Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Нексио - ценовник

Astro

sensei
20 јуни 2012
10.154
16.247
The geekiest of geeks. Па да, кога ќе видиш и они се едиснтвени со "егзотични" производи, а да ги имаат на лагер.
Не дека не се сложувам :) ама па и не се сложувам. Проблем е и со лагер а мене лично ми е и проблем на изборот на брендовите, ама не се бунам :) битно стално проверувам кај нив.
 
TheMarshal

user
3 јануари 2019
1.759
2.770
Потфрлија во последно кога Анхоч ги претекна на пазарот со новите NZXT ладења. Колку и да сакав да земам од Нексио не ми се чекаше и морав од Анхоч да купам.

Абе кај нас секад е така. Мала фирма ќе почне да носи нешто, ќе има добра продажба и после одреден период поголемите фирми го зимаат дилверството. Може и претходно Анхоч биле официјални дистрибутери за Македонија - па да трескам глупости.

Не дека не се сложувам :) ама па и не се сложувам. Проблем е и со лагер а мене лично ми е и проблем на изборот на брендовите, ама не се бунам :) битно стално проверувам кај нив.

Исто. Ама по нешто се наоѓа и кај нив.
 
Rikimaru

Даскал
26 март 2016
3.588
6.028
Битола
Може и претходно Анхоч биле официјални дистрибутери за Македонија - па да трескам глупости.

Нексио биле оригиналните и први добавувачи на NZXT во МК. Претходната година ги добавуваа и Анхоч бидејќи се крена популарноста на брендот кај нас. Анхоч ПРЕТПОСТАВУВАМ видоја дека им се продава NZXT па решија да земаат директно, а не преку Нексио.
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.154
16.247
Нексио биле оригиналните и први добавувачи на NZXT во МК. Претходната година ги добавуваа и Анхоч бидејќи се крена популарноста на брендот кај нас. Анхоч ПРЕТПОСТАВУВАМ видоја дека им се продава NZXT па решија да земаат директно, а не преку Нексио.

Ќе ви кажам од искуство со ревизии како одат работите.
Рецимо има големопродавач или дистрибутер некаде во Европа или Кина кој работи за NZXT и тие луѓе ловат пазари, се борат со конкуренција и слично. Ако една фирма направи посериозен увоз на NZXT (рецимо Нексио) во Македонија, зависно од големината на увозот и постојаноста на увозот, тие продавачи ќе го прогласат пазарот за потенцијален пазар и тие самите ќе нападнат IT ритејлери во Македонија, они нема да чекаат некој нив да ги бара.

И за да пристапат на некој следен ритејлер (рецимо Анхоч) тие ќе ги котактираат, ќе им дадат промотивна market penetration понуда, материјал за репрезентација, приоритет во нарачки за да ги навлечат како купувач. Тоа обаснува зошто често пати некоја фирма ќе исфрли производи од некој бренд на месец-два-три, па Анхоч ќе види дека нема голема профитна маргина или дека нема волумен за продажба и ќе престанат.

Нексио фино прават што си се држат постојано до одредени брендови со кои имаат добро искуство и ја држат работата мала. Утре да речат океј се шириме со брендови и волумен на продажба ќе ја искомплицираат цела таа логистика и ќе треба да бидат спремни да се справат со тие предизвици. Сепак е до нив да искалкулираат кој модел најмногу им одговара. Нас секако ни одговара да имаат и поголем волумен на лагер и различни производи, ама за нив е веројатно проблем да врзат гоелма количина на обртни сретства врзана за лагер чија малопродажна цена се менува многу скоро, ко на пример Анхоч (или Сетек не памтам кој беше) што продаваа до пред година дена i5-7600 за 14.000 денари нешто што го купиле 12.000 а сега не можат ни 5.000 да му земат.

Така да, ако Нексио се нафаќаат да испорачаат што ќе нарачате, подобро е трпение-спасение :)
 
pipelin

Caffeine & IT.mk
8 мај 2010
2.702
3.344
Skopje
pipelin's setup  
OS
macOS
Извинете што се умешувам, ама не е подобро ценовников да го има на Google Docs па да се изменува во реално време, вака некако со фајлови што знам. Плус има милион опции за корегирање, па дури и коментирање на истиот производ (пр: колку има залиха, итн..).
 
28 ноември 2014
1.224
820
Скопје
Антониј.К's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 5600
Motherboard
Asus Prime B550M-K
Storage
Samsung SSD 980
PSU
Cooler Master
RAM
ADATA 2x8gb
Video card
MSI N750TI/OC EDITION
Case
Cooler Master MB511 RGB
Keyboard
GHOSTWRITER CLASSIC | RIOTORO
Monitor
SAMSUNG C24F396FHU 24" Curved AMD Freesync Monitor
OS
Microsoft Windows 10 Pro
+1 од мене за Нексио.
Случајно лани ги дознав на форумов, и испадна дека се блиску до кај мене на работа.
Според мене, имаат топ цени, а мене па некако не ми смета тој Excel ценовник. Океј е. Секогаш може подобро, и како за пример би ја дал оваа страна која доста ми е прегледна и мислам дека и Нексио би требало да размислат на тоа. Но, изгледа не им треба бидејќи и вака си работат добро.
Инаку, ептен се услужливи, брзо ми одговараа на пораки и за се што прашав имаа на лагер.
 
Avid

senior
21 јануари 2009
6.439
11.493
Скопје
Извинете што се умешувам, ама не е подобро ценовников да го има на Google Docs па да се изменува во реално време, вака некако со фајлови што знам. Плус има милион опции за корегирање, па дури и коментирање на истиот производ (пр: колку има залиха, итн..).
Не знам, јас мислам дека е подобро сајт да направат xDD
 
toshex

the fool
18 септември 2013
6.578
8.228
Мелмак
Последно коа бев до кај нив ми спомнаа дека се работи на вебсајт со онлајн продавница. Повеќе од тоа не знам.
 
Rikimaru

Даскал
26 март 2016
3.588
6.028
Битола
Последно коа бев до кај нив ми спомнаа дека се работи на вебсајт со онлајн продавница. Повеќе од тоа не знам.

Истото ги прашав и добив ист одговор. Ама ова беше крај на 2016та кога јас прашав. xD

Инаку, колку кошта креирање и оддржување на вебстрана? Не верувам да чини многу, не?
 
Последна промена:

bobipp

hello world
13 ноември 2009
451
298
bobipp's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 7 2700X with Wraith Prism Cooler
Motherboard
Asrock B450 Pro 4
Storage
SSD Samsung 860 EVO 250 GB
PSU
Riotoro Enigma G2 650W Gold full modular
RAM
2x8 GB G. Skill Ripjaws V 3200 Mhz
Video card
MSI GTX 1650 SUPER 4 GB OC Edition
Case
Riotoro CR400 2x120 mm fans
Mouse
A4Tech X-710BK
Monitor
AOC i2269vwm 21.5" IPS
OS
Windows 10 Pro
Господе боже. Зар во денешно време на сите поволности за каталогизација и поедноставување на датабази со квалитетно UI и search опции мора да читаме Excel Spreadsheet. Очите ми истекоја. Дајте по некоја стотка да собериме да им платиме веб страна на Нексио.
Јас кога земав компоненти, ми кажаа наводно при крај се со е-продавницата :)
 
15 септември 2012
1.159
1.300
Јас кога земав компоненти, ми кажаа наводно при крај се со е-продавницата :)

Исто беше и пред 2 години.

Што сте запнале за веб страна. Си знаат они дека ако прикажат состојба на магацин, ќе станат неозбилни играчи на пазарот со неколку производи во понуда и по неколку (2-3) парчиња од нив.
Добрата пракса кај нив е што почесто набавуваат залихи од Белград.
 
Cika

poweruser
8 декември 2009
2.770
1.639

А зошто би прикажале состојба на магацин и што би било различно од сега со ексел, ако истите податоци се пласираат на различен начин?

Мораше да се фрлиш ласта во темава, ама коментарот ти е nose-first.

Слободно може да попијам санкција за ваков пост, ама вреди.
 
Имам чувство дека во твојава порака ми го ограничуваш правото да изнесам свое мислење во оваа тема.
Мислам дека и порано сум го коментирал само-рекламирањето на дотичната фирма, овде на форумов.
Санкциите им ги оставам на тие што нејасно ги напишале правилата за користење на форумов.

Да ти одговорам, бидејќи не си се погрижил да го разбереш коментарот:

Целта на веб страната е прикажување што може да се купи од одредената фирма.
Залихата на производи што се продаваат, како и цената, треба да биде редовно ажурирана.
Залихата на производи се складира во магацин? Сметководствено така се изразува залиха, т.е. стока спремна за продажба?

А што би било различно од сега со ексел, мислам дека не ти е соодветно прашањето, како да не си ја читал оваа дискусија на форумов.
Овде, на форумов, секоја втора порака е дали некој има најнов ценовник на ова или она од дотичната фирма.
Со веб страна, оваа дискусија можеби ќе замре а, можеби ќе добие нова димензија.

Еве прашања од мене до тебе, за истава тема:
Колку чини во денари, евра, попуст при набавка на хардвер, една порака за фалење, рекламирање на дотичната фирма?
Колку чини во денари, евра, попуст при набавка на хардвер, една порака за критикување и омаловажување на НЕ истомисленици со сопственикот (сопствениците) за начинот на рекламирање на предметната фирма?
Колку чини во денари, евра, попуст при набавка на хардвер, немање свое критичко мислење?
На која веб страна на произведувач (освен Asrock и G.Skill) на производ што го продава наведената фирма е наведен статусот на наведената форма? Мислам на дистрибутер, продавач, сервисер или било кој друг? HP, Seagate, Western Digital, Intel, AMD, Toshiba, Hitachi, Crucial, Sandisk, MSI, LG ???
 
На ова ќе те оставам сам да си одговориш, а ако некој разбира што сакаш да кажеш, нека ти помогне. Сметај го како наградно прашање што сам си го постави.
 
15 септември 2012
1.159
1.300
На ова ќе те оставам сам да си одговориш, а ако некој разбира што сакаш да кажеш, нека ти помогне. Сметај го како наградно прашање што сам си го постави.

Зошто отвараш дискусија кога не си кадарен да ја водиш?
Вистината боли?
Врати се на думот и отепај уште некого...
 
TheMarshal

user
3 јануари 2019
1.759
2.770
Не е само Cika, доста луѓе на форумов ги препорачуваат Нексио. Ако Нексио им плаќа на сите тие членови да ги рекламираат преку форумов - не знам кај би им бил крајот. Едноставен е одговорот, исто како ти што си имал добро искуство со AxelPhoto и го препорачуваш на форумов, луѓево имале добро искуство со Нексио и ги препорачуваат. Тоа е тоа.

Не дека ги бранам или ги застапувам нив. И Нексио си имаат одредени маани. Само сакам да ти го доловам моментот, дека и ти го фалиш Аксел и (ваљда) не си платен од него.

Едит: Не ме сфаќај погрешно, не сакам лично да те нападнам. Само ти го побивам мислељето.
 
Trtka

Gaining Сало
11 април 2018
703
1.001
Луѓето се истите кои ја препорачуваа и нивната претходна фирма.
А за тоа нексио ценовник е бесплатно бумпање и реклама на ит форум. Како инаку ќе се прај муабет :D .
 
Чисто од радозналост, која била нивна претходна фирма? Релативно "нов" сум на форумов. :)
 
Trtka

Gaining Сало
11 април 2018
703
1.001
Мебиус. Имаше иста тема. Мебиус ценовник.
Истите фаци истите муабети.
 
15 септември 2012
1.159
1.300
Не е само Cika, доста луѓе на форумов ги препорачуваат Нексио. Ако Нексио им плаќа на сите тие членови да ги рекламираат преку форумов - не знам кај би им бил крајот. Едноставен е одговорот, исто како ти што си имал добро искуство со AxelPhoto и го препорачуваш на форумов, луѓево имале добро искуство со Нексио и ги препорачуваат. Тоа е тоа.

Не дека ги бранам или ги застапувам нив. И Нексио си имаат одредени маани. Само сакам да ти го доловам моментот, дека и ти го фалиш Аксел и (ваљда) не си платен од него.

Едит: Не ме сфаќај погрешно, не сакам лично да те нападнам. Само ти го побивам мислељето.

Неможеш да ми го побиеш мислењето.

Да потсетам дека првиот мојот одговор кон членот е инспириран од неговата „забрана“ да коментирам и изнесувам свое мислење зошто наведената фирма нема веб страна. Како на друг начин да ја разбереш „забраната“ освен од аспект на пари? Понатамошниот тек на разговорот е одговор на навредлива порака. Прочитај ги сите пораки за да ти биде појасен настанот.

Ех, да. Ја смени темата на дискусија, Аксел го спомна. Не се бранам. Кај него купувам по регуларните цени. Немам попуст. Кој попуст, кога работи со бандаж цени. Сакаш верувај - сакаш не верувај, твој избор.
Исто како што немам попуст на предложените Ladda батерии од Икеа, исто како што немам попуст од Хубо заради предложените Фуџицу батерии, исто како што немам попуст од Нкон од Холандија...
Овие локации за купување сум ви ги препорачал затоа што сум потрошил многу пари за купување на батерии во МК, батерии кои стоеле долго пред продажба, па хемијата во нив многу брзо ги уништуваше батериите. Батериите купени од препорачаните локации, еве ги функционираат и после 10 години експлоатација (некои од нив).
 
Последна промена:

Avid

senior
21 јануари 2009
6.439
11.493
Скопје
Мојата комода по враќање од Нексио откако ги препорачав тука. За жал само постари имаа.

UBHgZXl.jpg
 
Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
23.784
33.894
roka.mk
Санкциите им ги оставам на тие што нејасно ги напишале правилата за користење на форумов.
Каков е проблемот со правилата? Што е нејасно? Да знаеме да ги разјасниме ако има основа за тоа, секако.
 
spytronicmk

hello world
4 август 2017
141
73
Дали има присутен некој на форумов вработен/сопственик во Нексио или било што и негов контакт. ? Ми треба да поразговараме за прилично поголема нарачка и можност за плаќање на рати.
 
Avid

senior
21 јануари 2009
6.439
11.493
Скопје
Дали има присутен некој на форумов вработен/сопственик во Нексио или било што и негов контакт. ? Ми треба да поразговараме за прилично поголема нарачка и можност за плаќање на рати.
Контактирај ги бре на фејсбук/меил не ми глуми бизнисмен да поразговараш по тел приватно баче сепак е поголема нарачка треба да се чујам да средиме.
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

На врв Дно