Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Дали новите смартфони се штетни за здравјето?

bicikle

poweruser
3 март 2018
2.061
1.013
Зш да бегаш од сијалица над 100w ? (Претпоставка за волфрамска зборувал)
Чим тој вели дека имаме празнини во знаењето, замисли колку не знаеме. Ја мисла дека од тука потекнуваат сомнежите дека може нешто лошо да се деси, т.е. да има некој ефект кој би влилаел негативно.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.771
6.482
SK
Зошто недоветно мајтапење за фрлање тегли од 5-ти, и анегдоти за професорот од факс се еднакво вредени аргументи како и мноштво публицирани истражувања и научни студии?

Заради тоа можеме да заклучиме дека ЕМ зрачењето од телекомуникациите е безбедно?


Навистина нема расправање со глупости и со бесмислени „хипотези“.
Ете Марв победи и го освои интернет! ;)
ја направив експеримент каде пуштив од 5 кат во слободен пад, тегла со клетки (исчупав еден стаорец). И после 10 повторувања теглата...
 

bicikle

poweruser
3 март 2018
2.061
1.013
За теглата и јас пишав дека клетките најверојатно ќе претрпат штета. Пред некој ден наидов на слична публикација многу слична на тоа што го напишал професорот. Добив впечаток дека пред интервјуто ја читал публикацијата. Се онидов да ја најдам, но не можам да се сетам точно на линкот. Инаку имаат повеќе професори пишувано за 5г, но не случајно го одбрав него.
"Раководител е на Институтот за електротермија, на Центарот за електромагнетна компатибилност и на десетина меѓународни научно-истражувачки проекти. Член е на неколку работни групи на SIGRE во Париз за изработка на меѓународни препораки од областа на електромагнетната компатибилност и заштита од атмосферски празнења. Автор/коавтор на повеќе трудови во најпознатите електроенергетски списанија и на SIGRE, во кои дал значаен придонес за развојот на методите за анализа на транзиентните карактеристики на заземјувачките системи и на електромагнетната компатибилност." (Превземено од Емитер).
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.771
6.482
SK
Воопшто не го коментирав портфолиото на ценетиот професор. Кога ќе публицира научна студија со истражување на тема биолошки ефекти од ЕМ зрачење од телекомуникации - секако со задоволство ќе ја прочитам.






До тогаш... :)
 

marv

poweruser
5 октомври 2007
5.815
5.521
За теглата и јас пишав дека клетките најверојатно ќе претрпат штета. Пред некој ден наидов на слична публикација многу слична на тоа што го напишал професорот. Добив впечаток дека пред интервјуто ја читал публикацијата. Се онидов да ја најдам, но не можам да се сетам точно на линкот. Инаку имаат повеќе професори пишувано за 5г, но не случајно го одбрав него.
"Раководител е на Институтот за електротермија, на Центарот за електромагнетна компатибилност и на десетина меѓународни научно-истражувачки проекти. Член е на неколку работни групи на SIGRE во Париз за изработка на меѓународни препораки од областа на електромагнетната компатибилност и заштита од атмосферски празнења. Автор/коавтор на повеќе трудови во најпознатите електроенергетски списанија и на SIGRE, во кои дал значаен придонес за развојот на методите за анализа на транзиентните карактеристики на заземјувачките системи и на електромагнетната компатибилност." (Превземено од Емитер).

Абе дали да или не ќе претрпат штета треба државата и естаблишментот да утврди. Така треба вика Локван.

Иначе професорот колку има истражувано и трудови напишано и експерименти правено, ние немаме постови овде напишано.

Зошто недоветно мајтапење за фрлање тегли од 5-ти, и анегдоти за професорот од факс се еднакво вредени аргументи како и мноштво публицирани истражувања и научни студии?

Заради тоа можеме да заклучиме дека ЕМ зрачењето од телекомуникациите е безбедно?


Навистина нема расправање со глупости и со бесмислени „хипотези“.
Ете Марв победи и го освои интернет! ;)
Марв не победи, ни имаше намера, нит освои ништо.
Ѓарв само мораше на крај пластично со прост пример да ти објасни дека не може државата и естаблишментот да се занимаваат со секоја идеја на некого што ќе му текне.
Има тој да си ја докаже не до ниво на мејби и треба да се прават повеќе испитувања. Него првин ќе ја донесе на ниво на теорија, со јаки репликабилни и реално изводливи и биолошки ррлевантни резултати, па после кога сѐ тоа ќе држи вода самиот научен свет ќе се заинтересира и ќе потврди, и на крај нема кај да бегаат државата и корпорациите.
Дали се безбедни ЕМ зрачењата од РФ спектарот? - На сегашното ниво на знаење и познавање на законите на природата ДА. Но отворено поле, сите што не мислат така имаат потполна слобода да го докажат спротивното. Да го докажат, не да го хипотетизираат, да плашат народ и да градат кариера и име на теории за кај Миленко.


Sent from my TELEFON using Tapatalk
 

Oktar

Хаќер без дрон
23 октомври 2012
6.182
18.819
Skopje
Oktar's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i9-9900k + Noctua NH D15 Chromax.black
Motherboard
Asus Prime Z370-A
Storage
SM951 256 + PM981 512 + 850 Pro 512 + 840 Evo 250 + WD Blue 1TB + WD Red 2TB + WD Red 3TB
PSU
Cooler Master Vanguard v850
RAM
Kingston HyperX Predator 2x16GB Kit (2x8GB) DDR4 3200MHz
Video card
MSI RTX3080 SuprimX
Case
BeQuiet Pure Base 600
Mouse
Logitech MX Master 2, Logitech MX Master 3, Logitech Wireless G Pro, Logitech G703
Keyboard
Keychron Q2, Keychron Q6, Logitech MX Keys Mini
Monitor
Dell U2515H
OS
Windows 11 + MacOS
"Во овој период се објавени приближно 25.000 статии во ценети списанија во областа на биолошките ефекти и медицинската примена на нејонизирачкото зрачење со опис на резултати од научни студии. Заклучокот донесен врз основа на проучување на оваа научна литература е дека според денешните сознанија, нема цврст доказ за какви било неповолни последици врз здравјето од нејонизирачкото зрачење на ниски нивоа. Но, постојат празнини во знаењето за биолошките ефекти, па општ заклучок е дека истражувањата мора да продолжат. Особено се важни истражувањата за можната врска помеѓу нејонизирачкото зрачење и појавата на канцер. Еден од основните научни принципи е дека тест-резултатите мора да бидат повторливи. Бидејќи во споменатите истражувања има студии кои доведуваат до контрадикторни резултати, не може да се извлече заклучок, но сомневањето останува. Поради тоа, ИАРЦ, агенцијата за канцер на Светската здравствена организација, го класифицира радио- и микробрановото зрачење како можен канцероген. Тоа е најслаба категорија, во која до скоро беше кафето, но тоа укажува на потреба од претпазливост и интензивни понатамошни истражувања."

"Тврдењата за штетност на 5Г произлегуваат од дезинформации и погрешни интерпретации на научни резултати од страна на некои „научници“. Науката не се засновува на мислења на поединци, ниту на еднострани резултати на некои студии, туку на консензус во научната заедница и врз повторливи резултати од повеќе студии"

Мислам дека ова е буквално најдоброто излагање на темава. Грчев ми предаваше на факс, добро чоече, може да му се верува. Сепак е почитуван универзитески професор, секој чест за напишаното, ја неможам вака да ги срочам работите. Риспект!
 

bicikle

poweruser
3 март 2018
2.061
1.013
Предложи му, што му знаеш... ај еве како инфрацрвената светниа која е со далеку повисока ф-ја и далеку појак интензитет не не‘ испотепа ? секако дека ако е доволно интензивна ќе не пекни, но во спореда со 5г е далеку по моќна и пак никого не убила.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.771
6.482
SK
За жал професорот слабо успеал во вашето образование, ако сте на мислење дека треба на личност „да и се верува“.

Во религија се верува. Во науката се знае, се докажува... Со научен метод, со истражувања, со студии.
 

bicikle

poweruser
3 март 2018
2.061
1.013
@marv па не кажа што сакал да кажи професорот
„Тој е тој што на час велеше бегај од сијалица над 100Вати, не бегај од ГСМ антена.“
офф
дур сме кај опроцесориве - Панчо што дешава ?баш би сакал да прочитам негово мислење
 

Oktar

Хаќер без дрон
23 октомври 2012
6.182
18.819
Skopje
Oktar's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i9-9900k + Noctua NH D15 Chromax.black
Motherboard
Asus Prime Z370-A
Storage
SM951 256 + PM981 512 + 850 Pro 512 + 840 Evo 250 + WD Blue 1TB + WD Red 2TB + WD Red 3TB
PSU
Cooler Master Vanguard v850
RAM
Kingston HyperX Predator 2x16GB Kit (2x8GB) DDR4 3200MHz
Video card
MSI RTX3080 SuprimX
Case
BeQuiet Pure Base 600
Mouse
Logitech MX Master 2, Logitech MX Master 3, Logitech Wireless G Pro, Logitech G703
Keyboard
Keychron Q2, Keychron Q6, Logitech MX Keys Mini
Monitor
Dell U2515H
OS
Windows 11 + MacOS
За жал професорот слабо успеал во вашето образование, ако сте на мислење дека треба на личност „да и се верува“.

Во религија се верува. Во науката се знае, се докажува... Со научен метод, со истражувања, со студии.

Wait... сакаш да кажеш дека ти си ги направи сите оние експерименти за штетините ЕМ зрачења и волтиџ гејтови... или само веруваш на некакви си статии од некојси луѓенца? Знаеш дека само во религија се верува, во наука, ке треба да не собереш сите тука и да ни демнстрираш практично иначе ништо не прајме.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.771
6.482
SK
Не бе другар, нема потреба од зајадливост.
Велиш „може да му се верува“ а јас само реков - може. Сум склон да верувам - дека кога би му се пружило шанса професорот би направил квалитетено истражување и научна студија за биолошките ефекти од ЕМ зрачењето. Ако го направи тоа секако ќе прочитам. Peer заедницата ќе прочита, ќе го оцени трудот. Но човекот нема направено такво истражување, или грешам?

Што дискутираме тогаш?
Кој е аргументот овде, appeal to authority?
 

bicikle

poweruser
3 март 2018
2.061
1.013
Protein Changes in Macrophages Induced by Plasma From Rats Exposed to 35 GHz Millimeter Waves - PubMed Дел од ткивата, или од бактериите кои „работат“ за нас па дури и некои видови рак ако ги изложиш на надворешни влијанија ќе претпат штета. затоа имаме обвивка ака кожа(иако дел од спектарот пробива некој сантим под кожа). Баш постарата технологија работеше на ф-ја која пробива низ кожа, но 35 гхз има слаба пенетрација (која е употребна во студијата). Исто така имаш систем за ладење, како не би постигнал температура од 42 степени. Секако, ако е зрачењето со висок интензитет ќе прегрееме ...
 

Oktar

Хаќер без дрон
23 октомври 2012
6.182
18.819
Skopje
Oktar's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i9-9900k + Noctua NH D15 Chromax.black
Motherboard
Asus Prime Z370-A
Storage
SM951 256 + PM981 512 + 850 Pro 512 + 840 Evo 250 + WD Blue 1TB + WD Red 2TB + WD Red 3TB
PSU
Cooler Master Vanguard v850
RAM
Kingston HyperX Predator 2x16GB Kit (2x8GB) DDR4 3200MHz
Video card
MSI RTX3080 SuprimX
Case
BeQuiet Pure Base 600
Mouse
Logitech MX Master 2, Logitech MX Master 3, Logitech Wireless G Pro, Logitech G703
Keyboard
Keychron Q2, Keychron Q6, Logitech MX Keys Mini
Monitor
Dell U2515H
OS
Windows 11 + MacOS

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.771
6.482
SK
затоа имаме обвивка ака кожа(иако дел од спектарот пробива некој сантим под кожа). ...
Аман бе Бајсикл некако си го пропуштил делот каде дискутираме за биолошките ефекти, ЕДНО СТОПАТИ НАНАЗАД. :)
Па нели цело време зборуваме дека влијанијата не се само директни оштетувања, туку и активирање на биолошки механизми кои потоа активираат каскадни ефекти, од оксидативен стрес до натамошни проблеми и компликации.

Нејсе, да не се повторуваме сега пак за VGCC (некои овде ми бројат колку пати сум го спомнал). Прегледај малку наназад па вклучи се пак.


Protein Changes in Macrophages Induced by Plasma From Rats Exposed to 35 GHz Millimeter Waves - PubMed Дел од ткивата, или од бактериите кои „работат“ за нас па дури и некои видови рак ако ги изложиш на надворешни влијанија ќе претпат штета. затоа имаме обвивка ака кожа(иако дел од спектарот пробива некој сантим под кожа). Баш постарата технологија работеше на ф-ја која пробива низ кожа, но 35 гхз има слаба пенетрација (која е употребна во студијата). Исто така имаш систем за ладење, како не би постигнал температура од 42 степени. Секако, ако е зрачењето со висок интензитет ќе прегрееме ...
Инаку да одговорам и на суштината на твојот пост (иако првиот дел од одговорот тоа го прави излишно, но сепак).

Прво, тоа што го наведуваш е само една од мноштвото студии. Точно е дека е инвитро студијата. Точно е и дека најголемиот дел од 5Г бандот нема да пенетрира подлабоко од кожата и малку испод. Но не, кожата не е имуна на тоа влијание пошто кожата не е средновековен оклоп, и... Ај да не забегуваме. :)
Види тоа погоре што ти пишав за VGCC и општо за биолошките ефекти.

Второ, зборуваме за сите ЕМ зрачења од телекомуникациите, не само за тие од 5Г бандот.
Но фино што се согласуваме макар дека постарите технологии пенетрираат низ кожа и вршат штетни влијанија.
 

marv

poweruser
5 октомври 2007
5.815
5.521
@marv па не кажа што сакал да кажи професорот
„Тој е тој што на час велеше бегај од сијалица над 100Вати, не бегај од ГСМ антена.“
офф
дур сме кај опроцесориве - Панчо што дешава ?баш би сакал да прочитам негово мислење
Топлинскиот ефект, големиот флукс што го примаш пошто ти е на 1м над глава, и дел од спектарот кој го зрачи во инфрацрвениот спектар.
Немој сега со вакви куршуми. Физика, равенки, eV-ти, итн... Не играме така. Дај ти ВГЦЦ.
Стварно не ми е јасно како не разбираат дека да таа ВГЦЦ активација што јо тупат беше реално биолошки возможна во реал лајф, а не само на сироти клетки во тегла, до сега ќе порикавме сите од обична дневна светлина, која е најмалце во ранг од 10⁵ (десет на 5та) пати по енергетска од РФ спектарот. Пак ке речам некој елементарна физика рипал у школо.

Sent from my TELEFON using Tapatalk
 

bicikle

poweruser
3 март 2018
2.061
1.013
Сигурно имал некоја др поента, мала е разликата од 65 до 100 вати т.е. ќе осетиш дека ти жежи, инстиктивно ќе се тргниш. Ја би ти рекол да не гледаш кај што швајвоваат :) тука ефектите се ео одложено дејство :) или да е ув сијалица, не осеќаш ништо ама ќе фатиш очобо. Додуша со второво сум немал искуство, ама штетно е ( и докажано е дека е ).
И ја рипав на школо, учев колку за оценка и после прајв формат ц: /q xD
Ама ако ни прајт вцгг и ако при тоа таа појава е штетна или толку штетна онда секако дека ир , цжолта зелена и да не прајме муабет за ув парче ќе не напраеа. И да, светлина пенетрира под кожа, не е панцир, ама сепак е тоа неколку сантими или системот е предвиден за таков режим на функција, инаку ќе испоцркавме.
Аналохно на тоа што го тврдиш е исто како да имаме способност да скокниме од 10-ти спрат и да не ни е ништо ( овој пат без конзерва), но од први лом да се напрајме. Не знам, може логиката не ми е во ред, ама треба цврсти и непобитни докази за да ме убедиш дека далеку послаби зраци се мноогу поопасни од помоќни зраци на кои сме изложени секојдневно.
Не реков дека прават штетни влијанија, уствари реков само дека пробиваат низ кожа, и да ако се од киловат + ќе не пекнат, но ви-фи далеку од тоа дека ќе не пекне. Професорот вели дека не знае за докажани штетни влијанија и дека треба понатамошни испитувања, ја не би се дрзнал да тврдам дека идните испитувања ќе докажат дека нема или има штетни влијанија. И јас би сакал да знаеме све околу тоа, и да имаме лек за ракот ( да си уживам во тутунот без никаква грижа), да имаме ефикасен лек за маларија итн ама нема, тоа е :)
Можда ќе го менат потенцијалот на хемиските реакции ? Но тоа ќе има термички ефект.
Голем дел од статиите ( и тие што велат дека нема штета) немаат наведено доволно параметри, а и неможам да ги прочитам сите одеднаш а и не намеравам да ги прочитам сите, оти 5 животи ми се малце :) ( каконшто беше кажано има 25000 трудови )
 

DelphiUser

user
2 март 2011
1.709
1.637
Drachevo
Најверојатно клетките ќе претрпат оштетување поради нагла промена на брзина, иако конзервата ќе биде неоштетена.
Едит : ако чекаш секоја технологија да се испита скроз и да се докаже дека нема штетни влијанија, уште ќе бевме в пештери и тоа без оџин, оти и тој зрачит а капак и мојш да се изгориш/запалиш...
Просто да се чудиш дека има вакви луѓе заморчиња.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.771
6.482
SK
Ама ако ни прајт вцгг и ако при тоа таа појава е штетна или толку штетна онда секако дека ир , цжолта зелена и да не прајме муабет за ув парче ќе не напраеа. И да, светлина пенетрира под кожа, не е панцир, ама сепак е тоа неколку сантими или системот е предвиден за таков режим на функција, инаку ќе испоцркавме.
За светлина да, во право си.
Ама ајде елементарно Ватсон, може? :)

Фрекфенцијата на зрачењето на видливата светлина се мери во терахерци, што е далеку од ЕМ зрачењето од телекомуникациите чија фрекфенција се мери во гигахерци. Ако кожата е еволуирана за да штити од првото, што ти гарантира дека те штити и од второто?

Ти можеш да претпоставуваш (а претпоставката е мајката на сите зае*увања) ама како можеш да знаеш без изучување на проблематиката преку истражувања со експерименти?



Не реков дека прават штетни влијанија, уствари реков само дека пробиваат низ кожа, и да ако се од киловат + ќе не пекнат, но ви-фи далеку од тоа дека ќе не пекне.
Ама не ретерирај сега вака. Покажа инвитро студија која ја негираше пошто истражувале на изложени клетки (незаштитени од кожа и други ткива) - сега кога сам кажа дека зрачења од другите бандови пенетрираат низ целото тело - сега пак за термалните ефекти? :)
Целата теза е дека тие зрачења предизвикуваат и биолошки ефекти.



ама треба цврсти и непобитни докази за да ме убедиш...
Се согласувам. Тоа и јас го кажувам, дека треба повеќе докази но за повеќе докази треба и повеќе истражувања. ОФИЦИЈАЛНИ истражувања од буџетот на надлежните институции, затоа што независните истражувањата и тоа како укажуваат на штетност и небезбедност од безжичните телекомуникции. Наместо тоа надлежните игнорираат и избегнуваат спроведување, или макар спонзорирање на вакви истражувања што ќе истражуваат и биолошки ефекти, не само термални. За нив непроменливата вистина почнува и завршува со претпоставката дека само јонизирачките зрачења имаат биолошки ефекти.



( каконшто беше кажано има 25000 трудови )
Од кои повеќето се базираат на теорија и на мерење температура, нешто што таквите како Марв потоа го повторуваат како свештениците оченаш догмата. Се инсистира на физика во истражувања во кои не може без БИОЛОГИЈА.



Професорот вели дека не знае за докажани штетни влијанија и дека треба понатамошни испитувања, ја не би се дрзнал да тврдам дека идните испитувања ќе докажат дека нема или има штетни влијанија.
На ова се сведува целата работа. Требаат понатамошни испитувања, детални и квалитетни истражувања кои ќе бидат фокусирани на досегашните знаења за биолошките ефекти. Само така ќе знаеме со сигурност дали нема или има штетни влијанија.

За жал такви детални и квалитетни истражувања се надвор од можностите на независните научници. Мора финансиска и материјална подршка од надлежните институции - но тие не само што не го прават тоа, туку ги игнорираат и досегашните истражувања кои иако несовршени сепак се релевантни... И ајде ти кажи ми мене што се случува овде, дали ова навистина не буткање на телекомуникациони технологии без детално да се испита безбедноста?
 

bicikle

poweruser
3 март 2018
2.061
1.013
„Ако кожата е еволуирана за да штити од првото, што ти гарантира дека те штити и од второто?“
Многу се слаби зрашењата од вифи или од 5г. Видливата светлина на лето, преку денот кај нас се мери во киловати, не во миливати. Термалните ефекти не потекнуваат само од тука,и до огон да застаниш дел од телото локално ќе има покачена температура, па никому ништо. И да се сунчаш.
„Од кои повеќето се базираат на теорија и на мерење температура, нешто што таквите како Марв потоа го повторуваат како свештениците оченаш догмата. Се инсистира на физика во истражувања во кои не може без БИОЛОГИЈА.“
Па не знам кои и колку се без биологија, и да секако дека треба да се инволвира биологија, но теоретските предпоставки не може да ги донесат туку -така, треба да имаат некоја база, предходни истражувања... не можиш да предпоставиш дека ако скокниш од 5 ти ќе се качиш на 9-ти, не е реална таа предпоставка, нити има некаква позадина ( освен Чак норрис :) ), треба прво да направиш неколку експерименти со друуги тела, некои мерења, да ги набљудуваш експериментите да донесиш некој заклучок, да видиш дали можеш да направиш математичка апроксимација и дали тоа што ќе го заклушиш ќе се вклопи во математиката, па тек после да прајш претпоставки што би било кад би било. Секако дека некои предпоставки ќе се покажат како неточни, ама сепак прво треба да имаат издржани тези и некоја позадина...
„За жал такви детални и квалитетни истражувања се надвор од можностите на независните научници. Мора финансиска и материјална подршка од надлежните институции - но тие не само што не го прават тоа, туку ги игнорираат и досегашните истражувања кои иако несовршени сепак се релевантни... И ајде ти кажи ми мене што се случува овде, дали ова навистина не буткање на телекомуникациони технологии без детално да се испита безбедноста?“ Како што реков, треба некој прво издржан теоретски модел да направи за да се превземат понатамошни чекори. Досега нема некои сериозни индикации дека има штети- за во иднина ќе видиме. Со тоа што го знаеме до сега- тоа е, ене и кај беше имаа 300+ 5г предаватели (швицарско мислам) па уште никој не умрел. Досега нема никакви издржани индикации дека ќе испоцркаме и затоа не се земени во предвид. Ете нека ги достават испитувањата. Студијата нема никакви објаснувања околу тоа како настануваат ефектите. Има и други начини за финансирање. не мора баш од од операторите да бараат спонзори. И не би рекол баш дека не вршат никакви испитувања, напротив.

Просто да се чудиш дека има вакви луѓе заморчиња.
Ак ти се верујт и се чуда. Едино што ми е јасно дека прво треба да докажиш нешто дека постои па после имаш простор да го негираш.
 

DelphiUser

user
2 март 2011
1.709
1.637
Drachevo
Ак ти се верујт и се чуда. Едино што ми е јасно дека прво треба да докажиш нешто дека постои па после имаш простор да го негираш.
Ете и тебе успеале да ти го исперат мозокот. Не треба на нас да се тестира новата технологија, туку треба да се тестира 20 години па да се пушти во употреба. Како лесно си ја прифаќате улогата на заморчиња, и не само што ја прифаќате туку и ја браните. Треба да си го браниш здравјето и интегритетот а не профитот на фирмите.
Секој еден отров бил тргнат од пазарот после 20-50 години мактотрпни судски процеси во кој фирмите до крај тврделе дека нивниот производ не е штетен по здравјето. Производителите на цигари сеуште тврдат дена нема доказ дека цигарите предизвикуваат рак, имало само корелација, имаат направено и многу студии кои го 'докажуваат' истото.
 
28 јануари 2017
2.072
4.760
Ресен
Бидејќи не ја прифаќаш улогата на заморче за експериментирање, имаш некој допринес за да не е то така?
 

Oktar

Хаќер без дрон
23 октомври 2012
6.182
18.819
Skopje
Oktar's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i9-9900k + Noctua NH D15 Chromax.black
Motherboard
Asus Prime Z370-A
Storage
SM951 256 + PM981 512 + 850 Pro 512 + 840 Evo 250 + WD Blue 1TB + WD Red 2TB + WD Red 3TB
PSU
Cooler Master Vanguard v850
RAM
Kingston HyperX Predator 2x16GB Kit (2x8GB) DDR4 3200MHz
Video card
MSI RTX3080 SuprimX
Case
BeQuiet Pure Base 600
Mouse
Logitech MX Master 2, Logitech MX Master 3, Logitech Wireless G Pro, Logitech G703
Keyboard
Keychron Q2, Keychron Q6, Logitech MX Keys Mini
Monitor
Dell U2515H
OS
Windows 11 + MacOS
...треба да се тестира 20 години па да се пушти во употреба.

Преку факс го прати ова или со телеграма? За да знам дали сеуште чекаш да поминат 20 години од измислувањето на тркалото па да почнеш да го тркалаш.
 

TheMarshal

user
3 јануари 2019
1.762
2.776
Преку факс го прати ова или со телеграма? За да знам дали сеуште чекаш да поминат 20 години од измислувањето на тркалото па да почнеш да го тркалаш.

Преку интернет експлорер.
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Нови мислења

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно