cakii
hello world
- 23 февруари 2011
- 397
- 731
Сега бев во Samsung продавница и ги имаа изложено новите модели..
Го расчепкав S8+ на кратко и отприлика ова се првите импресии..
Телефонот работи доста брзо..Дизајнот е лудница дефинитивно како и екранот..Го ставив iPhone-от до Samsung-oт и буквално изгледа смешно дизајнот iPhone-от..
Разликата во големина помеѓу двата модели не е баш толку мала како што мислев..Поголемиот модел лично повеќе ми се допаѓа, додека помалиот според мене има точно погодена големина за поголемиот дел од корисниците.
Фингерпринтот немав баш проблем да го стигнам, но го смешав со камерата неколку пати..После одредено време мислам дека без проблем би се навикнале корисниците, ама можеле подобро да го изведат ова..
Предната камера КОНЕЧНО е добра и не дава вештачки слики како порано..За задната мислам дека нема потреба да коментирам..
Иконите ми делуваа хаотично претходно, ама сега од кога ги видов во живо и не се лоши искрено..
Брзав и немав време да ги проверам другите работи (Iris, Bixby и слично), ама деновиве ќе поминам пак, па ќе пишам уште нешто
Испратено од iPhone преку IT.mk форум апликација