Здраво, ја отворам темата затоа што не можев да најдам дискусија за Apple Watch Cellular верзијата (каде што можеш да го користиш како еСИМ истиот број што го користиш во ајфонот, и така да можеш да функционираш со саатот за повици, смс пораки, интернет нотификации, итн. и тогаш кога не го носиш телефонот, пример трчање). Кај нас, како многу други работи, не е поддржувана од страна на нашите оператори (Телеком, А1), сум контактирал со нив и како секогаш ја перфрлат топката кон Епл, а од другата страна кога контактирам со ЕПЛ, оние викат дека активацијата на Cellular за Apple Watch треба да се активира исклучиво од операторите, и дека нема никаква врска со никаков АПРУВ од страна на ЕПЛ. Знам дека тука има многу луѓе што веќе имат Apple Watch Cellular па си реков да си направиме некој притисок кон операторите за да инејблират поддршка за саатот. Од комуникацијата што ја имав со ЕПЛ ми рекоа дека операторите треба да го инејблират исто како што го имат инејблирано 5Г функцијата. Од другата страна контактирав и со istyle . mk пред некое време за некои други функционалности што не се достапни кај нас околу Health App, оние рекоа дека за тоа треба да се смени некој си закон во министерството за здравство за да ги препознават уредите како медицински уреди, па ако може и за оваа да направиме некој притисок кон МЗ, иако за овие Health функции има work-around, можат да се активират од ЕУ земја (кога си физички во некоја ЕУ земја).