Дали си ги видел цените во Телеком или Вип, или зборуваш од памет. IPhone во Телеком изнесува 59,950.00 денари, додека во Ледиком 56,590,00 денари со 1 година гаранција, во однос со 2 години гаранција на се, а Ледиком само да ти помогне да инсталираш апликација. Huawei P20 Pro во Телеком 42,990,00 денари додека во Ледиком 44,790.00 за гаранцијата беспредметно е да расправаме. Треба ли повеќе. Другите телефони или се поевтини, или 10-15% поскапи. Во Вип и Телеком се оргинални, додека за другите мобилаари нема гаранција дали се за Кувајт, Азија или којзнае, дали се обновени, каде и набавени по кој знае кои канали. Зошто не научиме да купуваме оргинали. Има една поговорка : Не сум толку богат за да купам толку ефтино.ПС: Од 2005-6год. имам земено преку 20 телефони од Телеком. 15 се и сега функционални но не ги користам. Од поновите Сони З2 4 години, батеријата трае 3-4 часа за игри, Сони Типо 6 години работи како првиот ден, Алкател ОТ 991 7 години, батеријата супер трае 10-12 часа, работи беспрекоено, Самсунг С4 перфектно работи, батеријата за разговори и ФБ и слично ден до ден и половина. Да не зборам за Самсунг С8 16 месеци, Хуавеи П8 Лајт 2 години. Сите се оргинални, земени од Телеком. Треба ли сега коментар.Добро кога купувам нешто од нет ми даваат фискална сметка? Со самото тоа што го земаш уредот доста поефтин треба да ти е јасно , каква е работата и што купуваш. Ако го земам уредот 100 евра поефтино за разлика од надуваните цени во Вип и телеком, тогаш не размислувам. Досега ми се нема случено да ми рокне телефон додека е под гаранција, така да тоа е прашање на среќа повеќе. Истата работа е и со купување на телефон од интернет. Го земаш без гаранција и без никаков документ за купопродажба, т.е класична мачка во вреќа како што правам мобиларите овде кај нас. Така да ако имаш маде да ризикуваш за да спасиш 100евра или повеќе на поскапите уреди, тогаш е во ред, ако не, имаш телеком и вип со 200% маржа со фискална со сите салтанати. Никој не те тера да купуваш без данок и фискална.![]()
Последна промена: