TylerMkD
poweruser
- 7 ноември 2014
- 4.764
- 10.096
Note 8 требаше да биде 6.5 инчи и 3:2 формат со Windows android dualboot и самсунг dex.
Не знам дали ја гледаше рекламата, фокусот сега е исклучиво на S Pen...ударно им е дека можеш да запишуваш ракописно на екранот додека е заклучен телефонот и дека можеш да праќаш Live пораки.
Од алатка за бизнис (која многу убаво ја опиша ти што точно треба да претставува во оваа нова верзија), стана играчка за деца. Мислам, во рекламата 10 годишно дете има Note 8 и праќа Live порака, а 15 годишно девојче го користи за да направи некои глупи цртежи од брат и.
Во кој филм се влезени Samsung што мислат дека деца и тинејџери ќе го користат телефонов? Што е следно, користете го како тетратка во школо?
Ова е рекламата...
Мислам дека ланското фијаско ги удри во глава, па сега 99% од времето пробувале телефонот да не експлодира, а 1% се фокусирале на камерата и како да го земат дизајнот на S8 Plus, ама да не биде целосно исто. S Pen секако е украдено од ланската верзија.
Колку повеќе го гледам, се поголемо разочарување е телефонов за мене...