Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Алтернативен превоз (велосипеди, тротинети)

Ron26

poweruser
4 мај 2019
2.231
2.660
исто така кој се шета денес покрај толку лингури по улициве. Да идам пешки да пазарам, сигурно на 2-3 места ќе се закачам со лингури да се бранам. Ова не е град, ова е депонија станато. Превозот остана тоа што Грујо купи автобуси на времето, ги утепаа од користење без да ги поправаат пошто им е шубе од Кина делови да купуваат да не ги разочараат стратешките партнери. Кола те спасува само од овие срања по улиците.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.992
Кинеските имаат Мерцедес мотори.

Инаку треба да стигнат нови 100 автобуси наскоро.

Останува најголем проблем само паркирањето/застанувањето на коли на делови каде што вози автобус. Тоа ги кочи автобусите, ги кочи и скутерите, и точаците, и тротинетите. На пример кај Силно, кај Фитнес Хаус, - најприметливо. Тие 10тина локации да се решат и ќе е пристојно.

Sent from my SM-S938B using Tapatalk
 
JamesKirk

poweruser
12 февруари 2015
3.689
3.788
Струга
www.facebook.com
JamesKirk's setup  
Processor & Cooler
i3 1315u
Motherboard
ASUS
Storage
WD SN5000S 512gb + Samsung QVO 870 1tb
RAM
16GB
Video card
Intel UHD Graphics
Mouse
MSI
Keyboard
Genius
Monitor
Samsung LS24C310EAUXEN
OS
Windows 11 PRO

JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.625
3.179

Нешто се случува, убоде точен одговор.

Треба некој да седне и да направи нови рути на автобусите. Глупост е сите да одат по партизанска/Јане Сандански/Цветан Димов/Александар Македонски. Мора да се распределат да возат по различни улици со неколку хабовски точки каде ќе се спојуваат линиите. Тогаш за сите што се движат од работа до дома без други станици ќе има супер решение. Тогаш можеби и тие што не се движат така, ќе користат таков превоз за до работа, а за другите потреби ќе се намали користење на автомобил?
 
xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.697
12.543
Skopje
www.wemaxa.com
Best buy ако некој се мисли за цената на горивата :D

Погледнете го атачментот 159870

Ова е сосема доволно за одење до работа и назад во рамки на оваа мапа на Скопје:

1774273186975.png
Некој член погоре спомна село Бразда итн, да бидеме реални и да не забегуваме во крајности.. ама ако барем 25% возачи барем од местата на картава што работат не подалеку од 8-10км од местото на живеење да заменат возило (ако го користат сами) - одат со тротинет / велосипед / скутерче - сообраќајот ќе се релаксира неверојатно. Од оние што живеат во Куманово/Велес итн а доаѓаат на работа во Ск, не е баш реално да бараме да користат велосипед/тротинет да дојдат нели..

До менталитетот е прво па се друго. Менталитет, навики, општа култура, летаргија, нефлексибилност. До ова е:

1774273446932.png
1774273467231.png

Тече бродот од сите страни.
 
TheMarshal

user
3 јануари 2019
1.759
2.770
Некој член погоре спомна село Бразда итн, да бидеме реални и да не забегуваме во крајности

Не и баш екстремна крајнсот. Сепак се работи за населени места што се во околината на Скопје. Каде што најголемиот дел од работноспосопното население работи во Скопје. Кога ќе додадеш повеќе приградски средини - сигурно бројката надминува 50.000 жители. Според податоците дека имаме од 200-250 автомобили на 1000 жители. Тоа се потенцијално 10-15.000 возила што секојдневно влегуваат во град што е проектиран за ~40.000 возила.

Нејсе, моабетот повеќе ми беше околу тоа дека иако живеев близу до Скопје, можноста за користење алтернативен превоз ми беше сведена на минимум. :)
 
GreenRoot

user
1 октомври 2011
1.039
1.008
Охрид
mvpring.com
GreenRoot's setup  
Processor & Cooler
i5 4200U
Storage
Samsung Evo 850 240gb
RAM
8GB
Video card
AMD 8670m
Monitor
15,4''
OS
Windows 7 Home Premium
Луѓе пишаа дека ни 15 минути не држи батерија. Јас вакви работи реално од Шитајми не би купил.
Слаби се батериите. Јас купив од КитГо во Струга, 9к беше кај нив, копија на Хаоми.

Со моите 90кг, реален опсег на батеријата е 12км. За Скопје според мене е малце.
 
Audiofil

user
28 октомври 2007
1.155
556
Велосипед посебно 26 ка е најдобра опција за превоз низ град.Постојано си физички активен,трошиш калории,ја подобруваш кондицијата,трошоците за одржување се смешни додека тронитетот не го препорачувам пред се поради потешкото управување во однос на велосипедот, малите тркала кои бараат идеално мазен асфалт а нашите патеки се толку нерамни да постојано отскокнува и со тоа возењето е понебезбедно посебно ако се вози побрзо и нема никаква физичка активност а трошоците за одржување се повисоки.
 
JamesKirk

poweruser
12 февруари 2015
3.689
3.788
Струга
www.facebook.com
JamesKirk's setup  
Processor & Cooler
i3 1315u
Motherboard
ASUS
Storage
WD SN5000S 512gb + Samsung QVO 870 1tb
RAM
16GB
Video card
Intel UHD Graphics
Mouse
MSI
Keyboard
Genius
Monitor
Samsung LS24C310EAUXEN
OS
Windows 11 PRO
А да си купите вакво економично возило? :)))))
 
Атачменти

  • kola.jpg
    kola.jpg
    155 KB · Прегледи: 59

xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.697
12.543
Skopje
www.wemaxa.com
Велосипед посебно 26 ка е најдобра опција за превоз низ град.Постојано си физички активен,трошиш калории,ја подобруваш кондицијата,трошоците за одржување се смешни додека тронитетот не го препорачувам пред се поради потешкото управување во однос на велосипедот, малите тркала кои бараат идеално мазен асфалт а нашите патеки се толку нерамни да постојано отскокнува и со тоа возењето е понебезбедно посебно ако се вози побрзо и нема никаква физичка активност а трошоците за одржување се повисоки.

Не е спорно наведеното, но што со кражби? Тротинет некој може да си го внесе во канцеларија или каде и да работи, на велосипед треба да му бара место во влезови, пред зграда итн, надвор оставање без разлика врзан или не и слободно збогувај се од истиот.

Втор момент е: некој едноставно не му е дојдено да педла два пати во денот, без разлика на причините (мрза, не сака да се поти, нема адекватна гардероба тој ден за на велосипед итн..)

Во одност на стабилност итн, нормално дека секогаш велосипед > тротинет.
 
Се купува 26 ка со стара рамка или евентуално MAX но со исправни делови буџет класа и се заклучува со U LOCK метална шипка.Шансите да го украдат се едвај 1% бидејки крадецот секогаш бара понова и вредна роба за да може полесно да го продаде и за повисока цена и плус класична сајла за да може со обична клешта да ја пресече.Што се однесува до темпото на движење со 12,13км на час нема никакво загревање а не пак потење.
 
maci

poweruser
2 април 2008
3.383
972
Не ми се јасни дечкиве што возат велосипед,демек водат здрав живот,а возат низ центар,партизанска во шпицот,дишат издувни гасови,дишат прашина,ПМ 10,ПМ 2,5...од неисчистените улици.
Прашина која не се гледа,но кога ќе помине автобус на сончеви зраци,тогаш можеш да видиш што дишеш...
Не дека сум против велосипед низ центар(кога мораш),но бар не се филмајте дека тоа е нешто здраво
Возење велосипед ДА,каде што нема загаденост
 
xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.697
12.543
Skopje
www.wemaxa.com
Се купува 26 ка со стара рамка или евентуално MAX но со исправни делови буџет класа и се заклучува со U LOCK метална шипка.Шансите да го украдат се едвај 1% бидејки крадецот секогаш бара понова и вредна роба за да може полесно да го продаде и за повисока цена и плус класична сајла за да може со обична клешта да ја пресече.Што се однесува до темпото на движење со 12,13км на час нема никакво загревање а не пак потење.

210 години има поминато од првите велосипеди, тој што сакал да вози точак до сега ќе возел ама ете од Х причини не вози. Да не биде работата, чим не возам точак а не сакам пешки (или јавен транспорт) мора да возам кола - овој момент го напаѓам. Ако Х особа има Х причини зошто не вози велосипед, да видиме дали ќе измисли уште Х причини да не вози ни тротинет па некако пак да ја тера водата накај кола-си-е-кола воденица.

Во најмала рака, оние што не пробале, слободно нека ги пробаат оние што се за изнајмување, ги има насекаде, па после ќе дискутираме наместо да теоретизираме ова било-она било-она чинело-она не чинело без да се проба.

Инаку, мантрата земи си крш точак ако не сакаш да ти го крадат, постои одамна. Ама крш точак си носи и свои ризици.
 
Последна промена:

chroot

lurker
12 ноември 2021
768
1.101
Скопје
Не ми се јасни дечкиве што возат велосипед,демек водат здрав живот,а возат низ центар,партизанска во шпицот,дишат издувни гасови,дишат прашина,ПМ 10,ПМ 2,5...од неисчистените улици.
Прашина која не се гледа,но кога ќе помине автобус на сончеви зраци,тогаш можеш да видиш што дишеш...
Не дека сум против велосипед низ центар(кога мораш),но бар не се филмајте дека тоа е нешто здраво
Возење велосипед ДА,каде што нема загаденост
Па не би рекол дека возењето точак по велосипедска патека примарно е поради здрав живот, колку што е алтернативен начин на превоз кој општо придонесува за здравјето на целокупното население во градот. Секој еден што ќе се реши денес да отиде на работа со точак, ќе придонесе за намалување на загадувањето споредено со оној што ќе запали кола. Сепак, за жал, гледам дека уште кај нас владее мислењето кола си е кола и штом си станал финансиски способен да возиш кола секој ден, си го достигнал врвот, па уште ако е дизелче што троши малку, со изгасени механизми за намалување на штетни гасови, ЕГР, ДПФ (за жал знаеме дека техничките во МК замижуваат пред овие модификации), нема зошто да се мачи човек, сврти клучот и уживај.
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.149
16.236
Must be nice, мене комшиите ми се дедо од 80 години и тип од 180 кила.

А на топикот, брат ми има тротинет од првите генерации Xiaomi едно 4-5 години сега, брка работа и добар е во Скопје ама во другите градови (Битола пример) тешко.

Единствена мана му се гумите. Ако е со обични гуми мнооогу често се дупат и се тешко да се сменат и извадат, па затоа му ставивме од оние тврдите пластичните и сега океј е ама многу вибрации има. Јбг нема сите убајни
Но што ако цените отидат во плафон и немаш друг избор? Сериозно, разглоби си ги life choices :LOL:

Иначе нема да рокнат цените, еве суроват нафта се симнала на 87 долари денес
1774434288858.png

Иран ги згази Американците, им симна 5 логистички авиони, 6 комада F-15 и еден невидлив F-35, Тел Авив го претвори во Газа, Либан ги плеска од север и Јемен од југ, кој знае и дали Нетанyahoo е жив. Трамп го чека импичмент а адмиралите му се противат на копнена инвазија која ако се случи ќе го кошта Трамп 3000 мртви маринци. Ќе заврши циркузов за недела дена и Украина ќе се врати повторно како тема на денот.

Само тоа што ме интересира сега е колку време ќе треба додека да се корегираат цените на горивата на старо. Еве веќе 4-ти ден како нафтата е падната а промени нема надолу како што имаше инстантни промени нагоре.
 
maci

poweruser
2 април 2008
3.383
972
кога оди нафтата нагоре,не чекаат ден и одма ги качуват цените кај нас,
а кога паѓа нафтата,нашиве си ќутат и не ја корегираат цената
 
kolesk

lurker
6 февруари 2016
762
1.179
Грешка си. Изгласаа закон каде што промена на цените на дериватите ќе се случува еднаш неделно.
 
18 август 2019
1.215
1.188
кога оди нафтата нагоре,не чекаат ден и одма ги качуват цените кај нас,
а кога паѓа нафтата,нашиве си ќутат и не ја корегираат цената

Грешка си. Изгласаа закон каде што промена на цените на дериватите ќе се случува еднаш неделно.
Цената се менува на полноќ помеѓу понеделник и вторник. Во исклучителни ситуации (кога цената на суровата нафта многу осцилира) може да се менува и почесто.
 
JamesKirk

poweruser
12 февруари 2015
3.689
3.788
Струга
www.facebook.com
JamesKirk's setup  
Processor & Cooler
i3 1315u
Motherboard
ASUS
Storage
WD SN5000S 512gb + Samsung QVO 870 1tb
RAM
16GB
Video card
Intel UHD Graphics
Mouse
MSI
Keyboard
Genius
Monitor
Samsung LS24C310EAUXEN
OS
Windows 11 PRO
Точно така палачански, еве ја изјавата на мицко:

Доколу цената продолжи да оди во надолна линија во текот на неделава, македонските власти очекуваат со понеделничката одлука
на Регулаторна, граґаните да точат горива по пониски цени. Премиерот Христијан Мицкоски и денеска повтори состојбата се следи
и во моментов е стабилна, иако вели свесни се дека кризата со нафата и неиспорачаните количини во овој моомент

се проценува дека се поголеми од двете светски кризи во 70тите години одминатиот век.
 
xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.697
12.543
Skopje
www.wemaxa.com
Потребна е форма на субвенционирање за корисници на алтернативен метод на превоз. Не зборам финансиски затоа што тоа во вакви земји секогаш се злоупотребува туку друг тип што ќе биде доволно мотивирачки да натера добар дел од возачите барем да пробаат ако ништо друго. Кејот на пример да се збогати со содржини што ќе го направат поинтересен и позабавен, рампи за излез кон поголемите булевари, тоалети кои редовно ќе се одржуваат, некој тип на клубски картички кои ќе акумулираат поени кои потоа ќе можат да се користат за други инстутуции (влезови во театри или што знам), итн. Кинезите го имаат тоа решено со т.н. социјален кредит систем макар да не сум прочитал баш детали од тоа како е организирано.
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

На врв Дно