Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

Riku

lurker
27 ноември 2021
575
253

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.557
19.233
Старите CRT телевизори трошеа 550~600W, Плазмите над 1000, старите LCD-a околу 200W

Јас не би се возбудувал до толку. Контам дека си правиме муабет и дека е од ентузијазам но потрошувачката на совтемениве климатизери граничи со perpetum mobile
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.060
5.993
5 сијалици низ домот трошеа 400w. Сега се 80w ако не си се зезнал со глупав лед лустер.
 
Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.528
3.130
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Е па ајде да освежиме малку.
Совет за најевтина, а најдобра (!?) клима за ладење на некои 20/30 квадрати? Мене така ми се чини или цените се покачени на климите и како сите да се инвертер.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.557
19.233
Е па ајде да освежиме малку.
Совет за најевтина, а најдобра (!?) клима за ладење на некои 20/30 квадрати? Мене така ми се чини или цените се покачени на климите и како сите да се инвертер.
Сите се поскапени. За жал не постои такво нешто како евтино и добро.
Ќе има добри перформанси и ќе биде евтина но ќе страда внатрешниот мотор кој не е евтин. Ќе крцка, можеби ќе и мириса пластиката итн.

По почетните гаранции ќе ги сетите. Не наседнувајте на форите "10 години гаранција"
 
Ognen G

read-only
18 ноември 2021
14
4
Дали може да ми препорачате добар мајстор за монтажа на клима уред, инвертер (Vivax ACP-12CH35AEMIS R32). Колку се движат цените, еден ми побара 4500 монтажа и демонтажа на стар клима уред 900. На што да внимавам при монтажата, особено делот колку што ве читам за вакумирањето, што можам јас тука како нестручен, да надгледувам при монтажата од мајсторот. Ако може некои основни работи и насоки. Фала ви однапред.
 
18 август 2019
1.219
1.193

Најсигурно е да си побараш проверен мајстор, макар и поскап.
Треба да внимаваш (мајсторот да внимава) внатрешната да не е блиску до плафонот , да не е во агол, по можност да дува во надолжен правец, надворешната да не е во некој агол каде е отежнато струењето на воздухот...
Околу вакумирањето, ако има добар компресор, ќе ја вакумира, инаку ќе ти замачкува очи.
 
Последна промена:

Фала друже
 
Bane

hello world
11 септември 2011
209
214
Prilep
Bane's setup  
Processor & Cooler
Core i5-10400
Motherboard
Asus prime B460M-A
Storage
Samsung 970 evo 500gb + Kingston A2000 500gb
PSU
Bequiet PurePower 11 Gold 600w
RAM
G.Skill Trident Z Neo 16GB 3200MHz DDR4 CL16 (2x8)
Video card
ASUS Turbo GeForce® GTX 1060 6GB
Case
Bequiet Pure Base 500dx white
Mouse
Razer Basilisk
Keyboard
HyperX
Audio
onboard
Monitor
Dell Ultrasharp U2412M
OS
Windows 10
Дечки ми треба клима 2.5ка за во детска соба од 13-14 квадрати.
Живеам во нова куќа, сендвич изолација со пвц дограма. спрат 100тина квадрати. локација Прилеп. Примарно греење ми е парно на дрва, но сакам што повеќе зимно време да поминувам со клими и во иднина ако е можно целосно да се префрлам на клима греење.
Оваа година ќе купам една клима, а наредната год. сакам да ја сменам и таа што ми е во дневната и да земам некоја 5ка. (моментално во дневната имам 3.5ка)
Е сега сакам нешто јапонско. Разгледувам Даикин, Тошиба и Митсубиши. буџет 40-50к
Најмногу сум загреан за Митсубиши. Се двоумам дали да биде HR25 серијата или вреди да се доплати за AP25 серија? или нешто трето можеби? битно ми е да е тивка, со добра модулација итн.
И предложете проверена фирма кај кого да се обратам за митсубиши на пример што работи како што треба, вакумира итн.

Фала однапред.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.557
19.233
сакам да ја сменам и таа што ми е во дневната и да земам некоја 5ка. (моментално во дневната имам 3.5ка)
Колкава е дневната? Имаш изолација, имаш пвц
Мислам дека нема да ти треба 5,5-ка.
Пиши ги кавдратите, пиши ја висината и пиши дали просторот е правилен или раскршен.

За да модулира добро треба да се поклопат неколку фактори. Ако земеш јака ќе ти исклучува
 
zlatko_ti412

hello world
12 ноември 2018
379
548
Дечки ми треба клима 2.5ка за во детска соба од 13-14 квадрати.
Живеам во нова куќа, сендвич изолација со пвц дограма. спрат 100тина квадрати. локација Прилеп. Примарно греење ми е парно на дрва, но сакам што повеќе зимно време да поминувам со клими и во иднина ако е можно целосно да се префрлам на клима греење.
Оваа година ќе купам една клима, а наредната год. сакам да ја сменам и таа што ми е во дневната и да земам некоја 5ка. (моментално во дневната имам 3.5ка)
Е сега сакам нешто јапонско. Разгледувам Даикин, Тошиба и Митсубиши. буџет 40-50к
Најмногу сум загреан за Митсубиши. Се двоумам дали да биде HR25 серијата или вреди да се доплати за AP25 серија? или нешто трето можеби? битно ми е да е тивка, со добра модулација итн.
И предложете проверена фирма кај кого да се обратам за митсубиши на пример што работи како што треба, вакумира итн.

Фала однапред.
Пред некој месец бев на слична двоумица.... HR или AP за во трпезарија кон која отворав премин од дневнаата.
Сакав 2.5ка пошо веќе имав јака 3.5ка (LN35) и двете треба да греат 50+15м2 (од следно зимо веќе добро изолиран простор).

Јас се одлучив за AP25... пошо иако 2.5ка по спецификации е малку подобра од HR35 и доста појака од HR25... башка тоа доаѓа со вградено wifi ако и тоа сакаш да го има а да не го доплаќаш екстра.

Е сеа за во мала детска соба можеш да одиш и со HR...
 
  • ми се допаѓа
Реакции: Bane

Скоти

user
15 октомври 2013
1.273
2.346

Било која од јапонските да земеш нема да згрешиш. Јас имам HR35, и можам да потврдам дека е претивка, и надворешната и внатрешната. Претпоставувам истото важи и за AP25. Разликата во цена не е мала, на klimatizacija.mk е 11к во корист на HR25.
Кај старците во друг стан е инсталиран Panasonic CU-TZ35TKE, а кај сестра ми постар Панасокин со R410. И двате се предобри клими само надворешните се малце погласни за разлика од Мицу-то.
Комшијата спроти мене има Тошиба Сузуми 10ка, исто претивка, можам да кажам дури и од Мицу-во потивка, така да твој е изборот.
 
GGTT1

lurker
1 февруари 2017
600
512
Битола

Кај мене Сузуми 10ка р410 е погласна во однос на сузуми 16ка р32.
FH 25 е тивка ама HR 25 e доста тивок а е буџет модел. (ме изненади)
Ама и од монтажата и од самиот ѕид зависи.
АП е подобар избор од HR повисока класа е ако се има буџет.
 
Bane

hello world
11 септември 2011
209
214
Prilep
Bane's setup  
Processor & Cooler
Core i5-10400
Motherboard
Asus prime B460M-A
Storage
Samsung 970 evo 500gb + Kingston A2000 500gb
PSU
Bequiet PurePower 11 Gold 600w
RAM
G.Skill Trident Z Neo 16GB 3200MHz DDR4 CL16 (2x8)
Video card
ASUS Turbo GeForce® GTX 1060 6GB
Case
Bequiet Pure Base 500dx white
Mouse
Razer Basilisk
Keyboard
HyperX
Audio
onboard
Monitor
Dell Ultrasharp U2412M
OS
Windows 10
Колкава е дневната? Имаш изолација, имаш пвц
Мислам дека нема да ти треба 5,5-ка.
Пиши ги кавдратите, пиши ја висината и пиши дали просторот е правилен или раскршен.

За да модулира добро треба да се поклопат неколку фактори. Ако земеш јака ќе ти исклучува

Според скицата што е атачирана може да се види дека грубо дневната + салонот иди негде 57м2. назад каде што треба да биде другата клима е 13м2.
од другата страна е спалната, а на средина е работна соба. Висина на таван 2.75.

Јас се одлучив за AP25... пошо иако 2.5ка по спецификации е малку подобра од HR35 и доста појака од HR25... башка тоа доаѓа со вградено wifi ако и тоа сакаш да го има а да не го доплаќаш екстра.

Е сеа за во мала детска соба можеш да одиш и со HR...

Wifi е секогаш добредојдено. Незнам која е цената ако треба дополнително да се мести во случај да земам HR модел. Од каде ги пазареше климите?

Било која од јапонските да земеш нема да згрешиш. Јас имам HR35, и можам да потврдам дека е претивка, и надворешната и внатрешната.
За која квадратура ја користиш HR35?
 
Атачменти

  • camscan123.jpg
    camscan123.jpg
    187,4 KB · Прегледи: 52

Скоти

user
15 октомври 2013
1.273
2.346
Според скицата што е атачирана може да се види дека грубо дневната + салонот иди негде 57м2. назад каде што треба да биде другата клима е 13м2.
од другата страна е спалната, а на средина е работна соба. Висина на таван 2.75.

Wifi е секогаш добредојдено. Незнам која е цената ако треба дополнително да се мести во случај да земам HR модел. Од каде ги пазареше климите?

За која квадратура ја користиш HR35?
За 22 квадрати, ама тоа соси ходник и купатило. Иначе монтирана е во спалната, а само спалната е 12 квадрати. 4000 денари е само wi-fi модел за HR во енерго систем.
 
  • ми се допаѓа
Реакции: Bane

Скоти

user
15 октомври 2013
1.273
2.346
Посебно за во дневната му треба парапетна. За спалната може и ѕидна. Е сеа парапетната што е поскапа тоа е друга приказна.
Мислењето е автоматски споено:

@FLEGMA Сакам да ги чистам деновиве климите.. Е сеа има прашина гледам на испарителот на внатрешната единица.
Имам мала правосмукалка, прво да ја усисам прашината, па да прскам со Дезинтал? 0.2% најдов само, треба додатно да се раствара? После Дезинталот се става друго нешто?
 
Последна промена:

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.557
19.233
Посебно за во дневната му треба парапетна. За спалната може и ѕидна. Е сеа парапетната што е поскапа тоа е друга приказна.
Мислењето е автоматски споено:

@FLEGMA Сакам да ги чистам деновиве климите.. Е сеа има прашина гледам на испарителот на внатрешната единица.
Имам мала правосмукалка, прво да ја усисам прашината, па да прскам со Дезинтал? 0.2% најдов само, треба додатно да се раствара? После Дезинталот се става друго нешто?
Ако имаш пристап усисај колку што можеш односно колку што ти дозволува просторот без да ги смачкаш лимовите. Јас на пример, по вертикала, ги чистам со (нова) четка за боја.

Ако пишува дека треба да се раствора тогаш раствори го. Тој доаѓа во две варијанти, како концентрат и готов за употреба.
Прскај и давај и време да се „соземе“ затоа што сепак не се предвидени за големи количини на вода. Кондензатот во лето споро се ослободува.
Поентата ми е да биде со усул за да не ти протече зад неа или да ти прави флеки по ѕидовите.

После дејствувањето, отприлика 30-ина минути, ја плакнам со жешка вода. Исто со пумпица.

Во лето имај навика да ја оставаш на обичен вентилатор после ладење. Не ја прекинувај наеднаш.
Ете, многу поевтини клими имаат „сушење“ од 20-ина минути а Mitsubishiве немаат. Барем не кај мене.
 
masterwu

lurker
11 февруари 2016
853
815
Струга
masterwu's setup  
Processor & Cooler
Intel i5 6600K, Cooler Master Hyper 212 EVO
Motherboard
Asus Z170 Pro Gaming
Storage
Samsung 840 Evo 250GB, 2TB WD Caviar Blue, 640GB WD Caviar Green
PSU
Cooler Master V550S
RAM
16GB (2x 8GB) G.Skill Ripjaws V DDR4 3200MHz
Video card
Asus Strix GTX 970
Case
Cooler Master CM690 III
Mouse
Logitech Proteus Core G502
Keyboard
Das Keyboard Model S (MX-Brown switches)
Monitor
Dell UltraSharp U2410
OS
Windows 10
Пред некој месец бев на слична двоумица.... HR или AP за во трпезарија кон која отворав премин од дневнаата.
Сакав 2.5ка пошо веќе имав јака 3.5ка (LN35) и двете треба да греат 50+15м2 (од следно зимо веќе добро изолиран простор).

Јас се одлучив за AP25... пошо иако 2.5ка по спецификации е малку подобра од HR35 и доста појака од HR25... башка тоа доаѓа со вградено wifi ако и тоа сакаш да го има а да не го доплаќаш екстра.

Е сеа за во мала детска соба можеш да одиш и со HR...
Може малку поопширно за тоа како АП25 по спецификација е подобар од HR35? Се думав за HR25ки во спалните, но ги нема на лагер најмалку до јули, па сега разгледувам опција АП25 или ХР35.
 
  • ми се допаѓа
Реакции: Bane

Bane

hello world
11 септември 2011
209
214
Prilep
Bane's setup  
Processor & Cooler
Core i5-10400
Motherboard
Asus prime B460M-A
Storage
Samsung 970 evo 500gb + Kingston A2000 500gb
PSU
Bequiet PurePower 11 Gold 600w
RAM
G.Skill Trident Z Neo 16GB 3200MHz DDR4 CL16 (2x8)
Video card
ASUS Turbo GeForce® GTX 1060 6GB
Case
Bequiet Pure Base 500dx white
Mouse
Razer Basilisk
Keyboard
HyperX
Audio
onboard
Monitor
Dell Ultrasharp U2412M
OS
Windows 10
Според скицава тебе ти треба(ат) парапетни
Можи малку подетално зошто парапетни ми требаат? инаку имам централно греење на дрва за во ладните денови, но како што кажав полека сакам за 2-3 год макс да ги откажам дрвата.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.557
19.233
Можи малку подетално зошто парапетни ми требаат? инаку имам централно греење на дрва за во ладните денови, но како што кажав полека сакам за 2-3 год макс да ги откажам дрвата.
Затоа што во дневната климата треба да ти стои или лево или десно кај гарнитурата. Претпоставувам дека сакаш да ја наместиш на местото од постоечката за да дува во правец на собите и салонот ама тоа во пракса не излегува баш најдобро.

Таа ќе стопли коколу неа (замисли како балон), ќе постигни температура, ќе дојде поладен воздух од напред лево и десно и така се во круг.
Ако е парапетна тогаш ќе зема воздух одоздола, каде што е ладен, и ќе си тера работата.

Другите соби ти се мали и се над 2,5-ка ќе биде лошо решение. Добро сега, не лошо во смисла на бренд или слично туку во поглед на модулации.

Да резимирам. Ти веќе имаш изолација и PVC и ќе немаш проблем со постигнуање на температурата. Тебе ти требаат 2,5-ки во собите и во дневната 3,5-ка јапонска.

Не знам кои ти се математиките но на долг рок единствено јапонска се исплати.
Крај краева, ако споредиш добра кинеска која има добар Еуровент со јапонска која има ист Еуровент (резултати) ќе видиш дека цената не е баш до толку во полза на кинеската.
И што е уште „поинтересно“ - има модели на кинески кои се поскапи од јапонски или пак се иста цена.

По овој редослед:
Fujitsu, Mitsubishi Electric, Daikin (зависи кој модел) и Toshiba за добро изолиран простор
 
Скоти

user
15 октомври 2013
1.273
2.346
FB_IMG_1652461749478.jpg
FB_IMG_1652461752305.jpg
Сликиве се од Риверсофт, не да се оскапени климите..
Мислењето е автоматски споено:

@Bane Најдобро да ти стои таму кај гарнитурата, пошто претпоставувам лево ќе е трпезаријата или кујната( или и двете). Парапетна дефинитивно е најдобро за таа соба, ама треба да си знаеш дека и цените се многу кренати. И претходно парапетните беа поскапи од ѕидните ама ова е премногу.
 
  • ми се допаѓа
Реакции: Bane

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно