5.521
Зошто мислиш дека ти ја постирав, лол.
Иначе ако ја гледаш цела емисија кај Јанко, делува доста разумно жената.
Океј освен тоа на крајот :D
Жената да ми је знати што е да и ги видам вистинските намери, ама набубала од америчкине анти-сФе на памет и меле како навиена. Разумност и антивакс, 5Г и Корона је заебанција не идат у иста реченица.
Грев ми за оние 20 души околу неа.

Sent from my TELEFON using Tapatalk
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Нови мислења

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно