Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

marv

poweruser
5 октомври 2007
5.790
5.509
Па и овде е основна потреба. Никој неќи да се расправа со пеплишта, оџаци, оџачари, варосувања и сл.
Не викам не, ама за горе беше муабетот оти се враќаат на дрва. Оти другото го снема или стана многу скупо. А богами кај нас и да е најевтино на струја, и да е исто, ќе имаш доста ќе ти речат ќимбе си е ќумбе.

Sent from my SM-A505FN using Tapatalk
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.062
5.995
Во германија се плашат и дека може да им снема електрична енергија заради максимално погрешните политики кои ги води нивната земја и унијата во која се наоѓа нивната земја. Сосема е логично да се "спасуваат" со офлајн гориво за греење во ваков период кога од ден за ден не си сигурен политичарите што им имаат смислено и на кој начин ќе ги покрадат до гола кожа зимава.
 
Riku

lurker
27 ноември 2021
576
253
Две од трите фирми со кои државната компанија Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) склучила договори за набавка на јаглен имаат ист човек во сопственичката структура. Формирани непосредно по јавниот повик, фирмите добиле државен бизнис вреден речиси 9,5 милиони евра.
 
stavrov69

lurker
26 ноември 2008
514
327
Јас користам Haier Console 12 во спална и можам да кажам дека сум пријатно изненаден и од бучава и од потрошувачка. Навечер не ја ни слушам.
Највеќе зависи од климата. Имам објаснувано и постирано видеа на темава колку беа гласни MDV во мултисплит. Ела заспиј кога ќе ти тресе џамовите во собата, и кога компресорот на уклучување се слуша како хилта.
Секој со своите пари нека си купува што сака и може, јас само споделувам искуство и препорачувам јапонска, посебно за во спални.
 
fis1976

lurker
15 март 2016
674
1.299
Скопје
До топланата во Топанско, само 1 зграда има парно. (50% од зградата се исклучени.) Скопје север, скоро сите се исклучени. Цените си го направија тоа.
Постари жители ми имаат кажувано, топланата барала од тие што ќе се поврзуваат, да си платат копање на пат, поставување цевки и цела опрема. И нормално, скоро сите продолжиле со ќумбиња и дрва.
(Муабетов е за период 1965-75, и од тогаш нема никаков напредок)
Стигнав до овде со читање на темата и ќе се надоврзам на коментарот (ако е веќе спомнато понатаму во коментарите ќе се надополнам). :)

Јас живеам во зграда во Скопје Север, зградата (армирани блокови таканаречени Руски made by Карпош) е од "поновите", вселена во 1989 година. На топлификација Север бевме неколку години и се си беше ОК, загреано, топло, да не посакаш повеќе. Ама народ наш, почнаа со неплаќање па почнаа да се трупаат долгови кон топлификација, па долгови за струја за пумпите во подстаниците итн. и полека полека почнаа луѓето да се исклучуваат и сметките да се се повисоки. Останавме 12 стана на парно во зграда со 72 стана и почнаа да стигаат сметки по 5.400 денари за 54м2 (пред 10-тина години). Инаку да, по 500 марки бараа за приклучок од стан или сами да си ја ископаме инсталацијата до подстаница. Станарите сами си ја ископаа инсталацијата исто како што беше за телефонски кабли на времето :) .

Ако јас сум некој фактор во државава и се прашувам, кај што има довод на парно од топлана, парното како греење треба да е задолжително, ако некој не сака нека се пресели на место каде што не е опција. Aх, златно парно :( , после толку години поминати не верувам дека некој од комшиите ќе го кандисаш да се врати на парнои.

ПС
да ја дочитам темава очекувајте нови прашања!
 
Скоти

user
15 октомври 2013
1.273
2.346
Нормално, нормално. Тоа не ни навлегувам до што е. Јас мислев зборуваме за внатрешната единица. Инаку сум кажал 200 пати, и ќе кажам уште 300 ако треба дека надворешна единица не се монтора на ѕид од спална, ако не сакаш да има вибрации. А зошто е спална, и да се многу мали - во мртва тишина знае да пречат. Затоа надворешната не се спикува најблиску што може туку се става подалеку од спалната. Секогаш. Без разлика дали е мала или голема или јапонска или не.
Јас имав Беко 7кс Он Оф порано (сега е префрлена во друг објект) климата ја дрмаше цела куќа. Ама и ставив буфери и се смирија вибрациите. И од тогаш поучен, на сите клими имам буфери. Дури и на ФХ35ките кои за да приметиш дека работат мора да ги допреш, ама сепак јас си имам ставено буфери. Ама тоа е за надворешната.

Значи околу спална, што подалеку и буфери задолжително. Тоа.
Mitsubishi HR35 е монтирана на истото место кај што беше МDV, на ѕид од спална. И освен првите 10 секунди кога ќе се уклучи климата после тоа не се слуша, ептен е тивка. Да не зборувам колку климата добро модулира
Тешко дека некоја кинеска ќе извади COP 8 на 15 степени. Види кинеските дали ќе извадат толку. Ќе поработат неколку минути со висок издув, со 600W и ќе изгасат кога ќе постигнат температура.
 
fis1976

lurker
15 март 2016
674
1.299
Скопје
Прашања: На висина на таван 190цм (најнискиот дел, надворешниот, кај прозорите, кај што би биле поставени внатрешните едници) изводливо ли е да се постават ѕидни или пожелно (препорачливо) е да се оди со парапетни единици?

Таванот е спуштен во двете соби, 1/3 од поголемата соба (18м2) и 1/2 од помалата соба (12м2). И двете соби имаат само еден надворешен ѕид кај што би биле поставени и надворешната и внатрешната единица и во двете соби тоа е косиот дел.
 
Изводливо е. Дали е паметно, мислам не баш.

Sent from my SM-A505FN using Tapatalk
 
Скоти

user
15 октомври 2013
1.273
2.346
Прашања: На висина на таван 190цм (најнискиот дел, надворешниот, кај прозорите, кај што би биле поставени внатрешните едници) изводливо ли е да се постават ѕидни или пожелно (препорачливо) е да се оди со парапетни единици?

Таванот е спуштен во двете соби, 1/3 од поголемата соба (18м2) и 1/2 од помалата соба (12м2). И двете соби имаат само еден надворешен ѕид кај што би биле поставени и надворешната и внатрешната единица и во двете соби тоа е косиот дел.
Можно е ама ќе изгледа смешно. Рачунај уште најмалце 15-20цм од таванот треба да е спуштена внатрешната, значи ќе е на 175-170цм.
Препорачливо е парапетна тука.
 
zlatko_ti412

hello world
12 ноември 2018
379
548
Можно е ама ќе изгледа смешно. Рачунај уште најмалце 15-20цм од таванот треба да е спуштена внатрешната, значи ќе е на 175-170цм.
Препорачливо е парапетна тука.
Па и не мора во случајов... може да е точно на работ кај што завршува косиот таван....
Тоа 15-20цм е битно за ако е на врв од просторот да не биде во најтоплиот слој со воздух.... што со коси тавани нема да биде случај.
 
Скоти

user
15 октомври 2013
1.273
2.346
Па и не мора во случајов... може да е точно на работ кај што завршува косиот таван....
Тоа 15-20цм е битно за ако е на врв од просторот да не биде во најтоплиот слој со воздух.... што со коси тавани нема да биде случај.
Да ама на 190cm висок таван пак ќе биде ниско. Парапетна е идеално за таков простор.
 
fis1976

lurker
15 март 2016
674
1.299
Скопје
@zlatko_ti412 @Скоти

Ако проблемот е само естетски и не е некој проблем (барем за мене, мене не ми изгледа смешно :) ), друго е ако проблемот е функционален. Во поголемата соба има on/off Самсунг клима од времето која не е во функција 2 сезони и е монтирана на 2-3 цм од косината.

Завршив со темата и според се што е пишано до сега се сведува или да се земе некоја Јапонска, ако не тогаш Haier. Од другите од типот на Midea (Vivax), Gree (Tosot), Carrier и сл. се е горе доле малку полошо од Haier-от (a и со него пак ќе е "како ќе се погоди")

Еве во кој правец размислувам во моментов, најбуџет варијанта (и покрај што е најбуџет го надминува првично планираниот :( ) во двете соби да се оди со Tide 25 (или Tundra 35 во поголемата, ако мислите дека за 18м2 не е доволна и 25-ка) . Ќе ги замолам за инфо од прва рака сопствениците на Haier, пред се за бучноста при греење, а @Metuzalem има за обврска да се јави на телефон кога ќе е во можност ем да се чуеме ем да каже збор два за Tide-то ;) .

Втора варијанта е сезонава да се стави една прапетна единица (во помалата соба, 12м2) а за поголемата да се чекаат подобри времиња. Ако ништо друго барем таму да е средено како што треба па за понатаму ќе видиме. И овде пак како прва опција е Haier-от како најевтина варијанта кој е на висока граница на зацртанипт првичен буџет. Најевтината јапонска варијанта е 30-тина илјади поскапа :( .

Трета опција е да се стави една поголема од типот на Haier Flexis (или јапонска 18-ка, се надевам ќе се најде нешто во тој ценовен ранг) во поголемата соба да дува по цела должина и да си седиме со раширени врати и да го грееме цел стан :)

Ги гледав Еуровент сертификатите и имам едно прашање, оправдана ли е толку големата разликата во пари (39.000 ден. спрема 26.000 ден.) ако правиме споредба цена/квалитет меѓу Mitsubishi Heavy Industries SRK25ZSP-W/SRC25ZSP-W и Haier Tide Plus AS25THMHRA-C 1U25YEFFRA-C. Ве молам збор, два околу читањет на вредностите.

Инаку читајќи ја темата приметив дека цениве се отидени мнооооогу горе, пред година и пол за мојот првичен буџет се купувале 2 јапонски 9-ки (или 9-ка и 12-ка) сега не можеш да купиш две кинески :( .

ПС
И не, не сум претставник на Haier, натаму ме однесоа препораките на форумов :)
 
Скоти

user
15 октомври 2013
1.273
2.346
@FLEGMA Нека се изјасни за дали може ѕидна да се стави на 190цм висина таван. По мене е премногу ниско, парапетна би била најидеална.
И уште една работа.. И јас бев на исти ум дали е оправдана поскапата цена за јапонската. Да, оправдана е! Имав ставено Мицу во мултисплит во дневната со парапетни и мултисплит кинески во спалната. Не можев да издржам од буката и фактот дека под 750W не спушташе подолу.
Прв пат се греам на клими, и пред тоа бев навикнат на парно и панели што не прават никаква бука, ќе ти треба да се навикнеш, али ако е за спална дефинитивно би одел на јапонска.
 
fis1976

lurker
15 март 2016
674
1.299
Скопје
@Скоти
Да не беше буџетот проблем немаше да ги имам поголемиот дел од дилемите од претходниот пост, се ќе се сведеше само дали парапетни или ѕидни.

Колку што се сеќавам твоите беа Мидеа, се надевам дека Хаерот се потивки (чекаме инфо од корисници што веќе ги имаат). Инаку 750W и не е толку лошо ако се земе во предвид дека сега кога ќе уклучи грејачот влече 2KW :rolleyes::ROFLMAO:
 
Не е, не е. Рачунај ќе повлече 950 па ќе спушти на 750 па ќе постигне 24 степени во собата. Се гаси климата, паѓа температурата на 22 и пак се уклучува за да достигне 24, и се така во круг. Ако ова не ти смета во спална или било која соба, земај слободно, затоа и пишав секој со свои пари нека си купува што мисли дека треба. Јас само споделувам искуство и давам препорака.
 
Toa e заради предимензионираноста на СЕ ЖИВО кај нас. Имено не гледам зошто нема 2KW парапетни единици кои може да се стават по 3-4 парчиња на надворешна 5KW, туку најслабите се 3.5књ внатрешни парапетни, кои се ем скапи ем огромни, ем ненормално прејаки, и се врзани на огромна прескапа надворешна единица - и така се добива тоа што ти го кажуваш. Едноставно се работи за предимензионираност на скоро се во системот.
Да, можеби јапонските имаат подобро димензионирање и минимална работа, ама мора да се гледа од случај до случај.
 
Нема врска предимензионирањето, кинески не знаат да модулираат. 2.5 кинеска имав ставено во спалната, не спушташе под 750W, а сеа имам ставено 3.5 јапонска и спушта под 250вати. И не, не мора секое салонче од 6 квадрати клима да има па да прават и по 3000btu клими.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.062
5.995
Нема врска предимензионирањето, кинески не знаат да модулираат. 2.5 кинеска имав ставено во спалната, не спушташе под 750W, а сеа имам ставено 3.5 јапонска и спушта под 250вати. И не, не мора секое салонче од 6 квадрати клима да има па да прават и по 3000btu клими.
Не мора салонче, ама конкретни примери се спалните соби кои обично се 9-16 м2 во кои треба 7000btu клима од 2KW. Daikin на пример нуди такви модели за мултисплит. Муабетот ми беше за мултисплитовите. Мене баш ми е логично 2-5 спални да ги врзам на една мала мултисплит.

Е сега од друга страна ако не се лажам, а треба да се види поназад Haier Tundra 12 иако е кинез мислам дека неколку членови ја имаат пофалено дека може да модулира со некои 350W ако не се лажам. Иако ова не е мое искуство и не го тврдам, само од сеќавање го пренесувам.

Која е таа клима што не спуштала под 750W? Или се работи за мултисплит некој?
 
DelphiUser

user
2 март 2011
1.709
1.637
Drachevo
Стигнав до овде со читање на темата и ќе се надоврзам на коментарот (ако е веќе спомнато понатаму во коментарите ќе се надополнам). :)

Јас живеам во зграда во Скопје Север, зградата (армирани блокови таканаречени Руски made by Карпош) е од "поновите", вселена во 1989 година. На топлификација Север бевме неколку години и се си беше ОК, загреано, топло, да не посакаш повеќе. Ама народ наш, почнаа со неплаќање па почнаа да се трупаат долгови кон топлификација, па долгови за струја за пумпите во подстаниците итн. и полека полека почнаа луѓето да се исклучуваат и сметките да се се повисоки. Останавме 12 стана на парно во зграда со 72 стана и почнаа да стигаат сметки по 5.400 денари за 54м2 (пред 10-тина години). Инаку да, по 500 марки бараа за приклучок од стан или сами да си ја ископаме инсталацијата до подстаница. Станарите сами си ја ископаа инсталацијата исто како што беше за телефонски кабли на времето :) .

Ако јас сум некој фактор во државава и се прашувам, кај што има довод на парно од топлана, парното како греење треба да е задолжително, ако некој не сака нека се пресели на место каде што не е опција. Aх, златно парно :( , после толку години поминати не верувам дека некој од комшиите ќе го кандисаш да се врати на парнои.

ПС
да ја дочитам темава очекувајте нови прашања!

Ништо не смее да е задолжително. Замисли утре власта да му даде тендер на некој парно снабдувач што ќе ги крене цените 1000%. Ти задолжително мора да плаќаш 30.000 парно месечно.
Но глупи се станарите што не го користеа ефтиниот комфор на парното. Од ум си патат.
 
Скоти

user
15 октомври 2013
1.273
2.346
Не мора салонче, ама конкретни примери се спалните соби кои обично се 9-16 м2 во кои треба 7000btu клима од 2KW. Daikin на пример нуди такви модели за мултисплит. Муабетот ми беше за мултисплитовите. Мене баш ми е логично 2-5 спални да ги врзам на една мала мултисплит.

Е сега од друга страна ако не се лажам, а треба да се види поназад Haier Tundra 12 иако е кинез мислам дека неколку членови ја имаат пофалено дека може да модулира со некои 350W ако не се лажам. Иако ова не е мое искуство и не го тврдам, само од сеќавање го пренесувам.

Која е таа клима што не спуштала под 750W? Или се работи за мултисплит некој?
По мене соба под 12 квадрати не треба да се става клима, нема комфорт тука никаков.
Да, се работи за мултисплит од како што кажуваш ти 18бту, т.е 2 x2.5кв во две спални беа од по 12 квадрати монтирани. И сеа рачунај не спуштаат под 750 вати секоја посебно, т.е работат како он-оф цело време во 12 квадрати. Никаков комфорт, бука и нервоза само.
Мултисплитот е убава замисла ама е поскап од засебни клими во 2 соби и прашање е дали се исплати.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.557
19.235
Нека се изјасни за дали може ѕидна да се стави на 190цм висина таван
Не, премногу е ниско. 190 минус 20 е 1,7м а тоа ем делува комично ем нема да брка работа особено во лето кога ќе треба да ја наместиш да дува горе.

Тие - 20 сантиметри не се само за непречено да зема воздух туку треба да се рачуна дека еден ден ќе треба да и вадиш оклоп и да ја чистиш или да се сервисира.

Истото важи и за надворешните. Гледам ги залепиле во тераса и ако дојде ред да се сервисираат (на пример кондензатор е најчест дефект) треба да се демонтира.

Кинеските клими имаат инвертер компресори со очајна логика, надворешни вентилатори со три фиксни а понекогаш со ич брзини и на ниски брзини тераат со првата fail safe опција, голема снага.
Оние кинески кои се обратно од ова се, погодувате, со иста цена како и јапонски.

Ако ви се експериментира со ваши пари пошто "некои се фалат" слободно одете на Хаиер, Вивакс, Гри, Купер Хантер, Тосот, Тесла итн.

Ликов што суптилно намнисува Хаиер нема ниедна кинеска клима дома.

Да резимирам. Во тоа поткровје само парапетна.
 
Скоти

user
15 октомври 2013
1.273
2.346
Да споделам искуство со парапетни клими за ладење. Имам и ѕидна во спалната и можам да кажам дека ѕидните многу подобро ладат од парапетните. Парапетната ако не ја пуштам на макс фан, дува директно во тело и за неколку минути ти станува ладно. За разлика од ѕидните, каде, со местење на лопатката да дува горе, ладниот воздух со тек на време си паѓа надолу и многу попријатно ја лади просторијата.
Иначе и едните и другите( бар кај мене) ја ладат просторијата многу брзо.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.557
19.235
Мене најефикасно, без сметање и константно ладење ми е наместена на 26.

Некој ќе рече дека е превисоко наместена но треба да се води сметка дека таа ќе се труди да намали 1,5 степен подолу од наместеното а ладниот воздух паѓа долу така што во реалност добиваш околу 24 степени без да го пресушиш воздухот со апсолутно мала потрошувачка која во мојот случај се движи од 270 до 330 вати.

Респектабилна бројка со оглед на тоа дека Mitsubishi FH50 е мрцина од клима.

Дека надворешната работи можеш да видиш само по тоа што перката врти и тоа видливо споро. Дури се распознаваат перките. Свака част.
 
Баш така. Мене парапетната ми е наместена на 25 а во спалната на 26. Во апликацијата на Мицу слегува 1.5 степени под тоа, значи 23.5 и 24.5, температура на веќе добро разладена просторија.
 
  • ми се допаѓа
Реакции: marv

fis1976

lurker
15 март 2016
674
1.299
Скопје
@FLEGMA "ликот" (мислам тоа се однесуваше на мене) не споменува ништо повеќе (ни суптилно ни несуптилно) од тоа што ме наведе форумов. Го критикувате жолтиот кој е дефинитивно претворен во рекламен простор на еден бренд а овде се пропагира само висока класа на климатизери која не е достапна за секој џеб. Едноставно кажете ако не е јапонски немој да купувате, а вие што веќе имате мерете си ги ватажите и цоповите. Немаат сите пари да купат висока класа од некој производ па колку и тој да е нужен.

Прочитав 200 страни, ставив скица од просторот и побарав мислење, па после и второ (за 2 засебни единици) и кога ги погледнав цените некако најприфатливи за мене во моментот се тие што ги наведов.

И да ликот нема дома кинеска клима, пишав имам Самсунг кој во моментов не е активен.
 
Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно