DESPERADO1990
hello world
- 27 август 2015
- 55
- 25
Го имаше ова некаде споменато, мислам @kjosmofon
Јас на 25ти август го нарачав кулерот од Ebay а денеска го земав од пошта откако нормално ги платив давачките
Го имаше ова некаде споменато, мислам @kjosmofon
Ако нарачаш производ од земја на европска унија обавезно ќе те глобат. Истиот кулер ако допатува од Кина нема да платиш ништо.UPDATE : Cooler Master 240M(Водно ладење за компјутерски процесор - Компјутерска компонента) што го порачав од Ebay од Германија.
http://www.ebay.com/itm/Cooler-Master-Nepton-240M-/351293320542?hash=item51cab6ad5e
Пакетот си стигна на царина кај железничка и добив известување да однесам фактура или да ја пратам преку email што и го направив и
за неколку дена го добив пакетот со 10% царина и 18% ддв значи 2200 денари( царина+ддв) + 300 денари поштенски трошоци.
Значи ништо од 0% царина и 5% ддв за компјутери и компјутерски компоненти.
Се јавив да прашам зошто е тоа така и добив одговор дека имало вентилатори и можеби сум можел да ги искористам во фрижидер![]()
Ако нарачаш производ од земја на европска унија обавезно ќе те глобат. Истиот кулер ако допатува од Кина нема да платиш ништо.
Германците посебно се педантни и ги праќаат со комплетна документација за плаќањата, затоа те здрвиле.
Јас имам искуство исто со пратки од германија, сите до една ме царинеле и за 17 евра ми земаа царина околу 500 ден. Затоа избегнувам пратки од ЕУ.Немаше ништо наведено за цената на продуктот во пакетот ниту беше напишано како Gift.
Само имаше внатре лист на кој го пишува името на продуктот и кој го праќа од Германија а истото го имаше залепено на самата поштенска кутија.
Јас им однесов фактура од PayPal бидејќи ми стигна известување од царина на домашна адреса.
Милион пати имам порачувано пратки од Германија,Англија,Италија, и некогаш ми наплаќаат царина и ддв некогаш не зависи како се расположени изгледа или колку е голем производ за каков произовод станува збор и.т.н.Јас имам искуство исто со пратки од германија, сите до една ме царинеле и за 17 евра ми земаа царина околу 500 ден. Затоа избегнувам пратки од ЕУ.
Милион пати имам порачувано пратки од Германија,Англија,Италија и некогаш ми наплаќаат царина и ддв некогаш не зависи како се расположени изгледа или колку е голем производ за каков произовод станува збор и.т.н.
Фала ти ..... али веќе го имам тој додаток за Chrome и го користам за Amazon.Mozilla одамна не користам но ако веруваш секогаш ке ми притреба некој производ што не се испорачува до Македонија па го барам на Ebay и така.Не е толку ретко. Ако не тој, има уште 5 продавачи што испорачуваат. Еве додатоци за Chrome и Firefox што ти го олеснуваат барањето. Имаше и за андроид на плеј стор, ама ја снема (ја имам некаде).
https://chrome.google.com/webstore/detail/does-amazon-ship-to/gpnamfpkffldfnlkofbbebcndfdkclpc?hl=en
https://addons.mozilla.org/mk/firefox/addon/does-amazon-ship-to/
Само не се сите продавачи од Америка...
(thanks to @xenon да не заборавам![]()
Android немам на телефон туку iOS и не сум побарал искрен да бидам за него дали има таков додаток.Фала ти ..... али веќе го имам тој додаток за Chrome и го користам за Amazon.Mozilla одамна не користам но ако веруваш секогаш ке ми притреба некој производ што не се испорачува до Македонија па го барам на Ebay и така.
Сакам да порачам телефон од ebay, nexus 6, со се шипинг излева околу 350-360 еур. Дали ќе има царина за телефонот или не?Со оглед на тоа дека многупати се повторува истото прашање, во врска со колку се царинските стапки за внесување на електронска (и друг вид на) роба во Република Македонија, решив да ги поставам тарифните информации достапни од страната на Царината, во еден едноставен формат.
Повелете...
http://www.customs.gov.mk/HTML/Vodic_tarifa11.pdf
Компјутерските уреди се на стр. 687 и започнуваат со шифрата 8471. Сите се ослобедени од царина, и со утврдено ддв од 5%.
Наоружајте се со овој закон, следниот пат кога ќе треба да плаќате царина.
ЦАРИНСКО ОСЛОБОДУВАЊЕ ЗА ЛИЧНО ВНЕСЕНА СТОКА
Дополнителни информации за роба што не треба да се пријави, или пак не подлежи на царина. Долу го имате целиот текст, но во кратки црти гласи вака:
1. Може да се внесе роба за лична или семејна употреба, или подарок, што не ја применува вредноста од 350 евра.
2. Мора да ја внесете лично (не може по пошта).
3. Робата не смее да биде сомнителна дека ќе се користи за препродажба (пример ако имате 300 лажици од 1 евро, шансите се дека не ви се за во кујна кај вас дома, и ќе ве царинат).
Еве го целиот текст превземен од царинската веб страна:
СТОКИ КОИ НЕ Е ПОТРЕБНО ДА СЕ ПРИЈАВАТ
Ако сте државјанин на Република Македонија или странски државјанин и пристигнувате од странство, имате право на ослободување од плаќање на царина, ДДВ и акциза при влез во Република Македонија за:
- стоки за лична употреба за време на патувањето (личен багаж);
- тутунски производи:
- 200 цигари, или
- 100 цигарилоси, или
- 50 пури, или
-250 грама на тутун за пушење или сразмерна количина на различни наведени преработки од тутун
- алкохол и алкохолни пијалоци:
- 2 литри вино, и
- 1 литар жесток алкохолен пијалок
- парфем: 50 мл, или
- тоалетна вода: 250 мл.
Ако сте државјанин на Република Македонија, имате право на царинско повластување, заедно со претходно споменатите стоки и на:
- предмети чија вредност не надминуваат 350 евра, ако тие предмети се наменети за лична употреба, за семејна употреба или како подарок. Природата или количината на стоката не смее да биде таква што може да укажува дека се увезува за комерцијални цели односно дека истата ќе служи за препродажба.
Патниците помлади од 18 годишна возраст не можат да го користат повластувањето за внес на тутунски производи и алкохол.
Повластувањето од 350 Евра не се применува за производи од тутун, алкохол и алкохолни пијалоци, парфеми и тоалетни води во количина која ги надминува погоре споменатите.
За пратки добиени по пошта, важат следните правила:
1. До вредност од 45 евра (со вклучена поштарина) не се наплаќа царина и ддв.
2. Над 45 евра се наплаќа царина 15% и данок 18% освен ако
(3) Побарате да се распредели во правилната царинска ставка (на пример ако за тој дел се плаќа царина помалце од 15%, или данок помалце од 18%. Треба за ова да се пополни некој формулар/барање.
Еве го текстот од царина:
За пратки примени по пошта, физичките лица се ослободени од давачки доколку вредноста на стоката заедно со трошоците не надминува 45 евра.За други уреди се плаќа царина со единствена царинска стапка од 15% од вредноста и 18% ДДВ (во даночната основица се вклучува вредноста на стоката со износот за царина). 3. Единствената царинска стапка од 15% не се применува доколку за уредот кој го набавувате, согласно Царинската тарифа е утврдена царинска стапла „сл" (0) или кога Вие ќе побарате да се царини со царинска давачка утврдена во Царинската тарифа.
Некои од најчестите уреди што се нарачуваат/купуваат ги имате овде објаснето колку се царинат:
Компјутери и делови за компјутери: Царина 0%, Данок 5%
Часовници: Царина 5%, Данок 18%
Музички инструменти: Царина 9%, данок 18%
Мебел: Царина 0-15% (зависи), данок 18%
Игри (вклучувајќи и видео игри, конзоли итн.) Царина 0%, данок 18%
Спортска опрема: Царина 7%, данок 18%
Слики и антиквитети: Царина 7%, данок 18%
Телевизори: Царина 0-5%, данок 18%
Проектори: Царина 0-5%, данок 5-18%
Облека: Царина 0-10%, данок 18%
Објективи: Царина 5%, данок 18%
Дигитални фотоапарати: Царина 0%, данок 18%
Видео камери: Царина 5%, данок 18%
Мобилни телефони: Царина 0%, данок 18%
Се што доаѓа од западна Европа и натаму подлежи на царинска контрола, за разлика од далечниот исток каде само одредени пратки се контролираат. Не е запишано во закон, туку е интерна одлука на царината. Затоа се случува за многу пратки од Кина и околината, иако подлежат, да поминат без царина. Тоа дали е бележано гифт нема никаква врска. Како инаку се случува и покрај тоа што е назначено дека е подарок, да се плати царина и данок како што било повеќе пати случај? Или, од каде кинезите толку фини па да ни испраќаат илјадници подароци секој ден?
http://zk.mk/brza-poshtaСтавив еден телефон на продажба на реклама5 и сите што се јавуваат ми викаат сум им го прател по карго. Како тоа?
И како функционира ова? Кој ми гарантира мене дека ќе ми се дадат парите што сум се пазарил?http://zk.mk/brza-poshta
Само нешто се жалат луѓево во последно време со исплатите на откупнините... Побарај малце по интернетов.
Каргото. Побарај по нашиов интернет разни искуства со секој карго посебно. Или прво плаќање на трансакциска па им го праќашИ како функционира ова? Кој ми гарантира мене дека ќе ми се дадат парите што сум се пазарил?
Ако го подигне производот тој што сте се договориле, парите сигурно ќе ти стигнат.И како функционира ова? Кој ми гарантира мене дека ќе ми се дадат парите што сум се пазарил?
Еве ти како трговец дали користиш услуги од некој таков сервис?Ако го подигне производот тој што сте се договориле, парите сигурно ќе ти стигнат.
А дали ќе го подигне или не, никој неможе да знае, ако не си сигурен нека ти остави капар пример 500 денари на сметка а другото при преземање и готово.
Ehee so globko najveke ama propadnaa oni sega kargo, brza pratka ti se opcija, seriozni firmi se neznam sto si se uplasil tolku.Еве ти како трговец дали користиш услуги од некој таков сервис?
Има ли царина при увоз на мобилен телефон ?Само да ве известам, дека од последниов месец или 2- се царинат многу повеќе продукти, нема веќе free pass дури и на Кинеска роба.....ова ви го кажувам од (големото и долгото) искуство кое го имам со пошти/царини, и покрај тоа што ги знам сите методи како и што и зошто....поготово не се надевајте на pass за телефон или некоја мрежна опрема.
Има ли царина при увоз на мобилен телефон ?
Бесплатна достава
COMBO KEYBOARD AND MOUSE WIRED EXTRALINK TF500, Black,
660,00 ден
Бесплатна достава
KEYBOARD WIRELESS MECHANICAL KEYCHRON Q5 MAX QMK/VIA RGB Al. body, HS Gateron Jupiter Brown, 2.4 GHz & BT, Carbon Black, w/knob, Q5M-M3
15.200,00 ден
Бесплатна достава
CABLES MONITOR HDMI M-M 3M Secomp, 11.99.5543-10
230,00 ден
Бесплатна достава
VGA PNY RTX 5080 TRIPLE FAN 16GB GDDR7, HDMI ,3xDP, VCG508016TFXPB1
89.450,00 ден
Бесплатна достава
MICROPHONE WIRELESS SYSTEM BOYA LINK 3-01, 2xMIC, USB-C, Lightning, 3.5mm, Black, BOYA LINK 3-01
8.200,00 ден
Бесплатна достава
CE ACCESSORIES EXTRALINK MI ROBOT VACUUM SET FOR S20, EX.98116
980,00 ден