Зошто е тешко да се најде пракса?

Дискусија во форумот 'Останати' започната од Noelo, 3 Јули 2017.

  1. Noelo

    Noelo n00b

    5
    0
    8 Март 2013
    Машко
    Скоро веќе од почеток на годинава, пробувам да најдам пракса во некоја од нашиве ИТ фирми за Андроид девелопер. Скоро се учев и учам самостојно од книги или од јутјуб, немам завршено факс. Бев на неколку интервјуа, и барањето од фирмиве за почетник мислам, се премногу. Како да научам според тоа што го бараат ако немам 2-3 год искуство? И прашањата едноставно беа за некој со 2+ год искуство.

    И башка за алгортими задачите беа многу комплицирани за некој на мој степен(почетник)

    Како да најдам пракса?
     
  2. Pane24

    Pane24 Ентузијаст

    2,315
    1,262
    31 oктомври 2012
    Машко
    Невработен
    Прашањето е дали доколку најдеш некаде да работеш за пракса би работел 1 година за 200е месечна плата ?
     
    На JensenInterceptor му/ѝ се допаѓа ова.
  3. bokiscout

    bokiscout Ентузијаст

    1,623
    1,839
    17 Март 2011
    Машко
    Конкуренцијата е голема, сите знаат/сакаат Java и Android.

    Имаш ли сработено некој проект/семинарска, нешто со што би се истакнал пред конкуренцијата? Мора да се истакнеш дека си подобар од другите и дека си заинтересиран/загреан за тоа работно место.

    Јас скоро почнав со пракса (C, embeded) и фирмава не интервјуираше и откачи едно 15ина кандидати... Незнам што носеа со себе, ама јас и другарчево што влеговме имавме со што да се пофалиме, семинарски и проектчиња правени на своја рака плус чачкано ствари што не се предаваат по факултетиве... Веројатно тоа беше пресудно.

    Иначе отвори ја страната на финки, има неколку активни огласи Java/Android.

    А ако имаш проблем со алгоритми ти препорачувам да се вратиш чекор назад и да го совладаш материјалот убаво. Доколку немаш од каде да учиш ќе ти пратам материјали од "Алгоритми и податочни структури" и "Напредно програмирање". Двата предмети се јава и суштитаната им е да дојдеш до оптимално решение па ако добро ги совладаш после тоа не би требало да имаш мака.
     
    На Sukhoi му/ѝ се допаѓа ова.
  4. dddragan

    dddragan n00b

    25
    39
    12 Август 2014
    Машко
    Ме збуни малце. Бараш пракса, а прашувале за 2+ години искуство? Малце ми е чудно тоа, во секоја фирма кај што сум бил за пракса (не било Андроид ама сепак, девелопмент) прашањата и интервјуто биле баш за тоа што се наменети - пракса. Да покажеш дека имаш барем некои најосновни познавања од барем дел од технологиите за кои аплицираш за пракса и да покажеш дека си желен и амбициозен за надоградување на твоето знаење.

    Гледам погоре спомнаа 200 евра плата за практикант. Јас повеќе од 100 евра не сум начекал никаде, добро е и тие ако ги даваат за пракса.

    Мој совет, доколку стварно бараш пракса (малце, скоро ич платена на почетокот се до потенцијално вработување), отвори го линкот погоре што ти го дадоа од сајтот на Финки, отвори ги фејсбук групиве Работа и вработување во ИТ сектор , Сојузен Комитет на Програмери на Република Македонија, можеби има и некоја за Андроид девелопери од Македонија, не сум проверил тоа, отвори го ИТ.мк огласникот и читај ги огласите. Доколку не налеташ конкретно на огласи за Андроид пракса, секоја позиција каде што бараат Андроид девелопер, прати меил и потенцирај дека бараш пракса доколку имаат отворени позиции. Не боли да прашаш, а стварно може од некоја фирма да добиеш потврден одговор. Мора да почнеш од негде.
     
    Последна промена: 3 Јули 2017
  5. mdeni

    mdeni Активен гик

    1,500
    1,235
    24 Септември 2012
    Не ми е јасно како тоа спомнувате плата, а во истата реченица пракса.

    Едино може да има 4000 денари месечно за храна и превоз, ако е пракса.
     
    omegaRED, Astro, Arabian и на уште 1 им се допаѓа ова.
  6. ImTheDude

    ImTheDude Активен гик

    539
    525
    31 oктомври 2011
    Машко
    Мој предлог е да не се ограничуваш на "андроид девелопер". Учи секакви технологии, не си поставувај ограничувања сам.
    Инаку, за пракса, т.е. тренинг, пиши ми во приватна порака инфо, ќе те контактирам со детаљи за каде што работам јас, често имаме нови јуниори на тренинзи. Меѓутоа, не е android developers, туку девелопери за мобилни апликации/игри.
    Дипломи/факултети не се најбитни, само секако мора да си полнолетен.

    И многу битно, 2 години искуство според скоро сите стандарди Е почетник.
     
  7. Noelo

    Noelo n00b

    5
    0
    8 Март 2013
    Машко
    Чекајте, прашањата што ми ги поставуваа. беа за некој што има 2+ години искуство. Од каде знам, другарче што исто работи Андроид девелопер веќе 5 години, ми кажа, такви прашања не треба да се постават за некој што бара пракса.
    Аплцирав за пракса во скоро сите фирми, со github и со две апликации.

    Искрено гајле ми е дали ќе плаќаат пракса или не, сакам искуство. како се работи на вистински проекти.
     
  8. goranzoran

    goranzoran Sensei

    2,689
    2,095
    21 Јануари 2011
    Машко
    Невработен
    Значи системот е следниов:
    Прво се плаќа добра пара за "образование" и не само пара него се губат многу време и нерви.
    Второ во тоа образование се учат 90% ствари што никад нема у пракса да се применат.
    Трето се бара пракса каде бесплатно се работи да се стекне практично образование.
    Четврто фирмите може да ги ротираат таканаречените "практиканти" до бесвест.
    Состојбата е стигната до тоа ниво да луѓето "плачат" да работат за некој друг бесплатно.
    [​IMG]
     
    На Pulse и StefAngel им се допаѓа ова.
  9. kirev

    kirev Sensei

    4,259
    2,740
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Не баш така. Тие што работат без пари, отприлика толку и вредат зашто пазарот на ИТ труд е созреан. Таков кадар не може да ти заврши речиси ништо што можеш да го наплатиш. Ти зема место, време на искусните, а често а малце поднаучи - си бега. Фирмите не се виновни што образованието не го следи производството и не се спремни да го преземат товарот на образувањето на кадри што не можат да ги задржат. Тоа е. Ако има некој умен во државата, ќе се запне да прави кадри што ќе можат да ускочат речиси одма и да работат во рудник за добри пари за нашиве услови.
    Затоа не му е лош планот на @Noelo само да има на ум една мисла: You know it's gotta be hard, cuz if it ain' t hard it's weak. - Ice Cube
     
  10. JensenInterceptor

    JensenInterceptor Wax on, wax off

    170
    66
    28 ноември 2015
    Машко
    Нема да додевам со работи што се у главно јасни.

    Земи куцкај сам и покажи добро демо пред работодавците. Ако едно демо не е доволно, направи уште едно. Ако и две не се доста, направи и трето, и четврто итн...
    Глупоста е што ова е Балкан и може да те зезаат до бесвест.

    Направи си сметка на Upwork или некој сличен и огласувај на полето што сакаш.
    А да, не биди толку лекомислен, ако моеш и пари да искамчиш, пошто може да истрошиш време, и за тоа време да не научиш ништо корисно.

    Ако те вработат, гледај бар 200 евра да ти е плата. Оние касирекине у Веро, Кам земаат 200 евра.
     
    На kirev му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Pulse

    Pulse Гик

    927
    797
    26 oктомври 2014
    Машко
    FE/BE Web Developer
    +1.
    Излага од факултет и нормално, има повеќе поминато часови со флашата во рака од колку на предавања.
    Само спомени, ништо знаење.
    Јас лично, оддамна „го сватив“ ова ти што го напиша и се откажав од факсот за да почнам да работам, да стекнам искуство, кој ја е*е дипломата.
     
  12. MarkoHF

    MarkoHF Активен гик

    849
    1,114
    30 Септември 2008
    Машко
    Internet Marketing
    2 Причини:

    1. Практикантите кои не гледаат вредност во праксата и гледаат само пари. Не го вреднуваат образованието кое го добиваат и на првата прилика заминуваат (првите 1-2 месеци). Фирмата во овој случај потрошила пари и време за да го обучи работникот за тој одма да си замине. Се случува во работни места каде има многу побарувачка.

    2. Фирми кои ги искористуваат практикантите за пракса која никогаш не завршува или им нудат многу ниска плата. Се случува за работни места каде нема многу побарувачка.
     
  13. odimoski

    odimoski Wax on, wax off

    67
    60
    14 Септември 2010
    Машко
    Убаво има пишано @Daniel86 во потпис

    Заебете дипломи. Научете некој занает. Никогаш нема да останете гладни.
     
    На Pulse му/ѝ се допаѓа ова.
Слични теми
  1. D@re
    Одговори:
    7
    Прегледи:
    1,479
  2. M@RKO
    Одговори:
    9
    Прегледи:
    916
  3. Petkovsky
    Одговори:
    7
    Прегледи:
    2,665
  4. dimitar_bt
    Одговори:
    3
    Прегледи:
    1,244
  5. Nedelkovski
    Одговори:
    2
    Прегледи:
    874
Вчитување...

Сподели