1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Царинска тарифа

Дискусија во форумот 'Генерална дискусија' започната од krale, 23 Декември 2010.

  1. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,328
    27,044
    4 Септември 2008
    Фала многу :bravo:
     
  2. Acid

    Acid
    Intern

    45
    36
    17 Април 2007
    Но, на крај секогаш излегува дека во Македонија никогаш не е така како што изгледа.

    Иако производот што го нарачав имаше вкупна цена од 29 долари (со вклучен shipping од DHL), валидна фактура и документација, сепак некој од царина одлучил дека тој треба да се царини. И ПОКРАЈ ТОА ШТО ОВИЕ 29 ДОЛАРИ НЕ ЈА НАДМИНУВААТ ДОЗВОЛЕНАТА СУМА ОД 30-40 ЕВРА пропишани со законот/правилникот.

    Значи, дури и да се царини производот (а не треба) - не е проблемот во висината на царината. Висината на царината (која патем е 300 денари во мојот случај) е незначителна во целата приказна. Но, доколку пакетот се упати на царинење, тогаш ќе треба да платите ШПЕДИТЕРСКИ ТРОШОЦИ КОИ СЕ НАД 3.000 ДЕНАРИ + ЛЕЖАРИНА ЗА ПРОИЗВОДОТ (1.000 ДЕНАРИ)!

    Значи, за 2 мочани саати чија вредност со шипинг не надминува 29 долари - сега мора да платам трошоци + царина во износ од 4.000+ денари. И тоа не е се' - доколку се откажете од производот и не сакате да го царините - ви следува казна од 300 евра :)

    Добредојдовте во Македонија...

    Наравоучение:
    1) Не порачувајте преку интернет, не се исплати;
    2) Ако веќе нарачувајте, не користете НИКАКОВ ВИД НА ЕСКПРЕСНИ КУРИРИ;
    3) Ако испораката ја врши обична пошта, многу веројатно е дека никогаш нема да ви стигне или ќе стигне оштетена...
     
    Ernest101, Costigan_Jr и на SaleSk им се допаѓа ова.
  3. krale

    krale
    Practice makes perfect

    2,300
    1,360
    6 Февруари 2009
    Претходниот пост е токму причината за оваа тема. Информираноста е ваше оружје, а кој не е информиран, нека го дерат по 3000, по 300е итн.

    Значи сум нарачувал преку пошта МНОГУ МНОГУ нешта, и никогаш не сум имал вакво нешто како што опишува горениот соговорник, веројатно моја претпоставка е дека или налетал на некој ќутук, со кој требал да биде поупорен, или пак производот имал каталошка цена поголема од прикажаната во фактура.

    На крајот на краиштата мислам дека тие 5 долари царина не се достојни да се праќа ваков пост, кој многу луѓе ќе ги исплаши и ќе влезат во некоја паника без причина.
     
    На Ernest101 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. cipiripi

    cipiripi
    Gaining Experience

    290
    318
    7 Септември 2010
    @Крале
    Па дечкото погоре не ти вика дека му е за 5 долари, него за дополнителните трошоци кои треба да ги плати. А тие изнесуваат приближно 100 долари. А вредноста на пратката е 29 долари.

    И мислам дека ова е достојно за да се прати ваков пост, за да знаат луѓето што може да ги снајде.
    (можда е исклучок,али еве сепак се случува)
     
  5. krale

    krale
    Practice makes perfect

    2,300
    1,360
    6 Февруари 2009
    Мислам дека тие дополнитени трошоци се само АКО се упати на царинење - ваљда ако не сака да ги плати тие 300 денари. Ама може грешам, јас така го сфатив.
     
  6. Acid

    Acid
    Intern

    45
    36
    17 Април 2007
    Крале, грешиш. Не ме разбра очигледно.

    Финтата е во тоа што доколку ти го упатат производот на царинење, соодветна документација може да ти подготви само овластен шпедитер - а шпедитерските трошоци изнесуваат 3000 денари (без разлика дали пратката вреди 20.000 или 20 долари).

    Од друга страна, ако не ти го упатат на царинење - тогаш не плаќаш никакви дополнителни трошоци на DHL и производот го добиваш на врата.

    Значи, не е проблем што ќе платам царина 300 денари. Проблем е што ќе платам 3000 денари за шпедитерски трошоци + 900 денари лежарина + 300 денари царина. И нормално, јас би ја оставил пратката од 29 долари „бакшиш“ на цариниците, ама законот вели дека ако не ја исцариниш во рок од 20 дена - пиеш казна од 300 евра.

    Тука си веќе немоќен, затоа што не можеш никако да ја промениш одлуката на цариниците дека производот НАВИСТИНА вреди толку и документите на пакетот ја претставуваат реалната вредност. Едноставно, како и да се свртиш - гзот ти е позади. Имаш среќа што досега не си имал ваков случај, инаку ќе платиш 20x од реалната вредност на производот што си ја платил на интернет.
     
  7. krale

    krale
    Practice makes perfect

    2,300
    1,360
    6 Февруари 2009
    Ух... штета што вака те зафркнале.

    Јас нон-стоп нарачувам и не сум имал ваков случај. Дури и кога робата била 10-тина пати поскапа од твојата, ми ја прифатија валидната фактура и не плаќав никакви шпедитерски трошоци и лежарина. Платив само некои „административни трошоци“ што беа некои си 2-3 евра.

    Додуше не сум нарачувал преку ДХЛ - можеби тоа е.
     
    На Ernest101 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. StarBuck

    StarBuck
    HC

    1,295
    48
    16 Февруари 2008
    QA
    И јас имам слични искуства секој пат кога нешто требало да стигне со експресна пошта (dhl и слично). Поштарина лежарина царина по 3000 денари за глупости. Затоа секогаш нарачувам по обична пошта. Да не се урочам, ама до сега ми немаат изгубено пратка или нешто слично.
     
  9. Alex

    Alex
    Gaining Experience

    341
    152
    10 Август 2008
    Машко
    Со истиот случај се соочувам и јас моментално. Имам царина за плакање за 2 пара патики за едните имам 1905+72+ПТТ за дргите имам 72+2015+ПТТ и сега сум приморан да ги вратам при што автоматски губам околу 30 фунти за шипингот.

    Едит: И заборавив да напоменам еден пар патики чини 45 фунти плус шипинг 9 фунти. Али тоа е тоа е нашата државичка гледа да те удри од сите можни страни.
     
  10. krale

    krale
    Practice makes perfect

    2,300
    1,360
    6 Февруари 2009
    Дали патиките ти стигнаа по обична пошта, или по брза пошта?
     
  11. Alex

    Alex
    Gaining Experience

    341
    152
    10 Август 2008
    Машко
    INTERNATIONAL STANDARD DELIVERY.

    Обична пошта е ги чекав од Англија околу 15дена.
     
  12. krale

    krale
    Practice makes perfect

    2,300
    1,360
    6 Февруари 2009
    Вкупната цена ти е 54 фунти, а давачките ти се 1900 денари, односно 25 фунти.

    Како што можеш да видиш на првата страница царината за облека е:
    Облека: Царина 0-10%, данок 18%

    54+10%=59.4
    59.4+18%=72

    Вкупна цена 72 фунти - од кои давачките се 18 фунти.

    Нејасна ми е разликата од 7 фунти - треба за тоа да добиеш детално објаснување.
     
  13. Viktorviksa

    Viktorviksa
    Intern

    110
    0
    14 oктомври 2010
    ja nemmozam da najdam nigde alternatori od 20kw pa nagore, generatori, solarni paneli ... aj pomos
     
  14. Goran123

    Goran123
    Gaining Experience

    954
    158
    25 Јуни 2010
    Некој со искуство со користени работи? На пример имам мои лични два лаптопи, дигиталец, многу УСБ стикови со различна големина итн. При излез од Македонија никој не ми понудил да ги пријавам, и сега при влез во Македонија ако ме тераат да ги царинам? Чаре за ова?
     
  15. krale

    krale
    Practice makes perfect

    2,300
    1,360
    6 Февруари 2009

    За стикови и дигиталецот ич не се мисли. За лаптоп исто така. Повеќе лаптопи, може да е проблем.
     
  16. krema

    krema
    Professor

    10,110
    9,727
    24 Јуни 2009
    Машко
    пријави ги обавезно при излез и ништо не ти можат, а ако ти велат дека не треба да ги пријавуваш, тогаш инсистирај да бидат пријавени. Вака си најчист и лаптопите и усб стиковите ке ти останат твои и нема да ти бидат запленети или оцаринети! :)
     
  17. Goran123

    Goran123
    Gaining Experience

    954
    158
    25 Јуни 2010
    Малку е касно за тоа сега :) Него не знам дали може финта, кога ќе се враќам во Македонија да ги пријавам, демек после тоа пак ќе се враќам назад во странство. Само ова е малку трики, зошто не знам како иде целата процедура, зошто имам македонско државјанство и Македонија ми е матичната држава, па визата до кога ми е и доказ дека ќе се враќам, итн. Останува да видиме :)
     
  18. krema

    krema
    Professor

    10,110
    9,727
    24 Јуни 2009
    Машко
    епа со среќа, незнам што друго да ти кажам :)
     
  19. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,600
    5,165
    20 Април 2007
    Машко
    најдобро ти е ништо да не пријавуваш...Доколку те прашаат ке си кажеш дека едниот лаптоп ти е службен, другиот приватен...Толку...Никој нема да ти прави проблем за лаптоп...На пример јас носам 3 телефони, на двата од нив цената им е цирка околу 1000 е, па никој ништо не ми рекол....За лаптопот исто така, само што секојпат кога влегувам во Германија му прават некаков си тест и при тоа чекам некој 2~3 минути и поминувам без проблем...Може да ми протарашкаат низ ранецот во кој во секое време имам барем по најмалку 4 стикови со различен капацитет, слушалки, камера, апарат, екстерен ХДД, кабли, крос, стрејт, полначи 3 за телефоните, машинка за бричење, цд-а, сталак за апарат, и еден куп слушалки за телеоните....Така да за таква работа никој мислам дека нема да ти направи проблем...
     
  20. krale

    krale
    Practice makes perfect

    2,300
    1,360
    6 Февруари 2009
    Така е ко што кажа SaleSK. Не се плаши нема да имаш проблем.

    Поздрав!
     
  21. NERD.

    NERD.
    Gaining Experience

    1,377
    344
    19 Април 2010
    Машко
    Подслушнав нешто дека до 50$ царина не се плаќало... некакви информации за ова? :)
     
  22. krale

    krale
    Practice makes perfect

    2,300
    1,360
    6 Февруари 2009
    Не, до 350Е.
     
  23. Goran123

    Goran123
    Gaining Experience

    954
    158
    25 Јуни 2010
    Фала за инфото :bravo:
     
  24. DaciSS

    DaciSS
    Gaining Experience

    949
    288
    3 Јануари 2008
    Машко
    Systems and Network Administrator
    конкретно мене, кога летав накај мк, имав 2 куфери и ранец, еден куфер попат у лондон ми изгубија, така да на аеродром у ск имав 1 куфер и ранецот, само си искочив од аеродром, никој ништо не ми рече за царинење. Кога ми стигна вториот куфер после 2 дена, ми се јавија од аеродром да одам да го земам, е тој ми го отворија за царинење, али среќа баш во тој немав ништо, само некои парфеми за поклони во вредност околу 200$ и рекоа ај нема да те цариниме, така да све во ред пројде.
    Моментално еве чекам поврзан лет, па за некој саат ќе видиме што како ќе ми речат за царинење у ск, во секој случај фала за темава, нема да сум тотално изгубен, имам некакво инфо :) па ќе пишам искуство после.
     
  25. draey

    draey
    Gaining Experience

    166
    168
    15 Јануари 2010
    Сакам да нарачаm car DVD player од ибеј. Цената е околу 400 долари + 30 долари шипинг, е сега по која основа ќе ме царинат, најверојатно би требало по
    Компјутери и делови за компјутери: Царина 0%, Данок 5% ? или?
     

Сподели

Вчитување...