Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Мобилари во Македонија - искуства и мислења

Rac58

Баниран/a
5 јануари 2017
315
243
Скопје
Добро кога купувам нешто од нет ми даваат фискална сметка? Со самото тоа што го земаш уредот доста поефтин треба да ти е јасно , каква е работата и што купуваш. Ако го земам уредот 100 евра поефтино за разлика од надуваните цени во Вип и телеком, тогаш не размислувам. Досега ми се нема случено да ми рокне телефон додека е под гаранција, така да тоа е прашање на среќа повеќе. Истата работа е и со купување на телефон од интернет. Го земаш без гаранција и без никаков документ за купопродажба, т.е класична мачка во вреќа како што правам мобиларите овде кај нас. Така да ако имаш маде да ризикуваш за да спасиш 100евра или повеќе на поскапите уреди, тогаш е во ред, ако не, имаш телеком и вип со 200% маржа со фискална со сите салтанати. Никој не те тера да купуваш без данок и фискална. ;)
Дали си ги видел цените во Телеком или Вип, или зборуваш од памет. IPhone во Телеком изнесува 59,950.00 денари, додека во Ледиком 56,590,00 денари со 1 година гаранција, во однос со 2 години гаранција на се, а Ледиком само да ти помогне да инсталираш апликација. Huawei P20 Pro во Телеком 42,990,00 денари додека во Ледиком 44,790.00 за гаранцијата беспредметно е да расправаме. Треба ли повеќе. Другите телефони или се поевтини, или 10-15% поскапи. Во Вип и Телеком се оргинални, додека за другите мобилаари нема гаранција дали се за Кувајт, Азија или којзнае, дали се обновени, каде и набавени по кој знае кои канали. Зошто не научиме да купуваме оргинали. Има една поговорка : Не сум толку богат за да купам толку ефтино.ПС: Од 2005-6год. имам земено преку 20 телефони од Телеком. 15 се и сега функционални но не ги користам. Од поновите Сони З2 4 години, батеријата трае 3-4 часа за игри, Сони Типо 6 години работи како првиот ден, Алкател ОТ 991 7 години, батеријата супер трае 10-12 часа, работи беспрекоено, Самсунг С4 перфектно работи, батеријата за разговори и ФБ и слично ден до ден и половина. Да не зборам за Самсунг С8 16 месеци, Хуавеи П8 Лајт 2 години. Сите се оргинални, земени од Телеком. Треба ли сега коментар.
 
Последна промена:

deni.mitev

user
7 октомври 2014
1.024
1.027

Си ги помешал апчињата Screenshot_20180709-223833_Chrome.jpg

Испратено од [device_name] преку IT.mk форум апликација
 
DrMTR

senior
27 март 2014
7.935
8.430
Знаев дека нема шанса да е само 3000 мкд разлика од оператор до мобилара ама ете. За малку ке поверував. :D

P20 Pro Телеком 49990мкд
P20 Pro Мобилара 44990мкд

IPhone X Телеком 72990 mkd
IPhone X Мобилара 56490 mkd

Samsung S9 Телеком 49990
Samsung S9 Мобилара 34990

Samsung S9+ Телеком 54990
Samsung S9+ Мобилара 40990.

Стварно цениве биле "тука некаде". Да знам од кај да купам следен пат со фискална со СФЕ. :D
 
Последна промена:

Rac58

Баниран/a
5 јануари 2017
315
243
Скопје
Знаев дека нема шанса да е само 3000 мкд разлика од оператор до мобилара ама ете. За малку ке поверував. :D
P20 Pro Телеком 49990мкд
P20 Pro Мобилара 44990мкд

IPhone X Телеком 72990 mkd
IPhone X Мобилара 56490 mkd

Samsung S9 Телеком 49990
Samsung S9 Мобилара 34990

Samsung S9+ Телеком 54990
Samsung S9+ Мобилара 40990.

Стварно цениве биле "тука некаде". Да знам од кај да купам следен пат со фискална со СФЕ. :D
Да не се правиме наивни и слепи. 99.99% од тие кои купуваат телефони во Телеком или Вип сигурно користат некој пакет со ТВ и Интернет, или се постпејд на некоја тарифа. Јас користам Магента М1, и еве ги цените по кои ги купувам на 24 рати. 1, Huawei P20 Pro 42.990,00 денари 2. Iphone X 64GB 59.990,00 денари ( цената од 72.990,00 денари е за Iphone X 264GB), во мојот пакет 69.900,00 денари. 3. Samsung S9 39.990,00 денари 4. Samsung S9 + 45.990,00 денари 5, LG G6 22.490,00 денари, во Телеком, 27.790,00 денари во Ледиком. Треба да се биде коректен кога се објавува или кажува нешто. И пак ќе повторам, прво провери начин и услови за купување па после треси зелени колку сакаш.
 
Rac58

Баниран/a
5 јануари 2017
315
243
Скопје
Си ги помешал апчињата
emoji30.png
Погледнете го атачментот 65546

Испратено од [device_name] преку IT.mk форум апликација
Можно е место Виагра сум земал Диазепам, но внимавај ти со Метадонот, да не ти снема.
 
l1d0v1c

lurker
10 март 2011
700
1.596
А што ако немам магента 1?

Да не се правиме наивни и слепи. 99.99% од тие кои купуваат телефони во Телеком или Вип сигурно користат некој пакет со ТВ и Интернет, или се постпејд на некоја тарифа. Јас користам Магента М1, и еве ги цените по кои ги купувам на 24 рати. 1, Huawei P20 Pro 42.990,00 денари 2. Iphone X 64GB 59.990,00 денари ( цената од 72.990,00 денари е за Iphone X 264GB), во мојот пакет 69.900,00 денари. 3. Samsung S9 39.990,00 денари 4. Samsung S9 + 45.990,00 денари 5, LG G6 22.490,00 денари, во Телеком, 27.790,00 денари во Ледиком. Треба да се биде коректен кога се објавува или кажува нешто. И пак ќе повторам, прво провери начин и услови за купување па после треси зелени колку сакаш.
 
Rac58

Баниран/a
5 јануари 2017
315
243
Скопје
А што ако немам магента 1?
Ако немаш ќе си купиш. Телеком и Вип не се мобилари, туку оператори кои покрај услугите нудат и телефони, лаптопови, ТВ и бела техника на рати или во готово за корисниците на нивните услуги. Се надевам дека сум јасен и ме разбра.
 
l1d0v1c

lurker
10 март 2011
700
1.596
@Rac58 Не си воопшто јасен, пошто не сакам и не користам телевизија и фиксен телефон. Како да ја добијам таа цена што си ја постирал ако не ми треба ТВ и фиксен телефон?
 
Rac58

Баниран/a
5 јануари 2017
315
243
Скопје
@Rac58 Не си воопшто јасен, пошто не сакам и не користам телевизија и фиксен телефон. Како да ја добијам таа цена што си ја постирал ако не ми треба ТВ и фиксен телефон?
Ќе ти повторам, тие цени се за корисниците на нивните пакети и услуги, било ТВ, интернет или телефонија. Телеком не е мобилара, што значи дека за тебе важат други цени кои се до 30% поголеми. Пошто не ти треба ни интернет ни ТВ, ти ќе си купиш мобилен во салоните на Сет, Анхоч, нептун и други, или во Мобилара, со или без фискална, и гаранција за инаталација на апликација, додека за екран, батерија или слично, мисли му ја.
 
Последна промена:

Скоти

user
15 октомври 2013
1.275
2.348
Да, и ќе те врзат на договор од 2 години и ќе си играат курташак со тебе.. Не ми паднало на памет да земам и преплатам телефон од оператор, никогаш! Само од мобилара.
 
Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.536
3.138
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Јас кога си го купив мобилниот беше 17.500 во мобилара и 22.500 денари во Телеком. Кога прашав дали ми следува попуст затоа што имам пакет мобилни интернет тв од кај вас со години, му текна на вработениот чекај да видам и ми понуди попуст од цели 300 денари и после и самиот со пола уста заклучи дека е подобро да си купам од мобилара што секако и го направив.
Во врска со фискалните - такво нешто немам. Да секогаш постои ризик од дефект но тој е релативно мал. Башка што и тие гаранции на големите фирми не опфаќаат се а и повеќето имаат спор сервис. На пример, другар купи лаптоп илјада евра од не знам да не грешам анхоч сетек или нептун, помина некој месец му се расипаа две копчиња. Во сервис прво пробуваат да го избегнат па на крај му викаат донеси го може еден месец ќе стои гужва е. Е фала за таква гаранција. Вака не плаќаш толку пари ако има дефект со тие пари што си ги заштедил ќе си платиш поправка и ќе ти ја завршат брзо а тие со фискални и гаранции ќе мора да те почекаат тебе како приоритетен клиент. Да се разбереме, овој метод можеби не е во ред, но ете функционира.
 
Последна промена:

l1d0v1c

lurker
10 март 2011
700
1.596
Да, многу убаво знам дека тие цени се за нивните корисници. Но јас не сум корисник и сакам да го добијам IphoneX за 59,950 денари како што ти наведе овде:
Дали си ги видел цените во Телеком или Вип, или зборуваш од памет. IPhone во Телеком изнесува 59,950.00 денари, додека во Ледиком 56,590,00 денари со 1 година гаранција

Ако неможам да го добијам по таа цена без да потпишам договор за други срања како тв и фиксен, споредбиве ти се тотална утка, како што ти потенцираа и некои други претходно.
 
Rac58

Баниран/a
5 јануари 2017
315
243
Скопје
Да, и ќе те врзат на договор од 2 години и ќе си играат курташак со тебе.. Не ми паднало на памет да земам и преплатам телефон од оператор, никогаш! Само од мобилара.
Секој според потребите и желбите, секому според изборот, тоа е тоа. Знам дека не е моја работа, но би прашал на која тарифа си и кој оператор, и од каде добиваш мобилен интернет.
 
TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.779
10.103
И уште едно нешто, iPhone нема 2 години гаранција, туку една.

Секој на своето, сум купувал од мобилари, последниот ми е од оператор преку Магента. Среќа имав гаранција за фабрички дефект и добив нов телефон. Во моментот кога го купував цената беше слична меѓу мобилара и Телеком, а дополнителен бонус беше плаќањето на рати.

П.с. Во мобилара ако добивате нов ајфон, ви важи Епл гаранција и можете во iStyle да го сервисирате без никакви дополнителни документи. За Самсунг и останативе со среќа...
 
GreenRoot

user
1 октомври 2011
1.039
1.008
Охрид
mvpring.com
GreenRoot's setup  
Processor & Cooler
i5 4200U
Storage
Samsung Evo 850 240gb
RAM
8GB
Video card
AMD 8670m
Monitor
15,4''
OS
Windows 7 Home Premium
Да не се правиме наивни и слепи. 99.99% од тие кои купуваат телефони во Телеком или Вип сигурно користат некој пакет со ТВ и Интернет, или се постпејд на некоја тарифа. Јас користам Магента М1, и еве ги цените по кои ги купувам на 24 рати. 1, Huawei P20 Pro 42.990,00 денари 2. Iphone X 64GB 59.990,00 денари ( цената од 72.990,00 денари е за Iphone X 264GB), во мојот пакет 69.900,00 денари. 3. Samsung S9 39.990,00 денари 4. Samsung S9 + 45.990,00 денари 5, LG G6 22.490,00 денари, во Телеком, 27.790,00 денари во Ледиком. Треба да се биде коректен кога се објавува или кажува нешто. И пак ќе повторам, прво провери начин и услови за купување па после треси зелени колку сакаш.
Акo веќе гo терaме мoaбетoт сo вaкви спoредби тoгaш:
- 15к пoефтин телефoн oд мoбилaрa и 3к зa џaбест кредит зa 2 гoдини
- или пaк сличнa ценa сo мoбилaрa, плус 20-30к зa 2 гoдини дoгoвoр сo мaгентa или штo и дa е...

И пaк се дoaѓa нa тoa декa телефoнoт ќе излезе пoскaпo кoј сaкaш дoгoвoр земи гo.

Sent from my LG-H830 using Tapatalk
 
Rac58

Баниран/a
5 јануари 2017
315
243
Скопје
Акo веќе гo терaме мoaбетoт сo вaкви спoредби тoгaш:
- 15к пoефтин телефoн oд мoбилaрa и 3к зa џaбест кредит зa 2 гoдини
- или пaк сличнa ценa сo мoбилaрa, плус 20-30к зa 2 гoдини дoгoвoр сo мaгентa или штo и дa е...

И пaк се дoaѓa нa тoa декa телефoнoт ќе излезе пoскaпo кoј сaкaш дoгoвoр земи гo.

Sent from my LG-H830 using Tapatalk
Не е така. Во мобилара нема 24 месеци почек, туку плати земи. Анхоч, Нептун, Сет и др. даваат до 24 рати и цените се негде тука. Кој е тој што ќе те чека 24 месеци без провизија или интерес. Точно е дека во Телеком се плаќа околу 5% годишно, но оди во банка и земи кредит на 2 години со таа камата, и види како ќе поминеш. И на крај, тука се зборува за кеш плаќање, бидејќи во мобилара нема кредит или почек.
 
Ile bocev

hello world
15 ноември 2015
354
294
Oд денеска плаќање во кеш само до 2.000 евра

Дали ова значи дека мобиларите полека полека ќе исчезнуваат? Зборувам за Ледиком и компанија.

Хмм баш ме интересира како ќе одат сега продажбиве на автомобили? Досега одеше преку нотар и само за суми над 10000 евра.
Инаку така добро ги направија овие Лила кредисимо, Мој кеш и останати што ми се темни веќе. На телевизија, на реклама5, на пазар3, на youtube веќе по 100 пати ги има.
Од овие посива економија ако има јас глава ќе исечам. Еве баш сега го отварам линкот и пак они
jujjj.png

Кога веќе толку време ги гледам, Се заинтересирав да видам што е тоа што нудат, па и ако е нешто со поволна каматна стапка да земам и јас 80000 денари.
Кога пресметав колку треба да вратам ако земам 80000 денари од Кредисимо што ги рекламира Лила.
За 80.000 денари треба да се вратат 214.000 денари. Речиси 300% камата.
Ако ова не е тешко дрпање на луѓето, незнам што е. Овие квази фирмички имаат дозвола од државата да дрпаат луѓе.
Но има и полошо. Ако не се платат ратите којзнае уште колку дополнителни маки ќе имаат луѓето кои ќе земат

На вакви работи треба да реагира државата.Сепак народот кога ќе види дека некоја компанија е регистирирана и има дозвола да работи, има некоја доверба дека нема да биде преварен.

Бидејќи мене компјутерот ми е врзан со телевизорот, рекламиве се уште поиритирачки бидејќи ми зафаќаат едно метро кога ги има.
 
Скоти

user
15 октомври 2013
1.275
2.348
Секој според потребите и желбите, секому според изборот, тоа е тоа. Знам дека не е моја работа, но би прашал на која тарифа си и кој оператор, и од каде добиваш мобилен интернет.
Телеком, од кои имам невидени проблеми со интернетот овие 2 години и го проколнувам денот кога потпишав договор со нив.
 
Ile bocev

hello world
15 ноември 2015
354
294
И ти со цел памет им веруваш дека таков документ е валиден пред Пазарна инспекција, во случај да те шетаат при рекламација на уредот. За 2-3.000 денара си дозволуваш некој да се поигрува со тебе. Објасними што ќе преземеш и каков правен лек ќе употребиш ако ти речат, шетај мали ти си виновен за дефектот, а тоа е пракса во 90% случаи. Од искуство ти го кажувам, мое и на други кои ги знам.

Во ваква држава каде премиери си земаат по 15% провизии за патишта, ( да не се лажеме зимаше и стариот, ама овој сега :D)
Во држава каде функционери си имаат станови по Грција, Италија, Монако, Монте Карло итн ( а нели беше забрането да се има надвор имот, и истото претставуваше тешко кривично дело)
Во држава каде царина можеш да ја подмитиш со ситно и никој да не те отвори да види што носиш.
Сите овие се позиции кои носат највеќе пари и повторно крадат без око да им трепне.

Демек никој незнае дека Ледиком така работи и не е поврзан со власта. Значи си земаат пари и од функција во државата и плус од бизнис.
Што мислиш ти? Досега на никој не му текнало да оди и да им пише казна на Ледиком, Мобиком и другите. Еве оди побуни се. Кажи бев во Ледиком не ми дадоа фискална.
Ама на форум сите сте силни и сите правници, ама друг да се наговори да оди. А вие самите несакате да го направите тоа, бидејќи јасно ви е дека ќе бидете исмеани, а и ништо нема да добиете. Дури може и последици да има тој некој што ќе се накани да оди. Не дека ќе биде истепан од ледиком, туку ќе го јадеш стапот од тој функционер што стои зад нив.

Кога ќе се решат овие работи особено каде што цариниците, и луѓето од власта
кои се меѓу најплатените професии во државата и престанат да примаат мито и да ја крадат државата јас секаде ќе барам фискална и гордо ќе си го платам данокот. Дотогаш секој денар што ќе си го заштедам купувајќи мобилен, кола, Или незнам музички систем итн ќе си бидам пресреќен ако најдам и земам поевтино.

Фискалната нека им остане на 120 сељаци во парламент. Може ќе им притреба.

Знаат албанците( најобичните луѓе) како треба. Не се глупави. Затоа се наполнија со пари и им оди бизнисот.
Едно време кога ние македонциве велевме леле овие вмро испокрадоа се живо.
Они велат, нас не не интересира. Мене битно ми е да ми иде бизнисот со тезгата на Битпазар и се додека бива вака на диво да работам супер ми е, а за државата баш ми е гајле кој премиер ќе биде и колку ќе дрпа и краде.

Во ова сивило, да одиш и да бараш правдина ете со ледиком ќе те направат смешен и без мозок. А тие без мозок на крај и го јадат стапот.

Ако е цената иста, и моја препорака е да се купи од Телеком. Но ако е значителна разлика од 150 евра па и повеќе. тогаш тој што дава повеќе пари или има пари за фрлање или има некој проблем и во тој случај подобро е тие 150 евра да ги даде на некој психијатар да го открие навреме проблемот.
 
Ама знаеш дека нема да добиеш ништо и ќе те исмејат, па затоа на форум сте силни и сите правници, ама друг да се наговори. А вие самите несакате да го направите тоа, бидејќи јасно ви е дека ќе бидете исмеани, а и ништо нема да добиете.

Кога ќе се решат овие работи особено каде што цариниците, и луѓето од власта
кои се меѓу најплатените професии во државата и престанат да примаат мито и да ја крадат државата јас секаде ќе барам фискална и гордо ќе си го платам данокот. Дотогаш секој денар што ќе си го заштедам купувајќи мобилен, кола, Или незнам музички систем итн ќе си бидам пресреќен ако најдам и земам поевтино.

Фискалната нека им остане на 120 сељаци во парламент. Може ќе им притреба.

Знаат албанците( најобичните луѓе) како треба. Не се глупави. Затоа се наполнија со пари и им оди бизнисот.
Едно време кога ние македонциве велевме леле овие вмро испокрадоа се живо.
Они велат, нас не не интересира. Мене битно ми е да ми иде бизнисот со тезгата на Битпазар и се додека бива вака на диво да работам супер ми е, а за државата баш ми е гајле кој премиер ќе биде и колку ќе дрпа и краде.

Во ова сивило, да одиш и да бараш правдина ете со ледиком ќе се испадне смешен и без мозок. А тие без мозок често завршуваат и трагично.
Делумно си во право, и се согласувам. Но како економист по вокација едно можам да кажам. Треба да бидеме принципиелни и да го почитуваме Законот. Обврска е наша да побараме фискална сметка. Сакаме да биде како во Западниот свет, а ваму играме нечесно, На запад нема без фискална или данок, таму тоа е светиња, и санкциите за прекршување се огромни. Тоа кај нив не дошло преку ноќ, туку години и години, се додека не сватил народот дека само така можат да функционира државата. Моја обврскае да платам данок, а што таму некој ќе прави со средствата е работа на органите за контрола, полицијата и судовите. Како и да изгледа невозможна мисија тоа, ќе дојде ден за се ќе се одговара и плати. Демократија и демократска власт не се прави за 20 години, најмалку потребни се 50 и повеќе години. И на крај, најповеќе ме нервира изговорот сите тие крадат, што се подразбира дека и треба да крадат. Јас никогаш не обвинувам никого дека е крадец ако немам цврст доказ или сум ја видел таа кражба.
 
Принципиелни?

Принципиелност е да сакаш да го купиш телефонот (драстично) поевтино од оператор/продавница, а притоа и да бараш фискална? Во сите мобилари може да си земеш фискална - само плати 18% од цената...па биди си принципиелен. :)
 
GreenRoot

user
1 октомври 2011
1.039
1.008
Охрид
mvpring.com
GreenRoot's setup  
Processor & Cooler
i5 4200U
Storage
Samsung Evo 850 240gb
RAM
8GB
Video card
AMD 8670m
Monitor
15,4''
OS
Windows 7 Home Premium
Во ваква држава каде премиери си земаат по 15% провизии за патишта, ( да не се лажеме зимаше и стариот, ама овој сега :D)
Во држава каде функционери си имаат станови по Грција, Италија, Монако, Монте Карло итн ( а нели беше забрането да се има надвор имот, и истото претставуваше тешко кривично дело)
Во држава каде царина можеш да ја подмитиш со ситно и никој да не те отвори да види што носиш.
Сите овие се позиции кои носат највеќе пари и повторно крадат без око да им трепне.

Демек никој незнае дека Ледиком така работи и не е поврзан со власта. Значи си земаат пари и од функција во државата и плус од бизнис.
Што мислиш ти? Досега на никој не му текнало да оди и да им пише казна на Ледиком, Мобиком и другите. Еве оди побуни се. Кажи бев во Ледиком не ми дадоа фискална.
Ама на форум сите сте силни и сите правници, ама друг да се наговори да оди. А вие самите несакате да го направите тоа, бидејќи јасно ви е дека ќе бидете исмеани, а и ништо нема да добиете. Дури може и последици да има тој некој што ќе се накани да оди. Не дека ќе биде истепан од ледиком, туку ќе го јадеш стапот од тој функционер што стои зад нив.

Кога ќе се решат овие работи особено каде што цариниците, и луѓето од власта
кои се меѓу најплатените професии во државата и престанат да примаат мито и да ја крадат државата јас секаде ќе барам фискална и гордо ќе си го платам данокот. Дотогаш секој денар што ќе си го заштедам купувајќи мобилен, кола, Или незнам музички систем итн ќе си бидам пресреќен ако најдам и земам поевтино.

Фискалната нека им остане на 120 сељаци во парламент. Може ќе им притреба.

Знаат албанците( најобичните луѓе) како треба. Не се глупави. Затоа се наполнија со пари и им оди бизнисот.
Едно време кога ние македонциве велевме леле овие вмро испокрадоа се живо.
Они велат, нас не не интересира. Мене битно ми е да ми иде бизнисот со тезгата на Битпазар и се додека бива вака на диво да работам супер ми е, а за државата баш ми е гајле кој премиер ќе биде и колку ќе дрпа и краде.

Во ова сивило, да одиш и да бараш правдина ете со ледиком ќе те направат смешен и без мозок. А тие без мозок на крај и го јадат стапот.

Ако е цената иста, и моја препорака е да се купи од Телеком. Но ако е значителна разлика од 150 евра па и повеќе. тогаш тој што дава повеќе пари или има пари за фрлање или има некој проблем и во тој случај подобро е тие 150 евра да ги даде на некој психијатар да го открие навреме проблемот.
Еднa грaнкa немa вo држaвaвa кoјa функционира пo зaкoн. И тaa сивa екoнoмијa пре би јa нaрекoл црнa. Амa вo ментaлитет ни е всаденo се дa зaвршувaме сo врски преку ред. Еве и нa фoрумoв секојдневно имa пoстoви кaкo се бараат врaбoтени вo aнхoч, сет... зa им излезaт вo пресрет зa попуст или пoбрз сервис.

Sent from my LG-H830 using Tapatalk
 
Ile bocev

hello world
15 ноември 2015
354
294
Делумно си во право, и се согласувам. Но како економист по вокација едно можам да кажам. Треба да бидеме принципиелни и да го почитуваме Законот. Обврска е наша да побараме фискална сметка. Сакаме да биде како во Западниот свет, а ваму играме нечесно, На запад нема без фискална или данок, таму тоа е светиња, и санкциите за прекршување се огромни. Тоа кај нив не дошло преку ноќ, туку години и години, се додека не сватил народот дека само така можат да функционира државата. Моја обврскае да платам данок, а што таму некој ќе прави со средствата е работа на органите за контрола, полицијата и судовите. Како и да изгледа невозможна мисија тоа, ќе дојде ден за се ќе се одговара и плати. Демократија и демократска власт не се прави за 20 години, најмалку потребни се 50 и повеќе години. И на крај, најповеќе ме нервира изговорот сите тие крадат, што се подразбира дека и треба да крадат. Јас никогаш не обвинувам никого дека е крадец ако немам цврст доказ или сум ја видел таа кражба.

И брат ми е економист и често сме ги збореле овие работи. Се согласувам и јас да се плаќа се и да бидеме запад.
Но на запад многу работи се поинаку. Таму нема да слушнеш и видиш како премиер на некој му ја бутнал зградата, само зашто на некој сакал да му тече низ гаќи.

На запад нема менување дупови така лесно, и натрупување згради во паркови само за некој политичар да оствари корист.
На запад чист и здрав воздух е светост.
Овде кој дојде мајтап си игра со дуповите. Секое празно место си го собраа. Луѓе наеднаш испаднаа сопственици на 10 имоти во Скопје.
Како кога пред 25 години бевме сите исти.

На запад нема партиски вработувања. Не е фер сега во некоја фамилија да работат 4 лица бидејќи оделе во партија, а во некоја фамилија 20 и повеќе години да не работи никој.

Споредбите ги правам со Германија и Холандија од каде пред 2 дена се вратив. Ние сме 50 години назад во се.

Едноставно таму прво политичарите имаат свесност да створат нешто убаво. Потоа народот работи максимално и се труди.
Тука е се наопаку. Ние прво треба да добиеме исто саглам политичари, а не Амди, Цинго и останата багра која каде влезе суши се пред себе.
Што и колку и да правиш со такви луѓе немаме напредок. Дали ти или јас ќе си платиме данок и ќе добиеме фискална кога ќе купуваме мобилен е најмал проблем за државата.
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв