1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Aliexpress

Дискусија во форумот 'Генерална дискусија' започната од dastaner, 5 Февруари 2014.

  1. dastaner

    dastaner
    Gaining Experience

    95
    54
    3 ноември 2013
    Машко
    Гледам доста членови од форумов купуваат од оваа страна "Аliexpress" па сакам да прашам како иде тоа.. со која картичка можам да купувам на оваа страна ..

    Ако може некој што веќе има искуство со да го сподели и да пише на кратко како идат работие ...
     
    На larilari му/ѝ се допаѓа ова.
  2. daci92

    daci92
    Gaining Experience

    2,120
    159
    4 Февруари 2009
    Машко
    Студент
    Ништо посебно , едноставно е си одбираш производ, си го ставаш во кошничката и си го плаќаш со картичката , картичката незнам дали може сите но Виза 100% може , јас веќе неколку години нарачувам со виза електрон од нлб и не сум имал проблем. Е сега има една интересна работа ,а тоа е дека доста често се случува да се јават нови продавачи и по многу ефтини цени да продаваат а они се измамници ,но алиекспрес ги брише и стопира по неколку дена па затоа има и измамени корисници, затоа најдобро е да пазиш корисникот што ти продава да има рејтинг а исто и на производот да има рејтинг.
     
    На dastaner му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Costigan_Jr

    Costigan_Jr
    Unstoppable

    2,703
    3,652
    5 Јули 2013
    so VISA Electron karticka mozes da si naracuvas bez nikakov problem. Ja spomenuvam nea bidejki e debitna. Vo sekoj slucaj e bezbedno.
    Ako naracas nesto ne go menuvaj statusot vo ORDER RECEIVED dodeka ne go proveris i testiras proizvodot. Ako go smenis statusot a ne si zadovolen, otide rabotata vo nepovrat , nemozes parite da si gi baras nazad. Ova od licno iskustvo.

    Lesno, ednostavno,evtino, bezbedno. Slobodno trguvaj.I pazi prodavacite da imaat dobar rejting, nemoj od anonimusi da naracuvas.
     
    На dastaner му/ѝ се допаѓа ова.
  4. dastaner

    dastaner
    Gaining Experience

    95
    54
    3 ноември 2013
    Машко
    Фала многу и на двајцата само уште нешто да прашам дали се наплака нешто царина на кога е (Free Shipping). и од прилика производите за колку време стигаат и дали поштар на врата ги носи или треба да си ги подигнам од пошта .. тоа како иде со поштите уште тоа не ми е јасно xD
     
  5. Costigan_Jr

    Costigan_Jr
    Unstoppable

    2,703
    3,652
    5 Јули 2013
    Царина има за производи што се над 45 евра а се со Free-shipping или преку China Post или Hongkong Post. Се што е преку USPS, DHL или FedEx подлежи на постапка на царинење, без оглед дали ќе има потреба од царина или не. За подетално околу тоа што подлежи а што не подлежи на царина обрати се кај дечкото од царина @sp1on .
    Пратките стигаат за околу 3-6 недели зависно од положбата на ѕвездите и времетраењето на ноќта :D j/k различно стигаат и зависи од експедитивноста на ... нашите пошти ваљда, бидејќи гледам во Норвешка стигаат за 2-3 недели. Кај нас кога ќе ти стигне пратката ќе ти стигне дома известување дека е стигната пратката и таа е најчесто на пошта и треба да си ја подигнеш. Зависно од пратката, некогаш треба да се плати поштарина од 102 денари + 22 денари за бабино здравје.
     
    На trajkopetko, kamenko, edin.ademovic и уште 2 други им се допаѓа ова.
  6. dastaner

    dastaner
    Gaining Experience

    95
    54
    3 ноември 2013
    Машко
    Фала многу што ми објасни :D
    Ке пробам деновиве ко за проба да нарачам нешто ситно. :D
     
  7. flashgordon007

    flashgordon007
    Gaining Experience

    448
    473
    15 Септември 2012
    Машко

    Ко за проба немој деновиве...
    До 18 февруари им трае пролетен фестивал (продолжена нова година) и ретко кој нормално работи... ќе се нервираш и ќе чекаш.
    Од 24-ти февруари веќе треба да се нормализира...
    Избегнувај нарачки преку кинеската пошта, давај предност на поштата на хонгконг, сингапур, швајцарија (за нијанса се побрзи)
    Претходно контактирај го испорачателот (преку системот на али) и побарај задолжително број за следење на пратката

    Маска за телефон нарачана на 20.01 - вчера стигна дома на врата...
     
    На dastaner и Costigan_Jr им се допаѓа ова.
  8. AlexM

    AlexM
    Gaining Experience

    941
    473
    14 Јануари 2009
    Браво бе, читам многу луѓе дека побрзо им стигаат работите него од ebay, од ebay ги добивам за од 3-4 недели месец и некој ден небило подолго досега. На allexp ја немам пробано до сега
     
  9. tupacan

    tupacan
    Practice makes perfect

    1,396
    1,711
    10 Септември 2007
    Машко
    До сега никогаш не сум платил поштарина од (102 денари + 22 денари), колку и да е бил голем/тежок пакетот. Најголем/најтежок пакет до сега ми е бил таблет + додатна тастатура. Пакетот беше оставен пред врата, не платив ни денар поштарина. Секогаш поштарот ми ги носел пратките на врата.
     
    На dastaner му/ѝ се допаѓа ова.
  10. daci92

    daci92
    Gaining Experience

    2,120
    159
    4 Февруари 2009
    Машко
    Студент
    Од алиекспрес ниту јас не сум платил поштарина (цена за препакување и носење до врата) а сите работи што сум ги нарачал ми биле донесени на врата, додека од ебај за еден пакет морав до пошта да одам ,но и тогаш не ми наплатија ништо.
     
    На dastaner му/ѝ се допаѓа ова.
  11. dastaner

    dastaner
    Gaining Experience

    95
    54
    3 ноември 2013
    Машко
    Колку царина ти земаа за таблетот или нисто не земаат ?
     
  12. tupacan

    tupacan
    Practice makes perfect

    1,396
    1,711
    10 Септември 2007
    Машко
    Ни царина, ни поштарина, пакетот ми беше оставен пред врата. Ни на мене не ми беше јасно што и како, а цената му беше околу 50 еур. Како и да е, тоа беше пред околу година време, можеби законите биле други тогаш.

    Офтопик, по година време користење, таблетот се продаде за 60 (или 65, не се сеќавам точно) еур. :D
     
    На dastaner му/ѝ се допаѓа ова.
  13. dastaner

    dastaner
    Gaining Experience

    95
    54
    3 ноември 2013
    Машко
    Уште тоа ми фали пред врата да ми го остаи поштарот и за 1 секунда да ми го снема :D
     
    На kamenko му/ѝ се допаѓа ова.
  14. JovanKrstevski1

    JovanKrstevski1
    Practice makes perfect

    1,174
    1,223
    25 Март 2013
    Машко
    Како иде постапката за refund? Ако веќе си се согласил со продавачот за refund, откаде да бидеш сигурен дека ќе ти ги рефундира парите? Дали има шанси да заебе работа?
     
  15. tupacan

    tupacan
    Practice makes perfect

    1,396
    1,711
    10 Септември 2007
    Машко
    Се' додека не потврдиш дека си ја добил пратката, парите не ги прима продавачиот, алиекспрес ги чува.

    Процедурата за враќање на парите може да потрае до 2-3 недели и е 99% сигурна. Барем јас не сум имал проблеми.
     
    На JovanKrstevski1 и Costigan_Jr им се допаѓа ова.
  16. JovanKrstevski1

    JovanKrstevski1
    Practice makes perfect

    1,174
    1,223
    25 Март 2013
    Машко
    А што е попаметно да отворам dispute или да почекам? Имам уште 20тина дена фора, а продавачот не ми одговара, најверојатно заради кинеска нова година
     
  17. alokin

    alokin
    Intern

    188
    43
    30 Април 2009
    Машко
    Почекај, нека помине... си пишува таму 15-50 дена време за испорака (види има инфо и дали е испорачано, дали тргнало навака)... зависи празници, колку брзо е испратено и слично.. али секогаш за месец дена стигаат...
    Мене последно нешто порачано на 15.01.2014, стигна на 03.02.2014 во пошта... на 04.02 го донесе дома поштарот...
     
  18. JovanKrstevski1

    JovanKrstevski1
    Practice makes perfect

    1,174
    1,223
    25 Март 2013
    Машко
    Не бев доволно јасен. Производот е пристигнат и не е баш така како што е опишан и сакам делумен refund, пишав детално на продавачот а него го нема. И сега имам уште 20тина дена додека да заврши нарачката, па не знам што да правам
     
  19. tupacan

    tupacan
    Practice makes perfect

    1,396
    1,711
    10 Септември 2007
    Машко
    Почекај, сигурно ќе ти вратат после "празникот", посебно ако селерот има +90% позитивен рејтинг.
     
    На JovanKrstevski1 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. alokin

    alokin
    Intern

    188
    43
    30 Април 2009
    Машко
    Па направи забелешка, ама прво види после празниците да исконтактираш директно со продавачот... обично така им стои, доколку има некој проблем или не сте задоволни од продуктот да ги контактирате пред да пуштите негативна критика или сл. Сигурно ќе те обештетат на некој начин...
    Што порача, и што е проблемот?
     
  21. tupacan

    tupacan
    Practice makes perfect

    1,396
    1,711
    10 Септември 2007
    Машко
    Денес добив одговор..
    Сигурно ќе ти одговорат и тебе, само е прашање на време. Мој предлог ти е да почекаш, да не отвараш dispute.
     
  22. causevd

    causevd
    Gaining Experience

    335
    238
    4 oктомври 2011
    Машко
    Дали има некој нарачувано од AliExpress графички картички што се над $300? Ако има, дали плативте нешто царина, поштарина итн ..
     
  23. TIPEE14

    TIPEE14
    Intern

    24
    1
    7 Декември 2013
    Машко
    a vakov nekoj problem e imal li do sega Secure check failed. Veke 2 dena nisto ne mozam da poracam a si rabotese super imam eden kup poracki napraveno
     
  24. JovanKrstevski1

    JovanKrstevski1
    Practice makes perfect

    1,174
    1,223
    25 Март 2013
    Машко
    Се договорив со продавачот за делумен refund преку пораките што се под самата нарачка. Дали да притиснам Confirm Receipt или како? Каков е процесот за враќање на дел од парите откако ке се договорите? Кликаш Confirm да му се прати целата сума па подоцна тој ти враќа дел назад или како?
     
  25. Gucci

    Gucci
    On your way to fame

    956
    636
    5 Јули 2011
    Не, отвори диспјут и таму ќе пишеш колку да ти врати.
     

Сподели

Вчитување...