Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Aliexpress

chroot

lurker
12 ноември 2021
786
1.118
Скопје
Јас исто имам една пратка што веќе месец дена не мрда а стигната е во некој регионален хаб, претпоставувам на Балканов. Баш ме чудеше обично одма стигале после тој статус, ама веројатно има проблем со новиот закон и само ги чуваат пратките во магацин. Воедно ми истекува заштитата, а не можам да иницирам рефундација затоа што ми кажува дека спрема карго фирмата пратката е на пат кон мене.

Ова е на дело кога недоквакани партиски војници креираат закони и истите ги имплементираат, немаат предвидено милион работи што ќе настанат.
 
denko55

hello world
8 ноември 2025
58
60
Ова е единствен логичен и правен одговор!

Навистина немам проблем да платам ДДВ, но навистина имам проблем да платам „царински преглед“! Во светот оваа баналност функционира децении, и се обидува секојдневно процесот да го направи што по едноставен и само да „тече“ продажбата и приходот од ДДВ за државата. Само нашата заостанатост сака да измисли топла вода повторно!

Особено важи сето ова за пратки кои не подлежат на царина!

Затоа - претставки! Омбудсман, Агенција за пошти, Царинска управа... секаде каде допира конкретнава тема!

И не се лажете со типичната македонска дефетистичка мантра - „абе брат, џабе, никој ништо нема да направи“! Не е така! Особено со масовност. Да видите како ми вратија пари една пошта како попчиња по претставка до Агенција за пошти. Со јавување по телефон, со извинување и од нив и од Агенцијата за пошти, со усилена финост во комуникација, whole nine yards... Еден, една пратка, не па со масовност и моментално чувствителна тема.
Апсолутно! Претставки масовно од сите нас. Не ги слушајте тие што ви велат дека нема ништо да смените. Нашето непреземање ништо не доведе до тука. Истовремено, секој што познава некој со медиум, подкаст или слично, да се изврши медиумски притисок. Ова особено после изјавите дека нема да имаме ников дополнителен трошок. Што убаво ќе им звучат насловите дека плаќаме 3 пати повеќе отколку што вреди пратката. И не само тоа, нивната неспособност да го имплементираат законот значително го забавува времето на достава, чекаме со месеци.
 
Последна промена:

gamon

user
15 септември 2014
1.675
1.953
orgrimar

освен инфомакс ни 1 подкаст или медиум нема д а објави бидеќи сите се на платен список во дефтерчето, за пратки од 100 ден треба + 400-700 да платиме или да ги вратиме....
 
15 септември 2012
1.166
1.300
освен инфомакс ни 1 подкаст или медиум нема д а објави бидеќи сите се на платен список во дефтерчето, за пратки од 100 ден треба + 400-700 да платиме или да ги вратиме....
Браво!
Од мрза измислувате ново правило за пишување спротивно на правописот! Или од незнаење на правописот?

Ве читам две-три страни на темава и ви се восхитувам на незнаењето.

Од мое искуство:
Влезе ли предмет на постапка во царина, ако не се појавите во некој период, царината ви покренува постапка за царински прекршок.
Царината не враќа пратка назад на праќачот. Или ќе се откажеш од предметот во корист на државата или ќе го подигнеш и изнесеш од државата надвор и царинарницата на излез да ти ги завери документите дека си го изнел надвор. Па после шверцај го назад.
Во било кој случај остануваш насмеан. И финансиски олеснет. И без поврат на парите од али. Бричен, не целиван.
 
Слушај другар, најмалку битен во ситуацијава е правописот. Луѓе што знаат уште помалку правопис од нас ни ја водат државата повеќе од 3 децении. Во врска со другово што го пиша, царината не покренува никаква постапка за царински прекршок. Твоево нема логика, може некој ти пратил подарок и немаш документи да доставиш. Што ќе прават, постапка за царински прекршок? Ако не доставиш документација, добиваш две писма како опомена да доставиш. Доколку не доставиш во дадениот рок, или го враќа назад на испраќачот (доколку е платена поштарина) или го уништува. Ова е од мое искуство. И ќе те замолам без навреди, ако имаш аргументи тогаш повели, сите сме на иста страна.
Мислењето е автоматски споено:

освен инфомакс ни 1 подкаст или медиум нема д а објави бидеќи сите се на платен список во дефтерчето, за пратки од 100 ден треба + 400-700 да платиме или да ги вратиме....
Доволни се и тие, порталите само ги препишуваат вестите.
 
gamon

user
15 септември 2014
1.675
1.953
orgrimar
Браво!
Од мрза измислувате ново правило за пишување спротивно на правописот! Или од незнаење на правописот?

Ве читам две-три страни на темава и ви се восхитувам на незнаењето.

Од мое искуство:
Влезе ли предмет на постапка во царина, ако не се појавите во некој период, царината ви покренува постапка за царински прекршок.
Царината не враќа пратка назад на праќачот. Или ќе се откажеш од предметот во корист на државата или ќе го подигнеш и изнесеш од државата надвор и царинарницата на излез да ти ги завери документите дека си го изнел надвор. Па после шверцај го назад.
Во било кој случај остануваш насмеан. И финансиски олеснет. И без поврат на парите од али. Бричен, не целиван.
царинење со брза постапка во пошта се разликува од царинење на премин или преку шпедиција, да пратките се враќаат доколку не се исцаринат или клиентот не е задоволен од процена. Исто ако пријавиш роба на премин и не си задоволен од проценка имаш право да ја вратиш од земјата каде велгуваш
 
Последна промена:
15 септември 2012
1.166
1.300
Слушај другар, најмалку битен во ситуацијава е правописот. Луѓе што знаат уште помалку правопис од нас ни ја водат државата повеќе од 3 децении. Во врска со
Правописот е дефиниција на правила за пишана комуникација.
Ако си пропуштил да ги научиш во основно школо, навистина не ти се битни и цел живот ќе имаш оправдување.
А на нас останатите што не сме пропуштиле да ги научиме, ќе ни даваш неисцрпни теми за заебанции, како што во периодов ги зае*аваат ќаци-ите на северов од овде (споредбава е заради политиката со која си оптеретен и која ја спомна...).
 
Јас сум нов на форумот и претпоставувам дека забелешката за правописот не се однесува на мене, бидејќи во претходниот пост не ми беше директно реплицирано. Не барај грешки во правописот кај другите, форумот е неформален простор. Темата е за AliExpress и тука зборуваме конкретно за пратки од AliExpress. Ако сакаш да дискутираш за правопис, отвори соодветна тема.

Откако изнесе неточни информации на кои многумина можат да им поверуваат, а немаш аргументи да ги одбраниш, ја пренасочуваш дискусијата кон правопис и политика. Ние имаме проблем со заглавени пратки и наместо да помогнеш, ги плашиш луѓето со ширење неточни информации.

Што се однесува до политиката буквално сè што нè опкружува, секоја сфера од општеството и можностите што ги имаме, е резултат на политички одлуки. Ако сметаш дека не треба да се интересираш за политика, тогаш свесно дозволуваш други да одлучуваат за твојата реалност.
 
Gligorov

hello world
25 февруари 2021
116
131
Колку многу се изнапишало, а на никој не му побарале да плати ниту царина, ниту ддв, ниту проверка, ништо... Цел муабет ако ни побараат пари...Како беше? На не роден Петко капа му кројат.
Единствен факт е дека пратките многу доцнат, и моите доцнат, ама пари не ми побарале, ако побараат тогаш ќе мислиме.
 
chroot

lurker
12 ноември 2021
786
1.118
Скопје
Колку многу се изнапишало, а на никој не му побарале да плати ниту царина, ниту ддв, ниту проверка, ништо... Цел муабет ако ни побараат пари...Како беше? На не роден Петко капа му кројат.
Единствен факт е дека пратките многу доцнат, и моите доцнат, ама пари не ми побарале, ако побараат тогаш ќе мислиме.
Па не си баш во право, мене неколку пратки од АлиЕкспрес ми царинеле, и си ги плаќаш сите давачки.
 
15 септември 2012
1.166
1.300
Јас сум нов на форумот и претпоставувам дека забелешката за правописот не се однесува на мене, бидејќи во претходниот пост не ми беше директно реплицирано. Не барај грешки во правописот кај другите, форумот е неформален простор. Темата е за AliExpress и тука зборуваме конкретно за пратки од AliExpress. Ако сакаш да дискутираш за правопис, отвори соодветна тема.
Ако е форумот неформален простор далитогашзначидекасекојможедапишувакакосака?
Немам намера да отворам нова тема на која ќе дискутираме неколкумина од форумов. Катастрофално е непознавањето на правописот на македонскиот литературен јазик на сите форми на комуникации на интернетов, дали се тоа форуми, социјални мрежи или пак софтвер за директни пораки. Кога некого ќе опоменеш дека е разбирлив сам за себе, веднаш се одговара со навреди на друга тема. Клише.
Откако изнесе неточни информации на кои многумина можат да им поверуваат, а немаш аргументи да ги одбраниш, ја пренасочуваш дискусијата кон правопис и политика. Ние имаме проблем со заглавени пратки и наместо да помогнеш, ги плашиш луѓето со ширење неточни информации.
Кога ги напишав информациите не знаев дека не се точни. Имам аргументи, ама изгледа се застарени. Благодарам на членот кој веднаш ја корегираше информацијата.
Што се однесува до политиката буквално сè што нè опкружува, секоја сфера од општеството и можностите што ги имаме, е резултат на политички одлуки. Ако сметаш дека не треба да се интересираш за политика, тогаш свесно дозволуваш други да одлучуваат за твојата реалност.
Твој е изборот да се труеш со политика и да влезеш во стадото. Не те убедувам, не те ограничувам, ниту пак те сожалувам.
Ниту ме интересира, ниту зависам од неа, ниту пак и се секирам. Мирно спијам.
На времето имав многу пријатели од двете поголеми политички страни, денес сум радосен што излегле од мојот круг на пријатели.
Толку имам да кажам за политика. Прв и последен пат на форумов.
 
gamon

user
15 септември 2014
1.675
1.953
orgrimar
Неспособниве од царина од 22ри декември глават пратки. Што се нафаќаат да лупаат давачки кога немаат никаков капацитет да поминат се.
јас имам 6 од 1 декември во царина, не се мрднати 6 недели
 
Riste19

lurker
14 ноември 2016
654
264
^ Лудница! Ова е тотална изнуда за да ви истече рокот (Purchase Protection) и да немате друга опција освен да им платите колку и да ве крстат и да ја земите! И кајмене се 8 од 22ри и 2 од 23ти.

И еве да речиме ја зимате пратката (рокот истечен) и има проблем со нарачките кај ќе се жалите? Останувате целосно зезнати!
 
Enquito

poweruser
8 август 2017
2.670
1.833
Доволно е некој да реагира на телевизија и ќе видиш како ќе им биде гајле, но не сме таков народ, ќути си трај си, може и полошо.
 
DrMTR

senior
27 март 2014
7.967
8.507
Сега кога ке кренат да отвараат диспјут на Али, и за кратко ке не исфрлат од земји во кои прават испорака, или ке стават шипинг само со дхл или упс и така..
 
Gligorov

hello world
25 февруари 2021
116
131
Не се секирајте ќе тргнат од 2. февруари. ( Освен ако се погоди пратката кај службеник кој го слави 2.2.... тогаш од 9 февруари сигурно тргнува)
Видете колку празници има декември и јануари, кутрите сите мора да ги слават и да ги спојат со викенди, плус ангжмани по штабови, па конгреси, па делегати...
1767876978678.jpeg
Државни службеници се тоа, треба да и служат на државата ....или на партијата... или на шефот... така некако беше.
Сигурно не ги вработиле таму некој кинески пратки да преметкаат.

Инаку на мои две пратки денес истекуваше рокот за достава, ама кинезот синоќа го продолжил за нови 30 дена, а на прозводот напишал:

This product can't be shipped to your address.
Select another product or address.

Се свести и кинезот, виде со кој си има работа.
 
Audiofil

user
28 октомври 2007
1.155
556
Сега кога ке кренат да отвараат диспјут на Али, и за кратко ке не исфрлат од земји во кои прават испорака, или ке стават шипинг само со дхл или упс и така..
Веќе почнаа со доста производи кои во останатите земји имаат ниска поштарина.Сакав да земам еден пар од кинескиве нискобуџетни слушалки кои доста ги фалат на амазон и за 20 долари поштарината е цели 212 долари преку DHL:
New Bee DH81 Wired Professional Studio Pro50 DJ-Kopfhörer mit Mikrofon über dem Ohr, hochauflösendes Studiomonitor-Musik-Headset - AliExpress 44"order"%3A"1"%2C"eval"%3A"1"%2C"sceneId"%3A"3440"%2C"fromPage"%3A"recommend"%7D&pdp_npi=6%40dis%21USD%2139.98%2119.99%21%21%2139.98%2119.99%21%40211b6a7a17678829057883176e518b%2112000037558120360%21rec%21MK%21165647629%21X%211%210%21n_tag%3A-29919%3Bd%3Af77d0688%3Bm03_new_user%3A-29895&utparam-url=scene%3AshoppingCartRecommend%7Cquery_from%3A%7Cx_object_id%3A1005006534097460%7C_p_origin_prod%3A
 
denko55

hello world
8 ноември 2025
58
60
Ако е форумот неформален простор далитогашзначидекасекојможедапишувакакосака?
Немам намера да отворам нова тема на која ќе дискутираме неколкумина од форумов. Катастрофално е непознавањето на правописот на македонскиот литературен јазик на сите форми на комуникации на интернетов, дали се тоа форуми, социјални мрежи или пак софтвер за директни пораки. Кога некого ќе опоменеш дека е разбирлив сам за себе, веднаш се одговара со навреди на друга тема. Клише.

Кога ги напишав информациите не знаев дека не се точни. Имам аргументи, ама изгледа се застарени. Благодарам на членот кој веднаш ја корегираше информацијата.

Твој е изборот да се труеш со политика и да влезеш во стадото. Не те убедувам, не те ограничувам, ниту пак те сожалувам.
Ниту ме интересира, ниту зависам од неа, ниту пак и се секирам. Мирно спијам.
На времето имав многу пријатели од двете поголеми политички страни, денес сум радосен што излегле од мојот круг на пријатели.
Толку имам да кажам за политика. Прв и последен пат на форумов.
Не зборувам за „труење“ со политика, туку за свесност. Интересирањето не значи навивање, ниту влегување во стадо. Можно е човек да биде информиран и независен. Тоа што некој мирно спие, не значи дека одлуките донесени без него, нема да влијаат врз неговиот живот. Секој има право на избор да се интересира или да не се интересира, и двата избора имаат последици. Очигледно имаме различни гледишта и тоа го почитувам. Не ми е намера да продолжувам дебата или да убедувам. Само укажувам дека тука има луѓе кои трпат реални последици од политички одлуки.
Мислењето е автоматски споено:

јас имам 6 од 1 декември во царина, не се мрднати 6 недели
Дали им прати документи за вредноста на пратката? Можеби чекаат на тоа. Јас имам од 22 и 26 декември без сменет статус.
 
15 септември 2012
1.166
1.300
Не зборувам за „труење“ со политика, туку за свесност. Интересирањето не значи навивање, ниту влегување во стадо. Можно е човек да биде информиран и независен. Тоа што некој мирно спие, не значи дека одлуките донесени без него, нема да влијаат врз неговиот живот. Секој има право на избор да се интересира или да не се интересира, и двата избора имаат последици. Очигледно имаме различни гледишта и тоа го почитувам. Не ми е намера да продолжувам дебата или да убедувам. Само укажувам дека тука има луѓе кои трпат реални последици од политички одлуки.
Мислењето е автоматски споено:
@denko55 Темата беше правописот на македонскиот литературен јазик и твое не користење на истиот.

На форумов сте приближно сите компјутерџии, програмери. Епа ајде објаснете ми како програмирате (ја знаете ли синтаксата на наредбите, командите во програмскиот јазик кој го користите), кога не ја знаете синтаксата (правописот) на јазикот со кој комуницирате, на огромниот број на членови и мајчин јазик.

Тоа ми беше крајната поента на коментарот. Втор пат ја повторувам на форумов.
 
kristijan1001

hello world
29 септември 2014
130
112
Cekaj se plajka danok sega na pratkive ? Jas nemam 3godini plateno nisto od 10k imam naracuvano oprema. Spored ministerkata neli nema da se plajka i DDV-to e "vkluceno" pri naplata.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска им порача на граѓаните дека измените на Законот за ДДВ нема да донесат никакви нови трошоци за онлајн нарачките од платформи како ТЕМУ. Според неа, пратките и понатаму ќе пристигнуваат без дополнителни плаќања, затоа што ДДВ е веќе пресметан и вклучен во конечната цена што ја плаќаат корисниците при нарачка.

Таа објасни дека моделот на наплата на ДДВ за ваквите пратки функционира преку системот IOSS, со кој меѓународните платформи го пресметуваат и уплаќаат данокот уште во моментот на купување. Со тоа, вели министерката, се избегнуваат дополнителни административни процедури и непланирани трошоци за граѓаните при пристигнување на пратките.

„Нема никакви измени што би влијаеле врз граѓаните. Она што досега важеше, важи и понатаму“, порача Димитриеска – Кочоска, додавајќи дека целта на законските корекции е усогласување со европските директиви, без да се наруши досегашната пракса за малите пратки.

Министерството очекува со новите законски доуредувања да се зголеми ефикасноста на наплатата, но без никакво финансиско оптоварување за корисниците кои купуваат од странство.
 
— членови онлајн
—мислења
—теми
—членови

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно