Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Aliexpress

Avid

senior
21 јануари 2009
6.439
11.494
Скопје
Па тоа ти викам, дали ќе ставам наочари или не јас барем не осеќам. Можда јас лично не сум осетлив на тоа плаво светло.
Осеќал неосеќал моментално, синото светло од екраните ги праи пепел очите на долг рок.
 
WeiWuWei

hello world
17 јануари 2020
286
171
Глупости според мене, едноставно ако седиш вечерно време пушти си Night Light во виндовс и ќе нема плаво светло, плавото светло едноставно смета на мелатонин продукцијата или како веќе и не ти се спие нормално/ти го расипува сонот, а овоа што викаат "радијација" нема не се секирај, и очи од компјутер се расипуваат само ако не трепкаш, трепкај си, уживај си
 
Avid

senior
21 јануари 2009
6.439
11.494
Скопје
Глупости според мене, едноставно ако седиш вечерно време пушти си Night Light во виндовс и ќе нема плаво светло, плавото светло едноставно смета на мелатонин продукцијата или како веќе и не ти се спие нормално/ти го расипува сонот, а овоа што викаат "радијација" нема не се секирај, и очи од компјутер се расипуваат само ако не трепкаш, трепкај си, уживај си
Да факт е дека најмногу штетата на очите се прави поради намаленото трепкање пред екран кое води до помалку влажност на очите но оди па натерај се мануелно да трепкаш почесто.
Не смета само на мелатонин, уништува клетки на непоправлив начин.
Но тоа го збори само науката и студиите, вака според тебе нема врска, глупости.
 
WeiWuWei

hello world
17 јануари 2020
286
171
Да факт е дека најмногу штетата на очите се прави поради намаленото трепкање пред екран кое води до помалку влажност на очите но оди па натерај се мануелно да трепкаш почесто.
Не смета само на мелатонин, уништува клетки на непоправлив начин.
Но тоа го збори само науката и студиите, вака според тебе нема врска, глупости.
Не се изразив добро, мислев за продуктот дека e глупост и нема да помогне, за трепкањето си треба навика погледнување настрана и трепкање 10 секунди, за клетките тоа прв пат ти верувам дека е точно
 
ARMac

senior
2 октомври 2010
9.388
12.328
Скопје
androgaming.com
Осеќал неосеќал моментално, синото светло од екраните ги праи пепел очите на долг рок.

Не би знаел ќе видиме на 70 години ако ги доживеам :)

37 ги имам сега / ајде 38 за месец, а знаеш дека од мали сме растеле пред ТВ. Е сега со мелатонинот е друго, јас сум обично уморен и немам проблем со спиење во последно време.

Важно не осеќам проблем сеуште од тој аспект. Кој сака нека носи наочари, мада како окуљар/теглар викам дека не е филингот баш да не го приметиш. Рамовите се гледаат, осеќаш стегање на нос, разделеност на очите итн.
 
Excalibur

lurker
18 октомври 2019
965
508

Ете ти сега, таман се наканив некако да земам наочари и ти ме предомисли.
 
niagacrp

read-only
2 април 2018
18
9
Осеќал неосеќал моментално, синото светло од екраните ги праи пепел очите на долг рок.
За очите не знам ама плавата светлина спречува лачење на хормон за спиење така да навечер повеќе топли бои освен на автопат кога те држат будни плавите фарови
 
Pulse

user
26 октомври 2014
1.552
1.665
127.0.0.1
US $1.56 | Blue Light Blocking Spectacles Anti Eyestrain Decorative Glasses Light Computer Radiation Protection Eyewear

Вреди ли да се нарачуваат овие наочари за компјутер? Искуство? Или можеби има кај нас?
За пред компјутер ми се.

Испратено од iPhone преку IT.mk форум апликација
Глупости невидени.
  1. Прво, како човек што активно се занимава со програмирање веќе 7-8 години, дневно поминувајки повеќе од 10 часа пред компјутер(7 на работа и 3-4 дома) и ниеднаш немам ставено очила „со заштита“. Редовно идам на прегледи за очи на 6 месеци, и диоптер имам 0/0 на двете очи. Како што ти напишаа некои членови, само почесто трепкање и една од побитните работи е од време на време да го насочиш погледот на предмет што се наоѓа бар х3 подалеку од твојот монитор. Пример гледаш во монитор пола час, па гледаш во часовникот на ѕидот 10тина секунди.
  2. Второ, ако веќе си запнал за заштита, под класата на BlueCut/BlueControl или CrizalPrevencia не ни помислувај. Имам неколку години искуство со оптометрија и верувај нема подобри. Првите ти се low-budget, кризалот се нешто поскапи. Рамката во ниеден случај не е битна, дека ги носиш само пред компјутер.
 
Pulse

user
26 октомври 2014
1.552
1.665
127.0.0.1
Последна промена:

Една работа заборави да кажеш а истата е врзана со твојот стаж пред компјутер и со 0 диоптер. Колку години имаш?
 
Excalibur

lurker
18 октомври 2019
965
508
Затоа немаш проблем. Почекај уште неколку години. Ќе дојдеш до точка кај што прво ќе почнат да ти се замаглуваат - дуплираат буквите. И тоа ќе се случи нагло за жал.
Исто така за жал ниту едни наочари со таканаречена заштита нема ништо да помогнат. Верувај дека нема бегање од тоа. Константниот замор на очите си го прави своето.
Совет....забушавај колку можеш. :)
 
bicikle

poweruser
3 март 2018
2.061
1.013
Не би знаел ќе видиме на 70 години ако ги доживеам :)

37 ги имам сега / ајде 38 за месец, а знаеш дека од мали сме растеле пред ТВ. Е сега со мелатонинот е друго, јас сум обично уморен и немам проблем со спиење во последно време.

Важно не осеќам проблем сеуште од тој аспект. Кој сака нека носи наочари, мада како окуљар/теглар викам дека не е филингот баш да не го приметиш. Рамовите се гледаат, осеќаш стегање на нос, разделеност на очите итн.
На 70 и онака нема да гледаме. Да сме здрави живи до тогај .
 
bicikle

poweruser
3 март 2018
2.061
1.013
Да факт е дека најмногу штетата на очите се прави поради намаленото трепкање пред екран кое води до помалку влажност на очите но оди па натерај се мануелно да трепкаш почесто.
Не смета само на мелатонин, уништува клетки на непоправлив начин.
Но тоа го збори само науката и студиите, вака според тебе нема врска, глупости.
Што уништува и кои клетки ?
 
bxxxn

user
11 март 2011
1.660
1.812
Со или без компјутер окото трпи промени и некаде после 35-40, кај голем број на луѓето се менува фокусот на окото поради дегенеративни промени на леќата со што се губи нејзиниот еластицитет и фокусирањето на блиски предмети е отежнато. Така да со или без заштитни очила, во некој средна возраст сите сме од ризик од т.н. Презбиопија.

Да не навлегуваме во други покомплицирани процеси како менување на форма на очно јаболко при одредени состојби и сл.

Влажнење на окото е само капка во морето од бројни механизми кои играат улога во хомеостазата на окото.
 
TouchIT

lurker
9 јули 2018
901
643
Сега разговарав со селерот и ми рече дури после 20ти Фебруари негде ќе ги прати пратките а и не е сигурно дека и тогаш ќе ги прати,Се договорив да ги откажам и продавачот прифати,За колку време стига рефундот?
 
Excalibur

lurker
18 октомври 2019
965
508
Со или без компјутер окото трпи промени и некаде после 35-40, кај голем број на луѓето се менува фокусот на окото поради дегенеративни промени на леќата со што се губи нејзиниот еластицитет и фокусирањето на блиски предмети е отежнато. Така да со или без заштитни очила, во некој средна возраст сите сме од ризик од т.н. Презбиопија.

Да не навлегуваме во други покомплицирани процеси како менување на форма на очно јаболко при одредени состојби и сл.

Влажнење на окото е само капка во морето од бројни механизми кои играат улога во хомеостазата на окото.
Се е тоа во ред, меѓутоа она со или без компјутер е дискутабилно. Тоа е исто како раката која тенисерите повеќе ја употребуваат. Ако внимателно ги погледнеш ќе забележиш дека скоро сите имаат дегенеративни промени на неа, идентични со Акромегалија (Аcromegaly). Истата се јавува релативно ретко кај луѓе што не се занимаваат со спорт само во состојба на хормонално пореметување. Така да биди сигурен дека промените на окото многу побргу ќе се јават со константно фокусирање во монитор отколку при секојдневни активности.

Google Image Result for https://i.dailymail.co.uk/i/pix/2014/08/26/article-2734925-20D190D500000578-900_634x810.jpg
 
bxxxn

user
11 март 2011
1.660
1.812
Акромегалија се јавува во подоцнежна возраст и најчесто се зафатени плоснати коски: череп, карлица, лопатка. Коските на реката спаѓаат во група долги коски. Она кај тенисерите е поверојатно хипертрофија (секако и коските на таа рака се понекогаш подебели и подолги)
. Се сложувам дека компјутер ќе наштети на око, поентата беше дека е речиси невозможно да се сочува перфектен вид во поодмината возраст. Поштетни се евтини наочари отколку никакви.
 
Goran995

Баниран/a
16 ноември 2019
1.495
2.572
Скопје
Акромегалија нема врска со тенисерите, станува збор за хипертрофија, нешто што е нормално доколку си левак/деснак и се занижаваш со спорт/повторени движења. Дури и на рекреативци кои играат фудбал левиот/десниот лист е поголем. Еве сум јас :D

20200209_121235.jpg
 
igor_igor

poweruser
2 септември 2012
2.286
3.985
Скопје
igor_igor's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-14400F + Deepcool AG400 V2 ARGB White
Motherboard
ASrock B760M-HDV/M.2 White
Storage
SSD Kingston NV1 500GB M.2 / HDD Seagate BarraCuda 2TB (ST2000DM008)
PSU
Cooler Master V750 GOLD V2
RAM
2 x 16GB (32GB) Kingston HyperX FURY RGB 6000MHz DDR5
Video card
ASRock Phantom Gaming D RX 6800 16GB OC
Case
White Shark Bullet Gaming GCC-2303 White
Mouse
A4 X5 MAX Bloody Gaming Esports Stone Black
Keyboard
X7 A4tech G800 MU
Monitor
Cooler Master GM238-FFS 144hz IPS / AOC D2357Ph Led 3D
OS
Windows 11 Pro
Патикиве не ти се оргинал. :)
 
Последна промена:

Нови мислења

Последни теми

ит маркет

На врв Дно